Quantcast
Channel: Фокусова архива –Фокус
Viewing all 785 articles
Browse latest View live

Марјан Стаменковски: Од стар вмровец до жртва на тероророт на ДПМНЕ

$
0
0

архиваТекстот е објавен на 25-ти април 2014-та година  во неделникот „Фокус“ во бројот 968

Тој е стар вмровец, со партиска книшка од 1994 година. Речиси цели 20 години е поддржувач на политиките на владејачката партија. Стаменковски вели дека секогаш бил готов да направи сѐ за неговата партија да победи на изборите. Но, сепак, тврди дека никогаш тој и неговата сопруга не донирале по 1.000 евра за партијата, ниту, пак, неговите вработени, иако нивните имиња можат да се најдат на списоците за донации за предвремените парламентарни избори во јуни 2011 година! Прв јавно,со слично тврдење, излезе Самоил Малчевски, некогашен студентски лидер и истакнат член на ВМРО ДПМНЕ. Неодамна Марјан Стаменковски беше брутално претепан од страна на непознати лица по кои полицијата сѐ уште „трага“.

Пишувала
Ирена МУЛАЧКА

Секој што барем малку се разбира во бројки, знае дека сумите пари што ги трошат политичките партии во актуелната изборна кампања, а божем јавно и транспарентно ги претставуваат пред граѓаните, се далеку од вистинскиот износ, кој за некои партии се мери и со неколку милиони евра. Ретко се добива детален финансиски отчет од политичките партии – колку ги чинеше задоволството наречено избори?

Во секој изборен циклус, тие законски се присилени да достават финансиски извештаи до надлежните институции за тоа колку вкупно ги чинеле изборите, кој сè финансирал и колку пари се собрани преку „донаторите“ олицетворени во граѓани и во фирми.

Нормално, како и на секои избори досега, во трошењето милионски суми за реклами, спотови и пропаганда предничи владејачката партија. А тоа може да се забележи и по двата финансиски извештаи објавени на страна на Државната комисија за спречување корупција, каде што само за првиот круг од претседателските избори, за кандидатот Ѓорге Иванов биле донирани околу половина милион евра.

Првиот извештај покажува дека вмровските симпатизери донирале 230.000 евра, додека вториот финансиски извештај е потежок за 14 илјади евра, односно на контото на ДПМНЕ се слеале уште 244.000 евра. Меѓу донаторите можат да се забележат министри, градоначалници, советници, директори на клиники, козметички студија, кои од својот џеб одвојувале скромни од 500 до 200.000 денари.

Сепак, по паричните суми може да се заклучи дека донаторите за овие избори биле поштедливи во однос на локалните избори лани и предвремените парламентарни избори во 2011 година, кога речиси сите суми се движеа по точно 60.000 денари. Што е уште поинтересно, за јунските парламентарни избори меѓу донаторите се најдоа земјоделци, секретарки, редари, учителки со потпросечна плата, за кои сè уште останува нејасно – од каде нашле 1.000 евра за да ѝ помогнат на партијата!?

Оттука се отвора друго прашање – дали тие луѓе навистина за сите овие изборни циклуси донирале за ВМРО-ДПМНЕ или нивните имиња по некоја случајност се појавиле само како фиктивни донатори на списокот, за на некој начин да се оправдаат парите?

ДОНИРАЛ, НЕ ДОНИРАЛ, ТЕ ИМА НА СПИСОК

Пред неколку месеци, ова прашање се потруди да го разјасни некогашниот студентски лидер Самоил Малчески, кој во интервју за „Фокус“ истакна дека тој, неговата мајка и сестра се нашле на листата на донатори на партијата на власт за парламентарните избори во 2006 година, а не донирале ниту денар за партијата.

Оттука почна сè. По неговото јавно признание, се охрабрија дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, од кои некои навистина донирале, некои за првпат се гледаат на списокот, ама, или не се сеќаваат кога донирале, или воопшто не дале пари за партијата.

Мораме да признаеме дека на дел од вмровците, разочарани од својата матична партија, им беа потребни дури два месеца јавно да проговорат за оваа тема, плашејќи се, од како што велат, „долгата рака на ВМРО-ДПМНЕ“.

Марјан Стаменковски од Крива Паланка е стар вмровец, со партиска книшка од 1994 година. Тој речиси цели 20 години е поддржувач на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Стаменковски вели дека секогаш бил готов да направи сѐ за неговата партија да победи на изборите. Но, сепак, тврди дека тој и неговата сопруга никогаш не донирале по 1.000 евра за партијата, иако нивните имиња можат да се најдат на списоците за донации на предвремените парламентарни избори во 2011 година.

- По случајно пребарување на интернет, ги најдов списоците со донации за јунските избори пред три години. Додека разгледував да видам кој сè донирал за партијата, ги видов моето и името на сопругата меѓу донаторите. Останав запрепастен. Нека извадат документи и нека докажат дека моето семејство дало дури по 60.000 денари за партијата – истакна Стаменковски.

Меѓутоа, во целата приказна со донации не е вмешано само неговото семејство. На 13 јуни истата година, во списокот се наведени уште 11 луѓе кои донирале за партијата, а кои, според тврдењата на Стаменковски, биле вработени во неговата тогашна фирма „Еко – проект“.

- Јас можам да тврдам за нас дека не сме донирале за ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не можам да го тврдам и за моите вработени. Сепак, не ми е јасно како тие луѓе со месечни примања од по 8.000 денари се способни да донираат по 60.000 денари? Од каде им се толку пари? – се прашува Стаменковски.

Според пресметките, ако тој и неговата сопруга дале по 1.000 евра во касата на партијата и плус уште 11 негови вработени дале по 1.000 евра, тогаш се доаѓа до сума од 13.000 евра, кои ги донирале семејството Стаменковски и нивните вработени. Ако, како што тврди тој, тие воопшто не донирале – тогаш кој ги дал тие пари и зошто нивните имиња се злоупотребени?

По неговото јавно признание, „Фокус“ веднаш упати прашања до генералниот секретар Кирил Божиновски, кој е потписник на списокот за донации од изборите во 2011 година. Тој не одговараше на својот мобилен телефон, ниту, пак, одговори на смс-пораката што му ја испративме.

Ништо поразлично не поминавме ни со директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. На нашите телефонски повици тој не одговори, ниту, пак, добивме повратен одговор на испратената порака.

ИМ СЕ СПРОТИВСТАВИВ, ПА ЗАРАБОТИВ КАЗНИ ОД 18.000 ЕВРА

Притисоците, заканите и нападите го натерале Стаменковски да преземе радикален чекор и да се пресели во Скопје, плашејќи се за безбедноста на своето семејство. Тој повеќе од 15 години бил посветен на идеологијата на партијата, но тиквата пукнала откако на последните парламентарни избори пред три години вмровците не го исполниле своето ветување и не ја вработиле неговата сопруга, која шест години волонтирала. Откако им се спротивставил, како што тврди, почнува неговата голгота и борбата да му се одмаздат.

Но, да почнеме по ред. Стаменковски во Крива Паланка на времето имал седум дуќани, а подоцна отворил маркет на кој целосно му се посветил и еден по еден почнал да ги затвора другите дуќани. Новиот бизнис го отворил со помош на владиниот закон во кој шест месеци плаќа државата, додека наредната година и пол, платите на вработените одат на сметка на работодавецот. Но, како што вели Стаменковски, ако во едно ти помогнат, во друго ќе ти одмогнат.

- Го отворив маркетот и почнав со работа. Тогаш добив наредба од партијата на власт сите 12 луѓе, кои требаше да ги вработам, да ги земам од општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Не успеав да ја вработам ни сопругата на брат ми. Замислете, моето семејство без работа, а јас вработував луѓе од кои немав никаква корист, освен што морав да ги плаќам по 13.000 денари. Во мојата фирма вработив 28 луѓе, од кои едни ги плаќав за да работат, а другите бев присилен да ги земам – тврди 36-годишниот кривопаланчанец.

До толку бил врзан со владејачката партија, што на отворањето на неговиот маркет присуствувале градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексоски, и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Според него, работите се влошиле откако тој почнал јавно да им се спротиставува, незадоволен од политиката што се води, од игнорантскиот однос и од тоа што по којзнае кој пат неговата сопруга останала невработена. Тука почнуваат инспекциите и казните по неговиот грб.

- За да ми се одмаздат, почнаа нон стоп да ми испраќаат инспекции. Досега имав пет инспекции – три од УЈП и две од Дирекцијата за храна и ветеринарство, со што досега за казни платив 18.000 евра. Последната што ми стигна е 3.200 евра, но неа сè уште не сум ја платил. Најчесто казните се за чување документи од претходните дуќани; па зошто ги чувам во новиот маркет. Ќе најдат нешто ако решиле да те казнат – тврди Стаменковски.

Тој додава дека работите оделе дотаму, што неговото дете не сакале да го возат во училишниот автобус до училиштето, му се заканувале на неговото семејство, чии членови секогаш биле верни поддржувачи на партијата на власт, нему му се нафрлале да го тепаат. Тој немал друг избор и морал да се пресели во главниот град, каде што почнува сè од нула.

Стаменковски во кратки црти објаснува како кривопаланчани се присилени да гласаат за владејачката партија и какви се сите разработени шеми за добивање на изборите.

- Се прави системска кражба на гласови. Се викаат луѓето, се убедуваат да гласаат, им се даваат ситни пари, на фирмите им се закануваат дека ако не гласаат за нив, никогаш нема да добијат тендери и дека ќе им го уништат бизнисот. Нема шанси друг да функционира во државата, ако не е со партиска книшка. А, што е најжално, заборавија на старите вмровци кои години наназад трчаат за партијата – истакна 36-годишниот кривопаланчанец.

Стаменковски и неговата сопруга се само двајца на списокот донатори на кој има цела бригада од 530 луѓе, кои собрале 510.000 евра за да ѝ овозможат победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година. Којзнае колку од тие луѓе навистина донирале за партијата, а колку по неколку години само си ги пронашле имињата?

Надлежните институции се слабо заинтересирани за истражување на оваа тема, а посебно кога е во прашање владејачката партија. Факт е дека додека едните молчат, другите добиваат!

НАЈУДАРНА ТУПАНИЦА НА ГРУЕВСКИ СЕ ЛЕПАЧИТЕ НА ПЛАКАТИ

Марјан Стаменковски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ се претворила во бизнис-империја. Тој додава дека сè уште ја чува книшката и дека оттаму треба да го исфрли некој што е подолго време од него во партијата, а не Груевски.

- Крстот ми е на чело. Јас по убедување сум вмровец. Мојот дуќан го викаа дуќанот на вмровецот. За таа партија сум се тепал на избори, со еден збор, сум правел сè. Сакам одмазда. Учествував во сите шеми за добивање на изборите. Да знаете само што сè им се прави на Ромите да гласаат, а ги поткупуваат со малку брашно, јадење и забави. Главни сега се лепачите на плакати. Тие се ударната тупаница на Груевски – тврди Стаменковски.

МАЛЧЕСКИ СЀ УШТЕ НЕ Е ПОВИКАН НА РАЗГОВОР

Откако беше објавен текстот во кој Самоил Малчески јавно призна дека неговите лични податоци се злоупотребени, скопското јавно обвинителство отвори предмет по случајот, но досега нема никакви официјални информации оттаму за тоа до каде е постапката. Според нашите информации, Малчески досега сè уште не е повикан на разговор.

Со измените во Кривичниот закон од 2011 година, за лажен извештај се пропишува казна од најмалку пет години затвор.

ЗАЕВ: ГРУЕВСКИ НЕ ПРИЈАВИЛ 80.000 ЕВРА ДОНАЦИЈА ЗА ВМРО

Опозицискиот СДСМ во вторникот објави нова афера во која го обвинува премиерот Груевски дека не пријавил 80.000 евра донација за ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев со официјални документи во рацете ги промовираше, како што рече, „кеш игрите на премиерот“.
- На нив го има црвениот партиски печат на ВМРО-ДПМНЕ и потпис на овластеното лице, најверојатно тогашниот секретар на партијата. Станува збор за потврди за примени пари во кеш, како донација, во 2006-та година, од 30.000 евра и 50.000 евра, или вкупно 80.000 евра. Како донатор се јавува лицето Тумбовски Загорец. Во моментот на уплатата на донацијата во кеш, Груевски, покрај претседател на ВМРО-ДПМНЕ е и премиер на Македонија веќе четири месеци – рече Заев.

По пресот на опозиционерите, реагираше владејачката партија. Од таму тврдат дека премиерот Груевски поднел тужба за клевета и навреда против Заев, за како што велат, сите лаги и конструкции со кои го клевети лидерот на ДПМНЕ.


Фамилијата ја силува правдата за да грабне 30 милиони евра од буџетот!

$
0
0

fokus-arhiva-1-150x1501Текстот е објавен на 12-ти декември 2014-та година во неделникот „Фокус“ во бројот 1001. Ова интервју беше повод за американските власти да го повикаат Богоески за сведок во случајот „Телеком“

Минатата недела Апелацискиот суд ја потврди пресудата со која Слободан Богоески, поранешен шеф на Државната безбедност (1991-1997) е осуден на 2 години затвор поради наводна злоупотреба на службената положба и перење пари во случајот со трансакциите околу земјиштето кај базенот Карпош за изградба на деловно-трговски комплекс. Тој беше осуден заедно со адвокатите Васко Томановиќ, застапник на грчкиот инвеститор Кондоминас и Владимир Пешликоски, претставник на словенечката фирма Меркатор со кои помина 8 месеци во притвор. Во ексклузивниот разговор за „Фокус“, Богоески открива кој и што се крие зад оваа крупна афера, во која фамилијата наводно ги штити интересите на грчкиот бизнисмен, а всушност сака да ограби пари од домашниот буџет

ФОКУС: Долго време и по излегувањето од притвор немаше реакција од ваша страна за случајот. Некој може да извлече заклучок дека вие прифаќате дел од вината, па затоа не сте реагирале! Што е причината?

БОГОЕСКИ: Јас сум од генерацијата на правници воспитувани во култура на легализам. Без оглед што знам какви се состојбите во нашето судство и во државата, сепак ценев дека е најдобро да се остави на мир апелацискиот суд да одлучи за првостепената пресуда, зашто надлежноста му е да води сметка за законитоста на постапката. Ние не баравме ослободителна пресуда, туку да се укине пресудата поради незаконитости во постапувањето. И бевме убедени дека апелацискиот суд не може да помине преку такви повреди на законот и кршење на уставните принципи, но еве, за жал, видовме дека помина. Побрзаа веднаш да ја напишат и да ја соопштат одлуката. Веројатно на тие што ја иницирале постапката им се брза што поскоро нас да не затворат и да дојдат до парите.

ФОКУС: Да објасниме за каков случај станува збор. Се работи, за ваше посредување во договор помеѓу Владата и грчкиот инвеститор Димитрис Кондоминас, за земјиште во Карпош, крај Александар Палас, од 2 хектари.

БОГОЕСКИ: На 5 мај 2000 година Владата на Љубчо Георгиевски потпиша договор со Кондоминас кому согласно тогашниот закон за просторно и урбанистичко планирање и уредбата за доделување земјиште на користење му беа доделени над 19.000 метри квадратни градежно земјиште во близина на базенот кај Карпош за да изгради голем деловен комплекс, проценет нешто над 60 милиони марки. Тоа беше направено во непосредна спогодба, без јавен оглас, но однапред било предвидено да биде измама, бидејќи надлежните органи и Владата знаеле дека се води постапка за денационализација на поголемиот дел од ова земјиште, на околу 12.000 квадратни метри, кои подоцна со судско решение за денационализација им се вратија во сопственост на наследниците.Slobodan Bogoeski 01 ЦРНИ ПАРИ ЗА ЛАЖЕН ИМОТЕН ЛИСТ

ФОКУС: Со други зборови, Владата го измамила Кондоминас!

БОГОЕСКИ: Да, да, за соодветен надомест, презентиран му е и фалсификуван имотен лист дека тој станува сопственик на земјиштето што според тогашните прописи било невозможно.

ФОКУС: Но со Кондоминас е склучен и легален договор за користење на земјиштето, кој си го платил.

БОГОЕСКИ: Легалниот договор е буквално симболичен. За отприлика сегашни 273.000 евра му даваат речиси 2 хектари земјиште во најубавиот дел на Скопје, кое во моментов чини најмалку 10 милиони евра!

ФОКУС: Коруптивен договор?

БОГОЕСКИ: Црни пари, корупција. Но, до таа фаза инвеститорот не можеме да го обвиниме, зашто тој е измамен. Меѓутоа, склучувајќи го овој договор, тогашната влада воопшто не водела сметка за неговата содржина, зашто повеќе од половината од одредбите од договорот се однесуваат на арбитража во Франкфурт. Во договорот се изнесени сите инструменти за заштита на интересите на инвеститорот Кондоминас, но нема ниту една одредба како РМ ќе се штити во случај на евентуален спор кој еве, гледате, настана.

ФОКУС: Каде настана проблемот?

БОГОЕСКИ: Во 2005-та земјиштето од физичкото лице наследници кои си го денационализираа, беше продадено на фирмата Инвестмент интернационал, фирма на Меркатор од Словенија со намера Меркатор да гради деловно-трговски комплекс. Во меѓувреме, си купија и друго земјиште и беа сопственици на повеќе од 60.000 квадратни метри.

ФОКУС: Но делот на Кондоминас со корисничко право си остана…

БОГОЕСКИ: Да, од 19.000 останаа 6.000 квадратни метри сопственост на РМ на кои корисничко право имаше Кондоминас и за земјиштето никако не можеше да се најде решение. Таму веќе се урбанизираше, но никако не можеше да се избрише корисничкото право, зашто постоеше опасност Кондоминас да ја тужи РМ пред арбитражата во Франкфурт.

ФОКУС: Значи Меркатор беше сопственик, но не можеше да си ја дооформи парцелата за градење.

БОГОЕСКИ: Според нашите прописи, единствен кој можеше да претендира да ја дооформи градежната парцела со тие 6.000 и нешто квадратни метри, според законот беше само Меркатор. Но корисничкото право на Кондоминас беше пречка за реализација на проектот на Словенците. За таа цел, многу пати тука доаѓаа и словенечкиот премиер и претседател, претседателот на Управниот одбор на Меркатор во нашата влада на разговори со молба да се изнајде решение, но не можеа никако да најдат. Јас бев замолен тогаш од претставници на нашите надлежни органи ако може да помогнам да го убедам Кондоминас да се најде компромисно решение.

ФОКУС: Нели Кондоминас знаеше за измамата?

БОГОЕСКИ: Знаел и се обидувал да најде решение, кое е невозможно без компромис. Но бидејќи во Македонија имаше големи интереси – 5 отсто сопственост во Македонски Телекомуникации, а беше и главниот посредник во продажбата на ОКТА и имаше многу други бизниси со тогашната влада, земјиштето му беше во втор план. Не сакаше да си ги загрози многу поголемите интереси од кои секој месец остваруваше огромни суми профит.

ФОКУС: Од кога се знаевте со Кондоминас?

БОГОЕСКИ: Од многу одамна, од 1993 г. Многупати ги користел моите консултантски услуги. Молбата беше ако може да го убедам да најдеме формула спогодбено да го раскине договорот зашто тоа беше единственото решение.

ФОКУС: Што ви рече Кондоминас? Се чувствуваше ли измамен?

БОГОЕСКИ: Беше измамен, ми го покажа оригиналниот имотен лист кој беше со фалсификувани податоци, според кој Владата му дала земјиште во сопственост во 2000 година. Јас го убедував дека не може ништо да направи, а со оглед на досегашните профити кои ги остварувал во Македонија дека е некоректно за 6.000 метри квадратни корисничко право да води спор со Македонија од која извлекол околу 150 милиони евра профит.

ФОКУС: А парите што ги дал како мито за лажниот имотен лист?

БОГОЕСКИ: Тој за тоа беше револтиран, зашто Владата преку посредникот Емануел Малелис, викан Маноли го излажала. Тие си ги поделиле црните пари, а ова другото е формалниот договор. Му реков дека единствено што можеш да направиш е да се откажеш од договорот за да не си го загрозиш бизнисот – Кондоминас во меѓувреме го доби и тендерот за вајмакс технологија. На крајот, тој се согласи, вели ајде, навистина е некоректно сега да водиме војна со Владата. На адвокатот Томановиќ, кој неколку години наназад беше застапник на неговите фирми во Македонија му издаде генерално полномошно да ја застапува без ограничување неговата оф-шор фирма – ЦБИ Кипар, која беше потписник на договорот со Владата за земјиштето.

ФОКУС: Побаравте пари од Кондоминас за услугата?

БОГОЕСКИ: Не. Јас одлучив услугите да си ги наплатиме од Меркатор. Целта ми беше да и помогнам на Владата да го реши проблемот, зашто силно притискаа обврските кон словенечката влада и Меркатор да биде реализиран инвестицискиот проект во Карпош. За таа цел, веќе на почетокот на јануари отпочна постапката. Томановиќ даде изјава пред Министерството за транспорт и врски како претставник на ЦБИ Кипар дека се откажува од корисничкото право врз земјиштето. Тогаш започна постапката да се изработи нацрт-договор за спогодбено раскинување на договорот од 2000 година. Договорот го разгледуваа Министерството за транспорт и врски, државниот правобранител, владина комисија и на крајот Владата на РМ на седница донесе одлука дека тоа е многу добро да се направи. Не само што Македонија ќе профитира, туку ќе се спаси од опасноста да биде изведена на арбитража во Франкфурт.Slobodan Bogoeski 02 КОНДОМИНАС ПЛАТИЛ МВР ДА ГИ ПОВЛЕЧЕ ПОТЕРНИЦИТЕ?

ФОКУС: Зошто Владата на Груевски не реши да ги гони оние што го измамиле Кондоминас за корупција?

БОГОЕСКИ: Не знам, ако сакала можела да го направи тоа.

ФОКУС: Да не беше делото застарено?

БОГОЕСКИ: Застарено беше делото Кондоминас да гони за измама, но Владата можеше да гони за злоупотреба на службената положба, но не сакаше да го направи тоа. Со спогодбата склучена на 3 март 2009 г. на Кондоминас му беа вратени 273.000 евра, се разбира во денари на сметката на адвокатот Томановиќ, бидејќи ЦБИ-Кипар немаше фирма во Скопје, а тој го врати корисничкото право врз земјиштето. Во меѓувреме, со Меркатор беа направени договори за сите постапки за дооформување на градежното земјиште за да може да почне да гради.

Навидум изгледа лесно, но ако кинисате во таа постапка, ќе ви требаат години. За да може да се контролира целиот процес формиравме и заедничка фирма ЦБИ – Скопје, меѓу носителот на полномошното на ЦБИ- Кипар, јас како консултант и претставник на Меркатор, зашто Словенците не можеа да склучат договор со оф-шор фирма. Потоа беше склучен договор за гаранција. Сите субјекти депонираа потписи во деловна банка и потпишаа договор со кој банката се појави како гарант дека доколку се биде завршено согласно договорот таа ја презема обврската да исплаќа пари.

ФОКУС: Вие се договоривте за надомест од Меркатор?

БОГОЕСКИ: Кој интерес би имале и адвокатите и јас да работиме за Меркатор? Или, пак на Владата да и го решавам криминалниот договор од 2000 година без да има соодветен надомест за тоа? Откако сето тоа заврши, во јуни 2009 година му беше издаден имотен лист на Меркатор. Дури потоа банката ги исплати парите одобрени од управниот одбор на Меркатор и трансферирани со решение на НБМ преку деловна банка овде. Според нашиот закон за спречување перење пари, по службена должност, банката сама ги проверува трансакциите дали се легални и дали потекнуваат од некаков непознат извор или од казниви дела. Банката знаеше дека парите потекнуваат од Меркатор, дека трансферот од Словенија кон Македонија е легален и одобрен од две народни банки со приложени договори. По службена должност беше информирана Управата за перење пари, која исто така направи проверка. Со оглед дека секој трансфер над 15 илјади евра е интересен, го информирале и јавниот обвинител, кој постапувал и го констатирал истото што и банките – дека договорите се легални, дека парите не се од непознато потекло.

ФОКУС: Колку пари беше вкупната трансакција?

БОГОЕСКИ: Некаде околу 800.000 евра, кон сите субјекти во овие односи, пари во кои е вклучен и данокот. Цели 4 години после тоа, значи во 2013 година, јавниот обвинител се впушта во гонење за перење пари за истиот предмет кој еднаш бил во постапка, што е спротивно на законот. Не можете двапати за иста работа ниту да судите ниту да одлучувате во обвинителството.

ФОКУС: Освен ако нема нови моменти.

БОГОЕСКИ: Но тој тоа го направил без да се промени еден единствен факт. Нема никаква промена.

ФОКУС: Што друго тогаш се променило за јавниот обвинител да ве гони?

БОГОЕСКИ: Се промениле интересите. Еве зошто. Токму во тој период се случи кривичната постапка против Атила Сендреи и останатите четворица директори од Македонски Телекомуникации за перење пари со оф-шор фирмите на Кондоминас. Случајот беше медиумски експлоатиран во втората половина на 2008 година а се водеше и спор пред судот во Њујорк, каде што ние плативме огромни суми, преку 90 милиони евра отштета поради измама на купувачите на Њујоршката берза, затоа што Дојче телеком, сопственик на МТ, котира на Њујоршката берза.

ФОКУС: Тоа се договорите според кои се одлевале пари за т.н. консултантски услуги од Телекомот во времето на Владата на Бучковски.

БОГОЕСКИ: Да, и тоа кон фирмата Чаптекс, сестринска фирма на оваа ЦБИ – Кипар. Основач и на едната и на другата фирма е Кондоминас. Тој тогаш молеше да се најдат адвокатски канцеларии кои ќе помогнат, бидејќи двајца од директорите на Телеком кои го претставуваа неговиот капитал беа негови луѓе и против нив имаше издадено меѓународни потерници. Кондоминас се плашеше тие да не сведочат против него во постапката во Њујорк, или сега во постапката пред Кривичниот суд во Лондон, што треба да започне во април 2015 година. Беше многу заинтересиран да им се повлечат потерниците.

ФОКУС: Кој му помогна?

БОГОЕСКИ: Во меѓувреме, со посредство на Маноли, тој стапил во контакт со авторитети од актуелната власт, и понудил многу пари ако се повлечат пријавите и потерниците против двајцата директори. Како посредник за правните работи беше ангажирана адвокатска канцеларија доверлива на власта и тоа беше успешно завршено. Како што знаете, потерниците беа повлечени, постапката беше запрена, иако во Грција се води истата постапка, има и обвинителен акт против Кондоминас за истата работа. Грците се обраќаат за правна помош до нашите власти, но нашите власти не одговараат.

ФОКУС: Власта, што би рекла министерката Јанкулоска, „според уставот и законите“ се откажала од гонење на директорите на Кондоминас?!

БОГОЕСКИ: Веројатно тука лежат мотивите на креаторите на оваа постапка против мене и останатите, за да бидат елиминирани сведоците за валканите работи, а второ, да дојдат до пари.Slobodan Bogoeski 03 БАЏАНАКОТ ВО СЛУЖБА НА ФАМИЛИЈАТА

ФОКУС: Како ќе дојдат до пари?

БОГОЕСКИ: После повлекувањето на постапките против директорите на Кондоминас, си основаа повеќе фирми сите регистрирани на адреса на адвокатската канцеларија блиска до власта. На Кондоминас му дадоа и земјиште на плоштадот за изградба на хотелот Мериот и сите бизниси се одвиваат преку оваа канцеларија. Кондоминас им даде и полномошно без ограничување за застапување на сите негови фирми.

ФОКУС: Полномошното на Томановиќ за ЦБИ – Кипар беше повлечено?

БОГОЕСКИ: Да, но она што не зачуди беше фактот што новите адвокати поднесоа граѓанска тужба за раскинување на договорот за спогодбено раскинување на договорот на Владата со Кондоминас. Во тужбата наведоа дека наводно адвокатот Томановиќ немал овластувања да склучи таков договор, а овластувањата што тие ги имаат се буквално истите што ги имаше и Томановиќ.

ФОКУС: А зошто би ја раскинале спогодбата со Владата? Нели е таа поволна за РМ, а адвокатите се блиски до власта?

БОГОЕСКИ: Ама тие не се раководат од интересите на Македонија, туку од интересот на парите.

 ФОКУС: Значи, да го заштитат интересот на Кондоминас?

БОГОЕСКИ: Односно својот. Во постапката против нас, која се водеше на еден грозоморен и незаконит начин, со држење во притвор по сите основи, главно беше тоа дека на обвинителството му треба време да го донесе претставникот на ЦБИ од Кипар, односно Кондоминас во Скопје да го каже својот став. Ниту го побара, ниту го донесе.

ФОКУС: За да пријави евентуална штета?

БОГОЕСКИ: Тоа е должен да го направи по законот. Но ниту Кондоминас пријави штета, ниту пак некој го побара од него тоа. Додека ние бевме во притвор, наводно требаше да направат вештачење на сите трансакции. Ниту тоа е побарано, ниту пак имало вештачење, зашто се работи за законски правни дела. Арно ама, обвинителот продолжи да ја води постапката, злоупотребувајќи го законот, само формално цитирајќи тешки кривични дела, колку пред јавноста да се покрива дека притворот е облигаторен, а во суштина причините беа по секоја цена да бидеме елиминирани додека тие си ги вршат другите работи.

ФОКУС: Која е сега опасноста?

БОГОЕСКИ: Проблематизирајќи го договорот од 3 март 2009 меѓу Министерството за транспорт и врски и Томановиќ како полномошник, сега со оглед на правосилната пресуда на Апелацискиот суд за кривичниот предмет против нас тројцата, адвокатската канцеларија, односно луѓето кои стојат зад неа автоматски ќе се здобијат со легитимација да водат постапка пред Арбитражата во Франкфурт во име на Кондоминас.

ФОКУС: Како?

БОГОЕСКИ: Па сега не им треба овде да водат судски процес. Им треба само пресуда дека нивниот полномошник – Томановиќ е осуден за казниво дело злоупотреба, зашто наводно го злоупотребил полномошното од Кондоминас, иако ниту во обвинителниот акт, ниту во пресудата не се тврди дека го злоупотребил, туку се измислува непостоечко кривично дело дека недоволно водел грижа за интересите на сопственикот!?

ФОКУС: Се утврди ли тоа во постапката?

БОГОЕСКИ: Не. Договорот со Владата Томановиќ го потпиша како полномошник, а границите на неговата одговорност се во рамките на овластувањата. Ако налогодавецот не забележал дека овој ја злоупотребил неговата доверба, за што постои и посебно кривично дело – злоупотреба на довербата од страна на адвокат, член 352 од КЗ, тогаш како?

ФОКУС: Кондоминас не го барал тоа!

БОГОЕСКИ: Не, не. Тој ниту сака да учествува во постапката, ниту пријавил некаква штета, ниту некој утврдил противправна имотна корист, ниту постои пријава од некого. Обвинителот сам си измислил надлежност. Бидејќи Кондоминас малку може да направи зашто е во домашен притвор во Грција и против него има еден куп постапки за повеќе кривични дела, со нашата пресуда му се дава легитимација на ЦБИ Кипар, фактички непостоечка, оф шор фирма, односно на посредникот Маноли и адвокатите, посредниците и луѓето кои стојат зад сета оваа работа во Скопје, а можат да го пренесат тоа право и на друга оф-шор фирма за да се изгуби трагата, на судот за трговска арбитража во Франкфурт да побараат од буџетот на РМ над 30 милиони евра, на име изгубени добивки за комплексот што требало да го гради Кондоминас и други трошоци.

ФОКУС: Дали лично Кондоминас пројавил ваква желба или тоа е идеја на овдешната фамилија?

БОГОЕСКИ: Тоа е идеја на овдешните структури и овој договор е на штета на РМ. Но, прво е на наша штета, на нас што сме осудени. Нам ни конфискуваа имот и пари, не само наши туку и на фамилиите и од трети лица, од правни субјекти, според член 98 а од КЗ, т.н. проширена конфискација. А за вакви дела не се применува проширена конфискација. Дури и ако прифатиме дека може да се примени таа одредба на настан кој се случил пред донесувањето на измените во КЗ, запленет ни е имот во вредност неколкупати поголема од сите трансакции.

ФОКУС: Сите пари ви се запленети?

БОГОЕСКИ: Се, вклучително и даноците, сето тоа е противправна имотна корист!? Но, за да можат да бидат одземени тие пари, имот, мора да се знае во чија полза. Ако е оштетен буџетот, парите треба да одат во корист на буџетот, ако е оштетен ЦБИ – Кипар, треба на ЦБИ – Кипар, меѓутоа ЦБИ – Кипар вели дека не сака да учествува во постапката, не е оштетен. Меркатор вели оти профитирал. Македонија вели, ние сме задоволни, државниот правобранител се произнесе дека договорот е во полза на РМ. Единствено ненадлежниот обвинител, инаку познат како „баџанакот“, е оној кој смета дека има кривично дело, а сите правни дела се на сила!

ФОКУС: Чии интереси тогаш штити тој?

БОГОЕСКИ: На фамилијата. Тој е фактички самоповикан адвокат на недефинирана анонимна група. Веднаш по гласањето во Апелација, судијката експресно ја изготвила и ја доставила пресудата, за што поскоро да не отераат во затвор, за другите што поскоро да дојдат до парите, овие од овде до нашите пари. А другите, моќниците, до крупните пари. Да си ги земат од арбитражата, и ќе проценат кога ќе биде добар политички момент да го активираат тоа.Slobodan Bogoeski 04 ЦРНАТА ТРОЈКА ОБВИНИТЕЛИ

ФОКУС: Во сета оваа работа се шпекулираше дека некој од власта има лични мотиви да ве отстрани, зашто како поранешен шеф на ДБ сте си создале непријатели кои би сакале да ви се одмаздат. Додека бевте во притвор, бевте дури и лустрирани.

БОГОЕСКИ: Немам решение, но грозоморно е човек и да помисли, додека е некој во притвор да донесувате решение за лустрација. Знам дека е тоа нарачано и ќе ви објаснам од кои причини. Прво, јас сум противник на овој закон, кој ни беше препорачуван од Европа уште на почетокот на 1990-тите години заедно со законот за досиејата и законот за реадмисија. Но во тој период ниту МВР ниту Владата ниту претседателот немаше расположение. Во услови на војна, блокади, ембарга ние да почнеме процес кој ќе значи кавги, делби во Македонија. И сега тврдам дека законот не е со приоритет од ЕУ, но беше препорака. Одредени личности во Македонија заинтересирани да си го избришат своето валкано минато го иницираа тој закон, и тој беше донесен. Но, законот е противуставен зашто комисијата без оглед што не може да определува казни, сепак казнува.

ФОКУС: Законот само спречува лустрираните лица да извршуваат функција.

БОГОЕСКИ: Спречување функција не може да направи комисија формирана од Собранието, зашто тоа од темел го разнишува уставниот поредок. Има ли поголемо ограничување права, ако некому кажеш дека не може да извршува и јавно да го жигосаш на јавна сцена со погрдно име – кодош. Плус, ако тргнете од логиката дека секој кој доставувал информации е некаков кодош и на секој можете да му залепите дека тоа го правел од идеолошки побуди, тогаш во истиот момент над 370.000 луѓе во Македонија треба да ги прогласите за кодоши.

Има ли смисла такво нешто да направи некој, освен ако нема интерес да ја прекројува историјата, да се одмаздува лично на некого, и најстрашно од се, во пракса се покажа дека тоа се прави селективно. Бидејќи носител на активноста е МВР и архивот на Македонија, под контрола на еден потесен круг од владеачката партија процесот може да се прави селективно. Јас јавно кажував дека сакам прв да бидам лустриран, но немојте да ги лустрирате началниците и другите во МВР, затоа што јас бев шеф. Но, како ќе се одминат сега другите наредбодатели?

ФОКУС: Мислите на министрите, меѓу кои и сите министри за внатрешни работи?

БОГОЕСКИ: Министрите, премиерот, претседателот, бидејќи сите тие биле корисници на информациите. А процесот требаше да го изведуваме како зрела држава, за што се надевавме на почетокот на 1990-тите години. Најважно од се беше прво да се донесе законот за рехабилитација на невино осудени лица, но не се донесе. Така ќе се покажеше дека некои личности кои сега се во опкружувањето на фамилијата која ја владее Македонија на времето беа познати како црната тројка обвинители која има рекорден број обвинителни акти и барања против македонски националисти односно вмровци кои се изведени на стрелање. Значи, идејата е да се прикријат тие што ги донесувале одлуките.

ФОКУС: На крајот од 1991 година се случи сообраќајката во Србија во која загина министерот за внатрешни работи Јордан Мијалков. Вие учествувавте во истрагата. Можно ли е некој поради тоа да ви забележува дека сте прикривале некакви информации?

БОГОЕСКИ: Загинувањето на министерот Мијалков беше класична сообраќајна несреќа. Но нас тогаш, мене и Павле Трајанов, кој беше потсекретар на јавната безбедност, не растревожи тоа што министерот отиде толку инкогнито на пат за Белград, кога прописот му налагаше мене да ме извести поради неговата безбедност при патувањето. И зошто патуваше само со возачот? Веднаш со Павле отидовме на местото на несреќата. На увидот постапуваа четири екипи – градската, републичката, а исто така и од Србија. Сообраќајката е чист случај на налудничавост на возачот, кој возел со брзина од 190 километри на час, инаку во извештајот е запишано помалку од таа брзина, претекнувајќи други возила при врнежи од снег и дожд на едно низбрдо и од спротивната страна наидува друго возило…

ФОКУС: Возачот остана жив.

БОГОЕСКИ: Да, но иако настанот беше многу пати истражуван, впрочем и оваа власт кога дојде формираше комисија, тогашната влада исто така направи комисија која ја водеше министерот Ѓорѓи Наумов – мене  ме окупираше едно прашање – кој е човекот што му сугерираше на Мијалков да отпатува во Белград?

ФОКУС: Нели Мијалков одел на средба со генералот Петар Грачанин, министер за внатрешни работи во тогашна Југославија?

БОГОЕСКИ: Не, не, тоа го кажаа овде. Кога јас побарав информација, мене ми потврдија од Белград дека немало договорено таква средба. Значи, некој тајно договарал средби или некој го навел Мијалков да замине на пат. Го навеле еден од оваа црна тројка обвинители, за кои зборував претходно. Обвинителот Ѓорѓи Наумов, кој пак, за несреќа беше претседател на комисијата и ги измислуваше приказните за некаква чанта на министерот која божем исчезнала, сигурно знае кој го набедил да замине така тајно. Јас не сакам да го обвинам Наумов за нешто друго, но Белград не знаеше за никаква посета на Мијалков. Наумов соопшти дека Мијалков патувал на средба со Грачанин.

ФОКУС: Во секој случај, вие велите дека во таа сообраќајка нема заговор.

БОГОЕСКИ: Нема, ви тврдам.

ФОКУС: Дали е во тоа уверен и Сашо Мијалков?

БОГОЕСКИ: Јас не знам дали се уверил, ја сфаќам болката и затоа реагирав своевремено да не се излегува со такви приказни, зашто тоа дополнително ја зголемува болката на семејството, кое никогаш не може да прифати дека се случила обична сообраќајна несреќа. Но да се шпекулира во такви околности, измислувајќи дека службата го убила, а априори се посочува на мене, бидејќи јас бев шеф на службата, ви тврдам дека е апсолутна невистина. Наумов е истиот човек кој ги организираше најризичните средби на Јордан Мијалков, на пример, со еден од шефовите на воената служба на Југославија, КОС. Во една куќа во Ново село, штипско, Наумов не повика мене и Јордан Мијалков. Павле Трајанов одби да дојде. Јас реагирав – што е ова, какви се овие подземни, тајни комуникации?Slobodan Bogoeski 05ГИ ПРИСЛУШУВАВМЕ ЧЕЛНИЦИТЕ НА ДПМНЕ, ЗАШТО ИМ НУДЕА ОРУЖЈЕ

ФОКУС: Дали тоа беа разговори во врска со осамостојувањето на Македонија и повлекувањето на ЈНА?

БОГОЕСКИ: Немаше ништо од тоа. Се виде дека е бесцелно. Зашто ние си имавме официјални начини на комуникација. Немаше потреба од конспиративни средби. Па уште да се вовлекува министер во ризични ситуации. Меѓутоа, истиот човек што ја организираше средбата упорно со години ја промовира тезата дека Мијалков е убиен, дека тоа го направиле службите, македонската или евентуално во соработка со српската, а само тој знае зошто Мијалков отпатува за Белград.

ФОКУС: Има уште една работа од тоа време поради која евентуално од ВМРО-ДПМНЕ би имала причини да ви се одмаздува. Како шеф на ДБ ве обвинуваа дека се занимавате со прислушување на опозицијата. Позната е аферата Дувло, прислушувањето на челници на ВМРО-ДПМНЕ.

БОГОЕСКИ: Кога некој сака да шпекулира, не можете ништо да направите. Јас не бегам од она што сум го работел во тој период затоа што се што сум работел, сум го потпишувал. Ако сум направил нешто незаконито, секако дека досега не еднаш, туку незнам колку пати ќе ме затвореа. Точно е дека имаше примена на такви средства и методи, но никојпат, ви тврдам, барем додека јас сум бил потсекретар, тоа не било од идеолошки или политички побуди, туку од законски причини. И беше минимално, мислам дека ниту еден процент од она што сега се прави или во времето на Владата на Георгиевски – аферата „Големо уво“, масовното прислушување новинари, пратеници, јавни личности.

ФОКУС: Што беше тогаш причината за следење на првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ?

БОГОЕСКИ: Двајцата први луѓе на партијата имаа контакти со луѓе кои овде доаѓаа да организираат војна во Македонија, нудеа оружје и пари…

ФОКУС: Претставници на странски служби?

БОГОЕСКИ: Да, од соседството, и првите луѓе на партијата ги примаа во својата канцеларија и уште вршеа притисок врз мене, да се отвори јужен фронт во Македонија против Југославија. Што друго ќе направите? Мора да ги имате тие информации и мора да го спречите тоа. Инаку, никаква законска мерка не беше преземена против двајцата лидери на партијата. Тие беа следени поради ваквите контакти со луѓе кои во тој период беа на врвни позиции во некои соседни држави, кои ги подбуцнуваа на војна. Може да замислите во 1991, 1992 година, каква кланица ќе беше во Македонија? Од тие причини имаше примена на такви мерки. Најголема опасност во тој период беше да избие конфликт во Македонија, а ние немавме ни своја армија, ни министерство за да ги организира своите сили. Јас не го кријам тоа следење и сум го потпишал. Но, ако некој од тоа сака да гради политичка кариера, да си става ореол на жртва од службите, тогаш нека му е. А сега? Јас со задоволство би прифатил да бидам лустриран поради тоа, отколку да имавме војна. Но, ова што сега се прави е срамно и ќе нанесе долгорочни последици.

ФОКУС: Имаше и шпекулации дека Вие наводно дома имате досиеја за некои луѓе и дека постои закана оти ќе ги објавите, поради што ви се закануваат.

БОГОЕСКИ: Имаше такви шпекулации од одредени новинари, но јас никогаш ниту сум чувал документи, ниту би го правел тоа. Што ќе ми се? Не сме ние рекетари, како што слушнавме дека има. Некому веројатно му тежи во главата тоа што го правел во минатото, па се плаши да не се појават такви досиеја. Но на некој му треба да се промовира во лажен херој, жртва, дека бил предмет на службите.

ФОКУС: Како ви се чини Македонија денес, од аспект на она што го почнавте како осумтемина од МВР и како сон од 1990-тите под оваа власт, која се нарекува патриотска, национална и води сметка за државните интереси?

БОГОЕСКИ: Тогаш со Трајанов кога ги отпочнавме процесите на т.н. наша македонска демократска пролет, не раководеа две работи. Едната е самостојна Македонија, што ни беше идеја водилка за што од одредени новинари, Драган Николиќ, на пример, во тогашна Борба бевме обвинувани дека сме го воскреснале новото ВМРО и се бараше државата најостро да реагира, буквално да не ликвидира мене и Трајанов. Втората работа беше да отпочнат процесите на демократизирање на македонските институции. Зашто мали групи во партиско-политичкиот врв ја имаа окупирано извршната, законодавната и судската власт и ние бевме уверени ако дојде до такви промени во Македонија, нашата држава има шанси да стане држава за пример. Бевме радосни и спремни и животите да ги дадеме за осамостојувањето.

И навистина го направивме тоа. Особено Павле Трајанов го имаше најголемиот товар затоа што сите тие единици, беа под негова команда. Не сонував дека ќе дојде време во Македонија после 21 година, кога ние ќе разговараме за вакви теми. Дека некој може и тоа не во име на партијата, туку една фамилија, која нема допирни точки со ВМРО како партија, ниту во историски контекст, ниту генеалошки да ја узурпира целокупната власт во Македонија, целосно да го урниса уставниот поредок и да ја окупира извршната, законодавната и судската власт.

И дека ќе може како во некоја провинциска крчма, да си нарачува егзекуции, пресуди, што сака, а за тоа да не одговара. На крајот на краиштата, еден ден сето ова ќе се преотвори, ќе одговараат јавниот обвинител и судиите, но нема да одговара тој што им наложува. И тоа е страшното, зашто ние сонувавме една поинаква Македонија.

КАКО ИСЧЕЗНА ЗЛОСТОРНИЧКОТО ЗДРУЖЕНИЕ

ФОКУС: Вие и двајцата адвокати бевте осомничени за злосторничко здружување, за перење пари и за злоупотреба на службена должност. Велите дека тоа е незаконски, зошто?

БОГОЕСКИ: Спротивно на законот за кривична постапка и на со устав загарантираните права и слободи на граѓаните, утрото на 17 април 2013 г. бевме присилно приведени пред истражен судија, осомничени за злосторничко здружување кое однапред се организирало да пере пари од договорите кои се склучувале меѓу фирми и физички лица, меѓу владата и фирми во 2009 година. Го нарушија принципот на пресумпција на невиност, зашто бевме присилно приведени без да постои решение за отворање истрага.

Можевме да бидеме најуредно поканети и да бидеме распрашани. Однапред се гледа намерата по секоја цена да се изнуди вина кај осомничените, со снимање, со полиција, како да сме навистина злосторничко здружение. По 15 часовно распрашување кај истражниот судија, кој често излегуваше од адвокатската канцеларија да се консултира со тимот кој е заинтересиран за овој настан, во доцните вечерни часови сфативме дека обвинителот го променил барањето за спроведување истрага и се откажал од злосторничко здружение.

Но ние бевме присилно приведени како злосторничко здружение. Зошто? За да се оправда притворот кој наумиле да го определат. Обвинителот Јован Илиевски, постапуваше незаконски и не е ниту стварно надлежен зашто делото беше повлечено и официјално во предметот сега не постои. Ова не е организиран криминал за да постапува Илиевски! Ова обвинителство постапуваше за дело кое се квалификува како злоупотреба на службената положба. Таа манипулација, јасно кажуваше што им е целта, од старт на тие што ја иницираа целата постапка. Тие не се ниту во обвинителството, ниту во судот, туку зад завесата. Во политиката.

Авантурата на Т-Мобиле во Македонија: Во „Телеком“ имало корупција, но „немало“ корумпирани!

$
0
0

fokus-arhiva-1-150x1501Текстот е објавен на 24-ти јануари 2014-та година во неделникот „Фокус“ во бројот 955

Во САД, долгата истрага и обвиненијата за корупција против Дојче телеком и Маѓар телеком завршија со вонсудска спогодба со која платија вкупно 95 милиони долари. Овој случај се темелеше и на документи за тајни договори меѓу Владата на Македонија и Маѓар телеком, со кои преку кршење на македонските закони, се зачувува неговата привилегирана позиција на пазарот со недавање лиценца на трет мобилен оператор.

 Обвинителите од САД открија голем број детали на шемата како се вршени коруптивни исплати на македонски функционери, со префрлање 24 милиони евра за дваесетина сомнителни договори преку компании од Кипар. Но, и по пет години, ниту еден од македонските политичари посочени во документите во САД, во Македонија никогаш не бил под истрага во врска со аферата за Телеком.

Кај нас обвинети се само четири лица, и тоа сите странски државјани. Американските обвинители изгледа завршиле половина од работата откривајќи кој ги исплатил средствата и зошто. Нивните колеги од македонското судство сè уште треба да одговорат - каде завршија парите?

Пишувал:
Горан РИЗАОВ

Муабетите се евтини, но не и цените што се плаќаат за разговор. Во мрачната ера пред паметните телефони да го стават интернетот во вашиот џеб, секоја минута разговор на мобилен телефон беше внимателно мерена.
Патот кон слободен и брз безжичен сообраќај беше долг. Во повеќето земји, ова вклучуваше лицитација на фреквенциите за телекомуникации, изградба на мрежи и постојано уривање на монополите преку воведување конкуренција.

Но, во Македонија, една од најсиромашните земји во Европа, на патот кон евтини повици, имаше неколку мистериозни заобиколувања.

Според обвинителите во САД, станува збор за тајни состаноци во хотелот „Холидеј ин“, уништување клучни докази, како и префрлање милиони евра како мито преку компании регистрирани на Кипар.

За скромните потрошувачи, пак, тоа значеше плаќање непотребно висока цена со години.

„Имав сметки од кои ќе му се насолзеа очите и на побогат човек“, вели Жарко, 35-годишен предавач на универзитет, сеќавајќи се на првите години од новиот милениум, кога имаше само два мобилни оператори во земјата.
Оваа сторија на Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН) открива како македонскиот народ ја плати цената за договорот меѓу владата и нејзиниот партнер во телекомуникациската индустрија, подружница на Дојче телеком, глобалниот гигант кој стои зад брендот Т-Мобиле.

Таа, исто така, открива како македонските политичари, кои биле вклучени во договорот можеби го прекршиле законот, но тоа допрва треба да се истражи. Во меѓувреме, телекомуникациските компании исплатија 95 милиони долари (71 милион евра) за да се спогодат во случајот поврзан со обвиненијата за корупција во САД.
Македонските обвинители не смеат да дозволат овој случај да помине незабележано“, вели Драган Малиновски, поранешен претседател на Антикорупциската комисија.

Незамисливо е да чекаме Американците да направат нешто за нас“, смета тој.

Зад секој чин на поткуп лежи одреден извор, мотив и примател. Американските обвинители изгледа дека завршиле половина од работата откривајќи кој ги исплатил средствата и зошто.
Но, нивните колеги од македонското судство сè уште треба да одговорат на третото прашање, каде завршија парите.

gruevski buchkovski 01

„КОРЕКТИВНИ МЕРКИ“?

Жарко сега живее во Германија. Како и останатите, и тој одржува контакт со неговото семејство користејќи бесплатни услуги базирани на интернет, како Скајп и Вибер.

Жарко ја напушти Македонија во 2006 година. Поголемата од двете мобилни телефонски мрежи во тоа време беше управувана од страна на Македонски телекомуникации – заедничка инвестиција на владата и Маѓар телеком, унгарска подружница на глобалниот комуникациски гигант Дојче телеком. Бидејќи брендот T-Мобиле уште не беше воведен во Македонија, мобилните услуги на Македонски телекомуникации беа познати како Мобимак.

Иако скапа за потрошувачите, доминацијата на Македонски телекомуникации на безжичниот пазар беше многу профитабилна за нејзините сопственици. Исплатата на дивиденди од компанијата беа „значаен извор на приходи за македонската влада“, се вели во документите поднесени до судот во САД.

Сепак, надмоќноста на Македонски телекомуникации се најде на удар во 2007 година, кога лиценца доби третиот мобилен оператор. ВИП, подружница на Телеком Австрија, влезе на македонскиот пазар таа година.

„Тие го најавија влезот на пазарот со понуда на припејд-тарифи, кои беа за 71 отсто поевтини од постоечките“, вели портпаролот на ВИП во Скопје.

По една година, операторот имаше 10 отсто од уделот на пазарот. Во 2013 година, таа цифра се приближува до 30 проценти.

Влезот на ВИП на македонскиот пазар ја воведе конкуренцијата во вистинска смисла на зборот“, вели портпаролот.

Мобилната мрежа на Македонски телекомуникации, од нејзиното основање како приватизирана заедничка инвестиција во 2001 година, уживаше во врвната позиција. Во наредните шест години, нејзиниот единствен ривал беше многу помалата мрежа на Космоте.

Оваа состојба ја загрижуваше Европската унија, кон чие приклучување се стреми Македонија. Брисел сакаше телекомуникацискиот сектор да се либерализира. Со цел да се исполни ова барање, Македонија донесе закон со кој ќе се овозможи влез на пазарот за трет оператор.

Законот беше донесен во 2005 година, но поминаа уште две години пред ВИП да ја добие својата лиценца. Зошто беше потребно толку време за да пристигне конкуренцијата?

Според документите доставени до американскиот суд, одговорот лежи во еден таен договор постигнат меѓу владата во Скопје и Маѓар телеком, нејзиниот партнер во Македонски телекомуникации. За договорот се вели дека ја зачувал привилегираната позиција на компанијата на пазарот, преку кршење на македонските закони. БИРН дојде до копија од договорот, со кој компанијата добива право да влијае врз телекомуникациската регулатива. Таквите закони се нормални во строга надлежност на суверените влади.

Поранешниот македонски премиер Владо Бучковски за БИРН потврди дека тој го потпишал договорот, за кој тврди дека ниту бил таен, ниту незаконски. Сепак, токму овој договор беше предмет на две истраги кои им донесоа милиони долари на владините агенции на САД преку вонсудски спогодби.

Дојче телеком и Маѓар телеком му исплатија на американското Министерство за правда комбинирана казна од 63,9 милиони долари во 2011 година. Маѓар телеком плати дополнителни 31,2 милиони на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), финансискиот регулатор во САД.

Според портпаролот на Дојче телеком, со спогодбата со американските власти фирмата ја докажува својата посветеност во соработката при истрагите, „корективните мерки“ што ги презема досега, како и нејзината заложба за повеќе вакви мерки. Во изјава за БИРН, пратена преку електронска пошта, портпаролката Елпида Тризи вели дека Дојче телеком придава „најголема важност“ на „антикорупцијата и на другите политики и процедури за усогласување со законите“. КХВ во моментов има отворено трет, граѓански случај против тројца поранешни директори на Маѓар телеком за поткуп на владини претставници. Тие ги негираат обвиненијата.

ДОЛГИ ИСТРАГИ, НО ВО САД

Комбинираната исплата од 95 милиони долари за спогодба е меѓу десетте највисоки исплати според Законот за надворешни коруптивни практики во САД. Законот им забранува на фирмите кои котираат на берзата во САД да даваат мито или да вршат неправилни исплати на странски претставници.

Спогодбата значи дека компанијата не мора ниту да ја признае, ниту да ја негира вината. Според условите во договорот, Министерството за правда вели дека нема да ги гони фирмите во следните две години, доколку тие продолжат да ги подобруваат процедурите за усогласеност со законот и го почитуваат самиот закон. Маѓар телеком, исто така, ги прифати како „вистинити и точни“ низата детални обвинувања за коруптивни исплати што се вклучени во спогодбата околу обвиненијата. Овие обвинувања сѐ уште можат да се оспорат ако други осомничени во случајот бидат изведени пред суд.

Само затоа што една компанија признава одредени факти, тоа не значи дека ова признание е обврзувачко кон другите“, вели Мајк Келер, професор по право на универзитетот „Јужен Илиноис“, кој има блог за спроведувањето на Законот за надворешни коруптивни практики.

Обвинителите од САД, сепак, откриваат голем број детали што посочуваат кон една шема според која се вршени коруптивни исплати на македонски функционери. Но, ниту еден владин претставник во Македонија никогаш не бил под истрага во врска со случајот, повеќе од пет години, откако американските агенции почнаа со нивната истрага.

Само четири лица се обвинети од страна на обвинителите во Скопје во врска со аферата за Телеком. Сите се странски државјани. Обвиненијата против еден од нив неодамна беа отфрлени. Другите тројца никогаш не се изведени пред судот. Обвиненијата беа поднесени во 2008 година.

Во оваа фаза од постапката, ниту едно од законските барања за меѓународна потерница не се исполнети“, изјавија за БИРН од Кривичниот суд во Скопје.Малиновски, поранешниот шеф на Државната комисија за спречување на корупцијата, вели дека обвинителите од земјата се способни за извршување поголема истрага.

Прашањето е дали сакаат да го направат тоа“, вели тој. „Корупцијата мора да биде насочена кон некои официјални лица. За притворање функционери, не е потребна меѓународна потерница“.

Спогодбите во САД, исто така, го обвинуваат Маѓар телеком за поткупување владини претставници во Црна Гора. Сепак, и покрај парламентарната истрага во земјата, нема обвиненија.

ПРИТИСОК ОД БРИСЕЛ ЗА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ПАЗАРОТ

Македонски телекомуникации влезе во новиот милениум како реликт од комунистичкото минато на Македонија. Фирмата беше во целосна сопственост на државата, а имаше целосен монопол над фиксната мрежа, како и новата мобилна мрежа. Во јануари 2001 година, владата, предводена од партијата позната по својот акроним, ВМРО-ДПМНЕ, го продаде мнозинскиот удел во фирмата на конзорциум предводен од Маѓар телеком.

Нашиот план е прилично едноставен“, беше цитиран поранешниот извршен директор во унгарската фирма, Елек Штрауб, во едно соопштение на компанијата: „Ние сакаме да даваме најдобри можни услуги по прифатлива цена“.

Никола Груевски, сегашниот македонски премиер кој во тоа време беше министер за финансии, рече дека се надева оти приватизацијата е знак за нештата што доаѓаат. Тој алудираше на германско потекло на матичната компанија на Маѓар телеком, Дојче телеком.

Продажбата … е најдобар избор и верувам дека ќе донесе други германски инвеститори во Македонија“, беше цитиран во друго соопштение на компанијата.

Во летото 2001 година, сепак, странските дипломати, а не инвеститорите беа тие што го насочија нивното внимание кон Македонија.

Nikola Gruevski 2006

Бунтовниците од етничкото албанско малцинство зедоа оружје во борба против државата. Нивниот бунт, и одговорот на македонската армија, ја донесоа земјата до работ на граѓанска војна. Илјадници лица беа раселени додека борбите ескалираа. Медијатори од САД и од ЕУ ги донесоа завојуваните страни на преговарачка маса. Мировниот договор беше постигнат ставајќи крај на непријателствата. Следеа избори во 2002 година, со што дојде до промена на власта. Социјалдемократите, пак, познати под кратенката СДСМ, се здружија во коалиција со една помала партија на етничките Албанци, ДУИ, чии лидери беа од редовите на бунтовничкото движење.

ЕУ со олеснување го прифати фактот што е избегната уште една балканска војна, поради што ја награди Македонија со брзо проследување на нејзината апликација за членство. Таа, исто така, почна повеќе да се интересира за комуникацискиот сектор на земјата, во кој сè уште доминираа монолитните Македонски телекомуникации.

Радмила Шекеринска, пратеник од опозицијата, која тогаш беше министер на СДСМ за ЕУ интеграција, вели дека Брисел „притискаше за либерализација на телекомуникацискиот пазар“.

НЕСАКАНА КОНКУРЕНЦИЈА

Во февруари 2005 година, македонската влада го одобри законот со кој ќе се отвори секторот за конкурентите, во согласност со барањата на ЕУ. Новиот Закон за електронски комуникации вклучуваше построги одредби против монополот наведувајќи дека тоа ќе ги спречи операторите со „значителен удел на пазарот“ од „злоупотреба на нивната позиција“. Тој, исто така, воведе повисок надоместок за фреквенција на мрежите, со други зборови, наплатувајќи им повеќе за користење безжични радиофреквенции.

Сепак, некои директори од Маѓар телеком не биле премногу задоволни од можноста за нов конкурент. Според американските судски документи, двајца вработени во компанијата им го пренеле своето незадоволство на македонските владини претставници на состанокот одржан во Скопје во јануари 2005 година, еден месец пред законот да биде усвоен. Исто така, на состанокот биле присутни тројца мажи кои судот ги наведува како „грчки посредници“.

Следниот мај, извршни директори од Маѓар телеком потпишаа договор со висок македонски политичар. Неговата цел, според судските документи, била да се „одложи или спречи“ доделувањето лиценца на третиот мобилен оператор. Со договорот, исто така „би се ублажиле другите несакани ефекти од новиот закон“, делумно со тоа што ја намалува обврската на Македонски телекомуникации да го плати „целокупниот износ од зголемената такса за радиофреквенција“.

На крајот од мај 2005 година, македонски владини претставници се сретнале со директори од Маѓар телеком во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје. Двајца од грчките посредници, исто така, биле присутни. Според судските документи, сите присутни на средбата „се согласиле да не го објавуваат постоењето и целта на договорот пред други, вклучувајќи ги и ревизорите на Маѓар телеком и јавноста“. Во август таа година, судските документи велат дека директорите на Маѓар телеком подготвиле друг таен договор за втор висок македонски функционер од една помала политичка партија.
Со цел да ја обезбедат неговата поддршка, тие ветиле дека ќе обезбедат „деловна можност“ за „субјект назначен“ од страна на неговата политичка партија. Можноста никогаш не се материјализирала, но била обезбедена поддршката од функционерот и документот бил потпишан.

Единствените потпишани примероци од двата тајни договори биле доверени на еден човек идентификуван во судските документи како првиот грчки посредник.

ЛЕГИТИМНА, А ТАЈНА ЗДЕЛКА

БИРН доби непотпишани примероци од двата договори, на кои стои насловот „Протокол за соработка“. Првиот договор остава простор за потпис на претставник на Владата на Република Македонија, именуван во протоколот како „Владо Бучковски“, човекот кој тогаш беше премиер.

За време на интервјуто во зградата на скопскиот Правен факултет, каде што предава право, Бучковски потврди дека тој навистина го потпишал протоколот. „Нема ништо сомнително овде, ова не е коруптивен договор“, изјави тој за БИРН.

Протоколот никогаш не бил ставен во владината архива, како што се бара според македонските закони. Сепак, Бучковски тврди дека тој не бил таен.

Тој вели дека формата на договорот не бара тој да биде внесен во официјалната евиденција. Освен со академската професија, Бучковски продолжува да се занимава со политиката. Тој се одвои од СДСМ, која сега е најголемата опозициска партија.

Како лидер на нова партија, тој стана жесток критичар на партијата од која замина. Бучковски, исто така, е вмешан во случајот за воени набавки, во кој тој беше обвинет за преувеличување на налогот за набавка на резервни делови за тенкови. Ова лето, тој беше осуден на три години затворска казна за неговата улога во аферата. Тој ги негира сите обвиненија за корупција и поднесе жалба против пресудата.

Бучковски вели дека протоколот бил наменет за решавање на ќор-сокакот со Маѓар телеком во време кога компанијата му должеше исплата на дивиденди за неколку години на својот партнер во Македонски телекомуникации, македонската влада.

Протоколот за соработка не го регулира прашањето за либерализација на пазарот“, вели тој. „Протоколот ги регулира односите [со Маѓар телеком]. Прво, го затвора начинот на кој ќе се исплаќа дивидендата и говори за идните планови“.

Протоколот навистина наведува нов распоред за исплата на дивиденда на владата. Исто така, се вели дека исплатите во иднина ќе бидат условени од „доверливоста на регулаторната рамка“ на македонскиот пазар за телекомуникации. Понатаму, протоколот вели дека сите подзаконски акти во Македонија ќе бидат „донесени во претходна консултација со МакТел/Матав“. Матав е поранешното име на Маѓар телеком.

На друго место, во протоколот се наведува дека владата на Македонија „ќе ги прифати сите предлози за подзаконски акти кои ќе бидат дадени од страна на МакТел/Матав“, сѐ додека тие се во согласност со „законот и европската пракса“.
Во тековната тужба против извршните директори на Маѓар телеком, одбраната тврдеше дека протоколот не бил ништо повеќе од „Меморандум за разбирање“ меѓу двата акционери во Македонски телекомуникации.

Далеку од тоа дека е таен документ, одбраната вели дека протоколот само ги одразувал „политичките и деловни компромиси за кои се преговарало“, кои биле во согласност со европските закони и пракса. Меѓутоа, КХВ тврди дека намерата зад договорот воопшто не била невина.

Протоколот за соработка беше незаконски според македонските закони“, се вели во тужбата против тројца извршни лица на Маѓар телеком.

Тој бара од владините претставници да ги игнорираат нивните законски обврски“, со блокирање на влезот на трет оператор и намалување на надоместокот за фреквенција која Македонски телекомуникации требало да го плати.

Примерок од вториот протокол за соработка до кој дојде БИРН остава празен простор за потпис на уште еден претставник на македонската влада – Џемали Мехази, поранешниот министер за транспорт и врски. Мехази е член на ДУИ, партијата на етничките Албанци која соработуваше со СДСМ во постконфликтната коалиција. Тој не одговори на барањата на БИРН за коментар. ДУИ и понатаму е во владата и сега е малцински партнер во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

bucko mehazi2

Премиерот Бучковски и министерот Мехази

СОМНИТЕЛНИТЕ ДОГОВОРИ ГИ НЕМА ВО АРХИВАТА

Слично како и македонскиот оператор што подоцна ќе го купи, Маѓар телеком се издигна од урнатините на источно европскиот комунизам како уште една државна мрежа со монополска позиција. Компанијата беше приватизирана во текот на 1990-тите, при што Дојче телеком постепено ги стекна мнозинските пакет-акции. Во 1997 година, Маѓар телеком ги понуди своите акции на Њујоршката берза, горд момент што беше одраз на неговата сила во земјата и нејзините амбиции во странство. Според интернет-страницата на компанијата, тоа беше првата фирма од Централна и Источна Европа што котираше на берзата.

Речиси една деценија подоцна, оваа котација ќе овозможи КХВ да отвори истрага за Маѓар телеком според Законот за надворешни коруптивни практики.

Иако законот обично е насочен кон фирми со седиште во САД, исто така, може да се користи за да се истражат странски компании кои котираат на берзите во САД и поднесуваат финансиски извештаи до КХВ.

Истрагата, и конечното откривање на тајните протоколи, беше резултат на рутинска ревизија од страна на „Прајсвотерхаус Куперс“, компанија која се грижеше за сметководството на Маѓар телеком. Истрагата откри два договори од 2005, чија „природа и деловни цели … не се лесно видливи“, се вели во извештајот што ќе биде поднесен од страна на Маѓар телеком во 2009 година.

Во февруари 2006 година, комисијата за ревизија во телекомуникациската компанија ја задолжи адвокатската фирма „Вајт & Кејс“, да го испита случајот. Фирмата откри дополнителни сомнителни договори. Таа, исто така, објави дека некои вработени во Маѓар телеком ги уништиле документите за кои адвокатите се надевале дека ќе ги искористат во нивната истрага.

Комитетот за ревизија нареди една поширока, внатрешна истрага. Таа во 2009 година заклучи дека високи извршни директори на Маѓар Телеком и Македонски телекомуникации одобриле исплата на 24 милиони евра за над 20 сомнителни договори. Договорите наводно биле за услуги како што се консултации и лобирање. Но, всушност, нема докази дека таква работа била извршена во тој временски приод или на тој начин.

Доказите покажуваат дека, спротивно на нивните услови, одреден број од овие договори биле склучени за да се добијат конкретни регулаторни и други придобивки од Владата на Македонија“, се вели во извештајот на компанијата.

Според американските обвинители, договорите требало да ги маскираат исплатите кои биле наменети за мито. Според американските судски документи, директорите платиле речиси 4,9 милиони евра во периодот меѓу 2005 и 2006 година на една компанија со седиште на Кипар и нејзините филијали. Компанијата е контролирана од страна на тројцата грчки посредници.

Во тоа време, Маѓар телеком и на Македонски телекомуникации го добиваа она што го сакаа во Македонија. Владата го одложи влезот на третиот мобилен оператор до 2007 година, и го намали надоместокот за фреквенција за МакТел.

Според судските документи, „директорите на телекомот знаеле или биле свесни за големата веројатност дека постоеле околности во кои, сите или дел од приходите“ од плаќањата што ги направиле „ќе бидат понудени, дадени, ветени или платени, директно или индиректно, на македонски владини претставници“. Сепак, нема докази кои покажуваат дека исплатите стигнале до некого во македонската влада.

НЕСЛАВЕН КРАЈ ВО САД: ИЗЛЕЗ ОД БЕРЗАТА

Во случајот што во моментов се води против тројцата извршни лица од Маѓар телеком, одбраната ги отфрли тврдењата за лажните договори во Македонија, тврдејќи дека тие се легитимни и транспарентни. Бучковски ги отфрла тврдењата дека протоколот е поврзан со наводите за мито како што велат од КХВ.

Тој не е коруптивен“, изјави тој за БИРН. „Јас не знам дали тие знаат нешто друго во врска со исплатите“.
КХВ ја почна својата истрага во Маѓар телеком во 2006 година, откако компанијата првично го објави откривањето на сомнителни договори.

На 19 ноември 2007 година, Маѓар телеком ја одбележа 10-годишнината од своето котирање на њујоршката берза. Три години подоцна, на 12 ноември 2010 година, компанијата повеќе не котираше на берзата. Според интернет страницата на компанијата, таа го направила тој потег „со цел да се намали комплексноста во финансиското известување и административните трошоци“.

Маѓар телеком продолжува да биде партнер на македонската влада и се заеднички сопственици на мобилната мрежа, која оттогаш е ребрендирана во Т-Мобиле. Двете страни продолжуваат да земаат значителни дивиденди од својата заедничка инвестиција.

Горан Ризаов е новинар од Скопје. Уредник е Нил Арун и овој текст е дел од  Balkan Fellowship for Journalistic Excellence, иницијатива на фондациите Robert Bosch Stiftung и ERSTE Foundation, во соработка со Balkan Investigative Reporting Network.

Mаѓар телеком ја купува невиноста на своите експерти во македонски и црногорски телеком!

$
0
0

архиваПисмото е објавено во неделен Фокус бр. 836 од 8 јули 2011 година

Од поднесување на финалниот извештај до јавното обвинителство на РМ при крајот на 2009 год., истото мудро молчи и веројатно чека делото да застари, а со тоа криминалот и криминалците да останат неказнети. Последните информации за очигледно штетната и криминална трампа на 4 згради, наведува на заклучок дека обештетувањето на Република Македонија за направениот криминал во Македонски телеком ќе се сведе на обештетување на фамилијата на власт!

Унгарија е во Европска унија од 2004 година и како европска држава би било логично европски да се однесува и во борбата со криминалот и корупцијата. Информацијата дека управниот одбор (бордот на директори) на Маѓар телеком на 24 јуни утврдил предлог договор за вонсудско обештетување на властите во САД во износ од 62,4 милиони долари за направените криминали и злоупотреби во Македонски и Црногорски телеком, ја разјаснува позадината на направените злоупотреби.

Од однесувањето на управниот одбор на Маѓар телеком произлегува дека фатените извршители во Македонски телеком, Атила Сендреј и ортаците, не работеле (краделе) на своја рака, туку извршувале налози од своите нарачатели, во името на поранешниот главен извршен директор на Маѓар Телеком Елек Штрауб и поранешниот директор на компанијата Камен мост во Скопје Ференц Шомоги, кои за да се заштитат од судски прогон одлучиле спротивно на интересите на акционерите на  Маѓар Телеком, со дебел поткуп да ја откупат својата и невиноста на нивните извршители во Македонија и Црна Гора.

По сето ова бесцелни се барањата на Брисел и Вашингтон за одлучна борба со корупцијата и криминалот во Македонија, како еден од важните предуслови за евро-атланската интеграција на земјава.

Каков цинизам и неморал од евро-американските институции во однос на нашава земја. Ако вината за евидентниот криминал и корупција во европска компанија (Маѓар телеком) може да се откупи со грст долари за актерите да не се соочат со заслужени правни последици, може да се очекува дека со повеќе или со помалку долари европски криминалци да се прогласат за нобеловци или светци.

Ова е уште еден доказ дека правото и правдата се измислена категорија, односно лижавчиња за обичните смртници, а парите и моќта се единствените мерила за западните правни системи.

И додека западната демократија си изградила правен систем за заштита на своите материјални интереси без санкции за криминалот и корупцијата, нашава држава, која објективно е и најголемиот губитник во случајов, не превзема ништо за да ги заштити државните интереси туку работи на одолжување со решението на проблемов со криминалот во Телекомот. И тоа со една единствена цел – да ги покрие валканиците и злоупотребите на многу политичари кои во спрега со унгарските криминалци, ги крадеа своите граѓани преку криминалот во телекомот!

Во финалниот извештај за истрагите во Македонскиот телеком извршени од американската фирма за истраги Њите анд Цасе изречена е констатација дека унгарските извршители на корупција во Телекомот оствариле придобивки за Маѓар телеком со поткуп на владини личности од надлежни институции и регулаторни тела. Кои се тие регулаторни тела од кои Телекомот можел да добие (купи) бенефиции? Сигурно не е агенцијата за ветеринарство или слична институција. Агенцијата за електронски комуникации е во директна релација со дејноста и со интересите на Телекомот. Во кое време кој бил на чело на оваа институција – не може да биде тајна за нашето правосудство!

Сепак од поднесување на финалниот извештај до јавното обвинителство на РМ при крајот на 2009 год., истото мудро молчи и веројатно чека делото да застари, а со тоа криминалот и криминалците да останат неказнети. Последните информации за очигледно штетната и криминална трампа на 4 згради наведува на заклучок дека обештетувањето на Р.Македонија за направениот криминал во Македонски телеком ќе се сведе на обештетување на фамилијата на власт!

Индикативен е фактот што злоупотребите во Телекомот не беа експлоатирани во предизборниот период од ниту една од партите од власта и од опозицијата, што наведува на заклучок дека од Телекомот се имаат офајдено челниците на повеќе партии!

Дали има надеж за објективно и професионално расчистување со докажаните злоупотреби во Македонски телеком, може само да се претпостави од моето искуство со ,независното, судство кое преку извршителот- судијката Сандра Крстиќ ме осуди за клевета за изречените вистини дека во Телекомот надлежните органи признаа дека имало криминал и корупција. Скопскиот апелациски суд преку своите ,независни, судии – Мирјана Дуковска, Катерина Оровчанец и Цветанка Периќ ја потврди пресудата на 20 мај 2011 год., а потврдата ми ја врачи во 8 часот на 6 јуни, веднаш по изборите.

120826AMWednesday,September09,2015simo gruevskiПретпоставувам дека и републичкиот судски совет за овој предмет ќе се прогласи за ненадлежен согласно политиката на сегашната власт!

Симо ГРУЕВСКИ, дипл. инж., поранешен член на бордот на Телеком

 

КОГА ЌЕ УТВРДАТ, ЗОШТО САШО МИЈАЛКОВ КИСНЕЛ НА РЕЛАЦИЈАТА СКОПЈЕ –ПРАГА?

$
0
0

fokus-arhiva-1-150x1501Текстот е објавен во неделен Фокус бр 837 0д 15 јули 2011 година.

Најголемата опозициска партија пред изборите покажа документација, која, според нив, претставува збир на фактури, кои МВР ги платило за престојот на Сашо Мијаков во ВИП-Салонот на скопскиот аеродром. Документите имплицираат, дека шефот на УБК бил во Прага дури 16 пати за неполни две години. Од тогаш до денес, јавноста прашува, дали тие патувања имаат врска со неговите приватни трансакции во Чешка?

Пишувал

Владо АПОСТОЛОВ

Бошкоски бара Мијалков кривично да се гони. Антикорупциска ќе отвори случај за Мијалков. Колку е богат Мијалков? Документи од фирма на Мијалков пред Антикорупциска. Тоа се само дел од насловите на прилози од А1 телевизија, во ноември и декември минатата година, во периодот кога власта упадна во медиумот, а подоцна го уапси и сопственикот на А1 Велија Рамковски за ,злосторничко здружување,. Токму дента, кога полицијата му ги врза рацете на Рамковски, ланскиот 24 декември, А1 телевизија известуваше за можеби најжестоките обвинувања на Љубе Бошкоски кон шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, сега веќе глобално познатиот прв братучед на премиерот Никола Груевски!

Огромни суми на пари со авиони на Чех Ерлајнс се изнесуваат од Македонија и завршуваат во една чешка банка, обвини тогаш лидерот на Обединети за Македонија. Шест месеци подоцна, како што милуваат да кажат фејсбук-симпатизерите на Груевски, Љубе му се придружи на Велија во ќелија!

Така, случајно или не, денес во притвор се и човекот кој најжестоко го обвинуваше Мијалков во месеците пред изборите, и газдата на телевизијата која одвои најголем простор за Бошкоски да ги искаже своите сомнежи. Разбира се, секој е осомничен за посебно дело, кое нема ама баш никаква врска со нивните конфронтации со власта!

ПРОВЕРКИТЕ НА ГОРДАНА

Не сакаме да кобиме, ама, сега за сега, сеуште на слобода е потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, кој за време на изборите ги презентираше документите кои имплицираа дека шефот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, во период од нешто помалку од две години дури 16 пати бил во Прага на државна сметка!

Георгиев покажа фактури за кои тврдеше дека се од аеродромот Александар Велики, кои биле адресирани до МВР, кое ги платило услугите на ВИП-Салонот, користен од Мијалков пред или после летовите од скопскиот аеродром.

Помина повеќе од 40 дена, откако опозицијата ги обзнани овие документи, па редно е да видиме, што од објавеното беше демантирано и на каков начин?

После пресот на СДСМ, експресно реагираше владејачката партија со соопштение во кое се вели дека тврдењата на опозицијата имаат цел лично да го дискредитираат Мијалков. Во краткиот текст, објавен на нивната веб-страница, уште ги употребуваат и фразите – ,манипулација, и ,излитени и стопати повторени инсинуации,!

Треба да се напомне дека, ако за прес-конференциите на СДСМ поврзани со имотот на Груевски властодршците веднаш најавија тужби, овој пат барем јавно немаше таква закана. Интересно е дека никој – ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту МВР, ниту пак некој од аеродромот, не излезе јавно да каже дека документите од опозицијата се фалсификат или некаква извртена полувистина. Или барем ние не чувме нешто такво. По обичај, недостасуваше соочување на аргументите или во најмала рака поуверлив демант, после кој и најверните вмровци ќе беа убедени дека целава приказна е само сдсмовско масло. Арно ама, на оганот од сомнежи, масло додаде никој друг туку министерката за внатрешни – Гордана Јанкулоска!

Евиденција за службените патувања води секторот за финансии во МВР, па, со оглед на тоа дека се работи за период од безмалку 24 месеци, за да дадеме издржан одговор, ние би требало да ги провериме архивираните патни налози. Отварањето на архивите постари од 12 месеци налага посебна процедура, меѓутоа можам да потврдам дека за сите службени патувања е изготвен налог, а се доставува извештај за целта на патувањето и за остварените резултати. Ако барате прецизни податоци, ќе мора да побарате официјално да ги отвориме архивите, изрецитира тогаш Јанкулоска на новинарско прашање.

Според полицискиот портпарол Иво Котевски до сега никој од колегите новинари не ја послушал министерката и не побарал МВР да ги отвори архивите, иако, најлегитимно е прашањето: Зошто полицијата до сега не го стори тоа самата, за да ги убие во корен сите сомнежи?

Котевски не беше баш расположен за да објасни, каква е процедурата според која ние официјално можеме да побараме отворање на архивите. Замислете, тоа требало ние да си го знаеме!? ×иниш, поднесувањето вакви барања е ежедневна работа, како пополнување на ливче во обложувалница!

Нејсе, социјалдемократите не поднеле никаква претставка до Антикорупциската комисија за овој случај. Нејзиниот, пак, претседател Војче Зафировски објасни дека Комисијата би отворила предмет доколку ги добие документите, па, ако се проверливи… Да, Антикорупциската имала многу ограничен капацитет за дејствување!

Зафировски вели дека Комисијата нема намера самата да отвора случај по принципот на ,допрен глас, или, како што вели тој – По ,рекла-кажала, муабети. Плус, додаде дека за да реагираат самите, потребно е Државниот ревизор да најде некакви неправилности!

Од друга страна, опозицијата ги достави документите до јавниот обвинител Љупчо Шврговски. Го повика да провери, дали во овој случај постоела злоупотреба на службената должност, односно, дали со државни пари Мијалков шетал приватно?

До сега, колку што и’ е познато на јавноста, нема информации дека Шврговски постапил по барањата на СДСМ. Наше, пак, е да потсетиме на една изјава од обвинителот, која денес може да се најде на сајтот на Утрински весник. И денес може да се потсетиме на изјавата во која Шврговски вели дека дваесетгодишното познанство и дружењето со браќата Мијалкови, во гимназија и на факултет, не можело да му биде хипотека во работата. Нам не ни останува ништо друго, кога да се надеваме дека обвинителот бил искрен кога го кажувал ова!

ШТО ПРАВЕЛ МИЈАЛКОВ ВО ПРАГА?

СДСМ пред изборите обвини дека во една прилика заедно со Сашо Мијалков за Прага патувал и директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски. И навистина, на еден од документите што имавме можност да ги видиме стои името и презимето на полицаецот којшто е познат во јавноста и по прекарот – Радникот!

Дополнително, тие обвинија дека во мај 2009-та, заедно со Мијалков од скопскиот аеродром за Прага полетала и мајката на премиерот Надежда Груевска, иако, рака на срце, во документите што ние ги видовме никаде не пишува кои се придружниците на Мијалков во честите патувања кон главниот град на Чешка!

Според документацијата на СДСМ, Мијалков во неколку наврати патувал за ×ешка со уште едно лице или со уште тројца. Опозицијата тогаш праша, дали ова патување на Груевска има врска со обвинувањата дека извесна Нада Груева купила стан во Прага нешто подоцна истата година?

Од овие листови може да се види дека Мијалков наводно патувал со летот ОК 847, кој, доколку проверите на сајтот ,Флајт мапер, ќе видите дека станува збор за дестинацијата меѓу Скопје и Прага на која лета чешката компанија ×ех ерлајнс, во Македонија присутна уште од 2005 година. Тогаш во медиумите се шпекулираше дека присуството на оваа авикомпанија во Македонија е знак дека ×есите се сериозно заинтересирани за купување на тогашното ЕСМ, кое отиде во рацете на Австријците од ЕВН!

На сите 16 документи пишува дека тие се фактури за плаќање на услугите на ВИП-просторот, каде важните гости и политичари може да користат телевизија, интернет или нешто да се напијат додека го чекаат летот или се одмараат од патувањето. Најголем дел од овие документи се фактурирани на 1.000 денари, но има и такви кои се фактурирани на нешто поголема сума. Ако се соберат сите пари за користење на овој салон, излегува дека се потрошени нешто повеќе од 900 евра за користење на посебните салони на аеродромот ,Александар Велики,!

Според фактурите што ги приложи опозцијата, ВИП-Салонот најчесто е користен во работни денови, иако има неколку фактури кои се датирани на сабота или недела. Токму затоа, од сево ова произлегуваат неколку прашања. Прво, дали ако навистина МВР платила за ВИП салонот, таа издвоила пари и за авиокартите чија најниска цена денес изнесува околу 270 евра? И, второ, дали патниците за овие службени патувања добиле дневници од Министерството за внатрешни работи?

Исто така, ако сето ова е вистина, би било интересно да се чуе, каква е таа соработка со чешката држава или тамошната полиција, која бара толку често присуство на шефот на тајната полиција во Прага? На интернет не можевме да најдеме вест во која се најавува некоја ваква посета, но, сепак, ископавме текст посветен на посетата на Јанкуловска на Прага од пред две и пол години. На владиниот сајт има информација за тоа, дека првата полицајка била во чешката престолнина на 15 јануари 2009 година на средба со тамошниот колега Иван Лангер. На средбата меѓу другото се зборувало за визната либерализација, но во фокусот на разговорите била и полициската соработка, односно соработката меѓу двете министерства за внатрешни работи на сите нивоа и во сите сегменти на дејствување, што подразбира проекти и оперативна соработка на ниво на полиција, но, и проекти, оперативна соработка и размена на информации на ниво на безбедносни служби!

Сево ова звучи како причина за барем една средба на шефот на УБК со чешката полиција. Меѓутоа, на владиниот сајт нема информација дека на ова патување присуствувал и Мијалков, додека датумот на оваа официјална посета на МВР не се поклопува со ниту еден од датумите во документите што ги објави СДСМ!

МАКИ СО АНКЕТНИТЕ ЛИСТОВИ

Последното обвинување на СДСМ е во врска со фирмата на Мијалков во Прага. Според партијата, шефот на УБК на 2 и на 11 декември 2009 година два пати патувал во Прага. Според нив, тоа е периодот што точно се поклопува со продажбата на чешката фирма Сервис поинт, компанијата околу која се дигна прашина после обвинувањата на Љубе Бошкоски.

Имено, лидерот на ОМ во ноември минатата година обвини дека директорот на УБК, Сашо Мијалков, во анкетниот лист за имотната состојба на функционерите не пријавил дека има половина милион евра, кои ги заработил откако на крајот на минатата година продал акции од чешка фирма.

Според информациите со кои располагаат ОМ, Мијалков бил сопственик на фирмата Сервис поинт со седиште во Прага до декември 2009 година, кога ја продал за половина милион евра на босански државјанин. На официјалната веб-страница на Државната комисија за спречување корупција до денес не е евидентиран приходот од 500 илјади евра, обвини тогаш Бошкоски.

Овој случај го разгледа Антикорупциката комисија и утврди дека од изнесеното нема елементи за понатамошно постапување. Комисијата установила дека значително се намалиле уделите на Мијалков во странски фирми, ама, после консултациите со шефот на УБК дознале дека до јануари 2010-та тој бил сопственик на половина од акциите на Сервис поинт и ги продал на две лица!

Мијалков ги информирал дека тоа го пријавил, иако имотот не му се зголемил, туку само го претворил во пари. Затоа, во делот на анкетниот лист, каде се впишуваат другите приходи, пријавил 500.000 евра, а останатите половина милион евра ги запишал како побарување, бидејќи сеуште не му биле исплатени!

Ако се суди според анкетниот лист, излегува дека Мијалков сеуште не ги добил парите од вториот купувач на акциите на Сервис поинт, бидејќи во табелата сеуште стои дека тој има побарувања од половина милион евра!

Она што можеби е мана на интернет сервисот на Антикорупциската е што не може да се видат сите верзии на анкетните листови. Поради тоа, никој не може да провери како се менувала имотната состојба на некој функционер, туку може да се установи само моменталното богатство!

Но, ова не е прв пат Мијалков да биде обвинуван во врска со анкетниот лист. При крајот на 2007 година, СДСМ го обвини дека дури девет месеци по законскиот рок сеуште Антикорупциска не го објавила неговиот имот. Доколку може да му се верува на Утрински весник, Антикорупциската го објавила анкетниот лист на шефот на УБК дури во јануари 2008 или неколку недели по обвинувањата на СДСМ!

Да се вратиме, сепак, во деновите пред изборите, баш во периодот кога се појавија таканаречените ,кабли, од балканскиот партнер на Викиликс, бугарскиот сајт Бивол. Во еден од овие текстови, насловен како: Опасностите што лебдат, се спомнува и името на Сашо Мијалков.

,Лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер на ВМРО, Љубе Бошкоски, го повика Груевски да се повлече од власта поради неуспехот во евро-атлантските интеграции и во економијата. Нервозни министри од владата и инсајдери од ВМРО приватно ни најавија дека има несогласување во партијата поради овие прашања и поради наводите дека братучедот на Груевски, шефот на тајната полиција Мијалков, кој се поврзува во корупциски скандал околу купувањето на двокатните автобуси од Кина, напишала американската амбасада според сајтот Бивол!

ВИКИЛИКС ПОРАКИ

Интересно е дека токму ОМ, преку потпретседателот Ден Дончев, обвини дека бизнисмен близок до власта ќе ќари 23 милиони евра од тендерот за автобусите, но, ниту тој, ниту пак било кој друг го спомна Мијалков!

Текстовите на Бивол, провладините медиуми веднаш ги прогласија за пропаганда на СДСМ и на А1 телевизија, а слично реагираше и владеачката партија. Никој од нив подоцна не го објави соопштението на Викиликс, во кое тие велат дека Бивол е нивниот партнер на Балканот, кој до тој момент објавил 70 текстови за Бугарија, Србија и за Македонија, и оти ниту еден од нив не бил демантиран од Стејт департментот на САД. Нам, пак, не ни текнува дека американскиот амбасадор Рикер се појави некаде, за да демантира барем дел од она што беше објавено на овој сајт, а беа публикувани најмалку четири текста поврзани со Македонија. Во еден од нив, Мијалков дури е наведен како ,нашироко познат по својата корумпираност,!!!

,Политичкото влијание на Груевски врз судските и полициските органи не е тајна. Најновиот бран на јавни апсења, обвиненија и осудувања, претставуваат врв на таквите мешања и манипулации. Добиваме се поголем број жалби за ноќни “информативни разговори” со полицијата и закани од владата за можни “обвиненија за корупција”, кои можат да се покренат доколку луѓето и се спротивстават на владата или прозборат против неа. Во меѓувреме, нема никакви акции против најдоверливите луѓе на Груевски кои се нашироко познати по својата корумпираност, како шефот на службата за државна безбедност, Сашо Мијалков (исто така и братучед на Груевски) и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, ќе цитира Викиликс дел од извештајот на американската амбасада во Скопје до централата во Вашингтон!

Ако сето она што го обелодени СДСМ е вистинито, а шефот на ДБК во сите овие 16 летови за ×ешка имал службени обврски, тогаш излегува дека Македонија како држава има посебни и интензивни односи со чешката тајна полиција. Доколку, пак, со истиот интензитет Мијалков патувал и во други европски земји, тогаш излегува дека безмалку не се свртел во Македонија. Тогаш можеме да кажеме дека шефот на дипломатијата Антонио Милошоски треба да му позавиди на својот сопартиец Сашо Мијалков за темпото на службените патувања. Заменикот на Милошоски, Зоран Петров, на ТВ Алфа неодамна обзнани дека на неговиот шеф му се смачило да легнува во еден хотел, а, како што велел, во друг хотел да се буди!

И, повторно, доколку се вистинити патувањата на шефот на УБК, тогаш се прашуваме, дали и на Мијалков му е смачено од авиони и хотели? Дали можеби и тој ќе си даде оставка? Оти, како што кажа Милошоски, што е многу – многу е. Опцијата за која СДСМ искажува сомнеж, дека првиот човек на ДБК со службени пари шетал за приватни потреби, воопшто не ја споменуваме, оти, за сега е ,рекла-кажала,. Според антикорупциските аршини, де!

Скапа била антикорупцијата

АНТИКОРУПЦИСКА СЕ ,ПОТРОШИЛА, ЗА ПРЕВОД НА ДОКУМЕНТИ ОД ЧЕШКИ!

Не знаеме дали Антикорупциската има навика постојано да објавува колку пари потрошила на документите со кои работи, но чудно ни е што тоа го направила во случајот кога Љубе Бошкоски ги достави документите на чешки јазик за кои тврдеше дека се докази за незаконитостите на Мијалков. Имено, на сајтот на Антикорупциска пишува дека тие потрошиле 10.030 денари (се до денар) за преведување на документите од чешки на македонски јазик!

На страна фактот, дека придавката македонски ја напишале со голема буква, што е прилично несмасна грешка за сите оние што малку повеќе го знаат нашиот јазик!

Обвинителствaта во Македонија се скроени според критериумот „наше дете“

$
0
0

архиваТекстот е објавен на трети јули 2009-та година во неделникот „Фокус“ во бројот 731

Пишувал
Саше ДИМОВСКИ

Во понеделникот се заколнаа триесет и еден обвинител, дека „ќе ги почитуваат уставот и законите и ќе бидат непристрасни и објективни во постапувањето, ќе ги почитуваат правата и слободите на граѓаните“. Изборот на оваа поприлична група обвинители беше оценет како сериозен придонес во „зајакнувањето“ на капацитетите на обвинителството пред актуелниот предизвик што го очекува со примената на новиот Закон за кривична постапка, со кој од корен се менува кривично-правниот систем во Македонија.

Со него се укинува истражниот судија, па сега целата истрага ќе ја води обвинителот. Тој ќе може да ги договара и казните, ќе дава налози за примена на посебните истражни мерки, ќе раководи со новата правосудна полиција… Но, и овој пат е интересно тоа што на списокот на тазе избрани или унапредени обвинители, повторно се најдоа деца на судии, обвинители и адвокати, или, пак, роднини на сегашни функционери. Тоа е уште еден доказ дека системот на НАШЕ ДЕТЕ и натаму одлично функционира!

Советот на обвинители го почна изборот на обвинители, кои, како што велат, треба сериозно да ги засили капацитетите на обвинителствата кои од 2011 година ќе мора да спроведуваат нов концепт на гонење во Република Македонија. Во првата група се избрани 31 обвинители, распишани се огласи за уште 10 обвинители, а на 6 јули ќе се распишат огласи и ќе се избираат првите обвинители во неколку основни обвинителства.

Иако навидум сите беа задоволни од изборот на обвинителите, не се малубројни и оние што потсетуваат дека и во ова група поминаа „татини и мамини синчиња“. Девет од избраните излегоа од Академијата за обука на судии и обвинители, а другите се од редот на стручните соработници по обвинителството и судовите. За заменици на јавниот обвинител се избрани Јован Илиевски, сегашен обвинител на обвинителството за борба против организираниот криминал, и Лилјана Спасовска, досегашен заменик виш обвинител во скопското обвинителство.

Пред речиси два месеци, Фокус веќе напиша дека Илиевски ќе биде избран за заменик на Шврговски, а од таа позиција и натаму ќе го води обвинителството за организиран криминал. Според договорот, Советот на Јавни обвинители сега ќе распише оглас за избор на шеф на организиран, на тој оглас ќе се јави Јован Илиевски (повисок обвинител може да конкурира за шеф во пониските структури, а позицијата од која конкурира да му мирува) и ќе биде избран повторно за обвинител. До завршување на формалностите, обвинителството за организиран криминал ќе го води сегашниот прв заменик Марко Зврлевски. Во шемата на роднинско-пријателски врски веќе пишувавме дека Илиевски и директорот на УБК, Сашо Мијалков, се баџанаци (сопругите им се сестри).

Не треба, белки, да се потсетува дека Мијалков е прв братучед на премиерот Никола Груевски!

СЕ НАПРАВИ МЕСТО ЗА ЌЕРКАТА НА ИСТАКНАТ ВМРОВЕЦ?

Во јавното обвинителство има уште едно празно место кое треба да се пополни по „Бадентер“, но, при овој избор, Советот не успеал да се договори кој кандидат треба да помине. Интересно е што меѓу кандидатите за местото заменик републички обвинител беше и Марина Грчева Абрашева, судијка од Основниот суд во Струмица. Имено, таа е сестра на Васил Грчев, актуелен претседател на Судскиот совет на Република Македонија. За неа се типуваше дека сигурно ќе биде избрана, а, со тоа, членовите на Советот на јавни обвинители би си обезбедиле сигурен влез за нивните деца кои имаат амбиции да станат судии.

Прилично интересен е и изборот за вишото обвинителство во Скопје. Таму беа избрани тројца обвинители, а слободни беа четири места. Нови виши обвинители станаа: Коле Штерјов, Елизабета Ристеска и Азис Шаќири. Штерјов и Ристеска доаѓаат од скопското обвинителство. До пред неколку месеци Коле Штерјов беше обвинител во обвинителството за борба против организираниот криминал, но, при реизборот на обвинителите, истиот Совет на јавни обвинители не му даде поддршка и го врати во скопското обвинителство.

Јавна тајна беше дека Штерјов и обвинителката од Велес Славица Темелковски не беа реизбрани во организиран, како противтежа на противењето на Шврговски во тоа обвинителство да се вратат обвинителките Вилма Рускоска и Гордана Гешковска, што тој ги разреши пред формирањето на Советот на обвинители. На Штерјов му беше префрлано дека ја затвори истрагата за падот на „кингерот“ во кој загина претседателот Борис Трајковски и за отфрлените пријави за „Фершпед“. Меѓу актуелните антикорупциски предмети, негов беше и оној за екс-гувернерот Љубе Трпевски и Методија Смиленски. Овој пат, за неговиот избор, лично се заложил јавниот обвинител Љупчо Шврговски!

Со изборот на Спасовска за републички обвинител, во вишото скопско остануваат две празни места. За нив се типува дека ќе се пополнат со адвокатка, ќерка на поранешен јавен обвинител, и истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, и обвинителка од скопското обвинителство која има поддршка од бизнис лобито. Советот на јавни обвинители, на седница на 6-ти јули треба да распише оглас за избор на прв човек на скопското обвинителство и да избере обвинители во повеќе обвинителства во Републикава. За Скопје, веќе пишувавме, сериозен кандидат е Марко Зврлевски, кој треба да дојде на местото на Стерјо Зиков.

СЕМЕЈНИ ВРСКИ

Интересна е структурата на младите обвинители кои за прв се избрани на функциите. Девет места се пополнети од кандидатите што ја завршија обуката во академијата за судии и јавни обвинители, а останатите се од редот на стручните соработници во обвинителствата, во судовите, и луѓе „од надвор“. Најмногу новоизбрани има во скопското обвинителство, дури 14. Од редот на академијата, обвинители станаа: Гаврил Бубевски, Катерина Коларевска, Ненад Савевски и Ерман Незири. На овој список се додадени: Ванчо Музелов, Анита Тополовска Исајлова, Јован Цветановски, Мишо Илиевски, Мартин Митревски, Дреца Расим, Александар Марковски, Наташа Крстевска Цалева, Валентина Бислимовска и Хањи Абдула.

Еве како изгледа семејното стебло на повеќето избрани кандидати:

Младиот обвинител Гаврил Бубевски е син на Данка Бубевска, која е судија-претседател на судот во Берово.

Валентина Бислимовска, која работела како стручен соработник во скопскиот граѓански суд, е ќерка на Шуретуш Бислимовски, судија кривичар во Апелациониот суд во Скопје. Инаку, тој е претседател на Советот што одлучуваше за случајот „Армиско оружје“, за кој веќе пишувавме во претходните броеви.

Мартин Митревски, досегашен стручен соработник во обвинителството, е син на професорката од Правниот факултет во Скопје, Данче Манолева Митревска.

Наташа Крстевска Цалева, досегашен стручен соработник во обвинителството за борба против организираниот криминал, е ќерка на заменик јавната обвинителка Роксанда О. Крстевска. Рака на срце, за неа во обвинителството тврдат дека станува збор за исклучително стручен кадар, чиј избор воопшто не зависел од позицијата на мајката обвинител.

Јован Цветановски е син на адвокатот Петре Цветановски.

Анита Тополовска Исајловска е сопруга на македонскиот амбасадор во Киев Илија Исајловски.

Списокот на деца на познати родители од судството продолжува со изборот на Бурим Рустеми за обвинител во Куманово, кој е син на судија од апелациониот суд во Скопје. Инаку, таму се избрани и Кристина Радеска и Исад Сулејмани.

Во Гостивар, покрај Џелал Хусмани од Кичево и Ахмет Ахмети од гостиварско, избрана е и Елизабета Јосифовска, внука од сестра на екс-претседателот на кичевскиот суд Кирил Миладиноски.

Патем, во Кочани се избрани Стевчо Донев, кадар од академијата и Игорчо Крстев, кој бил вработен во 2002  година во судот, по што заминал да работи во Централниот регистер. Во Прилеп е избрана Ирина Трајковска Стрезовска, во Радовиш Јелена Колевска, а во Велес Силвија Ивановска.

Со овој избор се потврди максимата дека во судско-обвинителскиот систем најдобро функционираат семејните врски. Па, оттука, и обвинителството со право го заслужи епитетот „ОБВИНИТЕЛСТВО – НАШЕ ДЕТЕ“. На истата седница советот на јавни обвинители му го продолжи мандатот на вишиот обвинител во Скопје, Касам Хасами кој има нешто повеќе од една година до пензионирање, а за виш обвинител во Битола го избра прилепскиот обвинител Димче Бажевски.

ТЕШКО НА ОНОЈ ШТО НЕМА ПАРИ

Како што веќе реков, новоизбраните обвинители ќе треба да го применуваат новиот концепт на кривичната постапка каде што доминантен во постапката ќе биде обвинителот, а истражниот судија, кој сега ќе се вика судија на претходна постапка ќе се грижи само за почитување на правата на осомничениот во постапката и ќе одлучува за определување на притворот.

Според концептот на Законот за кривична постапка кој веќе е стокмен и се наоѓа во владина процедура, од 2011 година, јавниот обвинител ќе ја води истрагата, ќе раководи со новоформираната правосудна полиција која треба да ги спои истрагите што сега ги водат Царината и Финансиската полиција.

Концептот на Законот предвидува обвинителот да ја спроведува истрагата, да прибира докази, да сослушува сведоци, да им дава налози за прибирање докази на правосудните полицајци, а, доколку предложи притвор, само тогаш предметот ќе му го отстапи на судијата на претходна постапка кој треба да донесе одлука (сегашниот истражен судија, но со многу намалени ингеренции).

Според новиот предлог на ЗКП, обвинителот воопшто не мора да извести било кое лице дека против него води истрага, доколку не треба да му биде одземена патната исправа или да му се конфискува имот или пари. Постапките кои се почнати по стариот закон ќе продолжат да се водат како до сега и по 2011 година, но, ќе можат да се применуваат и новите одредби на постапката доколку тие не се на штета на обвинетиот.

Меѓу новините во новиот ЗКП е спогодбата или договорот што ќе може да го прави обвинителот со обвинетиот. Типично за американскиот модел, кој не се применува во Европа, обвинителот ќе може да се договара за висината на казната, затворска или парична, со обвинетиот, и, доколку судијата ја прифати таквата спогодба, таа ќе стане правосилна и се ќе може да заврши без судење. Судијата во таа постапка ќе биде еден вид претпретресен судија, кој, доколку оцени дека спогодбата не е соодветна, ќе ги испрати странките на судење.

Во новиот концепт ќе постои и судија кој треба да биде контролор на доказите што ги собрал обвинителот. Тој судија или совет од тројца судии ќе оценуваат дали има дело, според доказите што ги собрал обвинителот во истрагата. Доколку оценат дека има, тогаш се оди на судење. Во таа постапка докажуваат обвинителот и обвинетиот, а судијата има задача само да донесе одлука. Значи, за разлика од досегашната обврска, судот сега нема да мора да изведува и да прибавува докази по службена должност. Народски речено, само правно писмени странки ќе видат ќар од оваа постапка, оти странката сега нема да може да се жали на било какви повреди, доколку самата не предложи докази кои одат во негова корист.

Исто ќе биде и со вештачењата. Ќе ги плаќа секој, па, така, квалитетни вештаци ќе може да најми оној што има пари, а оној што нема, ќе си остане покус за стручни мислења во постапката. Со новиот концепт на Правда, согласни се сите учесници, оти со него постапката станува поскапа, но, истовремено, и многу побрза. Веруваат дека од судот ќе исчезнат сите оние безбројни предмети во кои комшиите се судеа за се и сешто, меѓутоа, постои и ризикот да бидете осудени ако немате пари да си ги обезбедите доказите, И, со тоа, да докажете дека не сте виновен.

Обвинителот ќе биде надлежен и за правосудната полиција која ќе ја составува од постојните полицајци на МВР, од организиран криминал, стопански, крим-техника, и тие ќе одговараат исклучиво пред него. Така, обвинителот нема да испраќа писма и да чека одговор од полицијата, кој може и да не го добие, туку налогот ќе им го дава директно на полицајците што ќе му бидат потчинети нему.

Затоа, народе – внимавајте. Седете мадро и не правете белји, оти веќе нема играчки со државата. Обвинителите се избрани, концептот на Законот е стокмен, ќе ја чекаме уште примената за конечно да видиме како ќе функционира новиот концепт во нашите докажано „автентични“ македонски услови!

Гордана Јанкулоска има пушка и пиштол каков што има Џејмс Бонд!

$
0
0

arhivaТекстот е објавен на осми ноември 2013-та година во неделникот „Фокус“ во бројот 944

Пишувал
Владо АПОСТОЛОВ

Слики. Купишта слики од познати хрватски автори. Слики во собите, ходниците, во кујната и во подрумот. Сликите се првото нешто што службениците на УСКОК, хрватското Биро за сузбивање организиран криминал го забележале кога во 2010 година со судски налог влегле во куќата на поранешниот премиер Иво Санадер. Избројале 250 слики. Кога веќе немало место по ѕидовите, Санадер, во оставата, веднаш над метлата, го закачил делото на Ѓуро Пулитика, еден од славната дубровничка сликарска тројка.

Тештата на Санадер, во изјава за истражителите објаснила дека, иако тоа ја нервирало сопругата, Иво постојано носел нови и нови слики и самиот ги закачувал каде што ќе стигнел.

Меѓу бројните уметнички дела имало и негови портрети.

УМЕТНИЧКИ ДУШИ

Дебатата за имотот на функционерите во Македонија се загреа со препукувањата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ уште кога опозициската партија почна да ги брои живеалиштата на министерката Гордана Јанкулоска, а буквално експлодираше по обвинувањата од собраниската говорница за имотот на шефот на тајната полиција Сашо Мијалков. Сега сите знаеме дека Мијалков живее под кирија и дека свекрвата на Радмила Шеќеринска има вила во Маврово.

Партиите ја извадија тешката артилерија за големиот имот, оној што вреди многу, иако интересни, а богами и скапи детали има и во графата „Подвижен имот“, поместена во таканаречените анкетни листови на Антикорупциската комисија.

Со слики, уметнички и колекционерски предмети може да се пофалат и актуелните македонски функционери. Според она што е објавено во нивните анкетни листови, кои се закачени на сајтот на Антикорупциската комисија, меѓу најголемите љубители на уметноста се премиерот Никола Груевски, неговиот братучед Сашо Мијалков и директорот на Управата за јавни приходи (УЈП), Горан Трајковски.

Од анкетниот лист на премиерот се гледа дека овој човек, освен пари (поседува 20 најразлични сметки, картички, депозити и нешто кеш), има само уште уметнички слики. Интересно е дека Груевски по дома закачил точно десетпати помалку слики од Санадер, односно 25 уметнички дела, кои вкупно чинат точно 7.000 евра.

Пред речиси четири години, во една дебата за увозот на половни автомобили на покојната А1 телевизија, пратеникот Влатко Ѓорчев се пофали дека вози ист автомобил како премиерот, „пунто“, но во анкетниот лист на Груевски во моментов нема возило.

И кога сме кај А1 телевизија, некако природно ни доаѓа да се потсетиме на името на директорот на УЈП, Горан Трајковски, кој беше еден од истурените играчи во операцијата службено наречена „Пајажина“. Трајковски пред антикорупционерите дал отчет дека поседува колекција на уметнички дела, слики и скулптури, вредна 27.000 евра.

Збирка од уметнички слики има и првиот контраразузнавач, Мијалков, која според анкетниот лист, ако не станува збор за техничка грешка, чини нешто повеќе од 29.000 евра.

Уметничка душа бил и претседателот на Лустрациската комисија Томе Аџиев, кој, според Антикорупциска, на своите ѕидови има дури 18 слики со пазарна вредност од близу 5.700 евра.

Десет уметнички слики пријавил и министерот Миле Јанакиески, меѓутоа нема податок колку чинат. Од познатите членови на владејачката партија со нешто поскромна уметничка лепеза може да се пофалат и министерката Јанкулоска и нејзиниот колега задолжен за труд и социјала Диме Спасов. Првата полицајка и нејзиниот сопруг имаат слики во вредност од 3.000 евра, додека далеку помладиот Спасов има уметнички и колекционерски предмети вредни 3.200 евра.

САКААТ ДА СЕ КИТАТ, АМА И ДА ПУКААТ

Опозициските бои достојно ги брани кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски, кој на последните локални избори по третпат ја доби довербата од сограѓаните. Популарниот Циц може да се пофали со збирка од 15 уметнички слики, вредни околу 9.700 евра.

Шеќеринска, пак, навела дека ја поседува само уметничката слика „Циганка“ од еминентниот македонски автор Никола Мартиноски, чија вредност не е напомената во анкетниот лист.

Иако логично беше да се очекува дека министерката Елизабета Канческа – Милевска има најбројна или барем најквалитетна уметничка збирка, според нејзината пријава, таа нема вредни арт-дела.

Во нејзиниот анкетен лист за одбележување е графата „Благородни метали“, каде што е наведено дека министерката за култура поседува накит вреден нешто повеќе од 29.000 евра. Уметничката душа во семејството на министерката се гледа по фактот дека, според анкетниот лист, нејзиниот сопруг е горд сопственик на мотоцикл од можеби најпопуларниот произведувач „Харли Дејвидсон“.

Јанакиески има пријавено златен накит во скромна вредност од 1.000 евра и женски и машки часовник, чија вредност не ја навел. Останавме куси и за вредноста на популарниот „хабло“ часовник што го носеше поранешниот полициски функционер Љупчо Тодоровски – Радникот, а богами остана да лебди и дилемата за тоа дали часовникот е оригинал или е од оние навидум сосема идентични и далеку поевтини копии.

Најмладиот министер, дваесет и осумгодишниот Диме Спасов пријавил накит вреден 3.252 евра, додека неговиот сопартиец и градоначалник на Битола, Владимир Талески, во анкетниот лист навел дека неговата сопруга има накит вреден околу 5.800 евра. Сограѓанинот на Талески, лустраторот Аџиев, пак, како заеднички имот пријавил златен накит вреден 8.130 евра.

Од познатите имиња во политиката со накит се пофалил и вицепремиерот Владимир Пешевски, односно тој пријавил дека неговата сопруга поседува накит, чија вредност за малку не достигнува 15.000 евробанкноти. Боите на опозицијата и во оваа категорија ги брани кумановскиот градоначалник, кој изјавил дека поседува златен накит во вредност нешто пониска од 2.000 евра.

И во оваа категорија се појавува Сашо Мијалков со онаа сума што беше предмет на препукувањето меѓу него и Шеќеринска. Имено, во најновиот анкетен лист на првиот контраразузнавач стои дека тој поседува семеен накит и рачни часовници во вредност од 3 милиони денари, или нешто околу 48.700 евра.

Мијалков, пред членовите на Комисијата за спречување корупција, пријавил и оружје, а она што е интересно е дека пушка и пиштол од оваа година има и неговата претпоставена Гордана Јанкулоска. Пиштолот од марката „валтер П22“ и пушката „брно 2“, министерката ги добила на подарок. Пушката ѝ ја подарил Градскиот стрелачки сојуз Скопје поради посебни заслуги во развојот и унапредувањето на стрелачкиот спорт, а пиштолот ѝ бил роденденски подарок.

Јанкулоска, на времето, била и државен првак во дисциплината воздушна пушка, а оружјето што го поседува сега го користи рекреативно на професионалните стрелишта. „П22“-ката e слична, но нешто помала од пиштолот „валтер П99“, кој се смета за внук на пиштолот „валтер ППК“, познат по филмовите на Џејмс Бонд, како и поради фактот дека „Валтер ППК“ поседувал и Адолф Хитлер.

Оружје има и заменик-министерот за земјоделство и ексдиректор на РЕК „Битола“ Зоран Коњановски, кој пријавил пиштол „црвена застава М88“, вреден 500 евра.

НЕКОИ ПОЗАЈМУВААТ, ДРУГИ НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ

Заменик-директорот на „Државна лотарија“ и повратник во ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски, лани и преклани на двапати дал на заем вкупно околу 46.000 евра, покажува неговиот анкетен лист на сајтот на Антикорупциската комисија. „Фокус“ минатата година го праша Петровски од каде му се парите што ги позајмил, со оглед дека, сепак, станува збор за голема сума, а исто така нѐ интересираше и кому му ги позајмил. Одговорот беше дека парите се од стан што го продал претходната година, а ги дал на заем на компании за кои сметал дека се коректни и ќе му ги вратат.

Огромни позајмици имаше дадено и охридскиот ексградоначалник Аце Петрески, кој како позајмица дал вкупно 40.000 евра и 10.000 долари. Петрески лани за „Фокус“ коментираше дека парите им ги дал на пријатели и на блиски луѓе, кои сѐ уште не му ги вратиле. На прашањето од каде му е толкава сума, градоначалникот објасни дека најголемиот дел му е заштеда од тоа што една година работел во Багдад, Ирак, каде што платата му била 3.500 евра, а претходно 10 години бил директор на „ЕМО“ и три години на „Комуналец“. Живеев со моите родители и заштедив, коментираше тогаш Петрески.

Голема позајмица дал и експретседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, кој во својот имотен лист како заем пријавил 24.000 евра.

Објавивме дека голема сума побарува и првиот човек на Лустрациската комисија Томе Аџиев, кој, според антикорупционерите, чека да му исплатат 42.000 евра. Аџиев минатата година ни објасни дека станува збор за пари што ги должат неговите клиенти од времето кога бил адвокат и не беше сигурен дека воопшто ќе ги наплати. Дури 17.000 евра требало да му плати фирмата на негов близок пријател што ја застапувал како адвокат.

Според сајтот на Антикорупциската комисија, помалку пари позајмил првиот човек на УБК, Сашо Мијалов, кој побарува 600.000 денари или некаде околу 10.000 евра, а позајмици давале и градоначалниците од редовите на опозицијата. Така, градскиот татко на Струмица, Зоран Заев, пријавил дека дал заем од околу 70.000 евра, додека неговиот колега од Карпош, Стевчо Јакимовски, во неколку наврати позајмил вкупно 3.500 евра. Според последните информации на сајтот на Антикорупциска за функционерите што дале заеми, ситуацијата останува иста, односно тие сѐ уште не пријавиле дека некој им вратил пари.

Нашето истражување покажа дека и вицепремиерот Пешевски побарува значителна сума. Анкетниот лист покажува дека Пешевски завршил работа за која сѐ уште не му се исплатени речиси 70.000 евра. Нешто над 4.800 евра заем дала и пратеничката од редовите на СДСМ, Весна Бендевска.

ШТО Е ПОСТАРО, ПАРИТЕ ИЛИ ФУНКЦИЈАТА?

Кога онака, како во тетратка по коцки, ќе се повлече линија под сите  цифри, се доаѓа до едноставно сознаниe дека политичарите живеат далеку подобро од најголемиот број граѓани.

Филозофска би била дилемата дали луѓето се збогатуваат од политиката или политиката е резервирана само за оние со дебели конта.

Тоа е магичен круг во кој не се знае што е постаро, парите или функцијата, односно јајцето или кокошката.

Едно е сигурно, се знае кои се овците!

Дали жетвата му го однесе?
КОМАНДАНТОТ НЕМА ОРУЖЈЕ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во својот анкетен лист нема пријавено ни накит, ни слики и, што е најчудно − не пишал дека има оружје!

Прашање е дали лидерот на македонската ОНА, кој во 2001 година со пушка се бореше против македонските одбранбени сили, го предал оружјето во акцијата „Жетва“ веднаш откако заврши конфликтот!?

Чудно
ДАМИТЕ ОД ДУИ БЕЗ НАКИТ!

Првите дами во владејачката ДУИ, пратеничките Ермира Мехмети и градоначалничката на Тетово Теута Арифи не пријавиле дека имаат значително количество накит или некакви уметнички дела.

Директорот Орданоски поднел оставка, па се пишманил

$
0
0

архиваТекстот е објавен во новогодишниот број на неделникот „Фокус“, 2015 година, во бројот 1004-1005

Според документите со кои располага „Фокус“, актуелниот директор на Агенцијата за електронски комуникации на 3 ноември оваа година си поднел неотповиклива оставка од директорското место, за само по три дена да ја повлече, со образложение дека ја дал во афектна состојба. Зошто директорот сакал да си замине, па се премислил? Кои се причините за радикалната промена на мислењето на првиот човек на АЕК? Каква е заднината на приказната, односно постојат ли притисоци од повисоки структури поради кои тој под итно ја повлекол оставката?

Во последните неколку години, во редовите на владејачката партија се случија многу промени на министерски, пратенички и на директорски места. Кадровските промени беа изведувани без многу бранувања, главно со тивки оставки и ротирања на други позиции. Според досегашната практика, по принципот „Не бранувај“, некои директори си поднесоа оставки и без бурни реакции заминаа, некои беа принудени да си заминат, додека некои само беа префрлени од една на друга функција.

Сето тоа премиерот Никола Груевски го прави без поголема врева, а во јавноста излегува единствено тоа што, според него, треба да се слушне. Работите се доведени до тој степен, што сите податоци што треба да бидат од јавен карактер, па дури и најбаналните, се третираат како државна тајна или се водат под назнаката „строго доверливо“.

Како пример може да се земе суспендирањето на Дејан Митревски – Урко, кој повеќе од осум години му го чуваше грбот на премиерот и беше шеф на обезбедувањето. Поминаа дури четири месеци од неговата суспензија, а сѐ уште никој не ја знае вистинската причина – зошто првиот човек на владата му удри корпа на својот најверен чувар? На оваа тема не се слушна гласот на Груевски, но недостапен за новинарите остана и Урко. Залудни беа сите обиди да се добијат официјални информации, па сите одговори се градеа врз основа на претпоставки и шпекулации.

Во слична ситуација се најдовме и во последните две недели, обидувајќи се да дојдеме до информации што се случува во Агенцијата за електронски комуникации, со која раководи Роберт Орданоски. И таму наидовме на затворени врати, официјалните информации повторно изостанаа, а нашите прашања останаа неодговорени. Но, да почнеме со ред!

ОРДАНОСКИ ДАВА ОСТАВКА, ПА ЈА ПОВЛЕКУВА

 Роберт Орданоски, првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации на директорската фотелја седнува во ноември 2010 година, па со оглед на тоа што Законот предвидува дека мандатот на директорот трае пет години, значи дека му останува уште една година на оваа позиција. Орданоски на раководното место на АЕК доаѓа наместо Петар Ивановски, кој по две години си поднесува оставка на функцијата, како што тврди, од лични причини.

На ваков тест, пред само два месеца бил ставен и актуелниот директор на АЕК. „Фокус“ располага со документи во кои се наведува дека Орданоски на почетокот на ноември си поднел неотповиклива оставка, но за само неколку дена се пишманил и ја повлекол оставката. На сите документи стои неговиот потпис. Тој на 3 ноември оваа година, оставката ја доставува до Комисијата за електронски комуникации.

- Поради ненадминливи разлики во начинот на водење на Агенцијата за електронски комуникации со Комисијата за електронски комуникации поднесувам неотповиклива оставка на местото директор на Агенцијата за електронски комуникации – се наведува во документот потпишан од Орданоски.

Но, само по неколку дена, работите тргнуваат во друга насока. На 6 ноември 2014 година, првиот човек на АЕК ја повлекува оставката.

- Ја повлекувам оставката на местото Директор на Агенцијата за електронски комуникации поднесена на 03.11.2014. Истата беше поднесена во афект и нејзиното значење го сметам за ништавно – се наведува во другиот документ, исто така потпишан од актуелниот директор.

Останува нејасно кои се причините што го навеле Орданоски на ваков чекор? Зошто си поднесува оставка, а после само неколку денови ја повлекува? Дали се соочува со одредени притисоци и закани? Кој е тој што му се заканува?

Одговори на сите овие прашања се обидовме да добиеме и од првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации, но до затворањето на весникот не ни одговараше ниту на нашите телефонски повици, ниту на смс-пораките.

КАКОВ КОНФЛИКТ ИМАЛ СО КОМИСИЈАТА?

Како што може да се забележи во документите, тој како една од причините за оставката ги наведува ненадминливите разлики во комуникацијата со Комисијата за електронски комуникации, чии членови според Законот ги именува и разрешува Собранието.

Се обидовме да стапиме во контакт и со претседателот на Комисијата Гордана Клинчарова, но до затворањето на весникот, таа, исто така, не одговори на нашите прашања – дали постоеле некакви проблеми меѓу членовите и на Комисијата и директорот и зошто во еден момент Орданоски поднел оставка, а веќе за неколку дена ја повлекол?

Според неофицијалните информации до кои дојдовме, првиот човек на АЕК веќе подолг период имал притисоци на работното место, затоа што не се согласувал со одредени политики што се воделе, а се шпекулира дека имал проблеми и со некои од повисоките структури. Со оглед на сегашната ситуација, нашите извори коментираат дека тој бил принуден да ја повлече оставката што ја поднел во ноември, а ништо од сето тоа не смеело да излезе во јавноста.

Како и секогаш досега, останавме покуси за официјалните информации, но, не по наша вина, туку поради игнорантскиот однос од страна на актуелниот директор на АЕК и надлежните институции.

 Рамка:

ПРВО ОДОЛЕВАШЕ, ПА ГО ОБЈАВИ СВОЈОТ АНКЕТЕН ЛИСТ

 Долго време откако беше избран за директор на Агенцијата, Орданоски не достави податоци за својата имотна состојба до Антикорупциската комисија. Неговото образложение тогаш гласеше дека не е јавен функционер, туку дека е избран менаџер со одлука на владата.

Во меѓувреме, Антикорупциската комисија објави негов анкетен лист, според кој, има два стана во Скопје од 2010 и 2012 година од вкупно 162 квадратни метри, вредни речиси 140 илјади евра. Потоа навел дека поседува куќа со двор и деловен простор во вредност од преку 15.000 евра. На крајот, како имот на неговото семејство има неколку денарски платежни картички, дел во позитива, дел во негатива и два кредита од 20.000 евра.


Нема дипломатски Олимп што може да ја спаси Фамилијата

$
0
0

arhivaТекстот е објавен на втори октомври 2015-та година во неделникот „Фокус“ во бројот 1043

Во очај од домашната разврска на кризата под меѓународен менаџмент, Груевски ја истакна кандидатурата на Срѓан Керим за генерален секретар на ОН. Без оглед кој и што очекува од него, Керим не може да направи суштински ништо.

Доцна е за се, а тој сега ќе треба да се бори и за својата сопствена кожа. Фамилијата пролетва заглави во таква геополитичка и криминална кал, што нема дипломатски Олимп, како што најчесто се нарекува функцијата во ОН, што може да ја спаси

Пишувал
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Висок претставник на министерството за надворешни работи на една земја членка на Советот за безбедност на ОН со право на вето, побара средба со мене пред неколку недели. Такви работи навистина ретко ми се случуваат, но средбата беше логична зашто темата на разговор беа медиумите во контекст на разрешницата на политичката криза.

Арно ама, дипломатот единствено го интересираше медиумската куќа „Медиа Принт Македонија“, каде што работно минав една ипол година, а особено сакаше да го чуе моето мислење за менаџерот Срѓан Керим.

За медиумите надолго и нашироко пишувам во „Фокус“, на портали, а пред тоа и во „Нова Македонија“, а имам и лично искуство и премрежија, така што не можев да му соопштам на дипломатот ништо друго, од она што веќе сум го напишал или што јавноста го знае.

Но и пред таа средба беше познато дека Керим има намера да се кандидира за генерален секретар на Обединетите нации, иако кандидатурата се уште не беше јавно обзнанета, па дипломатскиот интерес за неговата личност и дело ми беше разбирлив – да не речам интригантен!

Се разбира, ќе беше непристојно за човек со кој сум соработувал, а меѓу нас не се родила никаква професионална зла крв за да изнесувам какви било валканици за него во службен разговор. (Керим не ме егзекутираше од МПМ како што тоа сурово го направи слугата на ДПМНЕ-споменична, Минчо Јорданов од „Нова Македонија“).

Но Срѓан Керим е јавна личност, дипломат, поранешен министер за надворешни  работи, „вечен“ кандидат за претседател на Македонија и особено, по сопствено признание, близок пријател на поранешниот контроверзен а денес озлогласен член на Фамилијата, екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, па сметав дека моите впечатоци за неговата политичка пројава, за неговото „фамилијарно“ друштвенце, карактерниот профил и дипломатски хабитус не се навлегување во приватноста за да можам да ги споделам со дипломатот, а еве сега и со јавноста.Kerim 2ЖРТВА КОЈА СТАНАЛА ЕГЗЕКУТОР

Впрочем, за Керим и јас лично и моите колеги во „Фокус“ јавно сме пишувале, сме го критикувале, оценувале, черечеле… И покрај тоа што отсекогаш сум имал впечаток дека човекот има извонредно висока суета, се надевав дека тој е еден од ретките интимуси на владеачката дружина кој има елементарен демократски капацитет да издржи критика и да проголта новинарски пишувања и истражувања макар и за негова вмешаност во бизнис интереси или афери, се разбира поткрепени со факти.

Но, последниот интерес на редакцијата  на „Фокус“ за Керим, беше токму неговата дрска тужба за клевета поради пренесени информации од текст од српскиот весник „Е-новине“ за неговата улога во продажбата на издавачот на весниците „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“. Керим тужеше за пренесена информација, нешто што и на обичните лаици им е јасно дека не смее и не може да помине, освен во „Сваровски“ судството на Мијалков.

Но, очигледно, „с ким си, такав си“, како што велат Србите, па и дотогаш широкоградиот и слободоумен дипломат, посегна по најгнасното оружје на грујовистите и реши да удри по џебот на „Фокус“. За среќа, имиџот на сатрапи на медиумите, кој ДПМНЕ си го закачи на реверот со бројните тужби против новинарите од критичките медиуми, на Керим почна да му пречи особено по загинувањето на сопственикот на „Фокус“ Никола Младенов.

Тоа беше шанса делумно да се откупи за својот грев, па театрално, „сочувствувајќи со семејството“, ја повлече тужбата. Со овој итромански потег малку си ја испра совеста а, рака на срце, барем покажа нишка човештилак каква што му недостасува на неговиот бизнис и политички патрон – Мијалков.

Впрочем, токму во тој период, кога се случи и апсењето и притворањето на Томислав Кежаровски, Керим лично ми се јави неколкупати за да ми каже дека ја имам неговата поддршка за моите текстови во „Нова Македонија“ за медиумите, за суровата политичка и медиумска реалност во Македонија пастирска.

Тие зборови ми прозвучеа слободарски и мислев оти му прилегаат на еден дипломат кој не ги крие своите политички амбиции без оглед што е дел од друштвото кое и го прави злото на Македонија. Но, само до мигот додека не се свестив оти токму тој е претседател на Управниот одбор на медиумска куќа која издава три дневни информативно политички изданија. А таму тие гласови за слобода многу дифузно се слушаа, а дипломат и човек од калибарот на Керим имаше и општествена обврска самиот да проговори за нив во медиумите со кои газдува или на јавната сцена.

Но не го направи тоа. Овие епизоди не ги спомнувам за да го „накодошам“ кај ДПМНЕ неговото наводно политичко лицемерие, туку за да отсликам еден важен дел од карактерот на Срѓан Керим. Тој, несомнено, има елементарен сенс за слобода и за правда, но умее шеретски да го потисне кога е во прашање неговиот личен интерес. Тој би пуштил весниците, вклучително и тие кои ги раководи, да пишуваат слободно, да истражуваат и да критикуваат, се додека некој „од горе“ не го зграпчи во политичко или во бизнис менгеме.mijalkov, kerim (3)Не, Керим не е обичен слабак што ќе се покори на секаква политичка наредба, знае тој „кој коси а кој вода носи“, кој е „капото“ и од кого треба да се плаши, туку повеќе се работи за човек кој високите професионални интереси на новинарството и слободата на медиумите по потреба ги компензира со своите политички амбиции и лукративни зделки. Но тој дипломатско-политички и бизнис-мешетарски баланс кој се обидува да го менаџира понекогаш силно се нарушува, а кога е во прашање дивата вмровска братија, богами и не може елементарно да се одржува.

Немам намера да ја оправдувам својата улога во МПМ, за моите политички заблуди веќе пишував во „Фокус“, но занимливо е како Керим имаше намера да ја одработи задачата „Дневник“ да биде весник на десницата, „Утрински весник“ на левицата, а „Вест“ да се деполитизира и таблоидизира. Таа идеолошка матрица се обидуваше да ја вулгаризира уште кога бев уредник на „Публика“, неделниот политички додаток на „Дневник“.

По неколку критички текстови за Владата, јавно ме прекори дека не сум поставен за да бидам „левичар“, туку „десничар“. Се разбира, еуфемизмите се секогаш дел од дипломатскиот речник на Керим. Тој очигледно доби задача „Дневник“ да биде 100 отсто на ДПМНЕ, а не на идеолошката десница, „Утрински“ да се обеснажи и политички да се релативизира, а „Вест“ да заборави на политика. Така, впрочем и се случи. Таа задача многу поуличарски ја изведе Орце Камчев.

Сепак, пред домашната елитистичка публика и особено пред меѓународната дипломатска јавност, за која Керим е најмногу лично заинтересиран, изданијата на МПМ тој ги претставува како синоним на идеолошка разноликост. Мислам дека надвор му успева колку-толку да ја шитне оваа приказна, оти е веројатно точно дека – да го нема и неговото елементарно чувство за важноста на медиумите во едно современо општество, но и борбата за опстојување на уредувачките тимови на професионалните стандарди, и „Утрински“ и „Вест“ можеа одамна да завршат на олтарот на преродбата.

Вака барем некако дишат на шкрги, иако значително „флаширани“. Така што, во битката за слободата на медиумите контра гладната за пропаганда и терор ДПМНЕ и политичките егзекутори на слободната мисла од партискиот Центар за дезинформации, Керим би можел да добие преодна дипломатска двојка. Додуша не чиста, туку барем „два на еден“.

Не, не го штедам поради некакви лични релации, одамна не сме контактирале, зашто заминувањето на уредници од „Дневник“, „Телеграф“, поради мешање во уредувачката политика, случувањата околу „Вест“ и сл. говорат за силниот притисок врз новинарите кој не е можен без негова улога, но Керим повеќе го слика својот портрет на жртва кој станал егзекутор под принуда, отколку на класичен убиец на слободата од типот на ИСИЛ-овските главосечачки методи во новинарството на Груевски и Мијалков.

Тоа, се разбира, не го амнестира, ама барем го објаснува неговото поведение.Kerim-620x546ЕХОТО ОД СФРЈ И ЗВУКОТ НА ШИШЕТО

Според кажувањата на покојниот претседател Борис Трајковски, Љубчо Георгиевски е човекот кој е заслужен за политичката промоција на Срѓан Керим во јавната политика во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Георгиевски наводно сакал да се ослободи од Александар Димитров, кадар на Демократската Алтернатива на Васил Тупурковски, па уште пред растурањето на коалицијата по претседтелските избори во 1999-та, по една посета на Германија, каде што Керим беше амбасадор, опчинет од неговата дипломатска умешност и способност, му рекол на Бориса – па еве, Керим може да ни биде нов министер за надворешни работи!

Така и бидна. Амбасадорот на Киро Глигоров, пријател на неговиот татко од Штип, Асан Керим, поранешниот дипломат, помошник министер и портпарол во сојузното Министерство за надворешни работи на СФР Југославија и министер во последната влада на СР Македонија, на премиерот Глигорие Гоговски – Срѓан Керим стана министер за надворешни работи во Владата на ВМРО-ДПМНЕ. За негова несреќа во Македонија изби војна во 2001-та, а тој мораше брзо, за само неколку месеци, да замине од министерската фотелја по одлуката за широка коалиција и влез на СДСМ во Владата на Георгиевски, во мај 2001-та, поради тоа што остана без политичка поддршка.

Впрочем, министерката од СДСМ, Илинка Митрева и вечниот лидер Црвенковски уште тогаш ќе почнат да му „кројат капа“, истражувајќи ја аферата во МНР за изградба на македонската амбасада во Берлин. Таа афера МНР не ја процесуираше, а кога го запознав Срѓан, долго време случајот беше предмет на наша дискусија. Керим имаше педантно средени пластични папки од десетици страници документи, со кои сакаше да ја докаже својата невиност и финансиска добивка за Македонија од неговиот личен ангажман како амбасадор за изградба на објектот на македонската амбасада во Берлин.

Впрочем, Керим ја има таа карма аферите кои се вртат околу него и неговото име, за јавноста да останат недоречени, недоистражени, сомнителни, а за него да бидат бргу-бргу, преку ноќ, затворени. Неговите противници, пак, велат дека тој всушност секогаш имал моќ преку своите луѓе во политичкиот врв брзо да ги архивира аферите за кои се шепоти или се зборува гласно.

Такво е, да речеме, сомнението дека наводно плагирал дел од својата докторска дисертација на Економскиот факултет во Белград, за што своевремено била покрената академска истрага, која не ги потврдила наодите за плагијат. Злобниците велат дека партиската организација на комунистите наводно ја забошотила истрагата.Kamcev Kerim MijalkovНо, најдраматична е аферата со 750.000 евра во шише од март 2008 година, кога личниот возач на Керим, Душан Огњановски бил фатен на унгарската граница со толку голема сума пари во кеш, наводно во сопственост на компанијата МПМ, пари кои според неговото признание ги пренесувал од Скопје до фирмата мајка во Виена.

Аферата пукна во 2011 година на А1 ТВ, која го објави дописот од унгарската царина до нашата Дирекција против перење пари, а Керим, најден во небрано, не можеше да разбере дали е тоа порака од Фамилијата за да и се предаде 102 отсто, или опозициски заговор за негова политичка ликвидација.

Но, Керим не би бил каков што го дал Господ, ако повторно не најдеше некаква, макар и недоволно убедлива отстапница за себе, дека во тоа време (2007 -2008) бил претседател на Генералното Собрание на Обединетите нации во Њујорк, односно не бил воопшто присутен во Македонија.

Како и да е, УЈП на Горан Трајковски, веројатно во режија на Сашо Мијалков, некако ја призатвори аферата, па денес, кога се најавува можноста случајот да го истражи и специјалниот обвинител, ако за него навистина има аудио-снимки во прислушуваните разговори, Керим јавно се брани дека станува збор за „наводна афера“ и за „наводно шише“. Тој важно има тапија дека е чист, но дали таа ќе важи, е сосема друго прашање.

Керим се уште не беше влезен во сериозни бизнис-политички релации со Фамилијата, а медиумската империја со која раководеше откако самоволно ја напушти дипломатската функција амбасадор на РМ во ОН во Њујорк од 2003 година (кога германскиот медиумски концерн ВАЦ ги купи трите дневни весници) му даде крилја да ги засили своите претседателски амбиции. Бранко Црвенковски и Никола Груевски во 2009-та заедно, а пастирот лично во 2014-та година – сам, не му дозволија да стане претседател на РМ.

Во 2009-та година тој политички се уште се топореше со својот непотрошен кредибилитет од времето на комунизмот, со штотуку напуштената функција претседател на Генералното Собрание на ОН – „дипломатскиот Олимп“ и со кусиот политички излет во 2001-та на министерска функција во МНР.

Керим тогаш навистина имаше висок рејтинг, веројатно затоа што беше перцепиран како една од последните комунистички икони, слично онака како што Киро Глигоров, а подоцна и Васил Тупурковски уживаа поддршка меѓу граѓаните во Македонија – „народот не ги познава, ниту пак многу ги разбира, ама ги сака“. Тоа беше ехото од СФРЈ и Јосип Броз, на кое Керим несомнено потсетуваше.grujo protugjerСТРАВОТ НА ГРУЕВСКИ

Арно ама, изборот на „античкиот“ Ѓорге Иванов, кој до крајот му остана верен и послушен на пастирот, ја порази политичката суета на Керим и ги распука неговите надежи за враќање на голема врата во политиката.

За волја на вистината, Груевски отсекогаш се плашел оти Керим е премачкан со илјадници политички бои – беше комунист, па либерал, па близок до ДПМНЕ, стравувајќи оти ако му ја даде претседателската функција, може брзо да му сврти грб и да глуми претседател.

Не помогнаа во таа насока уверувањата на Сашо Мијалков, дека Керим не може да му избега од контрола, зашто наводно го држи со бизнис-релации и со фамозни разузнавачки досијеа од југо-минатото. Но, можноста дипломат од калибарот на Керим да седне во претседателското столче, му ја зовриваше крвта на пастирот, кој не сакаше да трпи каков било авторитет кој би можел да го засени или да му ја урне аурата на вожд.

Веќе во 2014-та одлуката на Груевски да продолжи со Иванов, беше поразителна – пред се за Груевски и за Фамилијата. Да се разбереме – немам никакви илузии оти Срѓан Керим е демократски невин цвет во криминалната градина на ДПМНЕ, но, имиџот со кој зрачи неговата препредена дипломатска персона, искуството на превеан титовец и политички потомок на „таткото на нацијата“ Глигоров, можеби можеше на Груевски да му отвори каква-таква шанса за меко политичко приземјување.

Со други зборови, ако на Керим му дадеа да биде вистински „консилиере“ можеби пастирот сега немаше да се соочува со Идризово. Впрочем, Груевски немаше тогаш зошто веќе да се плаши. Судбината на Керим беше „во шишето“, тој не смееше многу да се оддалечи од Фамилијата, а штогоде дипломатските канали кои ги имаше на меѓународната сцена, можеше да ги искористи за поинаква судбина на кликата на ДПМНЕ.

Како и да е, уверен сум оти ДПМНЕ пастирска искрвари обилно токму поради криминалната победа на Ѓорге Иванов на предвремените избори во 2014-та година, во услови на груб фалсификат, кога поради страв од кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, власта влезе во сценарио на епохална изборна измама. Впрочем, исто како што искрвари ДПМНЕ на Љубчо Георгиевски поради изборниот фалсификат за изборот на Борис Трајковски.

Денес може само да се нагаѓа што ќе беше ако ДПМНЕ конечно го кандидираше Срѓан Керим за претседател – дали воопшто ќе мораше да ги фалсификува претседателските и парламентарните избори, и што е уште поважно, дали ќе се појавеја аудио-снимките и можеше ли потоа состојбата во Македонија политички да се релаксира, а Фамилијата да почне да се развластува.

Се разбира, притоа мислам на тоа дека Керим ќе почнеше да се меша во својата работа, за разлика од Иванов, и дека со оглед на неговите лични дипломатски и политички амбиции, Груевски можеби ќе добиеше шанса за мирна политичка демисија. Некој сега со право може да ми забележи оти Керим е дел од кликата и ако не е нејзин ударен играч, тогаш секако е битна алка во синџирот. Тој комплетно и се предаде на страста на парите, стана и формално газда на МПМ, и авансираше од бизнис-релациите на Мијалков и Камчев.

Но фактот оти не и припаѓа на античката идејно-политичка шашма, дека е дил-ориентид што би рекол Груевски, дури и по прашањето на името, а не задрт бранител на некаква букефалистичка нација од пред нашата ера, го правеше редовен соговорник на дипломатите од САД, Британија, Франција, Германија..

За ова, впрочем, говорат и аудио-снимките на Заев, каде што се споменуваат средби во кои за компромисно решение на спорот за името со грчкиот посредник Рондос, во текот на2010-2011 година преговара токму Срѓан Керим. И американскиот амбасадор Филип Рикер, кому Керим му приреди дипломатски прием кога си заминуваше, знаеше да „дивани“ со ова лукративно крило на Фамилијата, во надеж дека ќе ја истурка Владата, Македонија да го реши спорот за името и да влеземе во НАТО.

Но Керим никогаш не стигна да ја заврши таа работа. Едноставно, не му дозволија газдите или можеби самиот не туркаше доволно силно. Се задоволи со дел од фамилијарниот колач, кој секако не беше мал.kerim 2 (2)КАНДИДАТИ И КАНДИДАТКИ

Срѓан Керим уште во времето на првиот мандат на Бан Ки Мун, пројави амбиции да се вклучи во трката за генерален секретар на ОН. Се разбира, тогаш целта му беше да стане барем еден од повеќемината заменици на ген-секот, што беше исто така недостижно. Функцијата претседател на државата, која ја посакуваше, се надеваше дека може да му биде дополнителен „boost“ и во меѓународната дипломатска одисеја. Но не стана претседател.

Околу изборите во 2014 година, кога ДПМНЕ покажуваше сила и мускули, а тивката дипломатска јавност знаеше за амбициите на Срѓан Керим, се правеше следната математика: aко навистина на групата земји од Југоисточна Европа и е редот да го даде кандидатот за генерален секретар на ОН, тогаш Срѓан Керим, и покрај аферата со шишето има некакви шанси. Зошто?

Па едноставно затоа што кандидатите од Србија (Вук Јеремиќ и Борис Тадиќ) би биле неприфатливи, првиот за САД, вториот за Русија, а Владимир Путин, кој поради украинската војна почна да ги заладува односите со Запад, сигурно не би поддржал кандидат за генерален секретар на ОН од земја од Источна Европа членка на НАТО и на западниот клуб. Од тие причини, кандидатурите на Бугарките, Ирина Бокова, извршен директор на УНЕСКО и Кристалина Георгиева, европски комесар и поранешен потпретседател на Светската банка, тогаш се чинеа депласирани.

Слично како и на литванската претседателка Далиа Грибаскуаите, на хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ, на министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак, како и на Данило Турк, поранешниот претседател на Словенија и на Советот за безбедност на ОН. Македонија, како што зборуваа дипломати, не е ниту во НАТО, ниту во ЕУ, мала земја е, главно генералните секретари на ОН доаѓаат од помали земји, а Русија и Кина веројатно не би се спротивставиле на кандидат од Македонија! А токму таму Срѓан Керим изминативе неколку месеци правеше промоција на својата најнова книга.

Но колку и да изгледаше остварлива или фантазмагорична, на оваа политичка логика сепак и истече важноста. Не само што Македонија во меѓувреме со „бомбите“ на опозицијата и политичката криза влезе во статус на класичен меѓународен протекторат, кој не може да претендира да даде кандидат за највисоката функција во ОН, зашто самата е пациент, туку и математиките во трката за генерален секретар се изјаловија.

Земјите од Југоисточна Европа може, но не мора да предложат кандидат за генерален секретар на ОН, зашто ако Путин, Обама, Оланд, Камерон и кинескиот претседател Џипинг се договорат, тоа може да биде и поранешната премиерка на Нов Зеланд, Хелен Кларк или екс премиерот на Австралија, Кевин Руд, комесарот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, претседателките на Бразил – Дилма Русеф, на Чиле, Мишел Башелет итн. итн. Кандидати ќе има многу, а жена досега не била на чело на светската организација, па не е исклучено сега да добие таква шанса.

Како и да е, Срѓан Керим веројатно и сега мисли дека е можно во некаква комбинација, ако не главната, да добие утешна фотелја во ОН. Во очај од домашната разврска на кризата под меѓународен менаџмент, Груевски ја истакна неговата кандидатура за генерален секретар на ОН. Без оглед кој и што очекува од него, Керим не може да направи суштински ништо. Доцна е за се, а тој сега ќе треба да се бори и за својата сопствена кожа.

Фамилијата пролетва заглави во таква геополитичка и криминална кал, што нема дипломатски Олимп, како што најчесто се нарекува функцијата во ОН, што може да ја спаси. Дури и самата кандидатура на Срѓан Керим, ако води некаква кампања, може да биде апсурдна.

Замислете тој да треба да и се обраќа на светската јавност, за слободата, демократијата, човековите права, слободниот печат, за правата на жената на абортус, за заштита на геј заедницата (како што често говори Бан Ки-Мун), па дури и за бегалците и бегалската криза, во услови кога македонската полиција летово ги тепаше со пендраци!

Навистина, функцијата во ОН не е многу политички моќна, или е онолку моќна колку што ќе ти дозволат светските газди, но не смее да биде ниту политичка карикатура, каква што деновиве е Македонија на Груевски и Мијалков. Керим, за жал, не може да се издвои од таа тажна слика, без оглед дали ќе облече железни опинци.kerim

„Бриони“ костуми, апартман на Менхетен

Својот елитистички стил и бонвивански живот, Керим го практикуваше и како амбасадор на Македонија во ОН во Њујорк. „Фокус“ на времето пишувше оти РМ за домот на амбасадорот плаќаше над 11.000 долари месечна кирија во зградата на Доналд Трамп, во непосредна близина на седиштето на ОН, што се сметаше за вистински раскош и растрош.

Керим е љубител на скапи „Бриони“ костуми кои чинат неколку илјади евра, а беше чест посетител на скапите ноќни клубови во Големото Јаболко. Многу години подоцна, во јануари 2012 година, магазинот „Глобус“ објави текст според кој Керим купил апартман на Менхетен во вредност од 1,5 милиони долари. Дипломатот молчеше за оваа купопродажба за да не мора да го докажува потеклото на парите, по драматичната афера со „шишето“.

Мистериите околу Курт Валдхајм и Лазар Мојсов

За генералниот секретар на ОН Курт Валдхајм, многу години откако беше на функцијата во ОН (1972 – 1981) во јавноста излегоа информации дека за време на Втората светска војна бил офицер на СС – трупите на германскиот фирер и престојувал во повеќе подрачја на поранешна Југославија. За ова сензационално откритие и дипломатски скандал пар екселанс, многу години подоцна, во српските медиуми излегоа информации оти младиот германски офицер во годините на војната бил на служба и во БиХ, но живеел и во куќа во Црна Гора, а извесен период престојувал и во Прилеп, во Македонија, токму во времето на повлекувањето на германските трупи.

Според тие шпекулации, овие тајни за нацистичкото минато на Курт Валдхајм, од Македонија ги знаел Лазар Мојсов, во времето по Втората светска војна главен обвинител во Македонија, кој ги гонел „предавниците“, припадниците на ВМРО, ванчомихајловистите, борците за самостојна Македонија, како и соработниците на окупаторот.

Досието на Валдхајм наводно Мојсов го предал во Белград, а Јосип Броз го чувал долго во своите архиви. Како впрочем и КГБ и другите светски тајни служби, кои го уценувале Валдхајм додека бил ген-сек на ОН за неговото нацистичко минато, и КОС и УДБА наводно го искористиле ова досие, за Лазар Мојсов, од 1977-1978 година да биде избран на функцијата претседател на Генералното собрание на ОН.

Во дипломатскиот врв на екс Југославија, покрај Лазар Мојсов, кој беше член на претседателството на СФРЈ по смртта на Јосип Броз, особено се истакнуваше и последниот секретар на сојузното министерство за надворешни работи Будимир Лончар, а во негово време во МНР своја улога имаше и помошникот секретар Срѓан Керим.

Се разбира, авторите не нудат никакви докази, но посочуваат оти не е случајно што Керим во 2008 година, станал претседател на Генералното собрание на ОН, искористувајќи ги истите дипломатско-разузнавачки германско-екс-југословенски врски.

Како Миле стана главен пациент на Катица?

$
0
0

arhiva

Текстот е ојавен на 25 септември 2015 во неделникот Фокус во бројот 1042

Иако критичарите на груевизмот го лоцираат пастирот како „капо ди тути капи“, сепак, во најмногу кривични пријави од бомбите, дури 14, се наоѓа Миле Јанакиески. „Прва пратиља“ му е Јанкулоска со 10 кривични. Квантитетот не мора да даде и квалитет, ама јасно ги лоцира луѓето кои му биле десна и лева рака на пастирот, а на кои сега им се заканува опцијата за нивно дислоцирање во Идризово. Во таа смисла, провокацијата е да се осврнеме токму на човекот кој е на врвот, ама според кривичните пријави. Всушност, Миле и Горде сѐ повеќе ми наликуваат на Војо и Ламбе од Љубчово време на ВМРО-ДПМНЕ! А и ако постапиле според мислењето на Груевски, нели, за мислење не се одговара!

Пишувала: Јадранка КОСТОВА

Иако критичарите на груевизмот го лоцираат пастирот како „капо ди тути капи“, сепак, интересен е податокот дека во најмногу кривични пријави, дури 14, што произлегоа од „бомбите“, се наоѓа друг лик – Миле Јанакиески. „Прва пратиља“ му е Гордана Јанкулоска со 10 кривични, кои сега се веќе во надлежност на Катица Јанева. Од друга страна, иако опозицијата ги третира како главни – Груевски „заработил“ 5, а братучедот му Сашо Мијалков, „само“ 4 кривични.

Се разбира, квантитетот не мора да даде и квалитет, та некој со сал една кривична може да помине полошо од колекционерите на „катиљ“ ферманите што Заев и дружината ги доставија на адреса на Обвинителството. Квантитетот, сепак, јасно ги лоцира луѓето кои му биле десна и лева рака на Пастирот, а на кои сега им се заканува опцијата за нивно дислоцирање во „Идризово“. Во таа смисла, провокацијата е да се осврнеме на ликот и делата токму на човекот кој е на врвот, ама според кривичните пријави – Миле Јанакиески.

Имам „уметнички впечаток“ дека, всушност, Миле и Горде се како Војо и Ламбе од Љубчово време на ВМРО-ДПМНЕ. Последниве двајца ја поминаа судската и затворска голгота откако ДПМНЕ замина од власта во 2002-та, иако, нели, Љубчо доминираше во сите сдсмовски настапи како „најголемиот криминалец“. Верувам дека и Груевски се надева да преживее како Георгиевски, како средно богат бизнисмен, иако тој, за разлика од Љубчо, го негува митот за скромност и чесност. Но, Миле ми беше инспирацијата!

ДПМНЕ-ФИНАНСИСКА

Кога ќе почнете да го анализирате М.Ј., ќе дојдете до примарното сознание – актуелната врхушка на ВМРО-ДПМНЕ е, всушност, персоналот на Н.Г. во ресорот Финансии, во владата за Промени. Миле, Горде и Зоки се главните играчи со кои Н.Г. ја „прероди“ ДПМНЕ во ВМРО-финансиска. Сосе Братучедот, всушност, ја сочинуваат Фамилијата. Уф, тука е и стратегот Протоѓер, кој, покрај тоа што е шеф на кабинет на пастирот, е и претседател на партиската комисија за стратешки прашања. Од целава фамилија, сал Зоки, Ставрески де, нема ниту една кривична пријава. Во „бомбите“ тој дури изгледа „разумно“, ама, глеј чудо, останува во дрим-тимот на пастирот.

Да се анализира учинокот на М.Ј. (иницијаливе колку да го скратам просторот), всушност, се сведува на скенирање на методите на владеење на Фамилијата. Миле е само една важна алка од системот. Тој, како и Гордана, е составен дел од контроверзните случаи со НПК и со „Аналитико“. Комуникацијата телефонска од „бомбите“ покажува дека Миле е од најголема доверба, штом со него шефот го планира и го реализира „плацот на Водно“. На воведот од шефот „Миле ми текна“, тој, пак, со должна почит, покрај сѐ што знае, му се обраќа со претседателе. За разлика, пак, од ароганцијата на Г.Ј., Миле во јавните настапи изгледа и инфантилно. Тој дава отпор, ама никогаш не може да му одолее на „мислењето“ на претседателот. Што би се рекло, на крајот, сепак, станува „дил ориентид“, ама со Груевски.

Има една чудна коинциденција, токму Миле кој сега е на врвот според кривичните пријави, фигурираше во наводите што ги објави Викиликс во 2011, ама пишувани некоја година претходно, дека Миле заедно со Сашо Мијалков, освен што се „најдоверливи луѓе на Груевски“, истовремено се и „нашироко познати по својата корумпираност“. Со дпмневски вокабулар кажано – „странските служби“ го имале детектирано одамна.

Случајно или не, токму обајцата „нашироко познати“, Јанакиески и Мијалков, и во ист ден си поднесоа оставки од функциите на кои беа безмалку една деценија, Транспорт и врски, односно ДБК. Како иронија на судбината, ете, во овие пакет-оставки беше и Јанкулоска. Што би се рекло, „Војо и Ламбе“ на Преродбата, сосе Братучедот.

Од друга страна, полициските оставки се поврзуваа, барем така се шпекулираше, со кумановските настани, па, оттаму, збунувачки беше што Миле беше во овој трилинг. Според некои, пак, Јанакиески ја имал својата оставка напишано многу порано. Во неа, откако ги набројува проектите што ги истакнува за успешни, ќе наведе дека се повлекува, гледајќи ја политичката состојба во државата и сите обвинувања кои на негова сметка ги упатила опозицијата „со лепени, креирани и монтирани разговори“.

ВМРО-НПК

Јанакиески имал студирано во Солун, на Американ колеџ. Злобниците велат дека ѕидовите на неговата студентска соба ги красел и постер од Бранко Црвенковски. Според некои информации, токму Груевски кога студирал во Прилеп бил кираџија во куќата на Јанакиески. Но, од кога датира нивното пријателство и не е толку важно. Освен што ќе биде дел од тимот во ресорот Финансии на министерот Груевски, по поразот во 2002 г. токму тој ќе биде лансиран како кадар од топ доверба на Пастирот.

Да, како инаку би бил дел од контроверзната Новата платежна картичка или случајот НПК, фирмата која во 2001 г. се одвои од некогашниот Завод за платен промет. И тука повторно ќе се ротираат „Војо и Ламбе“. Едно време претседател на Управниот одбор на НПК била Јанкулоска, а потоа, на оваа функција е назначен токму Јанакиески. Со реформата на ЗПП во НПК раководел тогашниот министер за финансии, Груевски. На чело на акционерското друштво бил Владимир, братот на Сашо Мијалков. Сѐ „наше дете“!

Да потсетам, по проверките во документацијата, Државниот ревизор ќе најде низа неправилности и сомнителни тендери што се случиле од формирањето на акционерското друштво. Антикорупциската комисија, пак, ја третираше НПК како спорна приватизација.

„Случајот НПК заслужува внимание, затоа што станува збор за многу голема материјална штета и редица злоупотреби од страна на лицата кои тогаш биле во власта. Вклучително и незаконското трошење на кеш пари од буџетот“, коментираше за „Фокус“, Слаѓана Тасева.

Занимливо, но на 19 септември 2002 година, неколку дена откако на избори ДПМНЕ ја загуби власта, НПК преминува во сопственост на Македонска и на Балканска банка. Банките добиле попуст, бидејќи ги платиле акциите со т.н. конвертибилни сертификати издадени за штедачите на ТАТ, оти тогаш вредноста на сертификатите не била поголема од 44 отсто од нивната номинална вредност! Опозициската СДСМ, во 2010 г., ќе потсети на овие детали.

„НПК, која била проценета токму од страна на Груевски на 7,3 милиони евра, била продадена за 1,5 милиони евра, и тоа не во пари, туку во конвертибилни сертификати. Со други зборови, од оваа продажба РМ не видела ниту евро, а Груевски потрошил 7,3 милиони евра на НПК. Капак на сѐ, купувачите на НПК се двете банки најблиски до ВМРО-ДПМНЕ, и тоа – Балканска банка, во која Груевски ја почна својата кариера, и Македонска банка, криминалното чедо на неговиот ментор Љубчо Георгиевски“, соопштија од СДСМ.

Интересно, Љупчо Шврговски како заменик јавен обвинител за Скопје ја одбил иницијативата на Антикорупциската комисија за случајот НПК. Е кога Груевски ќе ја освои власта во 2006 г., Шврговски ќе стане нов Јавен обвинител. Скандалот, пак, со Македонска банка, преку телефонскиот разговор што го објави СДСМ лани, во духот „кеш или жирално“, успешно го забошоти Марко Зврлевски. Со ваквите негови „заслуги“, сега добивме специјален обвинител.

ВОДОВОДНА КАРИЕРА

Како и да е, партијата која од 2002 г. е во опозиција, на локалните избори во 2005 г. доби мнозинство во Совет на Град Скопје. Така, новиот градоначалник Трифун Костовски ќе постави нивни кандидати на челните позиции на повеќе јавни претпријатија. Тогаш Јанакиески станува прв човек на „Водовод“. Со оглед на тоа дека партијата им се наоѓа во тешка финансиска состојба, особено по делбата со Љубчо и ВМРО-Народна, впечаток беше дека овие директорски позиции им станаа славина за финансиско полнење на партијата.

Имено, симптоматично е што од почетокот на 2006 г., кога се парламентарните избори, „Водовод“ почнува кампања во медиумите, од типот „Штедете вода“. Уште тогаш беше нејасно како јавното претпријатие што има околу 60 отсто одлив на питка вода, наместо да ја поправа сопствената инфраструктурна мрежа за да спречи одлив на чиста вода за пиење, средствата ги троши на кампања за штедење вода и ребрендирање.

Кога во градскиот Совет ќе се разгледува извештајот на „Водовод“ за 2006 г., ќе излезе на виделина дека близу 18 милиони денари биле потрошени за рекламна кампања. Софија Куновска од СДСМ тогаш ја отвори дилемата: дали, всушност, со кампањата, работена главно преку агенцијата „Република“, се авансирале средства за реализација на кампањата за парламентарните избори за потребите на ДПМНЕ. Но, доби кривична пријава од Миле за клевета. Патем, и тужбите за клевета против опозициските советници и пратеници е заедничкиот именител за врхушката на ДПМНЕ-Финансиска.

Сепак, на иста линија беа и размислувањата на сопартиецот на М.Ј., Кирил Тодоровски, ексградоначалникот на Општина Аеродром, кој беше осуден за „црковно мито“. Тој ја обвини Фамилијата за рекет, а во интервју за „Фокус“, откако излезе од притвор, ја даде неговата верзија за финансирањето на ДПМНЕ – жиро-сметки во странство, надувани фактури, рекламирање, местени тендери. Раскажа и за притисоците од врхушката да потпишува договори за рекламирање за огромни суми, кои тој ги одбил. А како спротивен егземплар го посочи токму Миле Јанакиески.

„Вие не знаете колку пари некој даде преку „Водовод и канализација“ за рекламирање?! Огромни износи, но човекот беше партиски војник“, го опиша Тодоровски директорот Јанакиески.

Не мислам дека „партискиот војник“, Миле, ја смислил шемата. Се чини дека авторските права за ваквите рекламерски навики се сепак на, како што го ословува Миле -„Претседателот“.

АНАЛИТИКО АИ

Јанакиески ќе биде дел и од маркетинг-фирмата „Аналитико АИ“, актуелна деновиве со корупцијата во Телеком. Процесот во Њујорк и сведочењето на Слободан Богоески покажаа дека македонските политичари можат да се омрсат кога продаваат фирма, потоа кога овозможуваат некоја компанија да задржи монополска позиција, но и кога треба да забошотат некои кривични пријави. Заинтересираните, пак, играле на повеќе купчиња, да бидат сигурно дека и оние од власта, ама и од опозицијата нема да им прават сопки.

Нејсе, во „Аналитико АИ“ биле вработени сите луѓе од доверба на Груевски. Покрај Миле, Гордана, Протоѓер, Канческа, и личната секретарка на Груевски, Ленче Самарџиска, ама и Ален Зекиров, многу години, телохранител на Мијалков. И токму „Аналитико АИ“ добива 120.000 евра од Телеком со договор за дистрибуција на СИМ картички. Фирмата регистрирана во 2005 г., веќе кон крајот на 2007 г., кога имаат година дена стаж во владата, е избришана од Централниот регистар. Но, „Аналитико АИ“ се јавува и како издавач на книгата „Тодор Александров – Сѐ за Македонија“, која беше објавена по повод 15-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ“.

И откако во 2006 година Груевски ја формира владата, Јанакиески е назначен за министер за транспорт и врски, функција што ќе ја извршува сѐ до мај годинава. И тука ќе го следат одредени контроверзни проекти, за кои, се чини, најдоследно ќе го прозива пратеникот Јани Макрадули. Тој, пак, ќе возвраќа со нивната омилена алатка – тужби за клевета, што со судиите од „тефтерчето на Горде“ ќе им биде како желботека.

Макрадули, на пример, сметаше дека Миле ја злоупотребил својата позиција и овозможил фирма што не ги исполнува условите, да го добие тендерот за изградба на хотел зад „Рамстор“, Резидор. Наводно, англиска фирма која потоа станува фирма од холандски Антили, формира фирма-ќерка десетина дена по објавата на тендерот. Факт е дека и по неколку години хотел сѐ уште нема, ама Јани беше осуден за клевета. Овој скандал беше тема и на претходните парламентарни избори во Велика Британија. Јани, пак, заработи дури 4 тужби за оваа, како што ја нарече, „хотелската Окта“.

Препукувањата со Макрадули продолжија и за проектот гасификација од 2008 г. Министерството за транспорт поднесе дури кривична пријава за клевета против Макрадули, иако не ми е познато дали направиле психијатриско вештачење на целото Министерство. Зашто, нели, сите од Фамилијата со тужбите за клевета носеа и психијатриски вештачења.

ДИЛ ОРИЕНТИД ЗА „МИСЛЕЊЕ“!

Ова е само минимален сегмент од бројните прозивки на опозицијата, која ресорот на Миле дури го означи како една од пералниците на пари. Интересно е дека преку „бомбите“ разбравме дека М.Ј. знае што е спротивно на законот, прави обиди да му контрира на Груевски, но упорноста на лидерот на крајот секогаш го омекнува Миле. Ваков впечаток се добива кога ќе се слушне разговорот кога Груевски бара од Миле: „да го завршиме ова за фасадата на ЕВН и на Сити галери, како техничка грешка“.

„Ама Претседателе не може. Бара проширување на маркица, значи по ниеден закон, во ниедна регулатива го нема“, одлучен е Миле на стартот. Откако Груевски инсистира ресорот на Миле само да даде мислење, а дека одговорноста ќе била кај тој што го прифатил мислењето, по неколку минути натегање, Миле попушта да го потпише, како што вели „на лична одговорност“.

Вториот пример е кога Груевски му објаснува каква е разликата меѓу него и Владимир Пешевски, кого го фали како „дил ориентид“. За разлика од Миле, кој, демек, давал ист третман на сите компании. И во оваа конверзација Јанакиески се вади дека некој „бара нешто што е надвор од закон“. Значи, Миле ја знае границата, ама е и лесен за обработка. Лекцијата што му да држи Груевски е дека не е во ред да им вика од прва дека „ова не може, не е по закон“.

„Со вакви крупни, ќе имаме и други вакви, ќе дојдат сега гасоводи-масоводи, не можеш така, земи или остави. Бараш дил да постигнеш, бараш… кружиш како скијање, велеслалом, идеш лево-десно, лево-десно“.

Со ваквата филозофија за „мислењето“, Груевски веројатно верува дека утре и тој нема да сноси одговорност за своето мислење, туку послушниците што постапиле според неговото мислење. Сега останува да видиме што од „бомбите“ ќе заврши на суд поткрепено со докази и сведоци, ама и колку предмети ќе се испилат од необјавените бомби. Што би рекол Миле, задоволен кога Горан Трајковски од УЈП му реферира колку од фирми од списоците за отстрел биле казнети, ем колку со јаки казни: „Пиштење, вриштење ќе има“!

И да појаснам зошто мантрата за разговорите како „сечени, лепени и монтирани“ ми е фалична. Та, за изминативе месеци ќе обезбедеа експертиза од неколку реномирани компании за ваквите наводи. Напротив, германски стручњак за телевизијата Ал џазира потврди дека разговорите се „оригинал“. И во извештајот на Прибе многу јасно беше назначено дека „Овие снимки според квалитетот, опсегот и бројноста потврдуваат дека се направени во просториите на националната разузнавачка служба. Содржината на многу од снимките упатува на индикации на незаконски активности и злоупотреба на моќта од страна на високи владини службеници“.

Тонч! На ова груевци не слушнав дека имаа „примедби“. Патем, и без „бомбите“ за мнозинството од скандалите секој просечно интелигентен имал сомнежи уште додека биле „ин“! И доколку барем дел од пријавите за изборни манипулации бидат поткрепени со докази и инасајдерски сведоштва, тогаш веќе ќе има и судска потврда дека со партијата навистина, а не метафорично раководело „злосторничко здружение“… аминувано од гордите послушници во парламентот, а благословено од обвинителско-судските фактори од „тефтерчињата на Горде“ . Сите тие како „психолошки помагачи“.

 

Кираџии

ОГЛАС НА А4 ФОРМАТ

Откако во јануари годинава СДСМ обелодени дека во куќата на министерот Миле Јанакиески, во Прилеп, е сместена германската фирма „Лудвиг Фајфер“, Јанакиески се правдаше дека Германците сами се јавиле, а тој ја огласил куќата за издавање под закуп на лист А4 формат, кој бил закачен на куќата. Ем најави дека го раскинува договорот за кирија. Сепак, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, реплицираше дека во неговата куќа биле сместени и други кираџии од проекти доделени од владата, па не е јасно кој договор е раскинат.

Но, ете што лепак за вакви фирми, проекти и владини соработници бил „оглас на А4 формат“!

 

Парцели на Водно

ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖУВАЊЕ!

Четиринаесетте кривични пријави што СДСМ ги поднесе до обвинителството против Јанакиески главно се однесуваат на повреди во изборниот процес, од присилување да гласаат за ДПМНЕ до нелегално финансирање. Најмногу се наведува „злоупотреба на службената положба“. Сепак, според кривичната за „парцелите на Водно“, тој е дел и од „злосторничко здружување“. Миле е еден од пријавените и за случајот со рушењето на Космос… заедно со Претседателот.

 

Формула за гласање

ШИФРА „ТРИАГОЛНИЧЕ“!

Во дел од разговорите што ги објави Зоран Заев се наведува како Миле Јанакиески се заканува со бркање од работа на наставниците во училиштата, ако не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. И плус требало обезбедат уште по еден глас. Ама ја откри и формулата како да потврдат дека гласале според наредбата.

„Со триаголниче речи му ќе гласаш, ќе ти го провериме ливчето, ако не гласаш ќе те избркаме од работа“ …

Зошто триаголниче, а не квадратче, на пример, останува енигма!? Како асоцијација на вмровски тројки, можеби!

Црвот на сомнежот за изборните резултати

$
0
0

fokus-arhiva-1-150x1501Текстот е објавен на 10 јуни во неделникот „Фокус“ во бројот 832

Пишувала
Мимоза РИСТОВА

Ако не сте го добиле по е-маил фајлот наречен ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА, тогаш сте пропуштиле голема игра, криенка со ДИК и со црвецот виспрен. Јас го добив писмото, па 2 дена си играв и уште не се доиграв. Имено, анонимниот весел  математичар нѐ упати на неконзистентните бројки и пресметките од изборните резултати.

Тој нѐ упати на бројките на  официјалната страница на ДИК, на којашто  од 06.06.2011 до 12.06.2011 имаше една статистика, којашто беше мошне црвојадна. Бројките велеа дека во изборната единица 3 имаше вишок на преку 28 илјади гласачки ливчиња.

Во други, пак,  две изборни единици се појавуваше кусок од десетици и стотици гласачки ливчиња. Севкупните резултати не штимаа за некаде околу 30 000 гласови. Црви на сомнеж, колку ви душа сака. И тоа, не мали, туку огромни. Калифорниски црви ме обземаа мене и мојот непосреден научен и образовен круг од граѓани на РМ, кои заедно со мене, низ  пресметки и дебатирање се уверија во вистинитоста писмото на ВЕСЕЛИОТ МАТЕМАТИЧАР.

Додека барав правни совети, за тоа како да се тужи некој виновен за оваа, толку очигледна изборна измама (30 илјади разлика во важечки гласови), на 13.06.2011 година, наеднаш осамна новата статистика, со новите наштимани броеви, кои даваат салдо нула (бројот на луѓе што гласале е еднаков на збирот од важечки и неважечки ливчиња).

Ах, како да ви кажам, не сакам да е така, но овие од ДИК направија парцијална  дератизација, та оставија живи да мрдаат и да глодаат три цели црвој во мојата глава.

Прво, заборавија да напишат дека страницата ја апдејтирале на 13.06.2011, туку си го оставија првиот датум 06.06.2011, што е невистина.  А јас пак, пуста останала со око ќораво но цајканско, им ја уснимив со командата принт-скрин, и сега имам доказ дека интервенираа, менуваа и муваа, а се направија како да не било ништо.Mimoza - Tabela 1

Mimoza - Tabela 2

Вториот останат црв е поради тоа што никаде не ги објавија бројките на пребројаните неупотребени гласачки ливчиња, коишто си постојат во записниците. Црвот ми шепти дека изгледа  таа бројка ја чуваат во тајност за да на крајот во извештајот со нив  ја порамнат разликата што ќе им се појави помеѓу збирот на употребени (гласани ливчиња) и неупотребени ливчиња и бројот на регистрирани гласачи.

Mimoza - Tabela 3

Третиот црв е поради тоа што повторно си останаа во некои изборни единици непорамнати биланси, та недостигаат ливчиња. Каде отидоа по ѓаволите, се прашувам? Да не станаа парни локомотиви на Бугарскиот воз? Или сал црвот лажно ме инструира и ме труе со погрешна логика. Ете. Некој нека ми каже зошто ли зошто јас се повеќе црвјосувам во оваа хумусна почва Македонска. Да не е до мене?

Жени, храбри и опасни! Честит 8-ми март!

$
0
0

Текстот е објавен во новогодишниот број на „Фокус“.

Годината 2015 та, може слободно да ја означиме како година на будење на граѓанската свест, година на многубројни протести и демонстрации, на студентите, на средношколците, на хонорарците, на новинарите, на граѓаните против катастрофалните политики на владеачката врхушка, на башибозукот на режимот. Во првите борбени редови на отпорот, на барикадите против полицијата и специјалците пред Владата, пред водените топови на МВРО-ВМРО, пред пендрекот на полицајците, во камповите на бегалците во Гевгелија, многу често со својата храброст се истакнуваа повеќе наши сограѓанки, девојки, жени, студентки, пензионерки, ученички, интелектуалки, мајки, баби… „Фокус“ направи скромна листа на 11 хероини кои во 2015 година предничеа со својот борбен активизам, полни со решителност и желба за правда, слобода, солидарност и демократија

Пишува: Ирена МУЛАЧКА

Наместо пендрек – кармин, наместо гумени куршуми – гумени бонбони, наместо насилство – цвеќе, наместо водени топови – жив штит од жени. Вака жените во неколку наврати им се спротивставија на кордоните специјалци кои редовно ги пречекуваа на протестите пред Собранието и пред Владата во годината која изминува. Без трошка страв и со голема решителност, неколку од нив продефилираа покрај штитовите на специјалците и се соочија со нив, покажувајќи им дека не се плашат и дека се спремни, како што велат за, слободата до крај да се борат.

Нивните фотографии го обиколија светот и се најдоа на насловните страници на странските медиуми. Секоја во свој стил, но и со особен шарм му се спротивстави на строгото лице на специјалецот кој беше вооружен, со опрема и кацига, од главата до петиците. Се почна на 5 мај, 2015 година кога лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев ја објави „бомбата“ за убиството на 21-годишниот Мартин Нешкоски, каде што првата полицајка Гордана Јанкулоска, нејзиниот портпарол Иво Котевски и шефот на тајната полиција Сашо Мијалков бараат начин како да го прикријат убиството.

Во тој период, во 17 часот пред Владата спонтано се собраа револтирани граѓани кои успеаја да стигнат на 100 метри пред влезот, каде ги пречека кордон – специјалци. Тие ја торпедираа Владата со јајца и домати, а во првите редови, жените направија жив штит со кој им се спротивставија на специјалците. Оттогаш, секој ден во 18 часот се одржуваа протести при што на разни креативни начини млади девојки, мајки со деца, возрасни

жени, баби… гласно негодуваа за лошото владеење, криминалот и скандалите што ги чувме од „бомбите“.

Дел од нив почувствуваа и лисици на рацете, беа бркани од полицајците, но тие смело пркосеа и не дозволија да ги спречи полициската бруталност и да останат дома пред телевизор, туку редовно излегуваа секој ден и бараа правда, при што го добија епитетот – хероини на годината. Сосема заслужено!

СЕ ПОЈАВИ ОТПОР ПРОТИВ ДРСКОСТА НА РЕЖИМОТ

Годината што изминува слободно може да се нарече година на жените, кои гласно му се спротивставија на режимот, на неправдата, на криминалот, на корупцијата, на лошите законски решенија… „Фокус“ направи листа од единаесет жени – хероини кои дефинитивно ја одбележаа 2015-та година и гласно им рекоа „не“ на неправдите. Не помина ден, без некоја од нив да излезе и да им даде поддршка на студентските и на средношколските протести, на протестите за прикривањето на убиството на младиот Нешкоски, на протестите против министерот за здравство Никола Тодоров од кој веќе неколку пати побараа морална одговорност и оставка, на протестите против загадувањето. Секоја од нив делува во својата област, а стравот е потиснат од поривот, за кој, како што велат, не ги остава да седат мирни, туку ги тера да бидат таму, во првите борбени редови. Нивното делување и отпорот се редовно критикувани од власта и од провладините медиуми, од кои честопати ги добиваат етикетите „предавници“, „шпиони“, „соросоиди“, „сдсмовци“. Но, сепак, тоа не ги запре во борбата за подобро утре.

jasmina golubovskaНа листата најхрабри се најде и Јасмина Голубовска, активист и борец за човекови права која на протестите пред Владата опколена во силен оклоп од специјалци извади сјајно црвен кармин, ги намачка усните и бакна штит на полицаец. Таквиот потег ја направи икона на отпорот, која на насилството и стравот му се спротивстави со бакнеж. Нејзината првична замисла била со карминот да нацрта срце, но полицаецот не и дозволил. Таа фотографија го обиколи светот, а за неа пишуваа многу странски медиуми кои ја пренесоа информацијата. Голубовска пред две недели дури се најде и на листата меѓу 17-те најхрабри и „најопасни“ жени на светот за годината што изминува.Таа учествува и во сите герила –акции кои ги организира Хелсиншкиот комитет за човекови права, а една од најпознатите е прошетката низ Скопје во барокна облека против инвестициите за проектот „Скопје 2014“, за кои власта досега потроши милионски суми.

- 2015-та за луѓето во Македонија сметам дека беше исклучително тешка и емоционална година. Никој од нас не очекуваше дека ќе се појави отпор против дрскоста на режимот кој стана неизмерно агресивен навлегувајќи во автономијата на секоја општествена пора. Посведочивме дека можеме да бидеме посилни и единствени, еднакво колку што можеме да бидеме гневни и разединети. Ги повторуваме грешките и се уште градиме отпор во себе, наместо на улица. Но режимот е таков – тврди Голубовска.

Таа тврди дека режимот ги спакува луѓето во мали и несигурни табори кои насобраниот гнев од бедата и борбата со секојдневието го канализираат кон својот замислен непријател, кој може да биде: партиски или етнички неподобен, соросоид, платеник, комуњар, шпион, дел од мрачни или било какви други сили.

- Во 2016-та очекувам да продолжат промените во секој од нас, поединечно. Да се промениме во похрабри, одлучни луѓе кои ќе ги зголемат своите барања и ќе се изборат за достоинствен живот. И на крајот, посакувам да не се плашиме затоа што секоја година помината во ропство, не води чекор поблиску до слобода – додава Голубовска.

gordana posimonovaОсвен неа, на листата храбри жени, но во областа на образованието е професорката на Земјоделскиот факултет, Гордана Попсимонова. Јавноста првпат ја запозна за време на студентските протести кога им даде целосна поддршка на студентите кои излегоа повеќе од 10.000 на улица и се спротиставија на државниот испит и новите законски измени во високото образование. Таа исто така беше дел од Професорскиот пленум и тврдеше дека е разочарана и гневна од сите спинови на власта, кои од самиот почеток ги извртуваат вистинските причини за реакцијата на академската јавност во Македонија. Попсимонова напиша многу колумни во кои отворено го критикуваше, како што велеше, режимот на Груевски, лошиот образовен систем, криминалот и корупцијата кои излегоа од „бомбите“ на Заев.

- Ако се обидете да спуштите жаба во врела вода, ќе штурне уште пред да ја допре површината на водата. Меѓутоа, ако употребите студена, по можност барска, вода и температурата на водата долго и постепено ја загревате, жабата нема да сфати во кој момент е сварена. Нема ни да направи напор да избега од котелот. Ете, токму тука сме ние – во зовриен жабарник. Во македонскиот дел од пеколот. Како стасавме до тука? Со нашата индиферентност, игноранција, малодушност, себичност, со конформизмот, со сите наши мали и големи причини да молчиме и да одмолчуваме – тврди професорката Попсимонова.

Според неа, оваа година се случил КРИКОТ и луѓето конечно го кренале својот глас.

- Конечно, проговоривме. Покажавме дека постоиме и дека не сме безлична маса која слепо ги заокружува изборните ливчиња. И, по цена на тоа што нас нé заокружуваа со црвени кругови – кажавме дека потемкиновото розово не е розово, туку дека е валкано и црно. И дека царот е гол. И не само гол, туку и прост, необразован и примитивен. Нé има многу. Повеќе одошто мислиме, повеќе одошто кажуваме, повеќе одошто очекуваат. Само треба тоа да го кажеме гласно. И да го напишеме јасно. Време е да излеземе од котелот. Можеби еден убав ден, ќе си помогнеме едни на други и ќе излеземе од него – во македонскиот дел од рајот – додава Попсимонова.

СО ПАМЕТ ВО ВИСОКО КРЕНАТА ГЛАВА

tamara causidisНовинарството во последните неколку години е клекнато на колена, се помалку има новинари кои професионално си ја вршат работата, додека се повеќе расте бројот на медиуми кои се поткупени од власта и кои цело време шират пропаганда за владините реформи и проекти. Една од дамите, која цело време се бори новинарството да се врати на вистинскиот пат и која постојано води битка новинарската фела да си ги добие своите права е Тамара Чаусидис, претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Таа е жената која не остава ништо на случајноста, туку редовно се спротивставува на секое лошо законско решение, редовно организира протести за да се зачува достоинството на новинарската професија. Чаусидис беше најгласна на протестите за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски, кој пет месеци помина во притвор во Шутка и уште седум месеци во куќен притвор. Таа секогаш беше во првите борбени редови, а помина и неколку часа пред Шутка во периодот кога тој беше повторно вратен во притвор.

- Влеговме со многу ентузијазам во оваа година, излегуваме во магла, збунети и со плитко дишење. Но, не би рекла дека сме поразени во напорот да го видиме ова општество како оди во вистинска насока, со задоволни, достоинствени луѓе. Оваа година слушнавме дека сме човечиња изложени на свирепа манипулација и уцени. Добивме потврда дека она за што во изминативе години излегувавме на улица, она што гласно го извикуваме има име и има адреса. И, дека таа адреса може да се повлече само ако сме до крај принципиелни, сплотени и искрени во отпорот, во барањата да се сменат работите. Научивме и дека секоја калкулација, секоја задршка и манипулација, лошо сокриена амбиција се наплаќа, а цената е многу скапа и за жал, им се испорачува на сите, а најмногу на идеалите во кои веруваме – истакна Чаусидис.

Според неа, 5 мај, денот кога се протестираше за прикривањето на убиството на Нешкоски останува најважниот ден во 2015 година.

- Тоа е поука, показна вежба на која можеме и мораме да го потпреме својот оптимизам, да учиме од грешките, бргу да препознаеме кога работите одат во погрешна насока. Тоа е мојата надеж за 2016. Со памет во високо крената глава – додава Чаусидис.

Таа исто така го крена својот глас и против законот за хонорарци, во кој тие сами требаше да плаќаат здравствено и пензиско осигурување. Пред неколку месеци, Владата го укина овој спорен закон откако се склучи пржинскиот договор и се најави дека ќе има предвремени парламентарни избори.

TOM_4265

Сепак, најемотивниот говор поврзан со отпорот против законот за хонорарци пред Владата го одржа преведувачката Марија Џонс, која исто така се најде на листата на „Фокус“ на 11 најхрабри жени за 2015 година. Таа им порача на првиот финансиер Зоран Ставрески и на премиерот Груевски дека народот живее во приказна на преживување во која се повеќе нема и дека само во Македонија мора да платиш за да работиш.

Таа вели дека постои една негативна изрека што никогаш не и се допаѓала  „глупав народ – силна држава”.

- И, тука некаде меѓу глупавиот народ и силната држава е мојата желба за наредната година. На моите сограѓани им посакувам повеќе општество или shoqëri, да не ги редам сите јазици сега, убави зборови, наши, кои не се заемки од латинскиот, како во други, многу поголеми јазици. Во општеството имаме и права и одговорности кои многу добро треба да ги познаваме и да ги почитуваме. Во општеството никој не ни „дава” работа и плата, туку го нудиме својот труд за соодветен достоинствен надомест по правила за кои претходно сите сме се договориле, наместо премолчано да се согласуваме да бидеме најефтината стока на пазарот – тврди Џонс.

Листата на „најопасни“ жени не поминува без Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права која редовно може да се види на протести пред Јавното обвинителство, пред МВР барајќи од нив да ги решат случаите со нападите врз ЛГБТ заедницата.Таа исто така беше активна и гласна и на граѓанските протести пред Владата и Собранието барајќи начин за разоткривање на, како што вели, чудовишното лице на режимот, кој владее веќе 10 години. Во фиоката на Хелсиншкиот комитет може да се најдат еден куп документи за случаи кои тие ги покренале, за тоа колку политички затвореници има, а таа честопати алармира дека притворот се користи повеќе како заплашување, отколку како казнена мерка. Пировска е редовен борец за демократија и слобода.

- Режимот потранспарентно започна да владее на 24 декември 2012 година, но го достигна својот врв во 2015 година. Сето она, што беше на ниво на наши заклучоци, критики и обвинувања за манирот на однесување на оваа власт, беше потврдено. Димензиите на злото беа целосно измерени, а ние соочени со предизвикот да му се спротивставиме. Од една страна, тоа беше катарзично доживување, морална сатисфакција за оправданоста на нашите тврдења, но и будење за сите оние кои што до тогаш го немаа препознаено вистинското лице на власта – вели Пировска.

РЕЖИМОТ НА ГРУЕВСКИ МОРА ДА ПАДНЕ

Иако повеќето од дамите вработени во Министерството за внатрешни работи мудро молчат за да го задржат своето работно место трпејќи го мобингот, притисокот и заканите од претпоставените, сепак една од нив го крена својот глас и му рече „не“ на самоволието во оваа институција која од „бомбите“ стана позната како „МВРО-ВМРО“.

angelovaЈасминка Ангелова, сопругата на генералот Стојанче Ангелов остана без работа, но храбро и се спротивстави на првата полицајка Гордана Јанкулоска. Таа испрати неколку писма до неа во која ја повика да си ги собере тајните агенти што ги следат двајцата сопружници и нивните деца и да прекинат да им се закануваат со апсења и закани по животот. Таа на протестите на 5 мај пред Владата беше удрена од свој колега –полицаец, додека сакала да се фотографира со друг колега.

Ангелова без двоумење вели дека во новата 2016–та очекува избори на кои ќе падне режимот на Груевски, но смета дека бидејќи се доцни со „договореното во Пржино“ изборите не треба да бидат одржани пред јуни.

- Очекувам да се спроведе и попис. Нека биде и после изборите, но ние мораме да се преброиме за да ги видиме суровите последици од погубното владеење на Груевски. Очекувам одговорност за сите криминали на власта, како поука за следната власт дека никој во Македонија повеќе не е недопирлив. Очекувам да профункционираат институциите на државата и најпосле да започне процесот на позитивна селекција, со кој најдобрите ќе одат напред, а најдобрите меѓу најдобрите ќе раководат со институциите. Без разлика на нивните лични ставови и убедувања или политичка припадност – тврди Ангелова.

Таа додава дека во Новата година продолжува со нејзината борба која всушност е продолжение на борбата на нејзиниот сопруг.

- Истовремено, моите ставови, анализи и сознанија за актуелните случувања, особено за состојбите во МВР, кои ги објавувам на личниот ФБ профил се пренесуваат и преку повеќето интернет-портали и допираат до јавноста. Посакувам во Новата 2016-та конечно да доживееме правда и вистинска слобода за сите македонски граѓани – вели Ангелова.

meriНа барикадите во борбата за слобода, демократија и правда се најде уште една жена која веќе неколку години активно делува на ова поле. Мери Николова е една од создавачите на платформата „УДАР“, која организираше неколку протести и која смета дека боксерската власт може да се сруши само на овој начин. Досега не поминал ниту еден протест без неа, сметајќи дека во моментов на тој начин може да придонесе барем нешто да се промени во државата. Таа пред неколку месеци беше главен иницијатор на предлог Законот за амнестија, при што успеа да собере 10.000 потписи и овој предлог да се најде пред пратениците во Собранието.

Според неа, 2016 ќе биде многу „жешка“ година, но сепак одлучувачка.

- Од една страна, има оптимистичко сценарио - разрешување на политичката криза, заминување во историјата на корумпираната политичка елита и почеток на градење на вистинска, а не само формална, демократија. Од друга, има и песимистичко сценарио – продолжување на политичката криза што значи непочитување на Пржинскиот договор, неповлекување на корумпираните политичари, што ќе доведе до големи граѓански немири и продлабочување на кризата, а со самото тоа и стопирање на евроинтеграциите и воопшто, на развојот на државата – вели Николова.

Таа додава дека во оптимистичкото сценарио ќе продолжи со своите активности за подигнување на граѓанската свест за воспоставување вистински демократски вредности.

- Во второто сценарио, песимистичкото, јас ќе се борам за соборување на криминалната власт како главна препрека за напредокот на општеството. Се надевам дека Македонија ќе смогне сила за да направи суштински промени. Овој процес е незапирлив и што поскоро се случи (во 2016 година), тоа подобро. Враќање назад нема – вели Николова.

На списокот на „Фокус“ за најхрабри жени се најде и името на актерката Ирена Ристиќ, која последната година е една од најактивните жени на сите протести. Карактеристично за неа е тоа, што освен што можеше да се види во театарските претстави или во македонски филм, немаше пракса да се појавува во медиумите, да дава изјави и интервјуа како граѓански активист. Но, сето тоа се промени годинава откако стана една од најголемите борци против лошите политики на власта. На еден од протестите, таа заедно со актерката Ана Костовска ја рецитираше Бушава азбука со текст прилагоден од „бомбите“. Ристиќ, исто така, е водителка и на шоуто „Контравести“,во кое преку хумор и сатира го објаснува начинот на владеење во Македонија.

- 2015 година беше кулминација на десетгодишниот кошмар низ кој минуваше Македонија. Години на политичка, социјална, морална криза. А, од последнава година произлегуваат првите две, ќе се согласите. Свесните и совесни граѓани, не можејќи веќе да чекаат одговорните структури да пораснат, да созреат и конечно да почнат да го работат она за што се добро платени, започнаа сами да создаваат простор за промени. Револтот таложен со години се излеа на улиците. Иако многу тешки и сурови, тие мигови открија една нова, убава Македонија – вели Ристиќ.

БЕГАЛЦИТЕ ДОБИЈА СВОЈА „МАЈКА ТЕРЕЗА“

lence zdravkinСовремената „Мајка Тереза“ или „Хероина на нашето време“ се двете имиња кои ги доби велешанката Ленче Здравкин, која речиси една година секојдневно и несебично им помага на мигрантите. Таа живее во непосредна близина на железничката пруга во Велес, а за да им помогне на бегалците таа својот дом го има претворено во магацин и прифатен центар за мигранти. Здравкин редовно пречекува мајки со бебиња и поголеми дечиња во чии очи се чита нивната молба за помош. Таа редовно е на релација Велес – Гевгелија и несебично им помага во нивните најтешки моменти.

- По автопатиштата, по железничките пруги во ноќните часови почнаа да се движат некои црномурести момчиња, за кои никој не сакаше да каже кои се и од каде се. Се започна во март-април 2013 година. И покрај сите апели дека имаме бегалци  од Сирија, Авганистан, Ирак, Иран, Сомалија, Пакистан и други земји се молчеше, за во 2014 година бранот на бегалци да биде масовен. И дури кога во 2015 година почнаа да ни се редат несреќи со бегалците, откако загинаа многу од нив, Македонија во јуни го донесе законот за бегалци – вели Здравкин.

Според неа, јужниот дел на Македонија, Гевгелија станал центарот на светот.

- Странски делегации и странски медиум пристигнуваа да видат како Македонија се справува со бегалската криза. Но институциите, невладините организации, волонтерите веќе ги поставија темелите на транзитниот центар за бегалци Винојуг. Денес центарот функционира со сите нишани: медицинска и правна помош, храна, вода, хигиенски средства, облека и се што е потребно во овие зимски денови. Бегалците од тука заминуваат насмеани и задоволни – додава Здравкин.

На истиот фронт со Здравкин е и муслиманката Мерсиха Смаиловиќ позната НВО активистка, која се залага за афирмација на жената муслиманка во сите сегменти во општествениот живот. Таа исто така им помага на бегалците кои транзитираат низ Македонија полесно да го поминат патот по кој тргнале, а честопати ги повикува и политичарите да дојдат во кампот во Гевгелија и да разговараат со бегалците.

Смаиловиќ тврди дека 2015 година била многу динамичина, со подеми и падови во однос на човековите права, хуманоста, слободата.

- Зимата ја поминавме на пругата долж Македонија, пресретнувајќи ги измрзнатите бегалци од воените жаришта, кои заради нехуманиот закон кај нас, мораше со денови да пешачат. Тешкотијата се зголемуваше кога заедно со Human Rights Watch ги истражував ужасните услови и малтретирања на бегалците во Прифатниот Центар Гази Баба. Пролетта ексалираше со илјадници бегалци кои влегуваа и пешачеа, по патиштата во Македонија и нашите скромни можности да им помогнеме на сите – вели Смаиловиќ.

saraСепак, мора да нагласиме дека ако некој го крена народот на нозе, ја подигна енергијата кај луѓето и успеа да изнесе над 10.000 луѓе на улица тоа беа студентите. Тие преку движењето Студентски пленум го кренаа својот глас, им се спротивставија на владините реформи во образованието и ги потикнаа граѓаните на отпор. Една од нив, која секогаш беше во првите борбени редови е Сара Миленковска, студентка на Правниот факултет во Скопје. Таа беше дел и од протестот за слобода на Кежаровски, за спорниот закон за хонорарци…

Миленковска вели дека политичката криза е само симптомот на болеста на духот, од која општеството може да се излечи само кога секојдневието и системот на вредности ќе претрпат сериозни промени.

- Се додека не се случат овие промени, граѓанинот ќе се соочува со криза на идентитет и наместо да разбере дека токму во него лежи моќта, тој лесно им ја предава на политичките партии кои ревносно ја користат. Треба да разбереме дека ние граѓаните сме значајни и затоа ние треба да бидеме креатори на нашето општество, кои го одржуваат здраво и прогресивно. Бидејќи секоја премолчана неправда не прави соучесници. Пасивноста е она што го има окупирано нашиот простор, девалвирано инстуциите, стигматизирано критичката мисла и ни го има оставено бегството во странство како последна слобода – истакна Миленковска.

Таа додава дека потребата за промена треба да биде системска.

- Претворање на аполитичноста во партиципативна политичка култура со што во иднина директно ќе учествуваме во креирање политики. Јас делувам, зашто сметам дека тоа е потребно и бирам да не учествувам во тоа што го храни кршењето на духот – тврди студентката.

meri jonesМарија ЏонсНЕ ТРЕБА ДА СИ БИДЕМЕ ВОЛЦИ ЕДНИ НА ДРУГИ

Марија Џонс вели дека во општеството не треба да си бидеме волци едни на други, било на улица, во автомобил, или во супермаркетите кога им врескаме на вработените, без да не заинтересира зошто тие работеле и по триесет дена без престан, без ден одмор.

- Не треба само да си ја смируваме совеста со донации за помош на оние на кои востановените права на здравствена заштита им биле одречени. Така само го признаваме поразот – додава Миленковска.

uranijaУранија ПировскаЌЕ ЈА ВРАТИМЕ СЛОБОДАТА НА НАШИТЕ УЛИЦИ

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет вели дека во овој период

раздвижувањето на граѓаните било забележливо и нивниот револт добил реална артикулација на улиците.

- Од друга страна, стравот го замени бесот поради годините на толеранција на насилството, неказнивоста и целосната злоупотреба на институциите кои наместо да им служат на граѓаните им служеа на партиите на власт. Новата година нема да ја дочекаме со извојувана слобода, ниту пак со остварени очекувања, ако се имаат предвид партиските преговори и тоа што како краен продукт произлезе од нив. Сепак, нема да ја дочекаме поразени ниту пак обесхрабрени во желбата и ентузијазмот да ја вратиме слободата на нашите улици, на нашиот говор, мислите, убедувањата и во институциите кои на нас граѓаните ни припаѓаат – додава Пировска.

irena risticИрена Ристиќ: ЌЕ ПРОДОЛЖАМ ДА ДЕЛУВАМ

Ирена Ристиќ, актерка вели дека човечкиот потенцијал со години бил маргинализиран, игнориран и третиран како да не постои.

- На улица излезе достоинствена, цивилизирана, едуцирана младина и повозрасна популација, кои заедно, рака под рака секојдневно извикуваа пароли чијшто НЗС е еден болен крик „Сакаме слобода!“. Се издвоија личностите со интегритет, наспроти опортунистите и апологетите на криминалната банда на власт, а конечно на виделина излезе и онаа најбројната и, според мене, најтажна група – исплашените – истакна Ристиќ.

Таа додава дека како идеалист по природа, целава ситуација ја принудува да не очекува ниту чуда, ниту инстант-просперитет во 2016.

- Напротив. Знам само дека ќе се случи најприродното нешто. Пад на режимот и конечно соочување со пустошот што ќе го остават зад себе. Тие велат „Татковината се сака со дела!“ Јас им велам – да! И затоа и во 2016 ќе продолжам да “делувам”! – тврди Ристиќ.

mersihaМерсиха Смаиловиќ: ПОВТОРНО ЌЕ ПРОТЕСТИРАМЕ СО СТУДЕНТИ, ЗА БЕГАЛЦИ, ЗА ВОЗДУХ…

Мерсиха Смаиловиќ, активист вели дека протестирајќи на скопските улици со студентите, хонорарците, слободумните се бори за правата на децата да живеат во слободна земја од политичари кои немаат чувство за народот!

- Солидарноста се разбуди, ги надмина очекувањата но и вон границите на државата, иако полека, предрасудите сепак се разбиваат…. Но, повторно се вративме на почетокот, бегалците пак ги пресретнуваме на пругите, Европа и даде друга димензија на бегалската криза – претворајќи ја во криза на човештвото. И повторно ќе протестираме со студентите, со слободоумните, за бегалците, за елементарното право да дишеме… И се додека дишеме, макар и затруен воздух, ќе се бориме за нашите деца, за човештвото… И да, сите овие битки во 2015, ги водев со моето новородено девојче Амелија. Од таму доаѓаше енергијата, бевме две! – додава Смаиловиќ.

Фокус се заблагодарува на МОБ за отстапениот простор на малата сцена каде беше направена фото-сесијата

Среќен 8-ми март на сите припаднички на понежниот пол!

Георгиевски: То­дор Пе­тров ме пре­че­ку­ваше гол ка­ко Про­ме­теј

$
0
0

fokus-arhiva-1-150x1501

Текстовите и фотомонтажата се објавени во дневен „Фокус“’ бр. 210 и 211 од 27 јули и 28 јули 2012 година

Во ин­терв­ју за нај­но­ви­от број на не­дел­ни­кот „Фо­кус“, Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски го ко­мен­ти­ра ка­ко „емо­ти­вен проб­лем“ ба­ра­ње­то на То­дор Пе­тров за не­го­ва кри­вич­на од­го­вор­ност   

„Мно­гу ми е жал што се­га мо­рам да ја спо­де­лам ви­сти­на­та со це­ла­та јав­ност, де­ка ви­стин­ски­от проб­лем на То­дор Пе­тров со Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски не е ни­ту исто­ри­ја­та, ни­ту иде­о­ло­ги­ја­та, ни­ту по­ли­ти­ка­та. Мис­лам де­ка ста­ну­ва збор за емо­ти­вен проб­лем што го има тој чо­век. Име­но, не­ка­де во 1993 го­ди­на, ние жи­ве­ев­ме во иста згра­да. Тоа бе­ше вре­ме ко­га тој се оби­де да се приб­ли­жи кон ВМРО-ДПМНЕ. То­гаш поч­на че­сто да ме ка­ни на ка­фе, за да ги пог­лед­не­ме аманд­ма­ни­те што тој че­сто ги под­не­су­ва­ше во Со­бра­ни­е­то. И ту­ка не­ма­ше проб­ле­ми. Проб­ле­мот на­ста­на ко­га на тие кон­сул­та­ции поч­на да ме до­че­ку­ва гол ка­ко Про­ме­теј, со са­мо ед­на кр­па на по­ја­сот, со образ­ло­же­ние де­ка што­ту­ку се исту­ши­рал. Тоа се слу­чи ед­но три­па­ти. Мис­лам де­ка уште то­гаш на То­дор Пе­тров му да­дов јас­но на зна­е­ње, кои се раз­ли­ки­те ме­ѓу Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски и То­дор Але­ксан­дров!“, рас­ка­жу­ва Ге­ор­ги­ев­ски.

То­дор Пе­тров до Љуб­чо: Оде­ше ли и Сне­шка кај Про­ме­теј?

Пре­тсе­да­те­лот на СМК во одговор му се обра­ќа ди­рект­но на ли­де­рот на ВМРО-На­род­на:

„Гос­по­ди­не Ге­ор­ги­ев­ски, јас­на е алу­зи­ја­та за Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски и То­дор Але­ксан­дров, нес­по­ред­ли­ви двај­ца­та, ти со нив, па ни­ка­ко, ама ко­га со­би­ра­ше сим­па­тии во 1990 го­ди­на, што бе­ше Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски: ’Са­ка­ме да го по­тсе­ти­ме Ма­ке­до­не­цот, де­ка ток­му од оваа на­ша поч­ва ма­ке­дон­ска, трг­наа вој­ски­те на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски и на­мет­наа ед­на кул­ту­ра на це­ла Ази­ја и Евро­па!’ Па­тем, ка­де се слу­чи­ла, гос­по­ди­не Ге­ор­ги­ев­ски, таа емо­тив­на го­ло­ти­ја? Кај ме­не до­ма? Ами, ако пр­ви­от пат не ви се до­пад­на­ло, оти се­дам до вас гол, што мај­ка ба­ра­вте ду­ри три­па­ти да до­а­ѓа­те на го­ло? А ако на­ви­сти­на тоа се слу­чи­ло, кај ко­го е емо­тив­ни­от проб­лем, кај тој што бил гол до­ма, или кај тој што одел кај го­ли­от, ду­ри нај­мал­ку три­па­ти, кај не­го до­ма? И, ѝ ка­жа на Сне­шка ка­ко изг­ле­дам гол? А ја пра­ша да­ли и таа до­а­ѓа­ше кај ме­не на го­ло? А да не не е во пра­ша­ње мо­ја­та емо­тив­ност, ту­ку ва­ша­та се­ксу­ал­ност? Скра­ја да е, Љуб­чо Ге­ор­гев­ски ни­ко­гаш не бил кај ме­не до­ма, ни­ко­гаш! Ко­ја од­врат­ност од чо­век, кој, за жал, бе­ше и ќе оста­не за на­век са­мо ед­на го­ле­ма ма­ско­та на ту­ѓи и дру­ги цен­три за де­мон­та­жа на Ма­ке­до­ни­ја!“, пи­шу­ва Пе­тров.

ИНТЕРВЈУ Стевчо Јакимовски: За да остане на власт Груевски уцени, поткупи или се закани на 100 илјади гласачи!

$
0
0

arhivaИнтервјуто со Стевчо Јакимовски е објавено во „Фокус’ број 871 од 9 ти март 2012 година

Стевче Јакимовски е градоначалник на Карпош, единствената скопска општина каде власта ја има опозицијата. Последниве неколку недели стана омилена мета на ВМРО-ДПМНЕ, со нивната проекција дека е градоначалник со најмногу афери. Кавгаџијата, како што го нарекуваат, и преку интервјуто за „Фокус“ жестоко возвраќа. Ваквите напади ги објаснува со стравот на вмровците дека на наредните локални избори ќе им се случи Карпош во цело Скопје. Јакимовски го обвинува Коце Трајановски дека му префрлил три ипол милиони денари на Александар Бичиклиски, но и дека набавил најскап софтвер на светот за мрежен систем.

Интересно е дека за прв пат висок функционер на СДСМ ги проблематизира ланските парламентарни избори. Според Јакимовски, околу 100 илјади гласови Груевски обезбедил со закани, со уцени и со поткуп. Убеден е дека нема шанси овој трик да му помине по втор пат. Останува на оценката дека коалицијата меѓу Груевски и Ахмети е тендерска, но, ќе додаде дека сепак „во очите им се гледа дека се мразат и кога ги делат украдените пари“!

Разговараше

Јадранка КОСТОВА

ФОКУС Официјално сме на една година пред локалните избори, но, веќе неколку недели, Вие сте тема број еден во соопштенијата и на прес конференциите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Каде го гледате мотивот? Нивните амбиции да го освојат Карпош, единствената скопска општина каде СДСМ ја има власта, или, можеби, сметаат дека сте потенцијална опасност за градоначалничкото место на Скопје?

ЈАКИМОВСКИ СДСМ, и јас како градоначалник, одлично стоиме во општина Карпош. Според анкетите, 81,35 отсто од граѓаните на Карпош се изјасниле дека повторно би го дале својот глас за оваа општинска власт. Затоа оваа власт стравува да не ѝ се случи „Карпош“ во целиот град.

ФОКУС Имаат ли дополнителни предизвици за освојување на Карпош?

ЈАКИМОВСКИ За нив Карпош е интересен и од оној урбано-мафијашки аспект. Еве, оној владин проект „Купи куќа, купи стан“ не може да успее во Центар и во Карпош. Цена од 900 евра за метар квадратен може да се постигне во општините како што се Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Бутел, Кисела Вода. Тоа значи дека бизнис во градежништвото освен во Центар и Карпош немате на друго место, затоа што цените се многу ниски, трошоците за градба се многу високи и најголем остаток има во Центар и Карпош. Во Центар веќе нема каде да се гради, па почнаа и на плоштад да градат. Според она што сме го направиле, цената за квадратен метар за стан во Карпош веќе достигна до 1,450 илјади евра. Значи мета не е само Стевче Јакимовски, целта е да се освои Карпош како општина. Тоа е цел на Никола Груевски и на сите оние урбани мафијаши кои што сакаат секој тревник да го претворат во зграда.

ФОКУС Има ли шанси тоа да биде „остварено“?

ЈАКИМОВСКИ Според моите сознанија, веќе имале разговори со градежните тајкуни, во смисла да дадат подршка на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа би следувал реванш – да добиваат маркици во општина Карпош каде и да посакаат.

„СКОПЈЕ 2014“ Е ЖИВ ПЕСОК ЗА ВМРО-ДПМНЕ

ФОКУС И сметате дека затоа станавте омилен лик во реакциите на ВМРО-ДПМНЕ? Ве прогласија за градоначалник со најмногу афери?

ЈАКИМОВСКИ Неодама ме сретна еден човек, по националност Србин, и ми ја испеја песната „Што је више клевети и лажи, Стевче нам је милији и дражи“. Во животот сум бил на функции од 2000 година па наваму, и никогаш попријатно не сум се чувствувал помеѓу граѓаните. Секојдневно ми се јавуваат, со поддршки да издржам, да истраам. Мислам дека повеќе ми прават реклама, отколку што мислат дека ми прават зијан. Се надевам дека ова што тие го прават, сепак ќе им биде во корист на сопствената штета, а тоа е да го загубат градот Скопје.

ФОКУС Дали проектот Скопје 2014 ќе биде клуч за разврска на локалните избори? Ќе им донесе ли поени кај народот?

ЈАКИМОВСКИ Не, проектот „Скопје 2014“ е жив песок за владата. Граѓаните треба да знаат дека само една зграда до сега стигна до 30 милиони евра, а е карабина, незавршена. Мислам дека направија стратегиско промашување со тие 200 и кусур милиони што ги вложија на еден километер квадратен во централното градско подрачје, кое, се чини, ќе потоне во челик и железо. Наместо  да ги вложеа во инфраструктура… Замислете, само 36 милиони евра чини Јужниот булевар, да го фатите од Ѓорче и да излезете кај Драчево. Замислете Илинденска да ја спуштеа под ниво и да излезете кај Комплекс банки. Замислете да ја направеа јужната обиколница околу Скопје, да направеа повеќе вкрстување на сообраќајот над ниво и под ниво, што ќе станеше Скопје? Со овие пари дури можеше да се воведе трамвај, да го решат сообраќајот во Скопје. Но, ги потрошија парите на глупости.

ФОКУС Коце Трајановски сепак е здоволен од сработеното!

ЈАКИМОВСКИ Се обидуваат со медиумска кампања да создадат впечаток божем кој знае што направил Коце за градот Скопје. Се фали дека го направил булеварот Тоедосиј Гологанов, булеварот Климент Охридски, па булевар Илинден. Лаже. Тој само направи проширување на тие булевари и ништо повеќе. Простете ама градоначалник на метропола не е избран да грепка по асфалтот и да проширува улици. Тој е избран да остави зад себе крупни капитални работи.

ФОКУС Добро, направи плажи покрај Вардар, сега ќе имаме и сплавови, галии.

ЈАКИМОВСКИ И тука лажат. Нема плажи покрај Вардар, тие секојдневно праќаат вмровци и вмровки, им даваат по 300 денари дневница и бесплатно пијачка за да одат наводно да се сончаат на плажа, а, всушност, се работи само за обичен бизнис. Со кафулињата и шанковите што се издаваат навечер, чесно е да се каже, само го пренесуваме ноќниот живот на Вардар, наместо да се лаже дека направиле плажа на кејот. Градоначалникот на Белград гради мост од 300 милиони евра. А градоначалникот на Скопје пак, кој ни троши над 100 милиони евра буџет годишно, за овие 3 години нема ниту еден капитален објект. Кажете ми еден капиталниот објект? Со што ќе се пофали Коце Трајановски?

ФОКУС Со што ќе се пофалите вие? Ваш единствен капитален објект е мостот Влајко, што го сметаат за промашена инвестиција? 

ЈАКИМОВСКИ Објектот што го прогласија за промашена инвестиција, да споменам дека е авторство на вмровецот Жан Стефановски. Истиот архитект го проектирал Влајко, но и крстот на Водно. Можат ли да ми кажат сега дека за овие 12 години крстот на Водно им е исплатлива инвестиција од 4 милиони марки? Другите градоначалници не можат да се пофалат со она што јас можам. А тоа се 78 улици целосно реконструирани. Тоа значи дека 78 тротоари се реконструирани, од корен се реконструирани 3 училишта и тоа значи дека се потрошени преку милион ипол евра средства. Имаме направено преку 20 километри атмосферска и фекална канализација, годишно градиме по илјада паркинг места. Можеме да се пофалиме дека во Карпош нема зонско паркирање а луѓето немаат проблем со паркирањето.

ФОКУС Зад зонското паркирање се кријат поинакви мотиви?

ЈАКИМОВСКИ Финатата со зонското паркирање е да се стави намет на граѓаните, за да можат да се вработат одреден број вмровчиња, ништо повеќе.

САШО ЛАЗАРЕВСКИ Е БАДИЈАЛЏИЈА

ФОКУС Сепак, од владејачката партија сметаат дека сте нервозни и исплашени затоа што не сте реализирале ниту еден крупен проект?

ЈАКИМОВСКИ Оној господинот, заменикот министер за локална самоуправа Сашо Лазаревски е бадијалџија, па секој втор ден излегува на пресови, бидејќи нема никаква работа. Претходно кога беше директор на Водовод и канализација, се обиде да направи нешто во Карпош, а тоа е да го подобри водоснабнувањето во Козле, но на улицата каде што тој живее, никаде на друго место. Ги остави луѓето 6 месеци да газат по кал, рововите не ги затвори. На истото тоа место, општина Карпош направи 10 улици, плус атмосферска и фекална канализација и сите улици се доведени до првобитна состојба. И јас гарантирам дека оваа година ќе го завршиме цело Козле, вклучувајќи го и Трново. Погледнете го Жданец, сите улици се реконструирани, ново улично осветлување, нови тротоари, се е комплетно реновирано.

ФОКУС И вие сте задоволен од оствареното?

ЈАКИМОВСКИ Дали во Карпош сте виделе ископана улица? Никој не може повеќе да прекопува улици во Карпош, воспоставен е еден ред. Што е најбитно, отворете ги веб страните да видите кој колку има јавни набавки, ве молам. Градоначалникот на Бутел за 2011 година има 15 јавни набавки. Сега да прашам, што работел тој човек? Што работела таа администрација, со вкупно 15 набавки?

ФОКУС Јавните набавки ги земате како индикатор за работа?

ЈАКИМОВСКИ Да, тоа самото кажува колку работат. Па ред е тогаш таа општина да ја затвориме. Или можам да им предложам да ја распуштат администрацијата и тие 15 јавни набавки, кај нас еден службеник ќе им ги заврши. Дали знаете дека градоначалникот на Кисела Вода има вкупно 26 јавни набавки за цела година?

ФОКУС По тој ваш критериум работи ли Коце Трајановски?

ЈАКИМОВСКИ И тој има помалку од мене, 126. Јас одговорно тврдам, нека ги соберат сите километри, и да се споредиме со општина Карпош, дека сработуваме повеќе колку сите тие заедно.

ФОКУС Но јавните набавки се и извори на корупција.

ЈАКИМОВСКИ Не, има два заклучока. Или ништо не работеле или парите ги трошеле на сосема друг начин, надвор од јавните набавки. За  реконструкција на една улица мора да има јавна набавка за тротоарот, јавна набавка за осветлувањето, за коловозот, за канализацијата…

ФОКУС Да, но кога ќе ве обвинат дека над еден милион евра одделувате за невладини организации, тоа сепак се многу пари? Затоа собираат потписи од граѓаните на Карпош против овој ваш проект?

ЈАКИМОВСКИ Тоа се вмровски лаги, затоа што вмровците ниту имаат лице, ниту имаат образ, ниту пак имаат причини да дојдат на вратата на граѓаните и да заѕвонат. И што би има кажале ним? Сега си измислуваат причини, демек градоначалникот на Карпош трошел милион евра, за невладини организации. Камо среќа јас да имам толку пари!

ФОКУС Тогаш, колку потрошивте на невладините организации?

ЈАКИМОВСКИ Ни случајно толку многу. Во тие средства, тие ги бројат и парите кои што ги даваме на социјалните случаи, на новородените деца, за опожарените куќи, на културно-уметничките друштва, на спортските клубови, на учениците стипендисти, на спортистите стипендисти. Тие ги бројат и тие пари, но, и тие не се толку. И сега јас да ги прашам што сакаат да кажат. Зарем да не му дадеме пари на културно уметничкото друштво „Мирче Ацев“, едно од четирите најсилни во Македонија? Да не му дадеме пари на ФК „Лепенец“? Да не му дадеме пари на одбојкарскиот клуб „Вардар“? Тоа се нивните предлози?

ФОКУС А зошто ви се 350 илјади денари за караоке забави?

ЈАКИМОВСКИ Карпош е единствена општина која што има разработена стретагија за образование, која ја гласале и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, и проекти кои произлегуваат од таа стратегија. И токму еден од тие проекти е тој што го вулгаризираат како караоке забави. Тоа е извонреден проект во кој се предлага учениците да ги оценуваат наставниците по проза, по поезија, наставниците да донесат матрица или да имаат свој бенд и да пејат, наставниците да решаваат математички проблеми. И тоа да трае цели 6 месеци, а на крајот целиот тој проект завршува евентуално со некоја караоке или не знам каква забава. Па зарем тоа не е прекрасен проект за учениците од основните училишта? Ние сме должни да имаме проекти со кои што ќе се обидуваме да ги учиме наставниците и учениците за разрешување на конфликтни ситуации.

ЗА КОЦЕ ДОПРВА ЌЕ ИЗЛЕГУВААТ АФЕРИ!

ФОКУС Сепак остана нејасно зошто дури 22 договори, тешки околу 900 илјади евра, биле склучени со фирма на шурата на вашиот поранешен шеф на кабинет?!

ЈАКИМОВСКИ Лажат! Шефот на мојот кабинет, ниту е член на комисија на јавни набавки, нити е член на администрацијата која ги подготвува јавните набавки. Тоа е фирма која работите уредно си ги добила на тендери и била далеку поевтина, повторувам, поефтина од било која друга фирма. И тоа е онаа истата фирма која што ја користел и претходникот Сашо Димиќ.

ФОКУС Ајде да видиме што ќе каже антикорупциската комисија?

ЈАКИМОВСКИ Требаше да им кажам дека имам и за Сашо Димиќ, па веќе кога одат во антикорупциска да однесат и за него. Да, се работи на роднина на шефот на кабинет, но, тој му бил шеф на кабинет и на Сашо Димиќ, а тоа е фирма која си добила работа сосема уредно на тендер. Тука нема ниту корупција ниту конфликт на интереси. Истата  фирма во исто време ги гради тениските игралишта на Груевски, му гради згради на Груевски каде што тој фрлал лопати, гради во другите општини на градот Скопје. Истовремено, нивниот Александар Бичиклиски како потпретседател на комисија за спорт и како советник, си префрлал пари на измислена невладина организација, при постоење на Сојуз на физичка култура на град Скопје, Сојуз на спортови на град Скопје. Си формирале трета невладина организација, во која тој е член на Извршен одбор и основач.

ФОКУС Колку пари си префрлил?

ЈАКИМОВСКИ Еднаш милион ипол, другиот пат два милиони и сега предлогот е да префрли уште два милиони и триста денари. А кај мене зборуваат за проекти од 120 илјади денари, од 200 илјади денари и се што до сега излезе и за кое ме обвиниваат не чини милион денари или 25 илјади евра. Од друга страна, истиот тој Бичиклиски е претседател на кугларска федерација на Македонија и повеќе пати како председател на комисија за спорт на градот Скопје, заедно со Коце Трајановски си префрлале пари на кугларската федерација.

ФОКУС Тоа што тие прават не би требало да ви биде оправдување?

ЈАКИМОВСКИ Тие кажуваат дека Стевче планирал, ќе префрлел, се во идно време, се „ќе“! „Ќе“ е идно време од глаглот лаже, а вмровците лажат. Јас отидов пред Јавно обвнителство да го прозивам обвинителот и сега јавно тврдам дека Коце Трајановски до сега му има префрлено три ипол милиони денари на Бичиклиски. Каде е обвинителот?

ФОКУС За што му ги префрлил?

ЈАКИМОВСКИ Му ги префрлил на неговата невладината организација. Но, истите двајца не дале оставки, нема партиско оградување и натаму овој е претседател на комисијата за спорт и советник, а другиот сѐ уште е градоначалник. За оваа година, по програмата е предвидено да му префрли уште два милиони и триста денари. Значи, има сомнение дека може да го повторат кривичното дело. Што може да биде друг услов за поведување на кривичка постапка освен ова?

ФОКУС Тоа ли е најголемата афера на градоначалникот на Скопје?

ЈАКИМОВСКИ Има и други за градоначалникот на град Скопје но, тие подоцна ќе ги објавиме, да видите каде на други места префрлал пари градоначалникот. Или, на пример, отворете на веб страната на општината, кај јавните набавки, ќе видиме дека градоначалникот на град Скопје потрошил 14 милиони денари за софтвер, документ мрежен систем. Јас ви гарантирам дека поскап софтвер за документ мрежен систам, во светот не постои. Само сакам да му кажам, дека софтверот за пензиски систем, кој што е многу сложен, има во себе 137 математички операции, чинеше 132 илјади долари, а Коце неговиот го чини 250 илјади евра. Тоа се тие чесни момчиња од ВМРО-ДПМНЕ.

БИЧИКЛИСКИ  ЌЕ ЗАВРШИ КАКО ДЕДО ПОРТПАРОЛ

ФОКУС Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, Емил Угриновски најави дека за вашата работа ќе расправа антикорупциската комисија? Се плашите ли?

ЈАКИМОВСКИ Емил Угриновски сега се обидува да се скрие со комбињата што ги става пред влезот на својата медицинска империја, која што наводно почна да ја гради како 19 годишно момче, врз грбот, нормално, на татко му. Тој најмалку има образ да зборува за ваква работа, затоа што негови роднини и пријатели ми кажуваат дека секој месец од нив зема сини картони, за да може да прикаже поголем број пациенти кои се прегледувале кај него и да го зголеми капитациониот бод. Второ, видовме дека токму Управата за јавни приходи ја затвори неговата здравствена установа, затоа што не издавала фискални сметки и дека таму се најдени, наводно, 210 илјади денари во каса, што значи дека Угриновски не плаќал данок. Тој треба да се срами и на таков човек не му е место во општината, а не мене да ме прозива.

ФОКУС Сепак, сѐ зависи од Никола Груевски.

ЈАКИМОВСКИ Не зависи сѐ од Груевски. Во Карпош многу работи зависат од советничките групи на СДСМ, на ЛДП и на ВМРО- Народна и од мене како градоначалник. Во општина Карпош нема, не може да важат правилата на Груевски. Ние се владееме по други демократски правила и така ќе биде и понатаму. Јас им гарантирам дека тие правила ќе важат, не само до сега, туку до 2017 година.

ФОКУС Претпотставувам дека ќе се кандидирате на следните локални избори. Прашањето е дали за Карпош или за Скопје?

ЈАКИМОВСКИ Тоа прашање најмногу го интересира и Александар Бичиклиски. Не знам зошто тоа момче толку го интересира мојата кариера. Јас сум бил директор, сум бил и два пати министер, два пати градоначалник и сосема е извесно дека ќе бидам кандидат и за 2013 година. Нека води сметка до каде стаса неговата кариера.

ФОКУС Ама тој го говори тоа во својство на портпарол?

ЈАКИМОВСКИ Тој дојде како момче портпаролче, а ќе си оди како дедо порпарол. Неговите колеги станаа министри, градоначалници, пратеници, а него сеуште максимумот кој што му го даваат е да биде советниче во град Скопје. Се слушаат гласови дека до сега на неколку пати проневерил партиски пари, има леплива рака, и најверојатно тоа е причината зошто го држат подалеку од извршна функција.

ФОКУС Не ми одговоривте дали ќе се тркате за Скопје или за Карпош?

ЈАКИМОВСКИ Јас и Карпош имаме уште  проекти кои што треба да ги завршиме, а до изборите имаме уште една третина од мандатот, па ќе видиме што ќе биде.

ФОКУС Се шпекулира за опцијата предвремени локални избори. Што проценувате дека ќе се случи после самитот на НАТО во Чикаго, бидејќи станува извесно дека Македонија нема да биде дел од НАТО ниту оваа година или, што би рекол Груевски, може после 5 години?

ЈАКИМОВСКИ Ако биде после пет години, зошто секоја вечер дава изјави и што го замајува народот со името и со нашите аспирации кон Евроатланските интеграции. Зошто не прекине и со преговири, што не се повлече од се и после пет години да почнеме да разговараме. Јасно ни е дека после Самитот на НАТО ништо нема да се случи, односно на Груевски сите ќе му бидат виновни, само тој нема да биде виновен дека Македонија не е членка на НАТО, нити пак добива датум за преговори. Ние можевме да видиме убав пример на северот од нас, од еден председател на држава, кој што отиде да се извини во Вуковар, во Сребреница, кој што го направи тоа што требаше да го направи со осомничените воени злосторници како Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, кој што прифаќа компримис со Косово, само да направи нешто битно за нацијата. Тоа е политичар кој што не сака проблемите да ги стави под тепих. За разлика од него, ние овде на чело на државата имаме едно лице кое се обидува со маркетиншки трикови, со своите пи-ар агенции да се одржи што е можно подолго на власт, за евентуално што е можно подолго неговата фамилија да оствари повеќе бенефити. А каде ќе оди Македонија, тоа не ги интересира.

 ГРУЕВСКИ СО УЦЕНИ И ИЗМАМИ ЈА ЗАДРЖА ВЛАСТА

ФОКУС Очекувате ли дека коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ е толку цврста, како што ја нарекуваат во вашата партија- тендерска, што оваа коалиција ќе го истера целиот мандат?

ЈАКИМОВСКИ Нивната коалиција е тендерска, но јас имам чувство, во очите им се гледа, дека тие се мразат и кога ги делат украдените пари. Тешко дека така долго ќе се одржат. Таа работа ќе пукне.

ФОКУС Кога ќе се повлече црта, што прогнозирате, по што ќе се памети Никола Груевски?

ЈАКИМОВСКИ Никола Груевски ќе се памети по тоа што Македонија ја донел во ќорсокак, дека направил злосторства кон многу семејства, дека ги затворал медиумите, дека ги апсел и ги тепал луѓето, дека во затвор држел бремени жени и дека се обидувал да ги замолче своите граѓани на секаков можен начин. Тој го излажал народот дека ќе им обезбеди подобар животен стандард, дека ќе им овозможи повеќе вработувања, дека подобро ќе живеат. Напротив, тој е премиер кој што најмногу пари потрошил на споменици и на останати глупости, а не изградил ниту еден енергетски капацитет, а и ниту еден метар автопат.

ФОКУС Сметате ли дека музејот на жртвите од комунизмот ќе треба еден ден да се прошири со одделение за жртвите на Преродбата?

ЈАКИМОВСКИ Мислам дека за тоа нема да биде доволно да се направи само еден музеј, туку ќе треба да се направат уставни измени. На овој начин, сите жртви од владеењето на Преродбата, по нивните судски пресуди, оштетите да не ги плаќа државата, туку да си ги плати партијата ВМРО-ДПМНЕ од својот имот, а доколку немаат, да се надомести од тие кои што ја воделе власта во тоа време. Па нареден пат кога ќе дојдат на власт, ако сакаат да си прават ваков политички циркус и реваншизам, ќе си платат од сопствениот џеб.

ФОКУС Може ли да се случи овде хрватското искуство каде ХДЗ е токму под истрага за финансирање на партијата? Бидејќи и овде на некој начин кампањата е второто име на оваа влада.

ЈАКИМОВСКИ Ние на чело на оваа држава немаме политичари. Господинот Ѓорге Иванов само кога спие сигурни сте дека нема да промаши нешто што зборува. Штом човекот отвори уста, ни од далеку не личи на претседател на држава. Господинот Трајко Велјановски е претседател на Собрание со најнизок политички капацитет, а господинот Никола Груевски спие до 12 часот, а после 12 часот му кажуваат нивните пи-ар агенции што треба да направи, каде треба лопата да фрли, каде треба да пресече некоја панделка. Практично нашата држава не ја водат политичари, туку маркетинг и пи-ар агенции. Но, тој маркетиншки балон ќе пукне и потоа ќе биде многу потешко.

ФОКУС Кога ќе пукне тој балон?

ЈАКИМОВСКИ Резултатити оваа влада нема да издржат уште многу. Економските тешкотии на фирмите се повеќе се зголемуваат. Значи 120 илјади стопански и физички субјекти се блокирани во моментов. Она што е најбитно за државата е да го собере данокот. Но, бидејќи бизнисите на се што е од опозиција ги уништија и веќе нема од каде да собираат арач, сега почнаа дури и меѓу себе да се затвораат и апсат, затоа што нема од каде да го полнат буџетот. Сметам дека една ваква влада која што нема резултати, не ќе може уште многу да издржи. Нема таква маркетиншка агенција, а и ниту еден медиум нема да може да ги покрие нивните глупости, кои што се очигледни. Она што Груевски го нуди на граѓаните, тоа е цел ден да гледаат турски серии, евентуално ако некоја македонска репрезентација во некој спорт може да направи некој успех, па народот нека се порадува, и така денот да му помине. Но очигледно е дека отрезнувањето доаѓа кај граѓаните. Груевски е наполно свесен дека 2006 година чесно победи, во 2008 година чесно победи, 2009 година исто така чесно, но 2011 година јасно му е дека 100 илјади гласачи тој ги уцени, им се закани, ги поткупи за да остане на власт. Но нема да може на овие 100 илјади гласачи два пати истиот трик да им го продаде!

 

Која е актуелната судијка на Уставниот суд Вангелина Маркудова?

$
0
0

fokus-arhiva-1-150x1501Текстот е објавен во „Фокус“ бр. 619 од 11 мај 2007 година

Методија Ковачевски:

СЛУЧАЈОТ ‘СЛАВИЈА’ ГО КОНСТРУИРАА ЗАТОА ШТО БРАТ МИ ОДБИ ДА И ПРОДАДЕ ЗЕМЈА НА СРПСКА ‘ДЕЛТА’

Зошто судијата Вангелина Маркудова го премолчала податокот дека нејзиниот вонбрачен партнер има должнички релации со Славија за чија незаконска приватизација таа треба да пресуди? Или, за ваквите детали ја информирала претседателката Добрила Кацарска, но тоа не било третирано како некаква законска и етичка пречка токму таа да ја дели правдата за ‘Славија’? Да биде иронијата поголема, минатата година за случајот ‘Славија’ бил изземен цел еден суд- скопска двојка. И, еве, на крајот предметот завршил токму во рацете на Маркудова. Има ли тука некакво сценарио или станува збор за обична случајност?! Според братот на првообвинетиот Кирил Ковачевски, Методија случајот е конструиран откако брат му ја одбил претходната Влада на Бучковски дел од имотот на ‘Славија’ да го продаде на српска компанија ‘Делта’.

Пишувала Јадранка КОСТОВА

Минатата недела Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 одреди вкупно 18 години затвор на 5 лица обвинети за злоупотреба на приватизацијата на ‘Славија’. Највисоката од 6 години затвор и конфискација на имот, е досудена за доминантниот сопственик, Кирил Ковачевски, а 5 години и’ се одредени на управителката Жаклина Павловска. Стечај-ниот управител, пак, Мирко Петрески доби 3 години, а Гордана Ѓорѓиевска и Новица Стевановиќ заработија по 2 години затвор. Вака поделената правда била дочекана со воодушевување од 50-сетина вработени од ‘Славија’ кои протестираа пред судската палата. Како што јавија некои медиуми, откако ги чуле затворските казни тие скандирале: ‘Да е жива и здрава судијката’. А судијката во овој предмет е Вангелина Маркудова. Сепак, од ваквата еуфорија до блиските на осудените стигнала и информацијата дека г-ѓата Маркудова имала сериозни причини да биде пристрасна во овој случај. И така, сосема случајно, клопчето почнало да се одмотува. За неколку дена тие дошле до податокот дека судијката со години живее во заедница со Данило Томашевски, кој има двојни реалции токму со ‘Славија’. Имено, Томашевски бил бивш вработен во Славија, па по тој основ требало да му се исплатат заостанати плати. Но од друга страна, и многу повеќе, самиот должи на Славија околу 1,7 милиони денари за закупнина. Овие информации, пак, се повеќе од потребното, за судијката да побара свое изземање во овој судски процес.

ПРИКРИВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ?

Според Законот за кривична постапка, судијата е должен да побара свое изземање доколку обвинетиот, неговиот бранител, тужителот, оштетениот, нивниот законски застапник или полномошник му е брачен односно вонбрачен другар или роднина итн. Законот оди дури до ‘сватовство во втор степен’, но како причина за изземање ги наведува и доказите кои предизвикуваат сомневање во неговата пристрасност.

Зошто Маркудова го премолчала податокот дека нејзиниот вонбрачен партнер има должнички релации со фирмата за која таа треба да пресуди? Или, за ваквите детали ја информирала претседателката Добрила Кацарска, но тоа не било третирано како некаква законска и етичка пречка токму таа да ја дели правдата во случајот ‘Славија’? За жал, не успеавме да добиеме одговор на нашите дилеми. Од кабинетот на Кацарска не префрлија кај портпаролот, истражниот судија Сеад Реџепагиќ, а тој, пак, не успеавме да го пронајдеме.

Да биде иронијата поголема, минатата година за случајот ‘Славија’ беше изземен цел еден суд- скопска двојка. И откако е префрлен во Основниот суд Скопје 1, еве, на крајот предметот завршил токму во рацете на судијка која преку својот вонбрачен партнер има допирни точки со штетата на скопска ‘Славија’. Има ли тука некакво сценарио или станува збор за обична случајност?! Според некои елементи постојат сомневања дека целата операција за злоупотреба на службената должност на петтмината обвинети за приватизацијата на ‘Славија’ е покрената затоа што првообвинетиот Ковачевски одбил да излезе во пресрет на претходната власт дел од имотот на ‘Славија’ да биде продаден на српска компанија Делта.

Metodija Kovacevski

Методија Ковачевски

Но да одиме по ред. Случајот ‘Славија’ стана топ тема во јавноста пред една година. Братот на првообвинетот Кирил Ковачевски, Методија ни раскажува дека првично, според месната надлежност предметот бил во Основен суд Скопје 2. Тој се сеќава и на датумот, на 27 април, кога брат му бил уапсен со лисици на рацете. Истрагата ја водел Вања Јуруковски, кој јавноста го памети како истражен судија во случајот ‘Раштански лозја’. Методија Ковачевски за овој дел од истрагата вели:

- Луѓето што беа сомничени се јавија на распит, на 28 април 2006 година и дадоа исказ. Но, истражниот судија Вања Јуруковски не прифати да им определи притвор како што бараше обвинителот Марко Зврлевски. Незадоволен од одлуката на Јуруковски, Зврлевски даде жалба, и во петок на 5 мај во 19 часот, што е несвојствено за еден кривичен совет, беше преиначена одлуката и одреден 30 дневен притвор. Но тогаш настана една своевидна кампања низ медиумите за судиите во скопска двојка. Бомбастично беше најавувано дека во ‘Славија’ се инволвирани неколку судии, и наеднаш, истиот месец мај Апелациониот суд одлучи да се изземе не само судијата туку целиот Основен суд Скопје 2 и предметот да се префрли во ‘единицата’- објаснува братот на осудениот Ковачевски.

На прашањето ‘зошто’, Методија Ковачевски одговара со зборовите: Никој не знае зошто е направен овој трансфер, но тоа е сторено на барање на јавниот обвинител, Александар Прчевски’. Тој потсетува дека дури била покрената истрага против судијата Александар Младеновски, но додава дека на крајот постапката била прекината, или со други зборови се покажало дека нема ништо од целата ‘конструкција’ што била повод за префрлање на досието ‘Славија’ на друг суд.

ХАЈКА ПРОТИВ СУДИИТЕ ОД ‘ДВОЈКА’

И по завршената истрага, предметот ‘Славија’ завршува за судење кај Вангелина Маркудова. Во дописот што до редакцијата на ‘Фокус’ го доставија роднини, но и вработени од ‘Славија’, се наведува дека пристрасноста во водењето на постапката и високите казни се последица на тоа што Маркудова е лично засегната со предметот кој го судеше.

Имено таа живее во вонбрачна заедница со Данило Томашевски, кој е поранешен работник во Славија. Нему Славија му должи на име на плати околу 55. 270,00 денари. Но она што е уште поинтересно е дека Томашевски во 1994 година склучил договор за деловно-техничка соработка со Славија, под бр. 01-2323, со кој земал под закуп една од продавниците на Славија (продавница бр. 201), на бул. КЈ Питу б.б. Една година подоцна или од октомври 1995 до крајот на 1999 година, Томашевски не ја плаќал закупнината, и останал должен на Славија 1.704.035,50 денари. Овој износ Томашевски никогаш го нема платено на Славија – стои во дописот што ни го испратија приврзаниците на осудениот Ковачевски.

Понатаму, според нивните сознанија, на фирмата на Томашевски – ТП Данко е отворена стечајна постапка, што со други зборови значи дека овие побарувања на Славија од околу 1,7 милиони денари, без камата, имале влијание за отворање и текот на стечајната постапка. Доколу и го одбиеме или пребиеме неговото побарување за неисплатените плати, сепак долгот е многу поголем за закупнините. Сето ова ја доведува под сомневање објективноста на судијката Маркудовска поточно имлицира пристрасност. Дури и ако овој предмет и е доставен по случајен избор, самата требала или морала да побара изземање од случајот согласно ЗКП. Фактот дека прифатила да одлучува по овој предмет при постоење на овие околности, се претпоставува дека тоа го работи смислено, што е нечесно, пред се, за еден судија – коментираат приврзаниците на првоосудениот Кирил Ковачевски.

sudnica

На мојата забелешка евентуално да не станува збор за лице со исто име и презиме, Методија Ковачевски е дециден:

‘Маркудова живее со дотичниот Данило Томашевски во ист стан од 1997 година. Тврдам и имам сто сведоци. Барем станарите од зградата добро го знаат ова. За жал, овој овој битен податок не го знаевме до сега. А навистина цело време не можевме да сфатиме зошто Маркудова така тенденциозно го води случајот. И наеднаш ни се разјаснија сите моменти. Замислете, ова ни го дошепна еден од толпата што протестираше пред судот кога се изрекуваа казните. Од тој момент, па во наредните неколку дена, бевме шокирани дека ова го знаеле некои и во судот. Кога ѕирнавме во архивата на Славија, дојдовме до сознание не само дека е бивш вработен и е влезен во стечајното решение со побарувавања за плати, туку уште поинтересно имал земено објект под кирија од ‘Славија’, при што како потписник од ‘Славија’ кој му го дава дуќанот е еден од наводно оштетените односно го претставува здружението на бившите вработени кои си ги бараат правата’, вели Методија.

‘НАЕДНАШ НИ СЕ РАЗЈАСНИ’

Сега чекаат да ја добијат пресудата, па потоа во жалбата ќе биде наведен и овој момент кој фрла сомнеж во непристрасноста на судијата. Од друга страна, братот на доминатниот сопственик на ‘Славија’, Ковачевски, ја застапува тезата дека целиот случај е исконструиран со политичка заднина затоа што брат му одбил да даде дел од просторот на ‘Славија’ на српска ‘Делта’.

- Уште летото 2005 година кога директорот Мишковиќ од ‘Делта’ дојде во Скопје, премиерот Бучковски преговарал со него за магацините на Славија во Кисела Вода кои опфаќаат околу 16 000 м2, или иста кавдратура што потоа тој им ја продаде во Карпош кај хотелот Александар Палас, и тоа по околу 900 евра квадрат. Имавме сознанија дека магацините на Славија Бучковски ги пазарил за 30 милиони евра. Од каде знам? Па, госпоѓата што е подносител на кривичната пријава имала контакт со претставниците на ‘Делта’ и таа му реферираше за ваквиот договор на брат ми. Но, Кирил не се согласи да отуѓува имот на Славија, па ниту овој простор, Брат ми примаше и пораки ‘Славија’ да биде спонзор на СДСМ за изборите во 2006, но и ова го одби. И тогаш настана целата хајка и конструкција против Кирил – ја објаснува својата теза за улогата на Делта во случајот Славија, Методија Ковачевски.

Патем речено, Владата на Груевски го раскина договорот за земјиштето во Карпош што со ‘Делта’ го склучи Владата на Бучковски.

И тука некаде се присетив на разговорот со Стојан Андов минатото лето. Интервјуто беше посветено на лустрацијата, или со него Андов го најави овој проект. Говорејќи за тајната мрежа која ни ја ги креира стварноста, Андов ја наведе и незјината папочна врвца со Белград. Го спомена во тој контекст Методија Смиленски, па неочекувано тука го вметна и случајот ‘Славија’. Еве што ни изјави тогаш:

ДА Е ЖИВА И ЗДРАВА АМА…

‘Кај нас до ден денешен не е јасно како овој таен систем  фунционира, преку кои копчиња се контролираат судовите, медиумите, обвинителствата, полицијата. Во медиумите, на пример ќе сретнете вакви случаеви. Ако има било какво мало сомневање за некој, кој е неподобен за оваа структура за која зборуваме, било да е судија, финансиски стручњак, за него ќе изнајдат афери и веднаш се пишува за тоа. Никој потоа не настојува да ја ископа работата понатаму и да види од каде дошле тие информации, зошто дошле, која е нивната цел, дали тајната полиција стои зад таа работа. Еве, сега, слушам нешто се плете околу случајот ‘Славија’. Таму сакаат да ги отстранат сите судии, сите стручњаци кои дадоа отпор кон обидот ‘Славија’ да ја земе некоја тајна групација, која сака да ја продаде на некоја голема белградска куќа. Тоа е многу интересно. Полицијата ја води таа работа, медиумите го поддржуваат тоа’,  коментираше Андов пред 10 месеци.

Морам да признам дека никогаш не го потпрашав ‘чуму Славија’ или едноставно заглушувачкиот хор си ја одигра работата и ја создаде таквата посакувана перцепција. Всушност валканата приватизација на која бевме сите сведоци придонесува секоја вест за апсење на вакви махери да биде благопријатно доживеана. Секако, и сега не навлегуваме во суштината на спорот. Вообичаено секогаш осудените се сметаат за наместени. Адвокатот на Ковачевски, Александар Тортевски смета дека целиот процес е голем преседан (види рамка). Но нашиот акцент овој пат е на друго подрачје. На она што претходи на пресудата, на полициско-обвинителско-судскиот дел како последица на што се иззема цел еден суд, се дигна џева против неколкумина судии, за на крајот да се предаде на судија кој најмалку од етички причини не смеел да го прифати тоа.

Инаку, Вангелина Маркудова се јавува како судија и во случајот со уценувачите на скопскиот градоначалник Трифун Костовски, како и во еден од најконтроверзните таканаречениот ‘беспилотните летала’, кој Аплециониот суд го врати на повторно судење. Од неодамна таа е меѓу деветмината судии кои работат во одделението за организиран криминал.

На крајот, да се приклучиме на задоволните од осудителната пресуда – ‘да е жива и здрава, судијката’, ама не е здраво за судскиот и правниот систем доколку свесно се премолчани деталите за нејзината поврзаност со долговите на ‘Славија’.

Александар ТОРТЕВСКИ, адвокат на Ковачевски и Павловска

ОВА Е ОПАСЕН ПРЕСЕДАН!

Tortevski‘Во судскиот процес ‘Славија’ за мене е скандалозна тезата што ја застапуваше јавниот обвинител Марко Зврлевски, а со која издејствува осудителна пресуда на 6 односно 5 години затвор, за Ковачевски односно Павловска. Имено обвинителот тврдеше дека Кирил Ковачевски наредил да се изврши порамнување по непостоечки долг, а всушност тој долг е утврден со две правосилни пресуди. А на Павловска гревот и е што постапила по тие две правосилни пресуди, иако според Закон за судови, правосилните пресуди ги обврзуваат сите субјекти во државата. Ако сега оваа пресуда на Маркудова опстане, тоа ќе значи дека јавниот обвинител ќе може да ги поништува сите правосилни пресуди, без разлика на истечени рокови дури и за повторување на постапката, ќе може да бара да се притворат како странките така и судиите што ги донеле пресудите. Ова е многу опасен преседан со кој се урива целокупниот правен систем и правната сигурност во државата. Шокантно ми делуваше првичната информација за поврзаноста на Маркудова со ‘Славија’. Не ми е јасно зошто самата не побарала да се изземе од овој предмет. Но, овие нови сознанија ќе ги наведеме во жалбата до Апелациониот суд’, изјави за ‘Фокус’ во врска со овој случај Тортевски.


Даравелски се враќа дома, Груевски треба да се секира?

$
0
0

архиваТекстот е објавен на втори декември 2011-та година во неделникот „Фокус“ во бројот 857

И, додека екс-цариникот сега најверојатно живее во страв, во својот стан на улицата Крунска во центарот на Белград, очекувајќи го своето несакано доаѓање во татковината, во страв живеат и голем број високи партиски и државни функционери во земјава – дали тој ќе повлече со себе дел од високите структури, ако биде екстрадиран во Македонија?

Пишувала
Мери ЈОРДАНОВСКА

Потписот се стави – македонските криминалци кои се кријат во Србија ќе можат да бидат екстрадирани во земјава, за да ја отслужат казната затвор. Министрите за правда на Македонија и на Србија, Блерим Беџети и Снежана Маловиќ, со потпишаниот договор дадоа зелено светло за екстрадиција на Драган Даравелски, екс-директорот на Царинската Управа на Македонија, осуден во отсуство на 7 години затвор, за проневери од царината од 1,7 милиони евра.

И, додека ексцариникот сега најверојатно живее во страв, во својот стан на улицата Крунска во центарот на Белград, очекувајќи го своето несакано доаѓање во татковината, во страв живеат и голем број високи партиски и државни функционери во земјава – дали тој ќе повлече со себе дел од високите структури, ако биде екстрадиран во Македонија?

Одговорот на ова прашање е повеќе од очигледен, особено ако се земе предвид фактот, дека неговиот имот брои десетици фирми во Скопје и Куманово, кои тука работат со полна пареа, и, нормално, со нечија дозвола. Даравелски, според последните информации, наголемо работи на тоа да го скрие имотот префрлувајќи го на други имиња, па Агенцијата за управување со одземен имот нема многу време за да му влезе во трагата на цариникот, кој со помош на српскиот пасош успеа да ги избегне затворските решетки!

МРЕЖА ОД ЦАРИНИЦИ, СУДИИ, ПОЛИТИЧАРИ..!

Малку е да се каже дека Даравелски е само еден поранешен македонски цариник, кој без тендер набавувал возила по повисоки цени, а потоа им ги подарувал на фирми и незаконски доделувал спонзорства. Списокот е малку подолг, особено ако се земе предвид, кои се луѓето во опкружувањето на Даравелски.

Да почнеме од оние официјалните. Имено, уште една кривична пријава го чека Даравелски во Македонија, овој пат за многу повисока сума од оние 1,7 милиони проневерени од царината. МВР лани поднесе кривична пријава против него и уште против четири лица за нелегална приватизација и препродажба на „Бисерка“, за што постојат сомнежи дека се стекнале со имотна корист од милионски суми. „Бисерка“, која сега е во распад, отвори сомнеж за криминал од висок степен.

Според пријавата, Даравелски од 1999 до 2002 година, заедно со Звонко Јосевски, поранешен претседател на кумановскиот суд, незаконски го присвојува имотот на „Бисерка“. За да го заштитат овој имот од можна заплена од државата, тие покренуваат судска постапка во 2002 година, искористувајќи ја можноста, во текот на 1993 година преку игри на среќа организирани од „Бисерка“, наводно Јосевски да се стекне со добивка од над 3 милиони евра!

Овој износ Јосевски наводно го добил при играње игри на среќа на апарат во хотелот „Кристал“ во Куманово. Тој во 1993 година покренува судска постапка против „Бисерка“ за наводната добивка, но во 1998 година судот носи пресуда во корист на фирмата. Криминалните активности продолжиле и во наредната 1999 година, кога Даравелски веќе бил директор на Царина, а Јосевски бил назначен за претседател на Основниот суд Куманово.

За само три месеци, на 27 септември 2002 година, Основниот суд Скопје 2 носи правосилна и извршна пресуда во корист на Јосевски, со што „Бисерка“ е задолжена на име главен долг и камата да му плати износ од 3,7 милиони евра!!!

Така, имотот, на јавното надавање, во извршната постапка бил купен од Јосевски, за износ од 3,2 милиони евра. Средства не биле уплатени од негова страна, со оглед дека истиот имал судско извршно побарување во износ од 3,7 милиони евра. Во извршната постапка, целокупниот имот на „Бисерка“ бил проценет на износ од 3,6 милиони евра, многу помалку од пазарната вредност. На овој начин, на штета на акционерите на „Бисерка“, Јосевски се стекнал со движен и недвижен имот со пазарна вредност.

Подоцна постоел обид овој имот да му се продаде на Бајруш Сејдиу. Обидот бил неуспешен, но во рацете на тутунскиот бос се нашле други фирми, со кои претходно владеел Далаверски.

Истата година, во ноември 2002, поранешниот цариник го снемува од Македонија. Македонската полиција во 2003 распишува меѓународна потерница. После две години, се потврдува дека тој е во Србија. Уапсен е на 27 мај 2004 година, во стан во центарот на Белград.

Одреден му е екстрадиционен притвор, а барањето на македонското Министерство за правда за екстрадиција е одобрено. И до тука, сѐ тече по правилата.

Но, на 1 јули, Даравелски излегува од притвор, судот потврдува дека тој во меѓувреме добил српски пасош, а Србија не дозволува екстрадиција на нејзини државјани, доколку не постои договор за билатерална соработка меѓу двете држави, како оној што беше потпишан во вторникот.

Оттогаш, Даравелски е слободен граѓанин. И, како за крај, доволно е да се каже дека во 2002 година, премиер беше Љубчо Георгиевски, а министер за финансии Никола Груевски. Ако сега и го отворите Фејсбук профилот на сопругата на Даравелски, 18 години помладата Викторија Џимревска, првата фотографија што ќе ја забележите е плакатот од предизборната кампања на ВМРО-НП на Георгиевски – „Тука сме, да ја кренеме Македонија на нозе“. Очигледно, пријателството сѐ уште тлее.857 NASLOVNA copyОД ЕКСТРАДИЦИОНЕН ПРИТВОР – ВО БЕЛГРАДСКИОТ РАЈ

Драган Даравелски сега со македонски пари се луксузира во Белград. Барем тоа го правеше минатата година, кога А1 телевизија се обиде да го лоцира. Со два стана и раскошно модно студио за неговата сопруга во центарот на Белград, Даравелски несомнено е еден од најбогатите граѓани. Тој живее на улицата Крунска, на само неколку метри од три амбасади и од седиштето на Демократската партија. Екипата на А1 влезе во зградата и пред вратата на станот која беше обезбедена со камера, но, девојката што отвори, не беше расположена за разговор. На името на Даравелски се води уште еден стан, на улицата Краљ Милан, кој се наоѓа спроти претседателската резиденција. Таму е веќе осум години. Безбеден беше додека не ја напушти Србија. Сега, со потпишувањето на билатералниот договор меѓу двете земји, повеќе не е. Кога А1 го објави имотот на Даравелски, во јавноста излезе неговиот татко Томе Стојановски. Тој праша – дали Груевски знаеше за наводниот криминал на мојот син?

- Кога Даравелски беше директор на Царинската управа, Груевски беше министер за финансии, а управата беше во состав на Министерството за финансии. И сега јас барам тој да ми помогне, бидејќи сигурно знае што се случувало и дали навистина имало криминал. Но, ниту тој, ниту пак министерот за правда Маневски, не сакаат да ме примат – изјави таткото на Даравелски минатата година.

Тогаш беше спроведена и судската одлука против Даравелски. Нему му  беа конфискувани три куќи во Куманово и еден плац во Скопје во вредност од 2 милиони евра. Но, последните информации говорат дека ќе се чепне и по неговиот имот во Србија. Се разбира, ако нема некој во Србија и во Македонија што сѐ уште го штити поранешниот цариник.

СКЕПТИЧНИ ЕКСПЕРТИ

Србија се смета за една од државите кои во последниве години станаа прибежиште за македонските осуденици за криминал. Оттаму е и недовербата на експертите, дали и покрај договорот за екстрадиција меѓу Македонија и Србија, мисијата успешно би била завршена. Имено, секој што успеал по кратка постапка да добие пасош и да ја избегне правдата во друга држава, очигледно има дебел грб што го штити.

- Јас лично имам резерва дека екстрадицијата ќе биде успешна во регионов. Во случајов, спогодба има, но ништо понатаму не се случува, па пораката до јавноста не е добра. Јавноста треба да има доверба во институциите, правото, и гаранција дека меѓународните договори навистина ќе се применуваат. Екстрадицијата е навистина проблем во цел регион и ќе биде проблематична, имајќи го предвид заедничкото минато на политичките и криминалните структури во целиот Балкан – вели Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнл“.

Со сличен став е и политичкиот аналитичар Осман Кадриу.

- Откако ја сменивме регулативата, следен чекор беа договорите за соработка за екстрадиција. Тоа се случи, но екстрадиција, како што велите – нема. Ако е постигната спогодбата, значи останува само нејзината реализација. Проблем е ако нашите акти и барања за екстрадиција не се спроведуваат. Доколку е така, доколку тие се процесуирани во Србија, тогаш проблемот треба да се издигне на поголемо ниво, се знае како одат тие работи. Нашето министерство за правда треба да контактира со нивното министерство, истото важи и за нашата полиција, Владата и Министерството за надворешни работи. Се знае што се прави ако барања има, а екстрадиција нема. Во оваа фаза не треба да се меша политиката. Значи, не треба да има никаква политика, туку да се спроведува правото и обврските од спогодбата – вели тој.

До затворањето на „Фокус“, од Министерството за правда не добивме конкретен одговор, дали и кога Даравелски ќе биде испорачан во Македонија, нешто што ќе ја отвори Пандорината кутија за сомнежи за криминал од милиони евра. Потврда даде единствено Томислав Ѓурин, српскиот амбасадор во земјава, кој во интервју за „Капитал“ изјави:

- Има неколку познати македонски криминалци кај нас, не е само Даравелски, и сите многу брзо ќе се испорачаат. Наскоро треба да се потпише и спогодба за заеднички налог за апсење. Bидете сигурни дека секој криминалец кого Македонија ќе го побара, ќе биде испорачан. Нам ни се поважни меѓудржавните односи, отколку поединци. Особено ако се работи за криминалци. Имаме голема доверба во македонското судство, и, секако, очекуваме и реципроцитет.

Eден од оние што најмногу сакаат да го видат Даравелски во затвор е новинарот Зоран Божиновски. Во 2002 година тој беше претепан од четири лица кои влегоа среде емисија во радиото „Тумба“. Во еден од напаѓачите, Божиновски го препозна Горан Трајковски – Тајто.

- На 22 јули 2009 во присуство на двајца сведоци се сретнав со Тајто и тој ми кажа дека нарачката била од ДПМНЕ и од Даравелски. Штом го слушнав тоа, заминав за Србија и не мрдам оттука додека не го видам Даравелски во затвор во Македонија. Но, ако тој биде екстрадиран, ќе падне и српската и македонската влада. Цела пирамидална конструкција ќе се сруши – вели Божиновски, кој со години го истражува имотот и зделките на поранешниот директор на Царината.

Дали клопчето ќе се одмота, со оглед на тоа што првите луѓе на Даравелски сеуште работат во Македонија, дел сеуште се во Царината, а дел на високи политички позиции, останува на политичката волја од двете држави!

Тамбурковски, Чочоровска, Смиленски…
НЕ СЕКОЈ ДВОЕН ПАСОШ НОСИ СЛОБОДА

Поранешниот стечаен управник Владимир Тамбурковски, кој има бугарско државјанство, предава на факултет, никогаш не одговараше за злоупотребите и спорните приватизации во Македонија. Така, најпопуларното алиби во судските случаи се вика „двојно државјанство“. Не случајно осудената за шверц на кокаин Станислава Чочоровска инсистираше на добивање српско државјанство, а тоа брзопотезно го стокми и најголемиот прогонуван банкар Методи Смиленски, кој имаше австриско државјанство. Сепак, ова не го спаси бизнисменот Смиленски од екстрадираwe во Македонија, kade ја отслужува затворската казна за неколку кривични дела поврзани со пропаста на голем број македонски фабрики и фирми!

Целиот Балкан се мрда
ЧЕКАМЕ ЕКСТРАДИЦИЈА НА 73 ЛИЦА

Македонија до средината на годинава имала над 300 активни меѓународни потерници за македонски државјани кои успеале да ги избегнат затворските решетки или сомнежите за криминал. Од целиот Балкан, Македонија бара екстрадиција на 73 лица, говорат податоците на МВР.

Лани, договори за екстрадиција потпишаа Црна Гора и Србија, и оттогаш разменија 25 осомничени или осудени.  Во август минатата година, хрватскиот државјанин Среќко Калиниќ стана првото лице што беше екстрадирано од Загреб во Белград, според условите на билатералниот договор за екстрадиција. Калиниќ беше осуден на 40 години затвор за вмешаност во заговор за убиство на Зоран Ѓинѓиќ, поранешниот српски премиер.

Косово има потпишано договор за екстрадиција само со Македонија и заедно со Босна останува прибежиште за бегалците кои ја избегнуваат правдата во регионот, пишува „Балкан инсајт“.

Фијат Цаноски: После затворањето на А1, ми кажаа дека јас сум на ред

$
0
0

архиваТекстот е објавен на 12- ти август 2011-та година во неделникот „Фокус“ во бројот 841

Ме рушат без причина, без да се разгледаат нашите жалби, без да се почитува процедурата. Сакаат да ме оцрнат, да ме прогласат за криминалец. И аванс му дадов на градоначалникот пред да ми ја дадат дозволата за градба. Ми побара, оти му требале за плати да им даде на вработените. А сега, кога се сретнав со него, ми вели – Тргни ги телефоните на страна, ме снимаат, не е до мене, жали се на истото место од каде што ти беше одземена дозволата првиот пат, на повисоко ниво!

Разговарала
Славица ДУЉАНОВА

Прашање на време беше кога власта ќе се закачи за Фијат Цаноски. Фокус пред неколку броја пишуваше за Цаноски, дека откако ќе му откаже љубов на Никола Груевски, по осуммесечно тресење од инспекциите, на крајот ќе добие црно на бело од Управата за јавни приходи оти работи регуларно.

Е сега, си најдоа нова закачка – Цаноски не гради по пропис, човекот ги има сите атрибути за да биде криминалец – богат е, не е со власта, сват е на Велија Рамковски (најголемиот непријател на Груевски, кој заврши зад решетки) и коалициски партнер е на Бранко Црвенковски.

Целата работа со рушењето на станбено- деловниот објект “Космос”, кој, ако се сеќавате, се рекламираше на А1 телевизија, изгледа многу провидно. Од авион се гледа дека целта е да се предизвика штета. Во време кога се донесе Закон за легализација на дивоградбите, власта решила да руши толкав објект!?

Дури и да констатирале некакви отстапки од планот, зошто не му дозволија на Цаноски да направи промени на планот, кога законот му го дозволува тоа? Тој ни покажа и документи, со кои го поткрепува своето тврдење дека му е нанесена неправда. Побарано било мислење и од Архитектонскиот факултет – двајца професори тврдат дека оштетениот е во право.

На крајот, народот ќе го изеде подебелиот стап. До кога ние ќе плаќаме за нечии хирови?

Ваков случај беше и рушењето на станбениот комплекс во Бардовци, за време на владата на Љубчо Георгиевски. На крајот, оштетениот тужеше и доби во Стразбур. И, кој плати за лудоста на тогашната власт? Ние, граѓаните. Фокус стапи во контакт со Сашо Дуковски, директорот на Државниот инспекторат за урбанизам, кој како и во претходните изјави за медиумите рече дека била запазена роцедурата и било работено според законот.

Го побаравме и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, но не успеавме да го добиеме, па останува неговата изјава дадена за медиумите, дека проектот на Цаноски бил промашен. Секако, разговаравме и со оштетениот Фијат Цаноски.

МИ КАЖАА ДЕКА ЈАС СУМ НА РЕД

ФОКУС Неодамна нашиот неделник пишуваше за Вас, дека откако ја сменивте страната, станавте трн во очите на луѓето од власта. Зошто го рушат станбено-деловниот комплекс “Космос”? Имаше ли можеби некаква понуда од власта, која Вие ја одбивте, па ги налутивте?

ЦАНОСКИ Немаше никаква понуда од власта, ниту имав некакви средби за понуди, ниту пак би прифатил такви понуди. Рековме дека како партија само со ВМРО-ДПМНЕ нема да коалицираме. Имавме можност да направиме коалиција со ДУИ, но на крај се одлучивме за социјалдемократите. И по изборите остануваме во опозиција и не прифаќаме смена на страната за било каква понуда. И така и ќе биде до крај.

ФОКУС Немавте никаков контакт со Груевски или со некој претставник од власта?

ЦАНОСКИ Никаков, само му пратив порака на Груевски кога ги добив решенијата за рушење.

ФОКУС Што му напишавте?

ЦАНОСКИ Му напишав дека рушењето на “Космос” не е легално и дека треба да си го гледа законот. Барав да им укаже на институциите да престанат да работат незаконски. Но, од таму не добив одговор.velija fijat todorovik

ФОКУС Изјавувавте дека Ви се заканувале. Кој Ви се закануваше, некој од општината или од извршната власт?

ЦАНОСКИ Заканите беа очигледни уште во јануари годинава, кога незаконски ми ја одзедоа правосилната дозвола за градба. Два месеца, до март. Потоа, по мојата жалба до второстепената комисија, дозволата ми ја вратија. Му било кажано на градоначалникот дозволата да ја прогласи за ништавна, и тој постапил како што му било кажано, што не е законски!

ФОКУС Кој му кажал на градоначалникот дозволата да се прогласи за ништовна?

ЦАНОСКИ Не можам да кажам кој е тој, но сигурно се тие што се над него, како Државниот инспекторат за урбанизам и Министерството за транспорт и врски. Доколку не слуша, ќе му ги одземат ингеренциите, па мора да слуша човекот што ќе му кажат. Инаку, во ниту еден случај градоначалникот нема интерес мене да ме руши, оти зема пари од мене, мислам на пари за комуналии.

Сум слушнал дека јас сум следен на ред, особено по ова што се случи на А1 телевизија, дека ќе ми бараат влакно во јајцето и дека мора да ми нанесат штета. Иако парите што сум ги заработил во странство сакав тука да ги инвестирам. Но, јас не верував дека ќе одат до таму!

МОЈАТА ГЛАВА Е СКАПА, ТЕШКО ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ

ФОКУС Мислите дека сакаат да Ви направат само финансиска штета или ја сакаат и Вашата “глава”?

ЦАНОСКИ Мојата глава е скапа, тешко ќе ја добијат, затоа што јас пред се сум чесен граѓанин, направени ми се сите потребни контроли, но не ми најдоа ништо. И за потеклото на имотот и за сите фирми што ми ги проверуваа. Не сум дете да си играм со овие работи. Особено по случувањата со А1 телевизија и по моите семејни врски со Велија, посебно внимавав се да биде регуларно, да нема никаков пропуст.

ФОКУС Кое беше образложението за рушењето? Дали навистина во приземјето имате отстапување од 1,43 метри?

ЦАНОСКИ Во Протоколот за вовед во градбата од општината Гази Баба, издаден на 03.12.2010 година, покрај маркицата, напишани се и хоризонталните коти, но не и вертикалните. Ние не ги знаеме вистинските коти, затоа што и општината не ги знае.

Нема изработено изведбен проект за улиците, ова не е населено место. Ако има фактички изведена улица, тогаш може да ни се каже – од оваа кота може да биде нивелацијата нула. Таа страна од каде што е земена висината, ние немаме ниту влез ниту пешачки премин.

Во нашиот случај, а така е и по законот, меревме од страната на лицето на зградата, поточно од средниот влез, дури може и од котата на тротоарот од постоечката улица. Ние со висината на приземјето сме нула. Нашите коти беа реални. Теренот потоа паѓа за два и пол метра, кон непостоечката улица и тие мерат од таму, а тоа не е правилно. Инспекторката дошла со едно метро и три колчиња и мерела одоздола и рекла – високи сте.

ФОКУС Подигнавте пет ката, имаше ли порано некакво предупредување дека сте згрешиле со котите за да се спречела штетата на време? Ве контролираше ли некој додека градевте?

ЦАНОСКИ Пет дена пред изборите, на 30.05 2011 година и на 31.05 2011 година, како што стои во записникот, кој го добивме по два месеца, дошла инспекторката и констатирала отстапување од 1,43 метри. Ниту не информирала, ниту стапила во контакт со нас. Замислете, по два месеца истата инспекторка повторно доаѓа, на 15. 07, но сега со записник во кој е напишано и нејзиното доаѓање пред изборите.Fijat canoskiФОКУС Првиот пат, кога дошла на 31 мај, инспекторката не ви дала записник?

ЦАНОСКИ Не, ние записник не добивме. Зошто инспекторката, ако констатирала неправилности, не ни дала записник? Тогаш можеше да ни каже да го стопираме проектот, за да ги отстраниме неправилностите, ако ги има. Штетата ќе беше помала. И сликите на записникот се од пред два месеца. Таа ни дава записник на 15.07. кога се изградени уште пет ката. Самата инспекторка го крши законот.

Дошла после работно време, кога нема никој, и записникот им го читала на луѓе кои ги затекнала на објектот, наместо да го побара инвеститорот. Истиот ден прави решение за затворање на градилиште и решение за рушење на објектот во рок од 5 дена, двете со ист архивски број. Овие документи биле подготвени однапред и само ни ги фрлила, а ние службено не ги добивме.

Дури, од брзање. кое најверојатно било по нечија наредба, во записникот ги измешала инвеститорот и изведувачот. Напишавме жалба. Побаравме да ни дадат решение за стопирање, за да може да го преправиме проектот и да видиме кој е проблемот, или ако треба да го легализираме објектот. Тие веднаш донесоа заклучок за дозвола за извршување. Во рок од три дена – ве рушиме. Немавме можност за жалба. Сето ова е незаконски!

ФОКУС Во некои од медиумите пишуваше дека сте побарале измена на планот за градба?

ЦАНОСКИ Поднесовме барање дека ќе се откажеме од приземјето, кое го преименувавме во гаража. И со тоа по нивните мерки сме пониски од предвиденото На тоа барање, ми одговорија да направиме проект во рок од 8 дена. Ние веднаш, во рок од 5 дена, донесовме промена на проектот, каде едниот спрат го нема. Дури не ја побаравме ни разликата од 250.000 евра за комуналии.

Нѐ срушија без да се разгледа проектот – ние го даваме во петок, тие во понеделникот нѐ рушат, без да се разгледа проектот, без да се разгледаат нашите жалби, без да знаеме дали навистина постои таа висина. Веднаш побаравме стручно мислење од Архитектонскиот факултет, во кое се објаснува како се формира висината кога нема улици. И двете мислења потврдуваат дека ние сме во право!

ТРГНИ ГИ ТЕЛЕФОНИТЕ, МЕ СНИМААТ!

ФОКУС Градоначалникот се жали оти не сте му ги платиле ратите за комуналии, вистина ли е ваквото тврдење?

ЦАНОСКИ Ние направивме договор за плаќање на 24 рати со градот и со општината Гази Баба. И ниту една рата да не платев, тие имаат 11,5 милиони евра хипотека, гаранција. Тие немаат што да кажат, па сега, не сум платил комуналии, за да ме оцрнат. Немам платено само за месеците кога ми ја одзедоа дозволата и сега последната рата. Зошто плаќаме комуналии, за тие во општината да земаат плати?!

Со тие пари треба да донесат струја, вода, инфраструктура, ниту експропријација на земјиштето, за улиците да ги пробијат, немаат направено. Ништо немаат направено, а бараат пари!? Тие ми зедоа земја за улици и не ми платија. И аванс му дадов на градоначалникот пред да ми ја дадат дозволата за градба, ми побара оти му требале за плати да им даде на вработените. На крајот, да не излезе по судовите дека инспекторката била непресметлива… Државата ќе мора да ми ја плати штетата!

ФОКУС Што мислите, зошто не Ви дозволија да го легализирате објектот, доколку бил нелегален? Пречите ли некому, можеби на конкуренцијата?

ЦАНОСКИ Да, на градежни фирми блиски до власта. Ги спуштив цените на градба во Скопје. Со 600 евра по квадрат и пак да имам заработка, земјата е моја. Фирми блиски до власта градат и не можат да ги продадат становите.

ФОКУС Јас, колку што помнам, Премиерот се залага за поефтини станови?

ЦАНОСКИ Да, но можеби не сака Торбеш да ги гради!

ФОКУС Колку станови продадовте?

ЦАНОСКИ За 50 стана е платена само одредена сума.

ФОКУС Побаравте ли средба со градоначалникот? Бевте ли во општината да разберете што се случува?

ЦАНОСКИ Се сретнав со градоначалникот, а тој ми кажа тргни ги телефоните на страна, ме снимаат, не е до мене, жали се на истото место од каде што ти беше одземена дозволата првиот пат, на повисоко ниво.

ФОКУС По ова, му пишавте на Премиерот?

ЦАНОСКИ Да. Знам што е целата работа, да ме оцрнат и да ме направат криминалец.

ФОКУС Кој Ви е партнер во изградбата на “Космос”?

ЦАНОСКИ Немам партнер. Требаше некои странски компании за изведување да влезат, но не и во инвестицијата, но не влегоа. Сопственик на фирмата “Фине”, сум јас со 99 отсто и 1 отсто има мојата сопруга.

ФОКУС И сега, што планирате понатаму ?

ЦАНОСКИ Чекаме одговор на жалбите, па ќе видиме!

Градоначалникот Коневски ќе гради „Јура“ парк во Лисиче!?

$
0
0

arhivaТекстот е објавен на седми август 2015-та година во неделникот „Фокус“ во бројот 1035

Аеродром е најбогатата општина во земјава со буџет од приближно 22 милиони евра. Според официјалните информации, во последните неколку години, во оваа скопска општина се изградени девет луксузни паркови со езерца, водопади и гејзери на површина од околу 100.000 квадратни метри.

Општината, само за нивната изградба, за партерно одржување и за одржување на фонтаните потрошила повеќе од 7 милиони евра народни пари. Во програмата за оваа година, планирана е изградба на уште еден нов парк на потегот Горно – Долно Лисиче. Според нашите информации, паркот треба да биде на површина од девет хектари и ќе се вика „Рајска градина“, а во него ќе бидат сместени разни видови животни – срни, фазани, мајмуни… Новоизградениот парк би чинел околу 260 илјади евра, а за идејното решение досега се дадени близу 114 илјади евра

Пишувала
Ирена МУЛАЧКА

Градоначалникот на италијанскиот град Авецано, Џовани ди Панеграцио, во последните две години изградил четири детски градинки, две средни и две основни училишта, а обновил и повеќе улички и тротоари со дупки, кои биле опасни за сообраќајот во градот. За време на економската криза што ја зафати цела Европа, првиот човек на општината и членовите на градската администрација нашле невообичен и креативен начин како да ги намалат трошоците. Тие требало да ги варосуваат канцелариите каде што работеле, па наместо да трошат буџетски пари, Панеграцио и неговите колеги сами собирале по 470 евра од човек за материјали за варосување, а на тој начин успеале да заштедат дури 10.000 евра.parkovi i crkvi vo aerodrom (2)За разлика од него, со ваков пример на штедливост, скромност и грижа за граѓаните не можат да се пофалат македонските градоначалници. Во секоја програма на ВМРО-ДПМНЕ пред изборните циклуси може да се прочита за изградба на нови детски градинки, училишта, патишта, болници, но на крајот сликата ја расипуваат мегаломанските проекти на луксузни паркови со езера, фонтани и водопади, катни гаражи и споменици од загинатите македонски револуционери, за кои, според опозицијата, се трошат милиони евра и служат за класично перење пари.

По своето трошење на луксуз најмногу позната е Општина Аеродром, каде што на секој чекор може да се забележат паркови со вештачки езерца, фонтани, водопади и гејзери. Досега општината не почувствувала потреба да даде отчет колку вкупно пари се потрошени во последните неколку години за изградба на овие паркови, колку детски градинки и училишта се изградени во Аеродром, колку споменици никнале во населбата и колку пари се потрошени за интензивната медиумска кампања. Сепак, факт е дека се потрошени многу милиони евра народни пари, а граѓаните мора да знаат како и за што.

Доволно е само да потсетиме на интервјуто за „Фокус“ во 2008 година на поранешниот градоначалник на Аеродром, Кирил Тодоровски, кој беше осуден на казна затвор од три години за наводно примање поткуп од 100.000 евра. Тој ги објаснуваше сите притисоци и проблеми со кои се соочувал од државниот врв, па во една пригода спомена дека Аеродром ќе биде златна кокошка за тој што ќе дојде на негово место. Оттука и почнува приказната.parkovi i crkvi vo aerodrom (8)НЕКОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА САМО ЗА ЛУКСУЗНИ ПАРКОВИ

Аеродром е најбогатата општина во земјава со буџет од приближно 22 милиони евра и со околу 100 илјади жители, при што на секој од нив од градскиот и општинскиот буџет му следуваат 500 евра по жител. Веќе шест години на градоначалничкото столче во Општината седи Ивица Коневски, градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој на локалните избори во 2013 година го доби вториот мандат да управува со општината.

Уште на самиот влез во Аеродром, посетителот го пречекуваат луксузните паркови со фонтани и езера, кои оддаваат впечаток на богата општина. Според официјалните информации, во последните неколку години во оваа скопска општина се изградени девет луксузни паркови на површина од околу 100.000 квадратни метри.

„Фокус“ располага со документите во кои се наведува точната сума пари кои се потрошени за изградба на овие паркови – износот на јавните набавки, дополнителните анекс-договори, како и потрошените средства за спомениците, кои, освен во централното градско подрачје, можат да се забележат и во Општина Аеродром.

Но, да почнеме со ред. Пред четири години, во јуни 2011 година спектакуларно беше пуштен во употреба паркот „Јане Сандански“, кој се наоѓа на самиот булевар, а за него од општинскиот буџет се одделени дури 450.000 евра. Тој се простира на површина од 4.000 квадратни метри и содржи пешачки патеки, три езерца, фонтани и водопад, а таму е лоцирана и црквата „Св. Никола“. Исто така, во централниот дел на паркот поставен е и споменикот на македонскиот револуционер Јане Сандански, кој чини 250 илјади евра. Споменикот е висок пет метри, излеан е во бронза во српската леарница „Јеремиќ“. Идејното решение е на авторот Гоце Давидов, чиј хонорар изнесува 17.904 евра.

Недалеку од овој парк, само една година подоцна беше пуштен во употреба паркот со импровизирана писта и авион, два шанка, пешачки патеки и детско игралиште во близина на мостот Близнаци. За него Општината потрошила вртоглави 600.000 евра. Но, тоа не е сѐ. Паркот располага со два шанка кои чинат близу 108 илјади евра, а кои се дадени на користење под концесија. Според документите со кои располагаме, само за овие два парка за партерно уредување се потрошени вртоглави 2,1 милиони евра.

Но, тука не застанува изградбата на луксузните паркови. Истата година, во јуни, градоначалникот Коневски и првиот човек на Град Скопје, Коце Трајановски, официјално го отвораат Паркот на езерата, кој се простира на површина од 12 илјади квадратни метри, од кои само две илјади се водна површина. Паркот располага со четири езерца, водопади и гејзери, а за него општинскиот буџет е покус за околу 1 милион евра. Само три години подоцна, на 200 метри оддалеченост од Паркот на езерата, лоциран спроти „Мајчин дом“ никна нов парк кој пред две недели лично во употреба го пушти премиерот Груевски. Тој се простира на површина од 3.000 квадратни метри и има пешачки патеки, водни површини, езеро со фонтани и водопади, река и детско игралиште. Само за него општината потрошила рекордни 650 илјади евра, а двапати помалку чини паркот со малите црквички кај трговскиот центар „Скопјанка“ – околу 350.000 евра.parkovi i crkvi vo aerodrom (5)Тоа се само дел од изградените паркови во општината, а во програмата за оваа година, планирана е изградба на уште еден нов парк на потегот Горно – Долно Лисиче. Според нашите информации, паркот треба да биде на површина од девет хектари и ќе се вика „Рајска градина“, а во него ќе бидат сместени разни видови животни – срни, фазани, мајмуни. Новоизградениот парк би чинел околу 260 илјади евра, а за идејното решение досега се дадени близу 114 илјади евра. Според опозицијата, само за последната година Општината потрошила околу 1 милион евра за изградба на паркови.

Ивица Коневски во текот на сите овие години единствено што има направено за Аеродром се паркови, како што тој сака да ги нарече. Но, тоа не се паркови, а пример за тоа е новиот парк кај „Мајчин дом“. Тој пред да се изгради беше парк бидејќи имаше тревен простор, кој само требаше да се уреди, а денес е само широк простор со бетон и фонтана, каде што нема 1 отсто зеленило – вели Марко Даниловски, советник од СДСМ.

Тој додава дека сите пари што досега се потрошени за паркови и фонтани, можеле да се искористат за проекти, кои ќе им бидат од корист на граѓаните.

Со парите што се дадени за паркови, Коневски можеше да изгради градинка, културен центар, да ги реновира улиците, нови паркинзи, да им ги намали трошоците на родителите во училиштата и општината, да го плаќа обезбедувањето, како и сите оние смешни трошоци што ги имаат родителите за завеси, врати во училиштата, стипендии за талентираните ученици спортисти. Сите овие проекти ние со амандмани сме ги барале, а тој ги има ветено уште во програмата во 2009 година и сѐ уште ги нема исполнето – тврди Даниловски.parkovi i crkvi vo aerodrom 04РЕКОРДНИ 150 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ОДРЖУВАЊЕ САМО НА ФОНТАНИТЕ

Досега во јавноста официјално излегоа податоци за тоа колку отприлика чинат дел од луксузните паркови во Општина Аеродром, но како змија нозе се кријат податоците за тоа колку чини одржувањето на фонтаните во тие паркови. Според документите со кои располага „Фокус“, во најбогатата скопска општина во последните неколку години се изградени повеќе од 20 фонтани, а само за нивно одржување (чистење) од општинскиот буџет се трошат рекордни 150 илјади евра.

Шесте фонтани на влезот на Аеродром чинат 500 илјади евра.

Само трошоците за одржување на фонтаните се огромни, а тие пари можат да се вложат во изградба на детски градинки и училишта. Ние не сме против зеленило, но не и постојано да се градат паркови, фонтани и споменици. Милиони евра се трошат само за тоа – вели Љубица Јанчева, координатор на советничката група на СДСМ.

Од друга страна, во интервју за медиумите, градоначалникот на Аеродром вели дека парите што се трошат за изградба на фонтани не се многу и дека на тој начин се подобрувал имиџот на општината.

Освен тоа, точно пред една година, официјално во употреба беше пуштен новиот спортски комплекс, кој се наоѓа на местото на старата сала на кошаркарскиот клуб МЗТ. Изграден е по европски терк со модерен дизајн, со капацитет за повеќе од шест илјади посетители. parkovi i crkvi vo aerodrom 05Инвестицијата е на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, а изнесува 15 милиони и 200 илјади евра. Проектот е изграден преку јавно приватно партнерство, меѓу Општина Аеродром и рускиот инвеститор, за кој биле ангажирани 1.600 работници од странски и од домашни компании. Спортскиот центар е изграден за година и пол, а веднаш до него се наоѓа и хотелот „Русија“, кој располага со 61 соба и 94 легла. Во Аеродром се гради и црквата „Св. Троица“ под ктиторство на рускиот бизнисмен Самсоненко, а чиј камен-темелник е удрен во јуни лани. Во дел од медиумите излегоа информации дека инвестицијата доаѓа од даночниот рај Белизе, како и некои други инвестиции во медиумските портали, блиски до луѓе од ВМРО-ДПМНЕ.

Аеродром е една од побогатите општини во која сакаат да вложуваат и јавните личности. Меѓу нив е и поранешниот кошаркар и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Петар Наумовски, кој веднаш до спортскиот центар во 2010 година купи две парцели за изградба на Аква-парк и спортски терени. Од тогаш поминаа цели пет години, но од проектите на Наумовски сѐ уште нема ништо. Пред само една година, последно што излезе во медиумите е дека екскошаркарот барал странски инвеститор да го гради Аква-паркот. Не успеавме да дојдеме до информации, до каде е целата процедура, дали странец ќе гради на тоа место и дали воопшто ќе се реализираат замислените проекти.

„Фокус“ испрати неколку прашања и до Општина Аеродром, колку вкупно пари чини изградбата на луксузните паркови и зошто на приоритетна листа на градење се паркови, фонтани и споменици, а не детски градинки и училишта? Еве што ни одговорија од општината:

Општина Аеродром минатата година на нејзината територија изгради една детска градинка и едно основно училиште. Исто така, во рамки на ООУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче е отворен Центар за ран детски развој, за социјализација на дечињата од тој реон, а оваа година се планира да се отпочне со изградба и на градинка во Горно Лисиче.

Воедно, Општина Аеродром наредната година планира да изврши проширување на оние градинки на нејзината територија каде што има најголема потреба – се наведува во одговорот.parkovi i crkvi vo aerodrom 06КОНЕВСКИ, МИЛЕНИК НА ГРУЕВСКИ И НА МИЈАЛКОВ

Кој е првиот човек, кој веќе шест години управува со најбогатата Општина во земјава? Ивица Коневски има 35 години, но својата политичка кариера ја почнал седум години порано, уште на 28-годишна возраст како советник во Град Скопје, што може да се смета и како негово прво политичко искуство. Мора да се напомене дека од 2006 година наваму, Коневски, како кадар на владејачката партија експресно напредува во својата кариера и досега има вршено неколку функции. Бил назначен за генерален директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Македонија. Освен тоа, бил и претседател на бордот директори на ГТЦ – Скопје. Додека бил директор на ЈПССДП, покренал иницијатива за обнова на градскиот стадион „Филип Втори“ и изградба на северната трибина, а бил одговорен и за проектот на изградба на нови станови за млади брачни двојки.

На локалните избори во 2009 година, Коневски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја освоил градоначалничката функција уште во првиот изборен круг, победувајќи го опозицискиот кандидат Тихомир Илиевски, додека четири години подоцна во 2013 година, тој успева да го победи својот противкандидат Диме Велковски. Тогаш ДПМНЕ освои 13 советнички места, додека опозицискиот СДСМ само седум места, со што владејачката партија однесе убедлива победа на изборите.

Тој се смета и за еден од омилените градоначалници на премиерот Груевски, особено зашто се смета за многу близок до неговиот братучед Сашо Мијалков. На последните локални избори кружеа муабети дека благодарение на неговата блискост со државниот врв, Коневски може да стане градоначалник на Скопје. Откако во јавноста почнаа да се вртат ваквите приказни, тој во интервју за медиумите ги демантираше, рече дека немал такви амбиции и едноставно ја пофали работата на Трајановски.

Исто така, честопати се тврди дека откако станал прв човек на општината, дел од неговите роднини се вработиле на добри работни позиции во администрацијата. Во тој период, виш управен судија стана и Загорка Тнковска, мајка на неговата сопруга.

Ние барем нешто градиме“. Ова е главното оправдување на „вмровците“ при нападот од опозиционерите и дел од граѓаните што ги обвинуваат дека во последните девет години изградиле куп барокни згради, споменици, катни гаражи и луксузни паркови со фонтани, наместо тие милиони евра да се потрошеле за изградба на болници, училишта и на детски градинки.parkovi i crkvi vo aerodrom 07

ВО АЕРОДРОМ, ЦРКВА НА СЕКОЈ ЧЕКОР

Општина Аеродром е единствената во државава каде што се изградени повеќе верски објекти, три големи цркви и четири параклиси. Речиси на секој чекор може да се забележат веќе изградени цркви или удрени камен-темелници за изградба на нови. Повеќето од нив се донации, а според информациите, општината не троши буџетски пари за изградба на овие објекти.

Општината само одлучува за маркичката каде ќе биде поставена црквата, МПЦ дава зелено светло, а не се почнува со нејзина изградба сѐ додека не се обезбедат пари или не се најде ктитор. Во последниве години се изградени многу цркви во оваа општина. Во Долно Лисиче е изградена црквата „Свети Петар“, а во Горно Лисиче „Свети Петар и Павле“. Пред неколку години е изградена и црквата „Свети Илија“ спроти поликлиниката „Јане Сандански“ во Аеродром. Во изградба се црквата кај спортската сала „Јане Сандански“, потоа уште една кај Реонски центар кај дирекцијата на „Скопски пазар“ и сега „Света Троица“ во Мичурин.

ВМРОВСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ГО ПРАВАТ ОПШТИНСКИОТ ВЕСНИК

Општинскиот весник во Аеродром почна да излегува во јуни 2006 година, како двомесечник. Во него се објавуваат сите активности што ги прави локалната власт на чело со градоначалникот Коневски. Во импресумот во весникот може да се забележи дека уредувачкиот тим го сочинуваат дел од советниците од Општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како Синиша Стојановски и Мелина Голубовска.

Денес се семоќни, а утре можеби ќе молат амнестија од Ѓорги Иванов!?

$
0
0

arhivaДел од текстот кој е објавен на трети јули 2009-та година во неделникот„Фокус“ во бројот 731

Корупцијата навистина одамна се роди, ама во континуитет и се препородува. И до сега се шушкаше кој од фамилијата е надлежен за струјата, кој ги држи градежните работи… Но, кога мислат дека само небото е лимит, кога меѓународните структури ќе добијат доволно „црно на бело“ за патот на парите, тогаш веќе може да се каже дека стасале до почетокот на крајот!

Пишувала
Јадранка КОСТОВА

 

Тендерите, сомнителните набавки, провизиите на оваа власт ќе бидат само уште една тема за чешање јазици. По правило, дури после нивниот пад, ќе се отворат случаи.

Ако Војо и Ламбе беа најпознатите скалпови со кои се перчеа Бранко, Хари и Бучко во битката против корупцијата (демек, еден директор на Фонд за здравство и еден директор на ЕСМ), тогаш Груевски ептен ги дигна стандардите ем нивото.

Со обвинение и пресуди со казни затвор од претходната влада, денес се еден премиер, Бучковски, директор на УЈП, Петра Митева, и панданот на Ламбе – Панде Лазаров.

Она што единствено ме скокотка како непознаница, е прашањето: кој од сегашните преродбеници ќе биде во денешната кожа на Бучко, кој ќе биде Петра, а кој ќе ја има среќата, а ла Заев, да биде амнестиран, ама сега од Ѓорѓи Иванов.

Во меѓувреме, кај да е, ќе ни пристигне некој Едвард Џозеф, колку да го забрза темпото на познатото драмско дејствие!

KОЛКУ ЧИНИ СЛОБОДАТА?

$
0
0

Пишувал: Никола Младенов

По 16 години, неделникот „Фокус“ прераснува во дневен весник. Во 1995та, тој беше со нетрпение чекан од приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ. Денес, пак, на него се радуваат блиските на СДСМ. На почетокот бевме етикетирани како вмровци, денес сме жигосани како комуњари. Нормално, од власта. Или, поточно, од политичките партии, кои својата превртливост сакаат да ја оправдаат со некаква наша недоследност.

Демек, ние сме биле тие што сме ја менувале страната. Вистината, пак, е сосема спротивна. Политичките партии беа тие што ги менуваа ставовите, во зависност од тоа, дали стануваа власт или заминуваа во опозиција.

Штом ќе се добереа до власта, веднаш почнуваа да мрштат чела на сѐ што ќе се дрзне да ги критикува. Паднеа ли од неа, автоматски вклучуваа мозок и го констатираа отсуството на можноста за слободно мислење и негово јавно изразување. Во тие моменти, среде паднатите властодршци, „Фокус“ в миг се трансформираше од црн ѓавол, кој не им давал мир додека владееле, во безмалку единствен простор за пласирање на нивните опозициски мислења!

Очигледно, ништо не се променило во политички плуралната Македонија. Таа е само формално таква, а во суштина е сестра-близначка на социјалистичката и претходничка. И денес, како и тогаш, власта не избира средства во битката со оние што не мислат како неа. Настојува да ги замолчи на секој можен начин.

Едни паѓаат на привилегиите што им ги нуди, други пропаѓаат во монтирани процеси од секаков тип, до кои никогаш не би дошло, доколку жртвата свиткала ’рбет и продолжела да пее по владејачките ноти. Законот повторно не важи за сите.

Тоа, пак, нѐ води до непомирливиот спор меѓу „Фокус“ и секоја власт. Ние сакаме општество на слободни луѓе, кое нуди еднакви шанси за сите, тие сакаат збирштина од безрбетници, кои успеваат благодарејќи на слепата послушност на партиското племе. И тука  нема компромис!

За да дојдеме до посакуваната цел, за да станеме дел од современиот европски свет, ние мораме да создадеме простор за различното мислење, кое ќе се соопштува без страв од какви било последици.

За таа цел, неделната доза се покажа недоволна, па, еве, стигнавме до дневен „Фокус“. Во таа битка вложуваме сѐ. Го заложуваме сопствениот личен и професионален интегритет. Неделниот „Фокус“ ги вложува сопствените средства во дневното издание, за да остане свој, за да можеме секому да му кажеме што мислиме.

Но, многу повеќе, за да ги охрабриме сите граѓани, да знаат дека не се сами во желбата за создавање услови за живот, достоен на времето што го живееме. Со таа мисла, ве повикувам на ова возбудливо патување, кое на крајот ќе покаже дека нема цена што не вреди да се плати, за да се стигне до слободата. Само така ќе стигнеме до Македонија, во која народот ја контролира власта, а не таа него. Која и да е.

Viewing all 785 articles
Browse latest View live