Quantcast
Channel: Фокусова архива –Фокус
Viewing all 848 articles
Browse latest View live

Груевски и министрите не се фатиле за џебот?!

$
0
0

Текстов е објавен во дневниот весник Фокус во изданието од 12-ти декември 2011-та. Првиот дел од истражувањето можете да го прочитете ако кликнете на овој линк.

Пишувале
Сашка ЦВЕТКОВСКА
Мери ЈОРДАНОВСКА

Ниту едно име на високи функционери од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не е на листата на донатори за кампањата за јунските избори. Место нив, службеници, чувари, секретарки и пензионери давале по 60.000 денари за да се финансира кампањата на најголемата партија во земјата. И додека министрите и високите функционери, барем според тоа што стои во извештајот за финансирањето, тешко се фаќале за џебот, тоа за нив го правеле лица со потпросечна плата, а никој од нив не сака да каже како успеал да најде 1.000 евра во име на партијата!

ПАРИТЕ ГИ ДАДОВ ЗА МАКЕДОНШТИНАТА! 

Симеон Ајтевски е комунален редар во Општина Кочани и еден од тие што наводно од сопствениот буџет одвоиле речиси 1.000 евра за каузата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Со ќеф ги дадов парите! Тоа се мои пари, ги дадов од желба за дарување, од солидарност, во име на македонштината! Не се криминални пари, па да се срамам. Јас ја сакам партијата и ја сакам Македонија. И не станува збор за тоа дали сум дал 60.000 или 100.000 денари, работата е да помогнеш кога некому му е тешко –  ни рече Ајтевски.

Пари за кампањата не дал тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, но затоа речиси 1.000 евра од сопствениот буџет одвоил неговиот портпарол, младиот Борче Стамов.

– Ах, не прашувајте ме за тоа, тоа е, навистина, лична работа. Дали сум дал пари, колку сум дал, не е важно и не гледам зошто вие би се интересирале –  ни изјави Стамов.

Рњечиси и нема општина, чијшто кадар не дал по илјадарка од својот буџет за партијата. Гази Баба, Кисела Вода, Ново Село, Кочани, Штип, Струмица, Кавадарци, Зелениково, Петровец, Битола, Прилеп –  тоа се само дел од општините, чиишто службеници и советници донирале пари.

Во Охрид речиси и нема директор или раководител на подружница што не донирал за ВМРО-ДПМНЕ. Драгана Боцеска, директорка на Центарот за култура во Охрид, Бимбил Марковски, раководител на УЈП во Охрид, Стефан Трпеноски, директор на казнено-поправниот дом во Охрид, Љупчо Настевски од охридската капетанија и уште десетина се дел од имињата на охридските функционери кои дале пари за ВМРО.

Но, ако за директорите илјада евра, можеби, и не се многу пари, се отвора прашањето како тоа архиварки, секратарки, чиновници, чувари и учителки собрале и дале толку пари, а не можат да се сетат на сумата. Ацо Рабаџиски, вработен во Агенцијата за електронски комуникации, вели дека тоа си е негова работа.

– Не е важно колку сум донирал, како сум ги собрал парите, тоа е моја лична работа. Како сум ги собрал си е мое, нема зошто вам да ви раскажувам –  вели Рабаџиски.

ВО ИГРА Е ГОТОВИНАТА?

Прашањето за „црни куферчиња“ и за „сини пликови“ при финансирањето на партиските кампањи, не е ново, но никогаш не е обелоденето и решено. Познавачите тврдат дека тоа е нешто што ги обединува сите партии –  џентлменскиот договор да се скријат средствата за финансирање на кампањите, па оттаму и тешкотијата да се одгатне корупцијата во оваа сфера.

Лица што имаат познавања за тоа како тече финансирањето на кампањите, децидни се дека во е игра е готовината. Според нив, пари се собираат во готово, од фирми и од тендери, кои потоа се правдаат преку физички лица и се разбира, преку каса-прими. Сето ова е лесно да се провери, доколку се има волја за такво нешто. Доколку парите се донираат преку трансакциска сметка, надлежните со едно притискање на копчето можат да дознаат кога на одредено физичко на сметка му легнале 60.000 денари и кога истите пари се одлеале на име на партија. Ова е нешто што го констатирала и Комисијата за спречување корупција и како предлог за законски измени го испратила до Собранието.

– Ние го откривме проблемот и сега, како што се поставени работите, не можат да се проверат изворите на финансирање на кампањите. Нашиот предлог е трансакциите за донации да одат преку трансакциска сметка, а не преку каса-прими. Единствено така ќе може да се провери, бидејќи во случајов секој може да ви издаде каса-прими и кога ќе го прашате лицето дали, навистина, дало пари, ќе ви одговори потврдно. И тука ние сме со врзани раце, не можеме да ја провериме веродостојноста. Во делот со финансирањето на кампањите, направен е прогрес, но сепак, не е дојдено до решението, па оттаму ние предлагаме законски измени – вели Воислав Зафировски, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

ДОНАТОРИ ПЕНЗИОНЕРИ

Покрај директорите, административците и учителките, дарежливи биле и пензионерите. Во добар дел од списокот како донатори се јавуваат и цели семејства –  брачни другари заедно со нивните родители. Некои од тие што без проблем одвоиле по илјада евра за партијата се пензионери, а има и такви кои на сметка на државата биле пратени на бања.

Брачната двојка Глигор и Павлина Робовалиеви овие услуги на сметка на државата ги искористиле лани. А на 31 мај годинава или пет ден пред изборите, донирале по 60.000 денари за кампањата на коалицијата на ВМРО. Пензионерките Лилјана Грчева и Слоботка Дрвошанова, пак, своите илјада евра за ВМРО ги дале на 26 мај.

Покрај пензионерите, чиновниците и учителките, свој придонес за кампањата давале и уметници. Во списокот на донатори се појавува и името на сликарката Светлана Коруновска Аџигогова. Сликарката и професорка во средното музичко училиште во Скопје беше и членка на одборот на Општина Центар на подигање на споменикот на Александар Македонски.

 (Утре: Зеле субвенции, па „ископале“ по илјада евра за партијата)


Зеле субвенции, па „ископале“ по илјада евра за партијата

$
0
0

Текстов е објавен во дневниот весник Фокус во изданието од 13-ти декември 2011-та. Вториот дел од истражувањето можете да го прочитате на овој линк.

Пишувале
Сашка ЦВЕТКОВСКА
Мери ЈОРДАНОВСКА

Лозарот Станоја Јанкулов добил субвенции од државата од 48.000 денари, па најверојатно во знак на благодарност, годинава донирал илјада евра за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ!

Педесетина лица добиле субвенции за земјоделство и сточарство, а потоа донирале за изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај учителките, секретарките и советниците, на листата на донатори на кампањата на владејачката коалиција од последните избори се јавуваат и субвенционирани земјоделци. Камче Самарџиев, Блажо Колев, Павле Давчевски, Стојко Јанкулов и Галапчо Шалев, се само еден мал дел од имињата што се впишани како донатори на ВМРО-ДПМНЕ со по илјада евра, а случајно или не, нивните имиња се наоѓаат и на листите на земјоделци, на кои од Министерството за земјоделство им биле  одобрени пари за субвенции.

Блажо Колев кон крајот на 2010 година добил субвенции од 20.539 денари за неговите лозови насади. Приближно во исто време, или кон крајот на ноември, земјоделецот Блажо добил субвенции од уште 43.000 денари. Уште 17.200 денари субвенции на Блажо Колев државата му дала и кон средината на април годинава.

КОЛКУ ДОБИВААТ ОД ДРЖАВАТА – ТОЛКУ ДАВААТ ЗА ПАРТИЈАТА

По сето тоа, кон крајот на мај, пред изборите, овој земјоделец од Кавадарци донирал 60.000 денари за кампањата на ВМРО ДПМНЕ, речиси исто колку што добил за субвенции!

Слично како и неговиот сограѓанин, и лозарот Станоја Јанкулов добил субвенции од државата лани во ноември. Тогаш зел околу 35.000 денари, а во април годинава уште 13.000. Во мај и тој се покажал дарежлив кон владејачката партија, па со илјада евра ја помогнал нивната кампања. Фактички, останал во зијан, оти за ВМРО-ДПМНЕ одвоил повеќе пари отколку што добил за субвенции.

Иако екипата на „Фокус“ не успеа да утврди дали станува збор за роднини, како донатор и субвенциониран земјоделец се јавува и извесен Стојко Јанкулов. И ова лице е од Кавадарци и одгледува лозје. За разлика од Станоја, Стојко добил двојно повисока парична помош од државата за своето лозје, или 114.000 денари лани во ноември. Во истата година, Стојко добил дополнителни, речиси 80.000 денари како поддршка, а во мај годинава донирал илјада евра за изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Имињата на кавадарчаните Стојко, Станоја и Блажо се само дел од многуте земјоделци кои годинава демонстрирале дарежливост кон владејачката партија. И додека челните луѓе од партијата, вклучувајќи го и премиерот не дале ни денар за кампањата, од Кавадарци, Гевгелија, Штип, Велес, Струмица, Кочани – субвенционирани земјоделци од речиси секој град ги отвориле џебовите со по илјада евра за ВМРО ДПМНЕ.

НИКОЈ НЕ Е НАДЛЕЖЕН!

Финансиските извештаи не даваат прегледна слика на износите на средствата според извори, стои во извештајот на Државната комисија за спречување на корупцијата за јунските избори. Така, ниту една од политичките партии нема податок за пари обезбедени по основ на членарина, кој е првопосочен законски извор за финансирање на изборната кампања.

„Освен тоа, нема елементи за проверка и идентификација на физичките лица како донатори, со оглед на тоа што се доставени списоци со имиња и речиси без исклучок со исти износи на финансиски средства како донации. Оттаму, во натамошните измени на Изборниот законик или на Законот за финансирање политички партии треба да се предвидат соодветни контролни механизми“, пишува во извештајот.

Од Државната изборна комисија креваат раменици кога станува збор за донаторите, кои го отвораат сомнежот дали фиктивно или реално одвоиле по 60.000 евра од сопствениот буџет за партиската кауза.

– Ние немаме никаква надлежност да ги истражуваме донаторите. Единствената обврска на Државна изборна комисија е да ги дистрибуира извештаите до надлежните институции. Значи, партиите ги доставуваат извештаите до нас, во согласност со законот еднаш пред стартот на кампањата, во текот на кампањата и на крајот од неа. Ние ги објавуваме на нашата веб-страница и ги доставуваме до институциите кои се надлежни понатаму да истражуваат, како Државниот ревизор, УЈП и Антикорупциската комисија. Нашите надлежности тука завршуваат – вели Борис Кондарко, претседател на ДИК.

За поранешниот член на Антикорупциската комисија, Драган Малиновски, најлогично решение да се следи финансирањето на кампањите е да се укине законскиот лимит за донации, кој изнесува 5.000 евра за физички и до 20.000 евра за правни лица.

– Сѐ додека не се докаже, односно некој јавно не излезе да каже дека не дал донација, а го има на списокот, тогаш останува само на база на претпоставка дека станува збор за фиктивни донации. Најлогично би било да се укине законскиот лимит за донации, па така донациите нема да се разводнуваат на 530 лица и подобро ќе се следат финансиите. Тогаш ќе се види, на пример, дали некој што дал поголема сума пари, потоа има поволности и подобро ќе се следи и лоцира лицето или, пак, правното лице – вели Малиновски.

Една советничка од општина Кочани за „Фокус“ призна дека не дала пари за кампањата, но нејзиното име, сепак, стои на списокот за донации. Самоил Малчески, поранешниот претседател на Сојузот на студенти, заедно со неговата мајка и сестра, исто така, стоеја на списокот за донации за изборите во 2006 година. Малчески тогаш јавно призна дека не ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, но надлежните останаа глуви пред признанието.

УЈП СЕ ПОВИКУВА НА ДАНОЧНА ТАЈНА

Политичките партии немаат законска обврска да доставуваат годишен финансиски извештај до УЈП. Според постојната законска регулатива, утврдувањето неправилности во финансиските извештаи е во надлежност на Државниот завод за ревизија, велат од Управата за јавни приходи.

– Што се однесува до податоците за приходи на граѓани со кои располага УЈП, испитување на потекло на имот, како и сите информации чие доставување може да има штетни последици и кое може да претставува повреда на доверливоста на даночната постапка, согласно член 9 од Законот за даночна постапка тие претставуваат „даночна тајна“ и не можат да бидат предмет на комуникација со јавноста – вели Весна Новаковиќ, портпаролка на УЈП.

(Утре: На секои избори – исти донатори!)

На секои избори –исти донатори!

$
0
0

Текстов е објавен во дневниот весник Фокус во изданието од 14-ти декември 2011-та .Третиот дел од истражувањето можете да го прочитате на овој линк.

Пишувале
Сашка ЦВЕТКОВСКА
Мери ЈОРДАНОВСКА

Ацо Петрушев, советник во општина Гази Баба, е задолжен со кредит од 200.000 денари, но тоа не го спречило за ВМРО-ДПМНЕ на последните и на претходните избори да донира 210.000 денари

На секои избори се повторуваат луѓето што даваат огромни суми пари како донација за ВМРО-ДПМНЕ. Според истражувањето на „Фокус“, едни исти лица се јавуваат на списокот донатори кои одвојувале повеќе од илјада евра на последните избори годинава, и двојно повеќе и на локалните и на парламентарните избори во 2009 година. Останува сомнежот дали станува збор за фиктивни донации или земјоделци, учителки, редари и пензионери редовно одвојуваат високи суми од заштедата, во име на партијата.

ДОЛГА Е ЛИСТАТА НА ДАРЕЖЛИВИТЕ

Ако сега сите донации од физички лица се со идентични суми од по илјада евра, во 2009 година, за локалните избори, се давале и повеќе пари и  различни суми. Така, на пример, младиот Борче Стамов, портпарол во Министерството за надворешни работи, редовно донира за владејачката партија. Оваа година дал илјада евра, но затоа во 2009 година, тогаш 22-годишниот службеник одвоил двесте илјади денари или повеќе од три илјади евра за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. Стамов одби да даде каков било коментар за „Фокус“ поврзан со неговите донации за партијата.

Освен него, меѓу дарежливите граѓани се и низа општински советници, кои, како оваа, така и минатите години ја помогнале партијата со финансиски донации. Претседателот на Советот на општина Велес, Славчо Чадиев, оваа година, како и сите други донатори, дал „само“ илјада евра. Но, затоа на претходните избори Чадиев издвоил речиси 5 илјади евра од својот буџет за да ја помогне кампањата на ВМРО- ДПМНЕ за локалните и за претседателските избори. „Фокус“ го контактираше Чадиев, но тој одби да зборува за донациите по телефон.

– Вакви прашања не се прашуваат по телефон. Јас со новинари по телефон не зборувам од принцип. И од кај да знам која сте. Сѐ што имате, во живо ќе прашате – вели Чадиев.

И советничката од Град Скопје, Ирена Мишева, на овие избори „честела“ само илјада евра, но на претходните дала четири илјади евра повеќе или 300.000 денари.

Како едни од најактивните донатори повторно се јавуваат советниците од општина Гази Баба. На овие избори донирале речиси сите од советничката група на ВМРО ДПМНЕ, но без нивните донации не минале ниту локалните избори од 2009 година. Претседателот на Советот, Милан Андоновски, за само две години дал 5.000 евра за партијата. Илјада годинава, 4.000 во 2009 година. Неговиот сопартиец и колега во Советот, Ацо Петрушев, за локалните избори пред две години донирал 150.000 денари, а на овие избори 60.000 денари.

ЗА ПАРТИЈАТА И ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖИ!

Ако Славчо Чадиев од општина Велес со новинарите разговара само во живо, Петрушев воопшто и не гледа причина да разговара со новинари на темава.

– Новинарите не се тие што треба да прашуваат за оваа работа. Новинарите само подгреваат вакви работи, вас ова не треба да ве интересира – рече Петрушев во телефонски разговор со „Фокус“.

Сепак, многу прашања на новинарите остануваат неодговорени. Како, дали можеби советникот потребите на партијата ги става и пред неговите лични потреби. Петрушев во својот анкетен лист за имотната состојба доставен до Антикорупциската комисија навел дека вози старо возило марка „типо“ од 2.000 евра, но и дека има долг за кредит од 200.000 денари земен уште во 2006 година. „Фокус“ пресмета дека со парите кои Петрушев ги донирал во овие три години, вкупно 210.000 денари, ќе можел слободно да си ги исплати останатите рати од кредитот.

Со ова, многу прашања околу донациите што физичките лица ги даваат за партијата остануваат неодговорени, особено затоа што парите се донираат преку каса-прими, а не преку трансакциска сметка, па невозможно е да се провери дали воопшто лицето одвоило пари од заштедата во име на партијата.

Финансирањето на изборните кампањи останува да биде една од најголемите рани за демократијата во земјава. Европската комисија веќе петта година по ред во своите извештаи ја нотира нетранспарентноста на партиите, кога станува збор за парите што им се слеваат на сметките.

крај

Нема тендер што не може да се намести, ако имаш обвинител што знае да замижи!

$
0
0

Текстот е објавен на втори март 2012-та во неделникот „Фокус“ во бројот 870

Пишувала
Сашка ЦВЕТКОВСКА

Од барок и мерцедеси, до сокчиња, цвеќе, па дури и вести  – државните институции набавуваат сѐ и сешто, со или без мерка, со или без потреба, но најчесто она што недостасува е детална сметка! Сите знаеме колку чини барокот или колку чинат вестите од порталот „Курир” но она што не го знаеме е кој ги контролира набавките, како се бираат фирмите, како се потрошиле парите и дали е навистина набавено сето прикажано.

Се случува и да го дознаеме, тогаш кога државниот ревизор ќе го регистрира башибозукот со јавните набавки и флагрантното кршење на законите, но чуму ревизорот пишува, кога полето на интерес на обвинителите не оди подалеку од маалските обложувалници. Сепак, парите не се мали  – околу 750 милиони евра буџетски пари се одлеале во јавните набавки минатата година. Се трошело на сѐ и сешто, но честа да „лапнат” најголемо парче од тортата ја имале само големите фирми.

ТЕНДЕРИ ПО МЕРКА ЗА ПОСАКУВАНИТЕ ФИРМИ

Доволно е малку да се ѕирне во критериумите за избор за фирмите на тендери, за брзо и успешно да се воспостави „дијагнозата”.  Без разлика каков производ или услуга се набавува, институциите не ретко имаат чудесни желби кога  е во прашање финансискиот и кадровскиот потенцијал на фирмите.

Низа примери се регистрирани во последниот извештај од мониторингот врз јавните набавки од страна на центарот за граѓански комуникации, но еден од поинтересните е оној во кој една институција објавила оглас за набавка на продукти за топли оброци (месо, леб, млеко, овошје и слично) и при тоа барала ни помалку ни повеќе, туку понудувачите да имаат миниум обрт на пари од 730.000 евра, а сакале да набават производи од 21.000 евра.

Небаре преродбеничкава администрација не јаде манџа ако компирот не е набавен од фирма – џин со минимум обрт од точно 730.000 евра! Секако, на тендерот се јавила само една фирма понудувач и секако, баш со таа фирма со толкав обрт за толку мала набавка, се задоволиле апетитите на набавувачите.

Друг пример кој одлично го илустрира проблемот со фаворизирањето на одредени фирми и сомнителните критериуми под кои се избираат е тендерот за набавка на хемикалии за технолошки процес во Министерството за животна средина.

Имено, за набавка од само 83.000 евра, колку што нудело министерството за хемикалиите, тие барале фирма која имала годишен обрт 1, 6 милиони евра, за секоја година поединечно во последните три години, остварена добивка од 813.000 евра годишно, исто така за последните три години, но и минимум триесет вработени, минимум пет договори во област слична на она што се набавува, минимум пет години работно искуство.

Фалело уште да го напишат  и името на фирмата, оти тешко кој ќе поверува дека баш овие критериуми се извонредно важни за изборот на фирма на тендерот. Приказната на крајот оди отприлика вака – на крајот се јави една единствена фирма која се погоди баш да ги исполнува овие критериуми…

– Ваквиот пристап во дефинирање на способноста на фирмите за учество на тендерите и вака грубото лимитирање на конкуренцијата е крајно тенденциозно. Неопходно е да се сопре со сегашната тенденција на  злоупотреба на критериумите за квалификација на фирмите за учество на  тендерите како средство за дискриминација на понудувачите и за намалување  на конкуренцијата – забележуваат од Центарот за граѓански комуникации

Ако за манџите и хемикалиите важат едни, за спотовите важат сосема други стандарди. Што се не може да истрпи тендер, кога е уметноста во прашање! Па така, друга институција при набавка на продукција на едукативни телевизиски филмови побарала од фирмите понудувачи „незначителен” обрт од само 43.000 евра, и тоа за набавка во вредност од 84.000 евра.

Тука воопшто не бил важен обртот на пари, ниту структурата на вработени, ниту добивките, туку важно било да се најде човек што знае да прави спот и – толку. Секако, да беше толку важен обртот и за аудивизуелниве уметности кога се прават набавки, зарем ќе добиеше шанса некогаш анонимната „Република” толку многу да твори на тема владини спотови.

СЕКОМУ СПОРЕД ЖЕЛБИТЕ?!

„Фокус” доследно ги следеше чудата од набавки, кои институциите си ги дозволуваат. Не само критериумите, туку и желбите понекогаш им се сомнителни. На пример, желбата да се рекламираат и да набавуваат вести.

Така на пример, општина Гази Баба му исплатила 340.000 денари на порталот „Курир”, кој важи за провладин, за набавка на обработени аудивизулени вести и доставување агенциски вести од земјава и странство. Се разбира, без објавување конкурс за таквата набавка, оти со постоечкиот закон тоа им се може.

Другите општинари наголемо се рекламираат. Од Делчево, преку Прилеп до општина Бутел – секој набавувал услуги за рекламирање и промоција на успесите на општината во локални агенции и телевизии. А речиси сите, без исклучок, истражувале јавно мислење. Не било каде, туку сите во Институтот за политички истражувања. Ниту се знае што испитувале, ниту зошто испитувале и како им текнало баш во тој институт и никаде на друго место.

Општина Велес пак глатко си потрошила речиси 60 илјади евра на кафеани во 2010 година и тоа само во два хотела и нивните ресторани. И општина Кочани не отишла подалеку од омилените две-три биртии во градот. И така е речиси секаде. Изборот на понудувач без оглас е како скроен за да му се даде работата на најпосакуваниот  понудувач.

НИ МАЧКААТ ОЧИ СО МАЛАТА КОРУПЦИЈА

Критериумите по кои се избираат фирмите понудувачи се само една алка во системскиот башибозук со јавните набавки. Фирмите не ги почитуваат законските обврски за доставување на одлуките за склучен договор до бирото за јавни набавки, се набавува без да се објави оглас, се склучуваат договори во четири очи, бројот на поништувања останува голем, се склучуваат договори над проценетата вредност, се прават анекси на договорите за кои никој не може да утврди дали потребата за анекс била нужна или не и така натаму.

Но што од тоа? Бирото за јавни набавки може да даде препорака и – толку. Обвинителството може да покрене постапка по извештаите на ревизорот, но не покренува, а тековно не постои надлежен кој може да ги контролира набавките. Нема санкции за прекршителите и нема кој да утврди дали можеби некој анекс за некој објект бил склучен затоа што навистина преставувал нужност (оти анексите се склучуваат само во такви ситуации) или пак, се работи за злоупотреба и изигрување на законите.

Е сега ќе се менува законот. Фрчеа фалби преродбенички дека нема да се дозволи ниту сомнеж за корупција со набавките. Па се тргна од најлесното – договори во четири очи повеќе ќе нема. Тоа е добро и е дефинитивно позитивна новина, ако знаеме дека општина Гази Баба, да речеме, во иднина нема да може да си набави вести од „Курир” во четири очи, туку ќе треба да објави оглас, па можеби и конкуренцијата ќе конкурира за да ги задоволи потребите за аудиовизуелни вести на оваа општина.

Но толку. Договорите во четири очи ќе ги нема, како и договорите без објавување оглас, но тие договори беа карактеристични за малите набавки до 5 илјади евра.

А што е со големата корупција? Што е со контролата врз набавките? Е ништо, нека биде ова трик прашање за Љупчо Шврговски од редакцијата „Фокус”, чиј годишен „обрт” на текстови за тендери со гаранција ќе може да задоволи некој нареден конкурс за избор на понудувачи на “вести”!

ЗЛОУПОТРЕБИ ИМА, КАЗНЕТИ НЕМА!
Државниот ревизор констатира ли констатира злоупотреби и непочитувања на законите во процесот на набавките, но обвинителството и Антикорупциската комисија не ги есапат извештаите. Ова нивно однесување станало интересно и за Европската комисија, која во годишниот извештај забележала дека тоа што не постои судска статистика на предметни за злоупотреби со јавните набавки не значи дека злоупотреби нема, туку дека некој тука не си ја работи својата работа!

 

ОГРОМНИ РАЗЛИКИ ВО ЦЕНИТЕ
Очигледно кога се во прашање набавките за вкусовите не се расправа. Па така, градоначалникот на Штип и неговиот колега од општина Ѓорче Петров имаат поскап вкус и ценат квалитет па тие купуваат клима уреди во вредност од 23.000 денари, додека оние поскромни барања од Народна банка набавуваат клими од по 11.000 денари. Исто е и преводите. Собранието на Република Македонија набавува преводи за  2.000 денари од страница, а Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за 300 денари по страница!

Дневна доза од пет минути омраза кон душманот, за розов поглед кон портокаловите реформи!

$
0
0

Текстот е објавен на 15-ти јули 2011-та во неделникот „Фокус“ во бројот 837

Пишува
Јадранка КОСТОВА

Фејсбук и останатите социјални мрежи се повеќенаменска направија. Не само што служат за виртуелно дружење, ами се погодни да бидат како некаков „марксистички кружок“ кој крева револуции.

Скоро фанатичниот напор, пак, некој политичар или јавна личност да набие што повеќе обожаватели на својот профил, гледано онака овоземски, изгледа ступидарно до даска.

Оти, кој е системот на вредности кој ја запоседна транзицијата? Кои се идолите по кои мнозинството се далдисува? Тие ли се врвната вредност и доказ дека штом има повеќе фанови е најкул фаца? Или, штом го изгласало мнозинството, тогаш тоа е крај на приказната – сите треба да му се поклонуваат до земја, а секој негов збор алтан вреди, па мора да се восприема како Божји ЗАКОН!!!

Во оваа пригода нема да посегнувам по Хитлер или Милошевиќ кои во одредени периоди, преку волјата на мнозинството биле верификувани како врвна политичка вредност на германскиот, односно српскиот пазар. Да, сега онака трендсетерски ќе се послужам со Фејсбук вкусовите. За да не се налутат домашните ѕвезди, кои и погледот попреку ги навредува, па бараат десеттици илјади евра за санирање на душевните болки, јас ќе се послужам курнаски со егземплари од соседството.

Познатиот Нобеловец, покојниот писател Иво Андриќ има 20.000 фанови на ФБ профилот. Ако бројката ви делува импозантно, тогаш да демантирам, оти оној „талентот“ со будалаштината од песна – „Куча, посо“ – Екрем Јевриќ, има двојно повеќе од светски познатиот писател. Со дури три и пол пати повеќе обожувачи може да се пофали Кристијан Голубовиќ кого го сметаат за ѕверка од српското подземје, ама популарна до антички височини.

За блондинката Јелена Карлеуша велат дека има над 180.000 фанови, иако тешко е да се провери, оти треба да ја обожуваш за да ги добиеш деталите на увид. После сите овие бројки и букви, делуваше утешително што на ФБ профилот на Иво Андриќ некој потсети на визионерските мисли на нобеловецот: „Ќе дојдат такви времиња, кога паметта ќе замолчи, будалата ќе проговори, а фукарата ќе се обогати“! И, замислете, тоа сега се раскажува како виц!

А, тенденциите на „реформите“ во Македонија веќе се турбо посветени кон светата кауза – паметта да замолчи. Зошто, инаку, Груевци се толку сесрдно внесени да се замолчи сето она што не кореспондира со нивниот Манифест?! Далеку од тоа дека секој критичар на преродбата кипти од ум, но, основната мисија на секој мислечки човек е да се обиде да биде коректор на власта. Моќта е таа што опива, а моќниците без контрола се расипуваат до коска – ја дале дијагнозата од поодамна, и паталци и гаталци од сите меридијани!

Арно ама, на нашиве самонаречени преродбеници ем реформатори, не им е доста ниту сите критичари да ги поапсат, ниту на добар дел да им удрат катанец, ниту да ги сотрат од казни… Притоа, како ДДВ, на сите да им врзат и погрдни етикети како жолтата трака на Евреите, туку тие најбезобразно уште се повикуваат на институциите!? А, кој тоа, молам, ги има окупирано институциите? Кој ги контролира? Е, оние, де, што наеднаш се повикуваат на светоста на институциите. А, зошто не се крстеа во истите институции кога Бранко беше на власт? Или, сега тие ги просветлија до Божествена независност?!

Всушност, ме испровоцира една од реакциите на фамозниот Центар за комуникации на владеачката партија. Транспарентност Македонија искажа сомнеж во финансирањето на изборните кампањи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тоа за Центарот веднаш беше прогласено за дегутантно, оти Транспарентност ја водат соработниците на Бранко – Сашо Орданоски и Ванчо Узунов. Но, ќе бидат и широкради, бидејќи ќе ги повикаат „сите надлежни институции да направат длабинска и сериозна контрола на финансирањето на кампањите и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ“!

И сега ќе си дозволам да прашам: А кој ги раководи сите надлежни институции? Бранко, Грујо, или ѓоа паднати од небо – независни експерти?! Ако Орданоски и Узунов се ,фалични, заради блискоста со Бранко, зарем Зафировски и Димовска од Антикорупциска, Шврговски обвинителот, Неделкова од кривичниот суд се „објективна категорија“? Или, штом Бранко не ги има под свое, тие по автоматизам, па макар биле „зависници“ од преродбеничката мантра, се супернезависни ликови?

Од вакви ,институции, на кои им веруваат само вмровците, станува нормално да минат пет недели, а ниту истрагата за убиството на Мартин Нешковски да се прошири, ниту на „предавникот“ Љубе додека окапува во притвор – на сигурно што би се рекло, да му бидат презентирани „тајните снимки“ снимани од „загрозениот сведок“ со сите други детали! Која иронија на судбината! Во држава во која безмалку секоја јавна личност има чувство дека е снимана од полицијата, едно убиство и едно спектакуларно апсење на најжестокиот критичар на власта што се документира со снимки – од камерите на плоштадот и од загрозениот сведок – ете, не можат да се расплеткаат небаре се тоните хартии од Пајажината за разгледување!

Море, да живеат институциите, на кои Груевци се повикуваат! Ама, не дај Боже, да се најдете во нивна надлежност. Се разбира, доколку не сте „фан на реформите“. Инаку, сѐ би ви одело како подмачкано!

Нема да ме изненади доколку во наредниот период дојде до уште една реформа од Орвеловските визии.

Да добиеме Министерство за вистината, кое опфаќа неколку ресори – информации, забава, просвета и култура. Овде комотно може да се интегрира и Секторот за информации на Партијата. А, колку убаво звучи, пак, доколку ресорот на Гордана Јанкуловска се преименува во Министерство за љубов! Веднаш се разнежнувам, без оглед, нели, што тоа и во „1984“ било надлежно да го одржува законот и јавниот поредок. Ах, кога ќе удриш и некоја катадневна медиумска кампања: Министерството за љубов… итн. итн., важно е саде некои грандиозни „љубовни“ успеси да се редат!

Всушност, некои орвеловски „измишљотки“ веќе се преродбенички имиџ. Како се дразнело „пучанството“? Со фамозните „Две минути омраза“ против симболот на сите зла и предавства – Емануел Голдштајн, што по нашки би се именувало како Бранко Црвенковски. Дури, минутиве се надградија и проширија, па ние овде примаме по дневна доза – Пет минути омраза кон БЦ. Иако добива и конкуренција. Сѐ уште не можам да се соземам, колку уживанција, колку ниски страсти и сласти истурија на Фејсбук портокалово-зацрвенетите антички фанови на победничката партија од сознанието на 6 јуни, дека Велија и Љубе завршија под ист покрив во Шутка!

Да бидам искрена, што институциите се надевам дека ќе го имаат предвид, навистина ми звучи како врвна зафркација филосовската мисла на Црвенковски, дека народот е во право дури и кога греши. Зарем, по Фејсбук стандардите, нашиот Грујо според бројот на обожавателите – над 55.000, е меѓу Екрем Јевриќ и Кристијан Голубовиќ?!

За отштета од 50.000 евра, треба да има такво психичко растројство –два месеца да лежи на клиника!

$
0
0

Текстот е објавен во неделникот „Фокус“ на 20 ноември, 2015 година, во бројот 1050

Разговараше: Ирена МУЛАЧКА

ФОКУС: Последните настани во здравството кога пациент пукаше во хирург ги извадија на виделина проблемите во здравствениот сектор, ги кренаа лекарите на нозе и ја разбрануваа јавноста. Како дојде до таква ескалација?

ЧАДЛОВСКИ: Ваквата ситуација не дојде нагло. Мораше ли да дојде до пукање, за да се види како стојат работите во јавното здравство? Оваа состојба трае со години, се тркалаше како топка и на крајот кулминираше. Никого не го интересира што се случува во здравството, иако се работи за најкомплексниот сектор. Со текот на времето, министерот полека создаваше една клима – здравствените работници се најлошите работници, лекарите се забушанти, лекарите се лопови, лекарите се убијци. Според таа логика, дури ние ги „убиваме“ пациентите. Целиот товар падна на грбот на лекарите.

ФОКУС: Каква е вината на министерот?

ЧАДЛОВСКИ: Факт е дека сосема случајни луѓе доаѓаат за да го водат Министерство за здравство. Таму дојде министер, за кого и сега би рекол дека е еден од најактивните, хиперактивно дете кое не може да се соочи само со еден проблем, туку е на сите страни, бидејќи хиперактивноста е мана, односно растројство на вниманието. Така што, министерот не може да се концентрира само на една работа. Сѐ прави одеднаш и на крајот ништо. Тој до таа мера оди со пропагандата, што во еден момент помислив дека проблемите во здравството ќе се решат бидејќи министерот фатил двајца доктори како спијат на дежурство. И, да ви кажам, чудо големо. Па, јас сум бил 47 години во јавното здравство и не поминало дежурство без да дремнам, затоа што зад мене имам цела дежурна екипа со која соработуваме. Во што е тука проблемот? Проблемот настанува ако заспие целата екипа, ако не се прими пациентот и ако не му се пружи адекватна помош. А, да се зафатевме со решавање на реалните проблеми во здравството!

ФОКУС: Но, тоа не се сите „успеси“ на Тодоров. Нели бркаше лебарки по клиниките, промовираше болнички душеци?

ЧАДЛОВСКИ: Со текот на времето, министерот откри уште поголеми „проблеми“, донесе фрапантни резултати, најде четири-пет лебарки како лазеле по болничките ходници. Леле, се изненадивме што открил министерот! Па, како толку години нам ни се криеле лебарките? Ние претходно во болниците јадевме заедно со нив. И покрај сите проблеми,Тодоров сега ќе го решава најголемиот – лебарките! Но, тоа не е сѐ. Какви само успеси му донесе на јавното здравство откако седна на министерското столче. Купил дури 500 болнички душеци и застанал со сите директори, кои се индоктринирани со некоја луда партиска идеја да се сликаат за најголемата „реформа“ во здравството. Нели, стана тренд тој да зборува, а тие наредени зад него да му го чуваат грбот и да се фалат дека купиле душеци и чаршафи. Јас кога бев директор, никогаш не ми паднало напамет да повикам новинарска екипа да нѐ слика како купуваме гаќи и пижами за пациентите, како што тоа го прави сегашниот министер.

ФОКУС: Но, според досегашната практика, директорите на болниците не размислуваат со своја глава. Тие се партиски послушници на министерот!

ЧАДЛОВСКИ: Се воведоа сталинистички методи на делегирање свои луѓе. На времето, во близина на болницата беше сместен Централниот комитет на партијата и таму беа сите секундарци, јас ги викав кондураџии, бидејќи во 1945 -1955 година немало кадар, па и кондураџиите станувале доктори. Ама, не можам да сфатам сега, кога имаат услови за школување, да останат со осмо одделение. Всушност, како психијатар можам да сфатам, не им одело учењето. Но, проблем е што сите тие кадри сега ги примија на работа како болничари и тие по партиска линија станаа раководители во болниците. Значи, тие преку Комитетот делегираат кој ќе биде примен на работа и како ќе биде примен. За првпат тоа почна да се случува во 1995 година, а ВМРО-ДПМНЕ го доведе до совршенство.

ФОКУС: Но, тие се главни организатори на контрапротестите против лекарите и против професорите!

ЧАДЛОВСКИ: Па, тоа го велам, дека не можеме да ја бараме одговорноста само кај министерот. Туку и кај неговите послушници. Тој е преамбициозен, преактивен човек, на кој денес да му кажеш да биде претседател на Европската унија, веднаш би се согласил. Тој мисли дека ако „работи“ 24/7, тоа е многу голем успех. Нека не се лути министерот, но, тој сака да биде на секое место, во секое време. Тогаш нека каже, колку време поминува за решавање на проблемите во здравството, а колку во Клубот на пратеници за решавање на други политички цели. Е не може да те бидува за сѐ!

ФОКУС: Каква психијатриска дијагноза би му дале на Тодоров?

ЧАДЛОВСКИ: Не можам јавно да давам дијагноза за него затоа што тоа не е професионално. Тој е активен човек, поточно хиперактивен и за него има дијагноза, ама не е мое јавно да ја споделувам.

ФОКУС: Зошто?

ЧАДЛОВСКИ: Не можам да го направам тоа затоа што моите дваесет години помлади колеги веднаш ќе речат дека не сум во право, дека не е точно тоа што го кажувам за министерот и ќе се соберат во судот и ќе ме осудат на смрт со стрелање и со бесење.

ЗА ШЕФ НА НУЖНИК ТРЕБА ОДОБРЕНИЕ ОД ЦК НА ДПМНЕ

ФОКУС: Вие сте еден од лекарите, кои без влакна на јазикот секогаш јавно зборуваат за проблемите во здравствениот сектор. Дали тоа ви носи проблеми во професионалната кариера или во приватниот живот?

ЧАДЛОВСКИ: Веднаш по едно вакво интервју на телевизија ми затворија амбуланта во Дијагностичкиот центар, наводно не била добро регистрирана. Како може амбуланта, која 15 години работела со Фондот, да ја затворат, да ја исклучат од ФЗОМ бидејќи не била добро регистрирана?

ФОКУС: Сметате дека тоа е одмазда, затоа што премногу сте зборувале?

ЧАДЛОВСКИ: Не, не. Сѐ е тоа случајно.

ФОКУС: Побаравте ли средба со ресорниот министер?

ЧАДЛОВСКИ: Секако дека барав прием, ама ме прими некој негов советник, правник, кој од тоа што можев да го забележам има поемоционални димензии. Искрено, изгледаше како спремен џелат, само да ме стрела. Ми се прави паметен цело време, а дали знае дека јас како директор и психијатар 20 години поминав во ова Министерство. Му се обратив „Што ме гледате како чудовиште? Јас барам правда, вие сте се потпишале за затворањето на ординацијата“. Од психијатриска гледна точка, тоа беа тие димензии на една голема величина.

ФОКУС: Иако состојбата во јавното здравство врие, еден од лекарите излезе и јавно побара поддршка за министерот. Кои се причините за таквата одлука, која предизвика лавина негативни реакции меѓу лекарската фела?

ЧАДЛОВСКИ:  Не е само тој. Нека ми извинат сите мои колеги, кои пред некој ден ги видов на телевизија наредени во првите редови до министерот. Меѓу нив беше и тој доктор, за кој зборувате вие, син на мој колега, на кој сум му бил на повојница. Не ми се верува дека тој излезе со писмо да го брани министерот за здравство. Јас ги прашувам јавно од што го бранат и од кого го бранат? Ние не правиме ништо, само бараме дебата. Јас се срамам кога ги гледам што се прават за партијата. Од тука може да се види до каде човекот може да биде изманипулиран.

ФОКУС: На кој начин власта манипулира со граѓаните?

ЧАДЛОВСКИ: Мислам дека инструментализирано и свесно се поттикнува страв во општеството бидејќи е познато и од психологијата дека многу подобро се манипулира ако луѓето се уплашени. Не верувам дека постои човек во општеството кој нема потреба од правда и правно владеење.

ФОКУС: Која е причината што народот се плаши и не смее глава да крене да и се спротивстави на владејачката гарнитура?

ЧАДЛОВСКИ: Па, се плаши дека може да остане без работа тој или некој од неговото семејство. Се плаши дека можат да му се одмаздат за нешто, да му затворат ординација, фирма, продавница, да остане без парче леб. Но, има и такви кај кои не е само стравот во прашање. Тука се работи за нешто покомплексно, клиентелизам, корист, бизнис, субвенции. Сите сме во некој вид клиентелизам. Немојте да мислите дека тоа е измислен термин. Тоа е многу паметен термин. Многу паметни пиар-организации го водат ова.

ФОКУС: Во рок од само четири дена починаа две родилки, новороденче и 14-годишно девојче во македонските болници. Во меѓувреме, почина уште едно девојче на Инфективната клиника и се пукаше во хирург. Некој мора да понесе одговорност за ваквите настани, нели?

ЧАДЛОВСКИ: Кој е одговорен? За случајот во Гевгелиската болница има два анестезиолози што доаѓаат од Струмица. Не ми е јасно како може да им се дозволи да имаат гинеколошка сала, а да немаат анестезиолози. Кој е одговорен за тоа? Директорот не може ни нужничар да биде, ако министерот не му даде дозвола. Што работи Министерството за здравство ако не знае колку анестезиолози има во Охрид и кој оди во пензија? Тоа им е работа. Кој дозволи да влезе цивил во операциона сала и да пука? Директорот? Па, како што гледаме, нему влакно не му фали на косата. Тој е партиски кадар, ја срами партијата. Се знае кај кого лежи целата одговорност, кај министерот. Тој мора да понесе одговорност.

ФОКУС: Но, тој не го прави тоа?

ЧАДЛОВСКИ: Во последниот период многу ме боли тоа, каде заминаа моралните, етичките вредности? Па, кај нас владините функционери немаат ни М од морал. Тоа едноставно не постои. Министерот за транспорт во Јапонија ја задоцни железницата за пет минути и поднесе оставка. Имаше и кај нас случај, кога вицепремиерот Пешевски во најдобар стил, тајландски, не само со боксови, туку и со клоца му се пушти на новинарот. И, кое е оправдувањето? Не можел да оди на суд, немал лузни. Нема морална одговорност. Тоа е страшно.

ФОКУС: Во моментов се води само битка за функции. Ако некој запоседне министерска или директорска фотелја, тешко ја напушта…

ЧАДЛОВСКИ: При правењето на Клиничкиот центар ги собрав најстарите и најдобрите професори, лауреати во својата стручна професија за да се договориме како да се направи тоа огромно здание. Се договоривме и за една година го направивме Клиничкиот центар. Мене ме назначија за в.д. директор. Ама, тоа го направи деканот, а не Централниот комитет, како што е сегашната традиција. И, сега Клиничкиот центар се вика „Мајка Тереза“. Не е тоа Клинички центар, тоа се клиники. Клиничкиот центар одамна не постои – „папала маца“. Го срушија за два дена, без никакви анализи.

ФОКУС: Зошто го направија тоа?

ЧАДЛОВСКИ: Затоа што сите сакаат да дојдат на функции и да бидат директори. Да располагаат со чекмеџе. Тоа им е најважно. Ама, најголемиот директор од сите директори, кој ги строи и да ви кажам убаво им направи, им ги зеде сите овластувања. Така им треба, кога сакаат да бидат послушници. Сега, ако сакаат да примаат и шеф на нужник, прво треба да прашаат во Централниот комитет, па преку министерот, дали ќе ја одобри таа „функција“.

МИНИСТЕР СЕ СТАНУВА СО ИСКУСТВО ОД ДИСКО

ФОКУС: Веќе неколку години, главен проблем на скопските клиники и болниците е недостигот од медицински кадар. Дел од лекарите си заминаа во приватните болници, а дел во странство. Зошто се случува тоа?

ЧАДЛОВСКИ: Пред неколку години имаше емисија за лошите услови во Штипската клиничка болница. Во болницата немаше гинеколози, немаше анестезиолози, само двајца невропсихијатри и оп, за само една година таму отворија Медицински факултет. Како? Нека ми објасни некој како се отвора факултет без кадар, кои лекари се професори, кои доценти? Кои се тие луѓе што работат таму? И, сега ние имаме доктори што завршиле во Штип. Нека ми каже некој, какви стручњаци се тие доктори?

ФОКУС: Па, да, ама тие луѓе работат во болниците и ги лекуваат пациентите.

ЧАДЛОВСКИ: Е, дури тогаш ќе бидат излекувани.

ФОКУС: Мислите дека тоа се партиски војници?

ЧАДЛОВСКИ: Значи, денес кога некој конкурира за работа, никој не му дава образложение зошто не е примен. Не ви ги враќаат документите што ги поднесувате, а сето тоа го прават затоа што тоа место веќе е резервирано за некој партиски војник, кој веќе почнал да работи. Како може да зборуваме за Дуинг бизнис, кој се претвори во „шупљинг“ бизнис. Можете да забележите дека ниту еден од дуќаните околу нас не работи. Тие отворија по Дуинг бизнис, а по „шупљинг“ бизнис затворија.

ФОКУС: Министерот за здравство пред точно една година најави отворање центри за борба против депресијата во 34 здравствени домови. Зошто досега не се случи тоа?

ЧАДЛОВСКИ: Тоа нема и да се случи. Ние, најстарите психијатри досега од министерот ниту сме повикани, ниту сме консултирани. Па, барем да изразат желба да нѐ видат кои сме, како изгледаме. Може ќе им помогнеме со нашето искуство. Но, тие постојано нѐ игнорираат, како да не постоиме. На првиот конгрес во Македонија за детска психијатрија, нас основоположниците воопшто не нѐ повикаа. Доаѓаме до заклучок дека не нѐ повикале на толку ниско ниво, па очекуваме да нѐ повика министерот, кој е многу „голем“. Тој е толку голем, што за него не смееме ни да зборуваме, ни да пишуваме. Забрането е. Тоа ме потсетува на времето кога една дама, сопруга на еден премиер, велеше: „Ние сме орли, долу вас кокошките ситно ве гледаме“. И сега некој ќе го интересира моето мислење. Зошто?

ФОКУС: Постојат податоци дека до 2030 година депресијата ќе стане болест на 21 век. Министерот Тодоров има советници од сите области. Кој го советува на оваа тема?

ЧАДЛОВСКИ: Си има тој советници, послушници. Не му требаме ние.

ФОКУС: Според македонската практика, во денешно време е полесно да станеш министер и да управуваш со целиот ресор, отколку лекар?

ЧАДЛОВСКИ: Тоа е точно. Да земеме пример, на 24 години завршуваш медицина, потоа имаш една година стаж, ама тоа не ѝ е доволно на Лекарската комора, па треба уште шест месеци да се маткаш некаде, не за да научиш нешто, туку само да помине време за да имаш право да полагаш државен испит. Така, доаѓаме до 26 години. И, ако сакаш да специјализираш, ти требаат уште едно шест години и доаѓаш до 33 години. Па, треба ли жените да раѓаат или мажите да формираат семејство? Само за таа генијална идеја би му честитал на министерот. Ама, тој не е виновен, туку тие 15 вазали околу него што го слушаат. По некоја логика, како што поминуваат годините и целото време што човекот го вложил во учење, треба да стане министер. Ама, пак ништо. Во Македонија, на тие години, дипломираниот лекар е стар за министер. Кај нас министер се станува на возраст од 22 до 29 години бидејќи тогаш имаат најголемо искуство, директно од диско во фотелја.

НЕСОНИЦА СЕ ШИТКА ЗА 200 ЕВРА, А ПСИХИЧКО РАСТРОЈСТВО И ДО 50.000 ЕВРА

ФОКУС: Сведоци сме на огромен број тужби за клевета и навреда од владини функционери во кои се бараат вртоглави суми пари од 15.000 до 50.000 евра, во зависност од тоа колку е голема душевната болка. Очигледно, многу си се ценат…

ЧАДЛОВСКИ: Владините функционери се однесуваат како орли. „Јас сум заштитен демиркаписки бел орел, никој ништо не ми може“. Најверојатно, сета таа партиска хомогеност со страсна војничка структура ги подигнува нивните псевдо квалитети, и интелектуални и морални. Инаку, на кој друг начин би се размислувало и за прислушуваните телефонски разговори? Јас зборувам дека ми личите на мајмун, а потоа ви велам, леле, колку сте убави. Кај се моралните норми, каде се изгубија? Како не се срамат, по сѐ што се слушна за нив, да се гледаат уште в очи? Се враќаме 200 години наназад. Во што еволуиравме, од лошо – полошо.

ФОКУС: Дали астрономските суми пари што ги бараат ќе им ја излекуваат душевната болка?

ЧАДЛОВСКИ: На функционерите не им е до тие 30, 50 илјади евра. Едноставно, не им се важни. Повеќе им е важно да внесат страв во коски, да речат „Пазете луѓе што ќе кажете, што ќе напишете, оти ќе платите 50.000 евра“. Тоа е тој страв. Јас еднаш имав смелост да речам, дека за 50.000 евра отштета за навреда и клевета треба да имате такво психичко растројство, едно два месеца да лежите на клиника и тоа добро врзан со неуролептици.

ФОКУС: Но, премиерот Груевски, министерката Јанкулоска, ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, за време на судските процеси имаа и психијатриски вештачења. На кој начин се добива психијатриско вештачење?

ЧАДЛОВСКИ: Во 1977 година, на вториот Конгрес на психијатрија во Хаваи настана еден конфликт меѓу руската и американската психијатрија за злоупотреба на психијатријата во политички цели. Русите го напуштија конгресот. Јас им кажував на луѓето дека во 1977 година навистина немав видено политичка злоупотреба во нашите психијатриски вештачења. Но, имам видено злоупотреба со лекарските уверенија. Тоа е најголемата злоупотреба и искрено да ви кажам се срамам од мојата професија. Едно време психијатријата се злоупотребуваше за неодење во војска, а сега сме помодерни за некој степен и сега се злоупотребува за претрпен страв и болка. Потоа, во зависност од тоа колку ќе платиш, добиваш несоница за 200 евра, ама за тешки психички растројства сумата оди и до 50.000 евра.

ФОКУС: Значи, колку повеќе ќе платат, толку се порастроени?

ЧАДЛОВСКИ: Ако платат повеќе, тогаш моите колеги ќе направат повеќе. Во таков случај и за една шлаканица може да имаш несоници. Едно не ми е јасно, вечерта имаш несоници, а веќе утре си на состанок во Брисел. Е, како може да си таму ако имаш такви проблеми? На пример, несоница се шитка за 200 евра. Тоа го работат судиите по команда – роботи и психијатрите под команда, исто така роботи. Е тие издаваат такви психијатриски вештачења, вредни илјадници евра. Сега, сѐ е поврзано, патолози, судски вештаци, психијатри. Сѐ е тоа ДПМНЕ.

ФОКУС: И премиерот Груевски во судскиот процес со лидерот на НСДП, Тито Петковски, исто така извади психијатриско вештачење.

ЧАДЛОВСКИ: Дознавме ли кој психијатар му го издал? Не. Зошто го кријат името? Нека го кажат јавно кој е тој што направил психијатриско вештачење на Груевски и кој му го наложил тоа. Да ги види јавноста кои се тие психијатри што го прават тоа.

ФОКУС: Па, како луѓе со таква психијатриска дијагноза можат да ја водат државата?

ЧАДЛОВСКИ: Во тие психијатриски вештачења пишува дека тие живееле во анксиозност, им се треселе рацете, не можеле да спијат. Тоа не е вистинско душевно растројство, но им пречело во нивните логички размислувања. Ајде, побарајте ги авторите на тие мислења. Сите тие се партиски војници од ВМРО-ДПМНЕ, ама не од идеологија, туку од клиентологија. Едно психијатриско мислење чини 12.000 денари, ако си на некоја повисока позиција 15 такви мислења ќе ги земеш за себе, ако не може да се поделат и на другите. Па, прашајте ги болните дали го познаваат психијатарот што им го дал мислењето? Не. Не го ни виделе.

ФОКУС: Тоа значи дека вашите колеги даваат дијагнози од ракав?

ЧАДЛОВСКИ: Тие си штанцаат психијатриски мислења. Дел од мислењата се со ист текст, само се менуваат името и презимето на нарачателот. Тоа е страшно.

ФОКУС: Тогашниот министер за правда Михајло Маневски донесе закон над 65-годишна возраст лицето да нема право за него да се прави вештачење…

ЧАДЛОВСКИ: Според него, над 65 години го губиме разумот, нели само тој на 75 години е разумен. Тој е исклучок, екстремно интелектуален.

ФОКУС: Вреди ли душевната болка на владините функционери повеќе од душевната болка на обичните граѓани?

ЧАДЛОВСКИ: Не е тоа мое да оценам. Мое е да оценам колкава болка имаш, а судијката Лидија Неделковска, која ја оцени нивната болка за толку многу пари, стана претседател на Врховниот суд. За неа очигледно вреди.

Рамка:

МИНИСТЕРОТ И ДИРЕКТОРИТЕ КЛЕКНАТИ НА КОЛЕНА СЕ МОЛАТ ПРЕД ЦРКВАТА

 ФОКУС: Во периодот додека бевте директор на Психијатрија актуелна беше изградбата на цркви, па дури и во кругот на Клиничкиот центар.

ЧАДЛОВСКИ: Во 1998 година, кога дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, најголем „проблем“ беше тоа што немаше црква во болниците. Во тој период, зградата на Клиниката за психијатрија беше три метри под земјата, па успеавме да ја преселиме во друга зграда. Па, така, еден ден ја гледам мојата главна сестра со уште четири попа како оди во поранешната зграда на Психијатрија по подрумите, низ три-четири тоалети со најновата идеја во здравството – мојата подрумска психијатрија да станела црква. Но, изгледа на свештениците не им се допадна идејата, па црквичката ја отворија во дворот на Клиниката за инфективни болести, која и ден денес не функционира. Оттогаш почна страшната сепарација не само во здравството, туку меѓу луѓето во општеството. Во тоа време гледам 10-15 директори клекнати на колена како на старите комитски слики, уште пушки им фалеа, а напред министерот и се сликаа пред црквата!

Рамка:

НАМЕСТО ВО ЗДРАВСТВО СЕ ВЛОЖУВААТ ПАРИ ВО СПОМЕНИЦИ

 ФОКУС: Владата се фали дека вложува многу пари во здравството, но повеќе ефекти гледаме од вложувањето во спомениците. Што мислите за тоа?

ЧАДЛОВСКИ: На времето, во Југославија го имавме најдоброто здравство во светот во однос на организираноста и густината. Е, како може во тоа време здравството да било подобро организирано, отколку сега? Ама, не ме чуди, сега пари се вложуваат во изградба на 24 споменици годишно, каде што во просек еден споменик чини најмалку еден милион евра, а можеби и повеќе, како на пример „Мајка Тереза“, која ќе чини 10 милиони евра. А, ќе ја направат како Тереза Кесовија. Па, нели имаме куќа на „Мајка Тереза“?! Ме боли таа куќа затоа што сум роден во тоа маало и нејзината куќа добро ја познавам. Тоа е куќичка во турско-балкански стил, а не накитена во 14 стилови и со гулаби, ставена на место на кое не ѝ е местото. Сега и црквата што се гради „Св. Константин и Елена“, мислам дека има време и неа да ми ја направат во стил рококо-јококо. Морам да кажам дека оној архитект Чаушевски некој утре треба за уши да го фати за сѐ што направи. Но, што ќе му најдеш мана на човекот, тој си е бизнисмен. Пред два месеца, ми дојде на гости еден пријател од Париз, па сакав да го прошетам. Ми верувате ли дека се срамев од тоа што ќе му го покажам.

Режимот на Груевски е мешавина од системите на владеење на Путин, Чавез и Берлускони!

$
0
0

Текстов е објавен во неделникот Фокус на 10-ти септември 2010-та година, цела година откако тој замина од вицепремиерското место во владата на Груевски.

Разговарала
Јадранка КОСТОВА

 

Политикологот Ивица Боцевски е речиси постојано присутен во јавноста, но, секогаш во различна функција. Некогашниот блогер и колумнист во владата на СДСМ беше шеф на кабинет на вицепремиерот. За време на Преродбата стана владин портпарол, а потоа и вицепремиер за евроинтеграции. Само после една година поднесе писмена оставка, која секој си ја толкуваше на свој начин. Тоа беше повод за интервју со Боцевски, денес веќе предавач во приватната гимназија Нова.
Сепак, и после една година од неговото демисионирање од владата на Груевски, Боцевски за својот екс-шеф говори повеќе од научно-теоретски аспект. Актуелниот режим го дефинира како нов тип на авторитарно владеење, во кое наоѓа сличности со Путин и Чавез. Многу посочен е во описот на сдсмовците и Црвенковски. Кога зборува, пак, за неговиот пријател Ѓорге Иванов, се чувствува разочараност поради тоа што Претседателот се однесува спротивно на ставовите што ги промовирал како професор. Најоскудни одговори нашиот соговорник даваше на темата за корупцијата и преродбата.
Во секој случај, Боцевски типува на избори дури во 2012 година, убеден дека за побрзо евроинтегрирање на Македонија неопходно е оваа власт да падне!

ФОКУС Кусото соопштение на Вашата оставка од вицепремиерското место не кажуваше многу, па моравме да го дешифрираме. Зошто избегавте од Владата?

БОЦЕВСКИ Суштинска причина за мојата оставка беше политичкото разидување со премиерот Никола Груевски, со начинот на кој се водеше политиката, особено по изборите 2008 година. Кога тие разлики станаа непремостливи и несогледливи, не ми преостана ништо друго, освен да заминам од тој тим, затоа што веќе не можев пред себе и пред јавноста да ги бранам владините политики.

ФОКУС Можете ли барем сега да бидете поконкретен?

БОЦЕВСКИ Груевски ја доби довербата на граѓаните во 2006-та поради потребата за еден конечен демократски пробив во Македонија, целосна професионализација, како и забрзан чекор кон евроинтеграциите. Наместо тоа, ни се случи една репродукција на стариот систем со нови актери и лидер. Да бидам уште поконкретен, најголемиот проблем на Никола Груевски во моментов е што се повеќе наликува на Бранко Црвенковски.

ФОКУС Зарем во првите две години од мандатот на Груевски не ги регистриравте овие симптоми?

БОЦЕВСКИ До изборите 2008, Владата го немаше ова мнозинство. Тој баланс сепак предизвикуваше поинаков начин на водење на политиката.

ФОКУС Во што беше поинаква таа политика?!

БОЦЕВСКИ Во однос на оние феномени што претходно ги кажав, а каде што гледаме допирни точки со политиката што се водеше во мандатот на Црвенковски 1994-1998 година. Мандатот што го доби Груевски во 2008-та, не беше за да се направи вмровска револуција, туку беше мандат за демократска преобразба!

 

ЕВРОПСКАТА АГЕНДА НЕ ИМ Е ПРИОРИТЕТ

ФОКУС Дали евроинтеграциите се воопшто на агендата на Груевски?

БОЦЕВСКИ Не сакам да влегувам во хорот на Касандри, кои тврдат дека не постојат евроинтеграциите во агендата на оваа влада. Постојат, но, не се од врвен приоритет.

ФОКУС Што им е врвен приоритет?

БОЦЕВСКИ Очигледно дека тоа е вложувањето во политичката репродукција на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

ФОКУС Дури и оставките на оние што имаа по неколку функции, беа дадени по налог на партијата, а не заради интервенцијата на антикорупциската комисија?

БОЦЕВСКИ Тоа ме фрапираше како феномен. Забележувам дека постои една политичка генерација, приближно на моја возраст, која делува како да не е социјализирана низ македонскиот систем, која како да ги преспала сите оние дебати од почетокот на 90-тите години. Тие не ја разбираат функцијата на тие независни тела како комисијата за антикорупција, комисија за јавен интегритет и слично. Напротив, се е врзано како во кошница околу партиската матица. Фрапантно е што млади луѓе се однесуваат на таков начин. Демек, одлуките на едно тело како антикорупциската комисија се секундарни, во однос на одлуките на партијата!? По се изгледа, бидејќи е лоцирана на истото место, владата по инерција се однесува како некогашниот Це-Ка на СКМ, каде што мораа да поминат и да добијат виза сите одлуки во државата!
bocevski CMYK
ФОКУС Тоа е и системот на вредности – партискиот војник добива се!

БОЦЕВСКИ За жал, мнозинството во Македонија ова не го гледа како проблем, туку гледа како да најде приклучок на тој систем.

ФОКУС Интересно е дека цело време ја апострофирате партизацијата, но, не ја споменувате корупцијата како проблематичен сегмент на оваа власт? Сте се прашале, ли, од каде се силните милиони на ВМРО-ДПМНЕ за изборите? Партијата се најде дури и на списокот на најголеми огласувачи. Дали сте се посомневале дека тука има бајаги црни пари?

БОЦЕВСКИ Очигледно е дека имаме сериозен проблем со финансирањето на политичките партии во сите досегашни изборни циклуси. Партиите одбиваат да бидат транспарентни…

ФОКУС Ве прашав конкретно за ВМРО-ДПМНЕ додека Вие бевте дел од владиниот тим. Еве, директно прашање: Дали дониравте 1.000 евра за изборната кампања на Вашиот пријател Ѓорге Иванов, бидејќи така беше наведено во извештајот?

БОЦЕВСКИ Точно е дека дадов 1.000 евра за неговата кампања.

ФОКУС Самиот понудивте пари или партијата Ви сугерираше?

БОЦЕВСКИ Најнапред сакам да разјаснам некои работи врзани со Ѓорге Иванов, кои гледам дека цело време ми висат на глава. Тука има две теми. Прво, дали сум близок со Иванов? Да, јас го сметам Иванов за пријател. Меѓу другото, бев и негов демонстратор на политичките студии на Правниот факултет. Втората дилема, дали претседателската кандидатура на Иванов има врска со мене и мојот ангажман? Не! Кога беше објавена неговата кандидатура, се разбира дека тој ја доби мојата поддршка, како што би ја добил и секој мој близок пријател.

ФОКУС Па, зарем сите Ваши пријатели се како создадени да бидат претседатели на Република Македонија?

БОЦЕВСКИ Самиот начин на кој Ѓорге Иванов се претставуваше себеси пред македонската јавност, но, и како одличен професор на студиите, ми даваше добра причина да го подржам.

ФОКУС Чиј предлог, тогаш, беше Иванов за Претседател?

БОЦЕВСКИ Не знам и не ме интересира. Јас го запознав како експерт за цивилното општество, како теоретичар на мултиетничката демократија, како одличен познавач за тоа што е добро и пожелно за едно демократско општество!

 

ИВАНОВ ТРЕБА ДА СИ ГИ ПРЕПРОЧИТА СВОИТЕ КНИГИ

ФОКУС Дали одличниот теоретичар се покажа како добар практичар?

БОЦЕВСКИ Јас се надевам дека Иванов мошне скоро ќе си ги препрочита своите книги за цивилното општество и за мултиетничка демократија, но, и Уставот на Република Македонија, па, конечно ќе го видиме како една еманципирана политичка фигура која ќе ги прави оние работи во кои верува, и заради кои ја доби и мојата поддршка, но, и поддршката на многумина кои не се врзани за ВМРО-ДПМНЕ.

ФОКУС Не сте задоволен од Претседателот?

БОЦЕВСКИ Иванов се однесува премногу пасивно, па, претседателството како функција бледнее со неговиот избор за Претседател.

ФОКУС Ви пречи неговата сервилност кон Груевски?

БОЦЕВСКИ Ми пречи фактот што претседателската функција, која има силна морална тежина, не ја користи за да ги промовира оние цели што ги пропагираше како професор. Ни на сон не би помислил дека авторот на книгата за цивилно општество ќе го потпише овој срамен закон за антидискриминација!

ФОКУС Дури и Борис Трајковски, кој самиот претходно се декларираше како партиски војник, потоа се оттргна од Георгиевски.

БОЦЕВСКИ Јас се надевав дека тоа ќе се случи и со Иванов во односите со Груевски. Впрочем, самиот тој има напишано многу работи за овие теми и проблеми, па, редно е да се потсети на нив.

ФОКУС Контактирате со пријателот Иванов? Разговаравте ли со него лани за Вашата оставка?

БОЦЕВСКИ Не, немаме комуникација. Тој е претседател на државата и кога ќе почувствува дека му е потребен пријателски муабет, може да се јави.

ФОКУС Му се јавивте, ли, кога ги дониравте тие 1.000 евра за неговата кампања? Не ми одговоривте дали самиот се сетивте или партијата го бараше тоа од вас?

БОЦЕВСКИ Видете, не оди тоа така. Нема врска партијата…

ФОКУС Сакате да кажете дека наеднаш секој што има врска со ВМРО самоиницијативно, сите онака спонтано доаѓаат до идејата да лупнат по неколку илјади евра за избори?! Смешни се тие списоци…

БОЦЕВСКИ Секој дава онолку колку што ќе процени дека може да даде!

ФОКУС Владата даваше десетици милиони евра за рекламирање на владините проекти, понекогаш и небулозни, барем според моите аршини. И овде немаше транспарентност колку и како, по кои криетриуми се делеа овие рекламни кампањи на одредени пи-ар агенции, ама и на кои медиуми. Зарем не Ви пречеше таквиот стил на однесување со народните пари?

БОЦЕВСКИ Тука имаме две теми поврзани со владините реклами. Првата е што тоа воопшто не е регулирано. Во другите земји постои законска обврска за електронските медиуми, на секој час, на пример, да одделат две-три минути за јавните огласувања, што секогаш се однесуваат на кампањи од општо добро.

ФОКУС Прашањето ми беше за чудните критериуми по кои се делеа овие реклами, односно пари. Всушност, се купуваше подршката од медиумите? Оние кои ги величаат владините политики, добиваа куп вакви реклами, а никогаш не добивме одговор колку и зошто во тие медиуми? Сметате дека ваквата политика е во ред?!

БОЦЕВСКИ Не, не сметам дека тоа е во ред, но, како што веќе реков, сметам дека треба да се регулира…

ФОКУС Имаме едно чудо регулирани области, па, властите повторно си буткаат по свое, постојано извртувајки ја смислата на законите?

БОЦЕВСКИ Е, па, тоа е проблемот, како и општата политичка култура. Треба оваа област да се регулира и да се внесе во една правна рамка. А, браната на таа рамка понатаму е активната граѓанска јавност!

 

ДЕМОКРАТСКА Е САМО ФАСАДАТА НА РЕЖИМОТ НА ГРУЕВСКИ

ФОКУС Како би го опишале режимот на Груевски, со оглед на тоа што оној на Црвенковски го дефиниравте како султанизам?

БОЦЕВСКИ Ова е друг тип на авторитарно владеење. Ова дури сега почнува да се опишува во теоријата. Имено, покрај тоа што демократските политичари ги користат модерните техники за промоција на своите цели, и оние од друг ков, недемократските политичари ги користат истите техники. Овој нов тип на владеење, во вид на задржување на демократската структура, но нејзино исполнување со недемократски елементи, во моментов се опишува со повеќе актери што сега се присутни на светската политичка сцена. Во најбенигната варијанта тоа е Силвио Берлускони, а во многу помалигна варијанта тоа се Хуго Чавез и Владимир Путин.

ФОКУС Во што е сличноста на Груевски со Берлускони?

БОЦЕВСКИ Сличноста е пред се во делот со медиумската контрола.

ФОКУС Но, италијанскиот премиер е сопственик на повеќе медиуми!

БОЦЕВСКИ Без разлика. Сличноста е во злоупотребата на државната функција за користење на јавните средства што им стојат на располагање, ако сакате и со кампањите кои ги имавме во изобилство. Потоа и во злоупотребата на државните медиуми. Блискоста може да се најде и во партизацијата за која веќе зборувавме. Од друга страна, да нагласам дека политиката на Груевски е сепак активистичка политика, дека станува збор за еден многу поактивен режим од оној што го имавме претходно, пред неговото доаѓање на власт. Груевски има посебни политики за секоја целна група- лекари, земјоделци, пензионери, стечајци… но, истовремено и една лабава идеолошка платформа!

ФОКУС Дали режимот на Груевски е поблизок до оној на Путин?

БОЦЕВСКИ Сличностите се повеќе или помалку во сличниот институционален развој. Секое посткомунистичко општество остава зад себе можности за пробив на авторитарно-популистичко или недемократско владеење. Тоа зависи од многу фактори. Но, сличностите ги гледам во барањето за враќање на старата слава на Русија. Како што некои сеуште се овде се одушевени од старата слава на бивша Југославија, така некои се фасцинираат од антиката. Сличноста на Груевски со Путин е апсолутно и според партизацијата и односот кон медиумите. Еве уште една работа која е евидентна: И во Македонија се оневозможува да се појави и формулира алтернатива, и во општествена и во бизнис смисла. И тука се гледаат сличностите!

ФОКУС Груевски со Чавез го поврзува популизмот?

БОЦЕВСКИ Точно, но и односот кон медиумите. Сте слушнале ли за емисијата Ало, президенте? Секоја недела во 10 часот во Венецуела, Чавез има своја ТВ емисија. Пред извесно време предизвика меѓународен инцидент, затоа што среде емисијата доби информација од министерот за одбрана дека Колумбија прави некоја акција на границата. Тогаш Чавез, пред целиот ТВ аудиториум, во текот на емисијата нареди да се испрати цела дивизија на границата со Колумбија, со што го возбуди Вашингтон. Гледаме дека овие медиумски техники се користат и тука. Се на се, станува збор за задржување на демократската фасада, но, за типична авторитарна матрица на владеење, инструментално користена за репродукција на партијата!

 

СЕП СЕ МАРГИНАЛИЗИРА СО ВАСКО НАУМОВСКИ

ФОКУС Со еден лидер кој е микс на стиловите на владеење на Берлускони, Чавез и Путин, што може лично да стори еден министер за евроинтеграции? Како ја оценувате работата на Вашиот наследник, Васко Наумовски?

БОЦЕВСКИ Мислам дека не е многу пристојно да се критикуваат наследниците. Секој оној што бил во чевлите на некој вицепремиер не е соодветно да го критикува следниот. Меѓутоа, мене ми пречат две работи. Прво, тоа што Секретаријатот за европски прашања (СЕП) веќе не може да се препознае, пред се, кадровски – во делот на вработувањата и критериумите за нови вработувања. Драстично е изменета состојбата со влез на нови кадри без никаков критериум.

ФОКУС Веројатно има критериум – партиската припадност и подобност?

БОЦЕВСКИ Точно, но, така Секретаријатот бледее. Тој имаше една нагласена улога во владеењето, а сега гледаме дека се маргинализира, односно, дека министерствата и други тела се многу побитни во евроинтеграциите, додека Секретаријатот лебди во некој меѓупростор. Тоа е резултат на она што веќе го реков, дека евроинтеграциите не се дневен приоритет на оваа владеачка гарнитура.

ФОКУС Значи, сепак, Радмила Шеќеринска направила солидна кадровска база во СЕП?

БОЦЕВСКИ Шеќеринска како вицепремиер ја има воспоставено актуелната структурата на СЕП. Мојата филозофија на владеење, кога јас бев на таа функција, беше дека ние треба да градиме на темелите што ги оставиле тие пред нас.

ФОКУС Дали Вие лично имавте притисоци да вработувате партиски кадри?

БОЦЕВСКИ Притисоци или сугестии, како сакате наречете ги, секогаш има, без разлика која партиска структура е на власт. Дали ќе има или ќе нема партиски вработувања, пред се зависи од активноста и цврстината на човекот кој раководи со тој ресор.

ФОКУС Ивица Боцевски важеше за дете израснато под капата на СДСМ, па, немаше ништо чудно што станавте шеф на кабинет на вицепремиерот Минчо Јорданов, во владата на Бучковски. Но, Вашето назначување за портпарол на владата на Груевски беше изненадување, поради што од сдсмовските кругови добивте етикета – јаничар. И, тоа не е се, сега сте во ЛДП. Но, каде се чувствувавте поприродно: Во екипата на Бучковски или кај Груевски?

БОЦЕВСКИ Во владата на Бучковски немав политичка функција, за разлика од мојот ангажман во владата на Груевски. А, веќе реков дека моите мотиви да влезам во таа влада беа очекувањата дека конечно ќе се насочи сета енергија на демократска преобразба на општеството…

ФОКУС Зошто го избегнувате одговорот? Вие сте пред се политиколог и не верувам дека не сте ги регистрирале сите моменти.

БОЦЕВСКИ Не сум го разгледувал тоа на таков начин. Секоја влада го отсликува начинот на работа на партијата и на лидерот.

ФОКУС Добро, де, каде имаше подемократски амбиент?

БОЦЕВСКИ Немало драстични разлики во демократскиот амбиент, повеќе имало разлики во поглед на ефикасноста и хиерархичноста. Во овој дел, владата на ДПМНЕ е сигурно многу подисциплинирана. Од друга страна, за разлика од Бучковски, кој мораше да се бори со неформалниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски во тоа време претседател на државата, кај Груевски е лоцирана сета фактичка моќ!

 

СДСМ Е ТАЛОГОТ НА НЕКОГАШНИОТ СКМ

ФОКУС Рековте дека како шеф на кабинет на вицепремиерот не сте имале моќ. Сепак, за шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протогер, се плетат приказни дека е моќна фигура. Или, тој е само феномен во политиката?

БОЦЕВСКИ Мартин Протогер е срамежлив за јавни настапи, а тоа создава една аура на недопирливост, на не знам каква моќ. Тој едноставно е шеф на кабинет. Тоа е неговата функција.

ФОКУС Заборавате дека е и генерален секретар на партијата?

БОЦЕВСКИ Слушнав доста анегдотални приказни, за некакви смс пораки…

ФОКУС Па, и Вие, Боцевски, додека бевте во оваа влада, а и извеснен период после тоа, функциониравте главно преку смс пораките!

БОЦЕВСКИ Добро, смс постои како средство за комуникација. Но, секој што е во владиниот тим има начин да ги искаже своите ставови и да влијае во политиката. Не ми се коментираат чаршиски приказни. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ функционира како една хиерархиски цврсто организирана партија. Но, секој во зависност од тоа колку е способен, има начин и простор да си ги каже своите ставови. А, крајната одлука е секако на оној што ја носи одговорноста, на премиерот.

ФОКУС Па, не сте биле на партиски состанок за да знаете?!

БОЦЕВСКИ Говорам за владата на Груевски во која бев јас министер.

ФОКУС Ви било дозволено да искажете и поинакво мислење?

БОЦЕВСКИ Апсолутно!

ФОКУС Супер, дали мислите дека СДСМ со Бранко Црвенковски може да го победи Никола Груевски?

БОЦЕВСКИ Не, јас сметам дека попрво Груевски ќе се победи самиот себеси, отколку што Црвенковски ќе го победи Груевски. Жално е што СДСМ однадвор има еден сјај на модерност и елитизам, а всушност станува збор за талогот на некогашниот СКМ. Тоа е партија на комунистички апаратчици. И, за жал, дури и најмодерниот лидер што таму ќе се претстави, по една година почнува да личи на Црвенковски. Со ваков начин на размислување, оваа партија не може да произведе некаква поинаква матрица на однесување. И, она што е најжално е дека вака целиот простор му е препуштен на ВМРО-ДПМНЕ. А, знаете дека без баланс, и најдоблесниот човек ќе попушти, а камоли пак луѓето што сега се на најодговорни позиции.

ФОКУС Бевте на почетокот активно вклучен во составувањето на законот за лустрација, се до моментот кога станавте портпарол на владата. Поточно, застапувавте став дека прочистувањето од кодошите на тајните служби е неопходен услов за развој на демократските процеси. Дали сега, кога го имаме законот, верувате дека лустрацијата ќе ја бидне?

БОЦЕВСКИ Лустрацијата потфрли само заради еден основен фактор. Дефинитивно, ниту кај ВМРО-ДПМНЕ, ниту кај СДСМ нема реална волја за вистинска лустрација, туку постои волја да се инструментализира тој процес за да се оцрни политичкиот противник.

ФОКУС Кој е стожерот на отпорот во ВМРО-ДПМНЕ?

БОЦЕВСКИ Мислам дека стожерот на отпорот кај обете партии е оној дел што чувствува дека е загрозен од самата лустрација. Не само оние што соработувале со структурите на овие служби, туку и оние што се навикнати на тој начин на владеење. Но, пред се, најголемиот отпор ќе го најдете во разузнавачките структури поврзани и со едната и со другата партија.

ФОКУС Дали Сашо Мијалков е главниот противник? Колку е тој моќен?

БОЦЕВСКИ Мислам дека и тука повторно имаме еден вид мистификација околу една личност, повторно како резултат на ограничениот пристап на Сашо Мијалков до општата јавност. Што се однесува до отпорот, тој природно доаѓа од тие и таквите структури. А, Сашо Мијалков е онолку моќен, колку што му дозволува Никола Груевски!

ФОКУС А, му дозволува бајаги?!

БОЦЕВСКИ Не можам да дадам таква оценка, затоа што во мојот сегмент на работата не сум се сретнал ниту еднаш со Сашо Мијалков!

 

ЗА ИЗБОРИ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ ДО 2012-ТА

ФОКУС Создаде, ли, ВМРО-ДПМНЕ во иминативе четири години своја олигархија или буржоазија?

БОЦЕВСКИ Тешко е да се одговори на ова прашање. Ние прво направивме лоша приватизација, која создаде социјални разлики што создадоа дополнителни проблеми. Од друга страна, не се создадоа доволно успешни претприемачи, кои ќе бидат, ако не повеќе, барем во некоја втора лига во регионот. Никој од големите имиња од бизнис секторот во Македонија, не игра никаква улога ниту на север од Куманово. Тоа е резултат на моделот што се избра во македонската приватизација.

ФОКУС За партијата на Груевски беше прашањето. Дали создаде своја бизнис елита, олигархија, буржоазија, како сакате крстете ја?

БОЦЕВСКИ Ќе мора да почекаме да ги видиме резултатите од ова владеење. Очигледно е дека се случува нешто на тој план, меѓутоа сеуште ги немам лоцирано нивните главни знаменосци.

ФОКУС Евроинтеграциите зависат од тоа дали ќе се постигне компромис за името со Грција. Верувате ли дека тоа ќе се случи до крајот на годината?

БОЦЕВСКИ Доколку Република Македонија навистина се приближува кон компромис , ќе има одредени знаци. Треба претходно да се исцица овој отров што постои во јавноста за името и оваа прекумерна доза на нагласен квазипатриотизам со кој се храни јавноста и кој дури станува здодевен веќе. Првиот сигнал дека има приближување ќе биде кога ќе омекнат овие ставови, односно, кога ќе почнат да се презентират прифатливи варијанти за Република Македонија.

ФОКУС Што подразбирате под прифатливи варијанти?

БОЦЕВСКИ Она за што имаме консензус, делот што е отворен за преговори, а не за оние кои ни го оспоруваат идентитетот. Но, тоа во овој момент не го гледам. Мислам дека е невозможно до крајот на годината и да се постигне компромис и да се спроведе референдум и да се направи позначаен исчекор во овој процес!

ФОКУС Дали воопшто Груевци се подготвени за компромис?

БОЦЕВСКИ Во моментот се наоѓаат во еден ќорсокак, покрај тоа што постои и неснаоѓање, неумеење, незнаење. Постои и еден вид изгубеност како да се продолжи понатаму. Заради тоа, гледаме дека процесот се движи во сите правци, од тужби пред Меѓународниот суд за правда, па се до некакви небулози. Од друга страна, и внатре се нема храброст да се дефинира македонската политика, затоа што секој е исплашен како ќе реагира другиот. Тоа не става во пат-позиција. Жалосно е што не се случува посериозен исчекор. За да се случи тоа, сметам дека мора да има промена на власта!

ФОКУС Верувате дека ќе има предвремени избори?

БОЦЕВСКИ Измеѓу неизвесни избори со едно надразнето јавно мислење што може да зоврие на чуден начин и уште две години власт во кои ќе се тераат владините проекти, не сметам дека Груевски ќе избере неизвесност. Оттаму, мислам дека за избори ќе почекаме до 2012 година.

ФОКУС Од лево на десно, на крајот завршивте во центар. Тоа што сега сте дел од ЛДП, дали значи дека верувате дека е созреан моментот да се урне црно-белиот свет, во кој наизменично се менуваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ?

БОЦЕВСКИ ЛДП во моментов се подготвува да си го окупира теренот што природно и припаѓа, односно, да го опфати граѓанскиот сегмент во РМ и да го претстави во националниот парламент, како и потребите за демократизација на целото општество и слобода за функционирање на претприемачите. На крајот на краиштата, јас често велам дека во Македонија тешко е да се земе бремето на пристојноста во националната политика. Тоа бреме долго време го носеше мојот професор Ѓорѓи Марјановиќ. И за мене беше врвна привилегија што заедно со професорот влеговме во ЦО на ЛДП.

ФОКУС Но, како ќе се изборите за позначајно место на политичката сцена, кога имам вопечаток дека се однесувате премногу салонски, затворено?

БОЦЕВСКИ Критично е, според мене, не само да се формулира оваа наша политика, туку и да се биде многу поагресивен во јавните настапи и во односите со медиумите, во презентирањето на таа наша политика. Тука ЛДП има свои предизвици!

ИНТЕРВЈУ ГОРАН СTAМЕНКОВСКИ, СУДСКИ СЛУЖБЕНИК ПОД ПРОГОН НА ФАМИЛИЈАТА: Ќе дојде денот кога Панчевски ќе одговара за своите злодела!

$
0
0

Интервјуто е објавено во 1115 број на неделникот „Фокус“ на 17 февруари 2017 година.

Непосредно по објавувањето на интервјуто, Горан Стаменковски е суспендиран од работното место – раководител на одделението за човечки ресурси во Основниот суд Скопје 1.

Горан Стаменковски е дипломиран социјален работник, со постдипломски студии на Факултетот за безбедност. Петнаесетина години работи во судската администрација. Прво во Граѓанскиот суд во одделот за стечај, потоа во организиран криминал во претходна постапка, за во 2012 да премине во одделот за човечки ресурси по барање на екс претседателот на судот, Владимир Панчевски. Актуелен стана откако беше пријавен за инцидент со портпаролката на судот Паула Костадиновска, а обвинителството му покрена предлог-обвинение за загрозување на сигурноста. Наводно, тој почнал да ја турка колешката од столчето на кое седела и ѝ се заканувал дека ќе го запамети по тоа што во иднина ќе ѝ го направи. Но што навистина се случило? Имало ли физички контакт? Дали Станковски е избран затоа што прв покажа храброст да се појави во протестите на Шарената револуција? Зад целиот случај, според него, стои екс претседателот на судот Панчевски, кој го гази и понижува достоинството на судиите

Разговараше: Љубиша АРСИЌ

ФОКУС: Вашето име се појави во јавноста за наводно предизвикан инцидент со една од соработничките на поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски. Станува збор за една од портпаролките на судот, а ваша доскорешна коректна колешка. Која е вашата верзија за настанот?

СТАМЕНКОВСКИ: Кога Панчевски избра портпароли на судот ги смести во мојата канцеларија во која работев како раководител на секторот за човечки ресурси. Еден ден морав да си доземам некои предмети затоа што во меѓувреме бев прераспределен на друга, пониска позиција. Портпаролката седеше на моето столче, а јас и укажав да стане. Таа само ме погледна и откако сфатив дека не реагира, уште еднаш и се обратив да стане. Потоа го поместив столчето, ги собрав работите по кои дојдов и заминав. И тоа беше се. Немаше никакво физичко насилство, немаше никакво превртување на маси и столици. А сето тоа се случи пред очите на судијката Славјанка Јанковска која многу добро знае што се случи и дали имаше мој обид за физички контакт со некого.

ФОКУС: Сепак, случајот беше пријавен во полиција, а против вас се води кривична постапка за загрозување на сигурноста.

СТАМЕНКОВСКИ: Истиот ден, по немилата случка, јас излегов од судот, но ми се јавија полицајци да се вратам назад. Со полицајците зборував во судницата број 1 при што ми беше изречно кажано да внимавам оти сакаат да ме наместат. Ми ги покажаа изјавите на портпаролката која пријавила, според мои сознанија по налог на Панчевски, и на судијката Јанковска кои во суштина беа различни. Потоа дојде инспектор од насилен криминал за да провери дали може кривично да ме гонат. Замислете, за нешто за кое не можат ни прекршочно да ме гонат оти не постои инцидент, тие ми се закануваа со кривичен прогон. Интересно е што и инспекторот ми го повтори истото, дека се јавувале одредени судски авторитети за да притиснат да ми се монтира насилен случај. Утредента, во полициска станица ми кажаа дека ќе испратат допис до Основното јавно обвинителство за да го известат дека нема кривично дело за настанот во канцеларијата.

ФОКУС: Е па, како сега има истрага против вас, а веќе сте дале и исказ во јавното обвинителство, ако претходно во МВР ви потенцирале дека нема дело и дека ќе го известат обвинителот?

СТАМЕНКОВСКИ: По неколку дена ми се јави обвинителката Ана Гоговска, инаку секретарка на главниот обвинител Марко Зврлевски додека тој раководеше со здружението на обвинители и ме праша кога ќе дојдам да дадам исказ во обвинителството. Со оглед дека по настанот јас бев на боледување отидов кај обвинителката после некое време. Мене ми е нејасно како ќе го туркаат предметот без никаков доказ за напад, иако имам информации од колеги обвинители дека самата Гоговска признавала оти нема дело, но морала по налог на Зврлевски да го тера случајот. Сигурен сум дека тоа е така. Прашувам – дали ова и е најтешкиот предмет на Ана Гоговска?

ФОКУС: Велите дека имало сведок на настанот, судијката Славјанка Јанковска. Не ли очекувате дека ќе ја каже вистината?

СТАМЕНКОВСКИ: Со судијката Славјанка Јанковска, која сега е сведок против мене во процесот за инцидентот во канцеларијата, претходно имав недоразбирање околу одредувањето мерка притвор за Зоран Верушевски за поседување пиштол. Цел суд коментиравме како може да даде притвор за службен пиштол. Имам информација дека по настанот и колешката портпаролка Паула и судијката дале исказ во обвинителството за да ги наштелуваат изјавите, но за нивна несреќа, јас ги имам нивните првични искази каде е јасно дека различно го раскажале настанот. Затоа и против нив ќе поднесам кривични пријави за лажно сведочење и за лажно пријавување. Но, ќе ја пријавам и обвинителката за злоупотреба на службената должност.

СО ПАНЧЕВСКИ БЕВМЕ НАВИСТИНА ДОБРИ ДРУГАРИ

ФОКУС: Каква е улогата на Панчевски во овој настан? Споменавте дека тој ја натерал колешката да пријави во МВР.

СТАМЕНКОВСКИ: За да зборуваме за улогата на Панчевски во судот, но и во мојот случај, мора да почнеме од пред неколку години. Јас претходно работев во Основниот суд Скопје 2, а тогашниот претседател Беќир Шаини ме испрати до финансиската полиција да однесам два предмета кои ги работевме, едниот од нив беше за тобако-босот Бајруш Сејдиу. Таму го запознав Панчевски. По некое време тој беше избран за судија во Кривичниот суд, јас бев во Граѓанскиот и почнавме да комуницираме за време на паузите. Пријателството растеше и кулминираше со поканата на Панчевски да се преместам од мојот во неговиот суд. И тоа се случи во 2012 година.

ФОКУС: Зошто е важна оваа релација што ја отворате со тоа што се случува во судот?

СТАМЕНКОВСКИ: Тоа е најважно, тоа што јас го знам за него за овие неколку години. Сите тајни на Панчевски, но и сите негови незаконски постапки за кои еден ден ќе одговара. По неколку години пријателство и соработка, сместени канцеларија до канцеларија, Панчевски изгуби нерви оти ме видел на фотографија на протестите на Шарената револуција. Кога беше објавена фотографијата, Панчевски не беше во државата, но ми реагираше со предупредување дека допрва ќе ме снашло нешто. И он, и сите негови соработници во судот знаеја дека јас сум опозициски настроен во однос на власта, и не знам зошто толку ги исплаши фотографијата, или пак е поради моите информации кои ги поседувам, а кои допираат многу подлабоко од тоа што можам да го споделам со јавноста.

ФОКУС: Значи, учеството на протестите го наруши вашето пријателство?

СТАМЕНКОВСКИ: Кога се врати Панчевски од странство веднаш ми покрена дисциплинска постапка за доцнење од пауза. После два месеца, уште една, овојпат за доцнење на работа. Им нареди во приемното одделение да не ми доставуваат пошта и на крајот ме прераспредели на друга, пониска позиција. Јас за ова повикав трудова инспекција која донесе решение дека моето прераспределување е незаконско. На крајот, за да ми наштети, измисли инцидент преку портпаролката само уште еднаш да се обиде да ме деградира. Сега, за истиот наводен инцидент ме гонат и прекршочно и кривично и ми покренаа дисциплинска постапка во судот.

ФОКУС: Додека се чека кривичната одговорност, дисциплинската заврши со парична санкција, што значи ако имало физички напад ќе ве казнеа построго.

СТАМЕНКОВСКИ: Искрено, немаше причина ниту за парична казна, ама со оглед на тоа дека членовите на комисијата, сите петмина луѓе на Панчевски, беа под притисок и отказ ако може да ми се даде, на крајот најверојатно, соочени со непостоењето докази, мораше да ми одредат нешто. Оти, ако нема ништо, нема случај. За овие 15 години во судството никогаш не сум бил казнуван, а сега за неколку месеци ме казнуваат трипати. Сепак е нешто чудно со таа Шарена револуција.

ВРАБОТЕНИТЕ ИЗЛЕГУВАА СО СОЛЗИ ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПАНЧЕВСКИ

ФОКУС: Значи, сега против вас се води постапка за инцидентот со колешката, но дали вие преземате нешто? Ако вашата верзија е точна, тогаш сигурно и вие ги користите правните механизми, какви – такви?

СТАМЕНКОВСКИ: Поднесов тужба за мобинг и неколку кривични пријави од кои едната се однесува за јавното објавување на моето боледување на лажниот профил на Панчевски под име Јасмина Бандини Блажевска и обвинителката што ми ја отфрли напишала дека тоа боледување можело да биде кај кого било од вработените во судот, иако ниту јас, ниту Панчевски немавме дадено исказ во обвинителството. Не беше земена предвид ниту изјавата на сметководителот на судот, заверена на нотар, со која тој потврди дека моето болничко досие му било побарано од секретарката на Панчевски. Ова е кривично дело за кое Панчевски кога-тогаш ќе одговара. Јас сега имам поднесено жалба до Вишото јавно обвинителство.

ФОКУС: Но, дали е доволна само вашата битка? Зошто другите молчат, особено судиите?

СТАМЕНКОВСКИ: Знаете, секогаш се наоѓа начин како да се исплашат послабите. На пример, во статутот на судот никаде не е наведено дека на вработените може да им се одреди норма, а Панчевски ни определи по 400 предмети месечно, што не е изводливо. Затоа ние од одделот за санкции, 13 вкупно, се потпишавме на едно укажување и му го испративме на Панчевски. Но што направи тој? Почна еден по еден да ги повикува потпишаните, а тие со солзи излегуваа од неговата канцеларија. И како сакате после луѓето да се гласни? Еве, јас се обидувам со овој јавен настап да укажам на нечесното и незаконското работење во судот со цел да ги охрабрам пред се судиите да излезат и јавно да се спротивстават оти судството е во пропаст. Ако не се освестиме ние внатре нема никој да ни помогне. Тоа го знаат и самите судии и судските работници, дека нивното достоинство никогаш не било вака погазено.

ФОКУС: За што се другите две пријави кои ги поднесовте?

СТАМЕНКОВСКИ: Другите се за попречување на работата во служба и за повреда на рамноправноста, но знаејќи го нашето судство и влијанието на Панчевски не очекувам дека нешто повеќе ќе се случи, но затоа знам дека ќе дојде денот кога сите ќе одговараат за злоделата. Не само од мене, туку од судиите пред се.

ПОЛОВИНАТА ОД СУДИИТЕ И СЛУЖБЕНИЦИТЕ СЕ НА НЕСООДВЕТНИ МЕСТА

ФОКУС: Како од судиите? Па тие упорно молчат и не реагираат на сите неправди што им се случија!

СТАМЕНКОВСКИ: Мислам дека некако се насобира гневот и само се чека погоден момент кога ќе прсне сето ова. Е тогаш ќе нема крај. Тогаш ќе мораат сите еден по еден на обвинителна клупа. Прво Панчевски, па неговите соработници. Замислете, судиите кои позитивно одлучуваа по барањата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) беа прераспределени и малтретирани. Судиите Александра Ристевска и Лидија Зимбовска беа префрлени во прекршочниот оддел само затоа што не сакаа да одлучуваат за отфрлање на „бомбите“ по решението кое го донесе Јанковска. Исто така, судијата Огнен Ставрев беше префрлен зашто имал издвоено мислење во однос на некој предмет поврзан со опозицијата.

ФОКУС: Има ли уште на списокот?

СТАМЕНКОВСКИ: Судијата Јован Лазаревски имаше само неколку месеци пред пензија кога беше на удар од Панчевски затоа што му определи притвор на Горан Грујевски од УБК. Заканите беа толку изразени што еден ден Лазаревски со тешка мака го спасивме, дури мораше да дојде итна медицинска помош. Оттогаш тој не се појави во судот. Има и други примери, има и други судии. Каде и да отвориш, каде и да чепнеш, наидуваш на неспособноста на Панчевски и на неговото незаконие. Исто така, да не заборавиме дека на Панчевски кривична пријава му поднесе судијата Иван Џолев затоа што со писмен документ му наложува како да одлучува по конкретен предмет. На други судии им давал исти такви упатства како да судат кои се уште не се јавно објавени, а има и телефонски разговори како влијае врз одлуки. Имаме дури и една телефонска порака кај еден судија која му стигнала од Панчевски од странство.

ФОКУС: Значи, сепак судиите се тие кои ќе мора да излезат и да се спротивстават на тоа што се случува во судот?

СТАМЕНКОВСКИ: Генерално – да, но и сите други кои сме засегнати од незаконието. На секретарката која е вршител на должност, Панчевски и има дадено овластување да потпишува! Во ист ден кога беа казнети 150 службеници, секретарката ги потпиша решенијата иако никаде не е предвидено дека постои в.д. секретар на судот. И за ова подготвуваме кривична пријава. Ова се последните денови на Панчевски кој и натаму, иако не е претседател, се уште шефува со судот. Откако му е завршен мандатот Панчевски потпишал документ – кој предмет на кој судија да му се додели, и тоа е основа за кривично дело. Замислете, по завршување на мандатот потпишувал за распределба на предмети!?

МОИТЕ ЈАВНИ НАСТАПИ ГО ИЗНЕРВИРАА ШЕФОТ

ФОКУС: Рековте дека една од главните причини за одмазда против вас е тоа што сте оделе на протестите на Шарената револуција? Имаше ли и други причини?

СТАМЕНКОВСКИ: Откако му навестив на Панчевски преку Фејсбук дека целата вистина за судството ќе излезе на виделина и ќе излезат вистините за неговото минато, како што се неколкуте кражби, за кои пишуваа некои медиуми и едно физичко насилство, почна да ми се одмаздува. Јас одев на протестите бидејќи сметав дека Шарената револуција е во ред, но и поради тоа што знаев дека Панчевски порано беше во СДСМ. Но, по се изгледа им е налутен уште од времето на Бучковски кога не беше избран за обвинител. Исто така, додека бев во Граѓанскиот суд имав работено на предметите за телевизиите А1 и А2 и знам кој се беше во игра. Практично, ова што ви го изнесувам е само мал процент од работите што се случуваат и што ги знаеме и за кои молчиме. Затоа, свесен за целиот ризик, сметам дека беше доста. Не смееме да дозволиме судот да се однесува со поинакви аршини кон СЈО и кон обвинителството на Зврлевски. Време е да го дадеме отпорот против незаконието во судството. Затоа што не смее да продолжи нивната стратегија – ако не е со нас, убиј го!

ПАНЧЕВСКИ КОРИСТИ ЛАЖНИ ПРОФИЛИ НА ФБ

ФОКУС: Велите дека Панчевски го објавил вашето боледување преку лажен профил на Фејсбук? Од каде знаете?

СТАМЕНКОВСКИ: Освен профилот на кој беше објавено моето боледување, за Панчевски се зборува дека користи неколку лажни профили на социјалните мрежи. Преку нив самиот си коментира. На пример, прво го злоупотребува судот и неговите лични ставови ги објавува преку соопштенија, а потоа од своите лажни профили коментира позитивно за судот и за себе како претседател. И ова е невиден срам за претседател на суд.

„ЈУСТИЦИЈА“ БЕШЕ ПРЕДМЕТ ЗА ОДМАЗДА

ФОКУС: Може ли да наведете некој познат судски случај каде што улога има Панчевски?

СТАМЕНКОВСКИ: „Јустиција“ е масло на Панчевски и еден негов соработник Владо Ружичиќ. Целта на предметот беше Панчевски да и се одмазди на Лидија Неделкова од Врховниот суд затоа што одамна имаат отворен фронт. Како? Беше избран периодот кога со Кривичниот суд управувала Неделкова, па бидејќи во нејзино време се случиле тие застарувања на прекршочните предмети, тоа требаше да повлече одговорност и кај Неделкова. Одговорно тврдам дека се работи за лична одмазда на Панчевски против Неделкова каде што јас ќе се пријавам како сведок против осомничените мои колеги во предметот „Јустиција“.

ФОКУС: Ама, Неделкова не настрада во тој предмет, туку само судии и вработени во судот за прекршоци?

СТАМЕНКОВСКИ: Тој мислеше дека ќе и направи штета и дека ќе ја разрешат, ама не му успеа. Панчевски е толку заглавен што ќе дојде време кога ќе излезат и другите работи кои што ги има правено.


Зошто режимот на Груевски стимулира методи на Кју Клукс Клан?

$
0
0

Текстот е објавен на 25-ти декември 2009-та во неделникот „Фокус“ во бројот 756/757   

Во општество како македонското, безмалку традиционално, поинаквото мислење од она на власта секогаш се дефинира како непријателско, а „мрсникот“ кој што ќе се „дрзне“ уште јавно да го соопшти таквиот став, без дискусија, промптно влегува во графата „докажан државен непријател“. Ниту ѓоа демократијава не промени многу нешто, па и денес ова е „мејнстрим“ политика.

И последниве две децении, овде најдобро вирееше дебатата во стил „плукни-залепи“. Се чуе ли нешто поразлично, тогаш следува шемата во два чекори: прво ќе се поплука авторот, а потоа и вториот чекор – залепи му некаква што погрозоморна етикета. Нели, таа поубаво ќе му се залепи ако претходно е добро навлажнет, односно поплукан.

Ваквата техника добро функционира и на макро план, па тешко е човек да наброи какви сѐ „епитети“ беа лиферувани од партиските штабови да го красат овој народ, или оној народ од спротивниот табор, почнувајќи од Бугараши и Срби, до најновите срочени сочно како патриоти и предавници.

Доколку сте и сосема надвор од политиката, а вашиот став случајно се совпаѓа со некој од двата контра става, дури и тогаш нема теорија да куртулите од етикетата дека сте платеник на едните или на другите.

Но, кога се националните теми во игра, за кои на „пучанството“ на овие балкански простори најмногу му се крева адреналинот, тогаш многу лесно, дури по правило, „дијалозите“ излегуваат од вербалното и завршуваат во насилие. Фитилот лесно се пали.

Деновиве се шири токму ваква смрдеа. Весникот „Вечер“ осамна со текст во кој се прави чуден спој од две различни информации, по некоја шпекулација, а и доста манипулација, за на крајот, оној што ќе го прочита да дојде до „логичен“ заклучок дека една цела група јавни личности се платеници на грчките власти кои треба овде да „избоксуваат“- притисок врз македонската Влада да се постигне договор со Грција по секоја цена. А платениците веднаш стануваат и предавници. А со предавниците, нели, се знае како треба!!!

ЛОГИКА „АКО НЕМАШ АКВАРИУМ – ТИ СИ ПЕДЕР“!

Што има во ова писание?! Прво, дека Грција им дала 130 милиони долари на грчките новинари во периодот од 1989 до 1993 година за ширење на антимакедонска пропаганда.

Второ, пак, дека во Македонија се плаќаат новинари за ширење на пропаганда со која би се помогнало прифаќање на грчките предлози за промена на името на земјава. Тука се спомнуваат Сорос и Дијалозите на Црвенковски, кои демек работеле да помине грчкиот предлог за рушење на македонизмот.

Фондацијата Сорос плаќа од нив одбрани новинари, стои во непотпишаниот текст, па следуваат лицата од „црниот тефтер“: Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин, Ивица Антески, Маја Бојаџиевска, Џабир Дерала, Лидија Димова, Гордана Дувњак, Ѓунер Исмаил, Жарко Јорданоски, Ема Маркоска Милчин, Ида Протугер, Ерол Ризаов, Билјана Секуловска, при што се напоменува дека овие имиња ги има на сајтот на Сорос, проект Граѓани за европска Македонија.

Плус се истакнати уште имињата на Ивица Антевски и Сашо Ордановски, кои биле секогаш присутни на Дијалозите на Црвенковски…

Назнаките кои потоа ќе се најдат во овој текст како, на пример, „новинарите од двата кратери вршеа притисок за одреден хонорар, односно големи пари“, а потоа и дека „имињата на новинарите кои земале пари за погрчувањето на Македонија се уште не се обелоденети“, го создава уметничкиот впечаток дека сите горенаведени ги плаќа грчката влада.

Иако втората назнака е во контекст на грчките новинари, сето тоа убаво, а несвесно ве доведува до цврстиот заклучок дека станува збор за грчки платеници, читај – предавници.

Ме потсети ова на вицот за полицаецот кој го спремал испитот по Логика. Началникот се обидел пластично да му објасни: „Ако имаш аквариум, тоа значи ги сакаш рибите. Тој што ги сака рибите, пак, логично е да ги сака и животните, а тој што ги сака животните се подразбира дека ги сака и луѓето. Ама посебно ги сака жените. Тоа пак значи дека не е педер“. За да го провери своето ново знаење, оди цајканот кај пријател и го прашува: „Имаш аквариум?“. „Немам“ – му одговара тој. Е тоа значи дека си педер – „мудро“ ќе ја развие логиката. Е вака некако ми делува и фамозниот текст за предавниците платеници.

Не е спорно дека во делувањето на Сорос фондацијата доминираат блиските на СДСМ, дека нивните аршини за „надзор“ над власта баеги се разликуваат кога владее ВМРО од СДСМ, дека нивните трибини се за компромис со Грција, дека фондација располага со голема пара од Сорос, но сето тоа не значи дека се предавници или грчки платеници. За вакви тешки зборови сепак треба нешто повеќе од „логика“.

Но, се чини прв овој „црно-бел“ филм го разви премиерот Груевски, кога во ланското интервју за МИА, онака патем нафрли за лукративните мотиви на група политичари, новинари и професори кои го критикуваат, а во позадината е соседот. Една година подоцна ова преку Вечер доби контури и имиња. Ама, не и докази.

Зошто власта ако има такви сознанија и „црно на бело“, не излезе со ваквиот компромитирачки материјал?! Сепак, и без вакви „дребулии“, анонимните читатели на весникот излегоа храбро со „нацрт програма“ за справување со непријателот.

ФИЛОЗОФИЈА НА КЈУ КЛУКС КЛАН?!

Еве, дел од овој арсенал:

– Овие медиуми под итно треба да се затворат за цел век, а за новинарите и нивните газди доживотен затвор;

– Ќе дојде денот на долгите ножеви ама тогаш семе нема да остане од нивните фамилии;

– Само Македонците можат да им пресудат на вакви предавници;

– Сите тие треба да се запалат како што ги палеле вештерките;

– Предавниците завршуваат како Јуда;

– Посочените новинари лека полека, треба да ги снемува. Каде? Во неповрат!!! Смрт за предавниците на македонизмот!!!;

– Се додека не се створи екипа што ќе го чисти ѓубрето – ЕДЕН по ЕДЕН, не само нив туку и на нивни фамилии, ќе им се приклучуваат нови ИЗРОДИ за грст пара;

– За противдржавна работа – САМО МЕТАК! „Долгата рака“ на Македонецот нема милост…

И некој после ова логично, демек, констатира: „Време е за нешто по конкретно. Повика некој?!“

И така лека-полека се стигна до „само метак Македонците ги спасува“.  Што е следниот „чекор“ од ваквата патриотско-преродбеничка сеанса?! Првата помисла ми е дека овие анонимни ликови, со качулки на глава, во стилот на приврзаниците на Кју Клукс Клан, на даден знак со огромна света должност ќе тргнат во казнување на „расата“ предавници!

После „генијалната“ мисла на Миленко Неделковски: „да му умре мајка на тој што ќе го смени  името“, сега веќе програмата е „надградена и проширена“ со ликвидација на цели фамилии.

Впрочем, штом на протестите пред канцеларијата на ЕК настапија и ликовите како Кољо Бикчето и Тане од Охрид, кои на почетокот на плурализмот доаѓаа во МТВ, демек, да нѐ бесат што се залагавме новиот Устав да има граѓански концепт, а сега еве воскреснаа, тоа говори дека Груевски се врати во фазата на „прапочетоците“ од плуралното дејствување на ДПМНЕ.

Откако, нели, се откажаа генерално од тужбите против новинари, како да го пронајдоа чудотворниот лек против инакумислечките. Ќе ја запалат рајата, па поединци потоа со гордост, како и бомбашите самоубијци, ќе се жртвуваат за татковината со тоа што ќе го ликвидираат „непријателот“.

Националните теми се секогаш најподатливи за палење на стадото. Ако споредбата со методите на Кју Клунс Клан ви делува претерана, може ќе омекнете, кога ќе си ја освежите меморијата со делови од „Македонската молитва“ што се емитуваше на јавниот радиодифузен сервис МТВ. Таму секојдневно во гебелсовски стил се пенетрираше во нашите мозоци со конструкцијата дека белата раса господ ја создал од Македонците.

„Вашата мајка земја со три раси ја населив: белата- македоноиди, жолтата- монголоиди и црната – негриди. Преостанатите сите мулати. Од Вас Македонците, потомците на Македон, белата раса ја зачнав, и од кај вас започнато се е, до Јапонското Море. Сите бели луѓе Ваши браќа се, затоа што носат ген македонски“-  ни порачуваше „Господ“ преку МТВ.

После вакви дози национален „патос“, воопшто не би било изненадувачки „долгата рака“ на Македонецот во одбрана на расата без милост да го „сотре“ замислениот непријател!

ЗГОТВЕНО СПОРЕД РЕЦЕПТОТ ЗА „ПИТА ГОМНАРКА“

Во секој случај, на текстот во Вечер насловен како „Грција ги плаќа нивните, а во Македонија своите новинари за да помине грчкиот предлог“ претходеше подолго загревање. Имаше предигра. После, пак, следуваа и нови чекори. Агенцијата МИНА потоа објави список за повеќе новинари и медиуми за кои се тврди дека се „платени од грчката влада за да поддржат каков и да е став на Атина за името“. Сличен список е објавен и на блогот на новинарот Миленко Неделковски со директна закана до лицата, именувани како предавници. Останува само уште финишот?!

И сега, иако не видовме докази, уште помалку некој од горенаведените ја прозива власта да иницира кривична процедура, сепак ваквото верглање на сказните за „платениците- предавници“ си пушта коренчиња. Ваквите методи за дискредитирање на личности и не се некоја новост.

И некогашната УДБА имала центар кој се занимавал со вакви пропагандни ѕврчки, за што е користена обилна помош од новинари.

Дури и во годините по распадот на режимот ама и СФРЈ, старата мрежа обилно го користи рецептот на пропагандно дискредитирање на личности што ги сметале за опасни по нивната кауза.

Овој метод, кој тие условно го нарекувале „пита гомнарка“ се состоел во следново: компилирање на точни делови со маса неточни податоци, за да се компромитира некој поединец или настан. Се ми се чини дека „питата гомнарка“ и денес ја „месат“ овие структури и нивните верни следбеници. И од „патриотите“ ама и од кај „предавниците“.

Сега кога Груевски инсталираше својата експертска клапа, свои НВО-а, свои медиумски труби, кога дефинитивно може апсолутно да парира на мрежата на Црвенковски, а ја има апсолутната власт во свои раце, тргна во диференцирање на предавниците во духот на тоталитарните режими. Таму за егзекуцијата се задолжени специјални одреди. Зошто реагирам на овие појави и пројави, кога воглавно и не сум на линија на соросоидите или македоноидите? Едноставно треба да се крикне СТОП, на ваквото лудило! Зборуваме за метод со кој се жигосуваат инакумислечките, а на за тоа кој кому е близок.

На сличен начин сме го кревале гласот и против репресиите од бранковци. Само што тогаш лицата од „списокот“ не зуцнаа. Тоа говори дека за дел од нив не е важен принципот на вреднување на власта и нејзините методи на владеење, туку кој тоа го прави.

Редакцијата на „Фокус“ пред две години со месеци систематски добиваше закани по електронска пошта.  Затскриен зад лажен идентитет, храбриот заканувач ни навестуваше лоша судбина поединечно на сите, со куршуми во чело, пишуваше за НИВНАТА света должност да нѐ ликвидираат, па и да ги сотрат нашите семејства. По наша пријава, МВР го идентификуваше лицето во „Македонски пошти“, како екс директор, а и делегат на Конгресот на СДСМ. Бил внесен до последен атом во одбрана на Бранко Црвенковски и Хари Костов од критиките изнесувани во „Фокус“.

Пораката од типот „на Македонија ќе ѝ тргне кога ќе ги снема ваквите монструми како вас … Секоја опција што се однесува до вас е отворена“, воопшто не се разликува од оние за „платениците“. На овие јавно изнесени наводи, ниту еден од оние декларирани за „европска Македонија“ не реагираше, не се згрозуваше.

Сепак, тоа не е причина и ние да одмолчиме. Иако, кога еден ден оваа власт ќе падне, повторно од „европјаните“ ќе бидеме почестени со чудо етикети, зготвени според рецептот за „пита гомнарка“. Но, нели добро е да се разликуваме!

Ида ПРОТУЃЕР, новинар во ТВ Алфа

ДАЛИ СПИСОКОТ НА ПРЕДАВНИЦИ Е ПРАВЕН ВО ПАРТИЈАТА?!

„Вечер“ не купувам, но добив смс порака дека треба да прочитам текст во кој сум посочена како платеник и предавник. Не бев изненадена од лагите и измислиците бидејќи не очекувам точни информации од овој весник, но ме зачуди со каква леснотија колеги повикуваат на линч.

Потоа ми јавија дека на некој портал МИНА има текст потпишан од новинарка со листа на „платеници“, меѓу кои бев наведена и јас. Коментарите под текстот беа: „долги ножеви за предавниците“, куршум за нив, да се бесат, да се палат и сл. Мои пријатели ми кажаа и дека се обиделе во повеќе наврати да напишат коментар со поддршка за „предавниците“ и да се посомневаат во веродостојноста на информацијата, но ставот не им бил објавен.

Јас ќе го тужам весникот и порталот, тоа е неспорно, но сметам дека оваа листа на „платеници“ и државни непријатели не е само производ на непрофесионализам на новинари и уредници, туку има посериозна позадина. Со оглед на тоа што Вечер најчесто пренесува ставови на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се плашам дека можеби во владата или партијата се составувал таквиот список, а мотивот го гледам во обидот да се сврти вниманието од неуспехот на владата да ги реши проблемите во државата како најсуштествениот за името, до не помалку важните економски проблеми, а гневот на граѓаните за лошиот стандард да се насочи кон наводната листа на „платеници“.

Јас не пишувам за проблемот со името, туку за економија, а претпоставувам дека јас сум се нашла на интернет страницата на Граѓани за европска Македонија како поддржувач на нивната декларација за слобода на изразување, која ја потпишав при последната нивна трибина, на која се вклучив како дискутант.

Ниту сум зела хонорар, ниту ми понудиле, едноставно се залагам за слобода на изразување и не гледам како тоа може да се поврзе со државно непријателство и „платена работа“ во интерес на Грција.

 Билјана СЕКУЛОВСКА, новинар во ТВ А1

АКО Е ОВА УСПЕХОТ НА ГРУЕВСКИ … МУ ЧЕСТИТАМ!

Ова е време на опасно живеење, во кое царуваат и беснеат лудилото, хаосот и опустошените демократски и цивилизациски вредности.

Самопрогласените патриоти и чувари ги прогласуваат сите останати кои не мислат како нив за предавници на Македонија и македонизмот, а за да нема дилема ниту недоразбирање дека имате работа со „мажишта ама и со женишта“ ( од блогот на Миленко), тука е нивното најголемо и најмоќно оружје- медиумите. Таму се списоците како клучен доказ, за да се знае кој е за отстрел, за кого е повикот за линч.

Чувари на што? Не само „од предавниците“, туку како што пишува во пораката на блогот на Миленко со наслов „Порака од чуварите до предавниците“, тие велат дека ја чуваат Македонија од „пропаднатото друштво на педери“, како што го нарекуваат НАТО, и од ЕУ – затоа што се „пред распад“. И токму кај него гостуваше премиерот Груевски на некакво т.н. интервју, кое траеше со часови.

Зошто? Дали затоа што ги делат истите вредности, ставови, решенија, патриотизам, се согласуваат за повикот за да ги стигне предавниците „долгата рака на Македонецот“, со обвинувањата и списокот во „Вечер“ за платеништво на новинари за „рушење на македонизмот“, тоа ли им е заедничко? Одбивам да верувам дека е така, и покрај сеќавањата за едни не многу стари обвинувања и поделби – се работи за интервју на Груевски, за МИА, 2008 година.

„Постои една мала, но компактна група од политичари, новинари, професори кои веројатно се дополнително мотивирани од страна на соседот за да ме напаѓаат … би сакал да упатам порака до сите оние кои се сомневаат дали Македонија ќе успее и кои сеат страв наоколу инспирирани исклучиво од лукративни цели, односно веројатно јахти, или други мотивациски средства: Македонија веќе успеа …“

Ако е ова успехот за кој говори Груевски една година подоцна, моите честитки!?

Драган ПАВЛОВИЌ ЛАТАС, новинар во Сител и Вечер

КОГА ИМ СЕ НАМЕТНУВА РАСПРАВА ВО НИВЕН СТИЛ – ТИЕ ПЛАЧАТ

Од 25 години новинарство, цели 15 години сум под притисок на Фондацијата Сорос и нивните соросоиди. Тие трошат по 5 милиони евра годишно за пласман на нивните ставови, а мојот буџет е нула за таа цел. И 15 години не можат да ме решат, затоа што јас зад себе ја имам јавноста, иако потрошија 80 милиони евра за тој период за потребите на една партија – СДСМ. Доказ за ова се јавно познатите нивни ставови како и фактот дека 15 години Сорос фондацијата ја води СДСМ-овецот Владе Милчин, а во УО постојано има функционери на СДСМ и нивните коалициони партнери. Цели 15 години тие не трпат јавна полемика и секој што ќе им се спротивстави се етикетира и тоа со нивни методи и од нивни новинари од УО или на платниот список на нивните проекти.

Сега, кога им се наметнува јавна расправа во нивен стил, тие одат и плачат дека се загрозени. На оваа страна јас сум еден, а на таа страна се сурија новинари и медиуми и 5 милиони евра годишно за проекти. Па, сега види кој кого загрозува?!

Мотивот за сево ова е дали ќе помине мојата иницијатива: нема преговори за нација и јазик со Грците, а за името да се оди на референдум, или нивниот и на СДСМ – да се прифати грчкиот предлог бидејќи ќе сме ја загубеле европската перспектива.

Сепак, на крајот да им порачам дека и во 16-та година од нашата борба – повторно ќе ги победам.

Груевски може да избира меѓу романското сценарио на Чаушеску или бугарското на Живков!

$
0
0

Текстот е објавен на 17 април 2015 година во неделникот „Фокус“ во бројот 1019

Есад Рахиќ, поранешен пратеник и висок функционер на СДСМ, беше претседател на собраниската комисија за надзор на УБК од 2006 до 2008 година, но никогаш немал можност да го контролира Мијалков. Со „Фокус“ зборува за опремата за прислушување од Израел, за снимките од прислушувањето, за СДСМ кој го напушти неодамна, за излезот од политичката криза

Разговарал
Љубиша АРСИЌ

ФОКУС: Дали додека Вие бевте на претседателското место во собраниската комисија за надзор на работата на УБК имавте можност и начин да ја контролирате службата на Сашо Мијалков, особено во делот на опремувањето и донациите?

РАХИЌ: Буквално ништо не можеше да се контролира. Тоа е класична демагогија. Ако се присетам, таа комисија најдобро работеше од 2003 до 2006 година. Тогаш реално се направија неколку посети во подрачните единици на УБК. Но, со оглед дека тоа беше по воениот конфликт, акцентот на нашите посети беше ставен врз вработувањата кои произлегуваа од рамковниот договор, односно застапеноста на етничките заедници, а не како се опремува таа служба и како навистина дејствува. Мора да се знае дека ниту една комисија не може ништо да направи и да воспостави контрола затоа што дефинитивно не постои политичка волја за тоа, и тоа е основниот проблем. И второ, ако власта сака нешто да скрие, лесно се крие зад превезот дека тоа е државна тајна. Само да потсетам дека во 2007 година, кога на комисијата за буџет зборувавме за некаков чуден трансфер на пари во МВР, односно во УБК, министерката Јанкулоска се правдаше дека тоа е тајна и дека не може да се знае каде ќе завршат парите на граѓаните.

ФОКУС: Како може да се крие каде и за што ќе се потрошат јавните пари, па макар тоа било и за опрема за тајната полиција?

РАХИЌ: Најодговорно тврдам дека секаде во светот, кога набавките се прават со јавни пари, со пари од буџетот на граѓаните, мора да бидат прво, оправдани, а потоа и јавно соопштени. Едноставно, парите мора да се трошат транспарентно. Се сеќавам дека на сите јавни повици директорот на УБК, Мијалков, за да ја исполни законската обврска за презентација на годишниот извештај за работата на УБК го праќаше својот тогашен заменик, Силјан Аврамовски, и со тоа вешто го избегнуваше парламентот. Се сеќавам на тогаш поставено пратеничко прашање до Јанкулоска дали со тие пари ќе се купува опрема за УБК, ми беше ветен писмен одговор, кој никогаш не го добив. Потоа се испостави дека тие пари, по сѐ изгледа, завршиле за купување опрема од Израел – еден дел од опремата за која денес зборуваме во јавноста.

ДА, ГРУЕВСКИ, ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО!

ФОКУС: Значи дека и тогаш, како и во 2011 година, кога УБК купувала опрема, не известувала никого, односно комисијата не може да има увид што купува УБК и за колку пари?

РАХИЌ: Немаме буквално никаква контрола врз никаква активност на УБК. Кого прислушува, зошто го прислушува, дали има налог од надлежна институција за тоа? Понатаму, што купува од опрема и со каква цел, од кого купува, зошто купува од одредена компанија, а не од друга, дали има направено споредба на перформанси и цени со други компании? Во посериозни политички системи, ваквите комисии на парламентите дури носат одлуки или со некаков документ потврдуваат дека се набавила опрема за тајната полиција. Кај нас и во присуство на опозицијата во парламентот комисијата беше декор, сега, пак, не сакам ни да помислам – едноставно комисијата не ни постои, што само остава дополнителен простор за самоволие на службите.

ФОКУС: Дали знаевте Вие каква опрема за прислушување има УБК и дали Вам Ви беа пријавувани донации од странските држави, како што сега власта тврди дека на аудиоснимките се зборува за некаква донација од Израел?

РАХИЌ: Донациите одат на ниво на служби и за нив не мора да знае парламентот. Но, секоја помош кога стигнува од странство, особено да ги споменеме тие од САД и од Турција, јавно беше презентирана преку медиумите. Искрено ме чуди како е можно да се премолчи толкава донација. Во најмала рака, државата-донатор ќе сакаше да се експонира. Затоа, јасно е дека нема врска оти ова што го слушаме на снимките било донација. Зошто би се криела донација? Никој од МВР или од УБК не бара да се објави спецификација на опремата и што содржи таа, но задолжително се објавува колкава е донацијата и на која полициска единица се однесува и за што ќе се користи и толку. Основните податоци за опремата, во ниту еден случај, не може да бидат државна тајна и да се кријат.

ФОКУС: Тоа значи дека Израел ќе пројави интерес да открие за каква донација зборуваат Груевски и Мијалков и дали навистина таа постои или, пак, е манипулација?

РАХИЌ: Мислам дека не само Израел за опремата, туку и Кина за автопатиштата ќе реагира и ќе сака завршница на овие финансиски скандали. Затоа што со ова се загрозува и нивниот кредибилитет како држави. Иако, постои практика големите компании да нудат провизии за склучување бизниси, сепак, кога се откриени, тие ги сносат последиците. Затоа сум сигурен дека, ниту Израел, ниту Кина ќе го премолчат ова!

ФОКУС: Груевски во обид да го одбрани братучедот Мијалков кажа нелогична теза, дека опремата од Израел била наменета за некоја специјална полициска единица. Ако се знае дека полициските единици се под контрола на Бирото за јавна безбедност, тогаш зошто Мијалков од УБК зборува за провизии и за донации?

РАХИЌ: Која е таа специјална единица? Што е купено за неа, а што донирано? Зошто не откријат? Тоа што го напоменав пред малку – основните податоци мора јавно да се соопштат, како на пример дали се донирани панцири, оружје и опрема? Од авион се гледа дека се фатени 100 спрема нула. Немаат оправдување за тоа што јавноста го слушна како аудиодоказ. Залудни им се сите лаги и само се прашувам, кој им верува? Мислам дека и самите повеќе не веруваат во своите лаги. Специјалната единица за која зборува Груевски е дел од јавната безбедност, што има шефот на УБК да преговара, освен ако не за некаков интерес?

ФОКУС: Значи, од една страна Мијалков немал право да зборува за некаква донација ако таа била за единица на МВР, од друга, пак, зборува за провизија која власта сака да ја оправда како банкарска!

РАХИЌ: Каква банкарска провизија? Кого прават будали? Кој ќе поверува во таквиот филм, па нема банкарска провизија од толку проценти. Таму се зборува за пет, за 10 отсто, но и јасно се слуша дека тоа е провизија за некого, а не за некоја банка. Трансферот на пари се знае, исто како и банкарската провизија, особено на големи суми и таквите провизии почнуваат со нула, па по запирката има ситни бројки. Банкарска провизија ли е тоа на Миле Јанакиески кога на сопругата ѝ глуми како зборува кинески во два по полноќ? Банкарска провизија ли е ставот на Груевски дека опозицијата ќе ги наруши односите со Израел и Кина затоа што објавува криминални скандали, а не тоа што премиерот на Македонија ги нарекува Кинезите „жути“?

ФОКУС: Дали не е јасно дека провизијата е своевиден поткуп, особено ако се слушне дека се споменуваат приватна фирма и сметка во странска банка, а со тоа паѓа во вода обидот случајот да се претстави како донација?

РАХИЌ: Апсолутно! Од она што се слуша од снимките, се навестува дека станува збор за класично коруптивно дело и јас сум сигурен дека многу бргу ќе се дојде до вистината.

ФОКУС: Значи, Груевски и Мијалков упаднаа самите во замка? Оти најмалку еден од нив мора да лаже при пласирање на конструкцијата за кого е донацијата, а за кого провизијата?

РАХИЌ: Сигурно! Од толку многу конструкции и местенки, дефинитивно дека самите се вплеткаа во сопствените мрежи.  И што би рекол Груевски: Вистината е како шило, врти, врти и на крај ќе излезе! Но, кого ќе боцне, времето ќе покаже.

КОЛКУ И ДА СЕ ПРАВДААТ, ДЕФИНИТИВНО ЦАРОТ Е ГОЛ

ФОКУС: Колку е издржана тезата на власта дека странски служби ровареле низ државата и дека оперативци на УБК предавале материјали на странска држава, како што се настојува да се остави впечаток во јавноста со постојано цитирање на спогодбената пресуда на еден од обвинетите во „Пуч“?

РАХИЌ: Оној момент кога излегоа со тезата дека се инволвирани странски служби, Јанкулоска мораше итно да го разреши Мијалков или уште подобро Груевски да ги разреши нив двајцата. Ако ти, како влада, префрлиш толкави пари на една служба како УБК, постојано ја опремуваш и на крај да се соочиш со тоа дека странска служба прислушувала со години, а твојата служба не реагирала, тоа е брука. Тоа е самоубиство. Што правел Груевски? Живеел во заблуда? Таквата теза нема да помине, сѐ додека Груевски јавно не открие која е државата што слушала, која е службата на која оперативци на УБК ѝ предавале материјали, каков е интересот на странците толку долго и толку масовно да следат телефонски разговори на илјадници граѓани. Јас не верувам дека има таква држава која би прислушувала така, впрочем тоа и во едно интервју го кажа и коалицискиот партнер на Груевски, Павле Трајанов! И на крајот, клучното – што правела нашата служба?

ФОКУС: Ние имавме осудени во процесот „Шпион“ за кои беше посочено дека шпионирале за Унгарија и за Грција, ама со тие две држави односите не претрпеа никакви последици, што секако е нелогично.

РАХИЌ: Светската практика познава случаи на шпионирање, но потоа секогаш имало замрзнување на односите меѓу тие држави. Кај нас, излезе како Унгарија и Грција само да се искористени да се осудат таквите наводни шпиони, а реално никој никогаш не одреагира политички. Ниту еден амбасадор не беше повикан да му се врачи протестна нота или, пак, да се протераат од Македонија. Напротив, унгарскиот премиер Орбан дојде во посета на Скопје, како најголем пријател на Груевски, што е целосно несфатливо. Кога некој ќе фати некого дека шпионира, во најмала рака имате замрзнување или прекин на односите. А кај нас, покрај овие што се во затвор, ништо повеќе не видовме. Со тоа само се потврди дека некои случувања остануваат нејасни и се користат само за елиминација на измислени политички противници.

ФОКУС: Во ваква ситуација во која доминира УБК, а кога парламентот е парализиран, кој ја контролира оваа служба?

РАХИЌ: Мијалков самиот ја контролира УБК. Секако, заедно со Груевски. УБК, во рамките на службените овластувања, секогаш прислушувала барем  200-300 луѓе, и тоа го прават сите. Но, само со налог од надлежен орган. Тој број се зголемува повремено, во зависност од потребите. Може да стигнеме и до 500, како крајна бројка, ама да слушате 20 илјади, тоа е класична перверзија. Зошто би се слушале сами? Тие едноставно сметале дека имаат максимална контрола над сѐ и немале претстава дека снимките ќе се појават јавно. И тука само ќе напоменам дека пред да избие аферата, има смени на клучни позиции во Телеком, исто како и во МВР, па дури има и лица кои се привремено тргнати од Македонија заради нивна лична заштита. Што покажува сето тоа? Колку и да се правдаат, дефинитивно царот е гол.

ФОКУС: Значи дека и да има опозиција во парламентот, контрола врз Мијалков не е можна?

РАХИЌ: И да се формира собраниската комисија за надзор и во неа мнозинството да го има опозицијата, таа не може да припари до службата на Мијалков, а не, пак, да провери што работи. Груевски направи сѐ за да го минимизира собранието, па и комисиите. ВМРО функционира сега како ВМРО на Ванчо Михајлов, тие се држава во држава, тие одлучуваат кој ќе работи, каде ќе работи, кој ќе функционира во општеството, кого ќе сотрат, а кој ќе заврши во ендек. Создаваат нови бизнисмени и нови тајкуни. Има фирми кои за пет години енормно пораснаа. Од 2011 година изгубија целосна контрола врз себе. Тие сега се како комедијата „Има ли пилот во авионот“, со тоа што ова е трагедија, а не комедија.

ФОКУС: Но, каков што го знаеме, Груевски секогаш има џокер во ракавот, па лесно ги менува режиите на филмовите?

РАХИЌ: Па, тој мисли дека има, ама ова што се обидува да го протне, ќе му заврши како во Грција. Еве, земете ги економските зони што ги користи како адут пред јавноста и споредете ги со тие во Словачка или во Полска. Кај нас платата е 120 евра, во другите држави е над 1.000 евра. Се зборува за економски напредок, а народот е сведен на авганистанско-пакистанска работна рака. Е тоа се џокерите на Груевски. Една фабрика или рудник се затвора и веднаш имате пад на БДП-то. За жал, Македонија и според реалните показатели и според статистиката е економски стерилна и една од најсиромашните држави во Европа.

ЗАЕВ ТРЕБА ДА СЕДНЕ СО ЦРВЕНКОВСКИ

ФОКУС: Несомнено е дека власта ја откриваат аудиоснимките на СДСМ, од кои јасно се слуша како таа управува со државата. Сметате ли дека Зоран Заев е сам на фронтот или тоа е само лажен впечаток?

РАХИЌ: Би било лудо да се мисли дека тој го прави ова сам. И да почнал сам, поддршката верувам му се зголемува секој ден. Заев мора да добие поддршка од сите слободоумни граѓани. Ова се сериозни, но и гнасни работи. Сме имале различни ставови со Заев, но со ова сега, тој треба да добие максимална поддршка. Дали внатре во партијата се одвиваат работите како што треба, за тоа ќе има второ полувреме. За тоа ќе мора да се седне и да се зборува, сега приоритет е елиминацијата на оваа власт. На последниот партиски конгрес му реков дека на СДСМ му треба мудар, а не храбар лидер, но се покажа дека му треба и храбар. Заев е успешен бизнисмен и градоначалник. Неговиот имот и заработка се големи, не само за македонски услови. Кој би влегол во ваква авантура со толкава удобност? Ова што тој го објавува е геноцид врз народот. А утре, кога ќе ја урне власта, а е на добар пат, нема да може никој веќе вака да владее.

ФОКУС: Ако СДСМ го добие првото полувреме против Груевски, тогаш второто сметате дека ќе го игра самата против себе, односно ќе мора да ги консолидира сопствените редови?

РАХИЌ: По поразот на изборите, за мене покоректно ќе беше Заев да поднесеше оставка на конгресот, а таа да не му беше прифатена. Второ, и понатаму сметам дека попаметно ќе беше да го одложи конгресот, наместо во мај, да биде во септември, за да легнат малку работите. Трето, кое сѐ уште го сметам за важно, е потребата да седне и да зборува со Црвенковски и со другите крупни играчи, затоа што со нивната поддршка во базата и со таков ветар во грбот, на Заев ќе му биде многу полесно. И секако, да се договорат во интерес на државата, не на партијата. Едноставно, ова е време кога сите што мислат со своја глава, мора да застанат зад Заев. Дел од раководството мора да знае дека сега главната работа е на терен. Ова е мегаафера, не е локална тема.

ФОКУС: Но, додека СДСМ има две големи битки, првата да го совлада Груевски, а потоа да се средува самата себе, ВМРО-ДПМНЕ е во филм дека гази напред и дека „бомбите“ се само локален пожар.

РАХИЌ: Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ е во перманентна кампања, во обид да го минимизира сето ова. Но, тоа тешко ќе го направат, затоа што овде не станува збор за локална афера, туку за систематско уривање на системот. Како на институциите, така и на моралните вредности. Очекувам дека ќе следуваат посериозни снимки, кои сѐ повеќе ќе го будат гневот на народот. Мора да се расчисти дека врхушката на ВМРО-ДПМНЕ не е исто што и членството, тоа бргу ќе се види затоа што ќе пукне и меѓу нив самите. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се преиспита каде и со кого ќе оди? Не можете да глумите единство во ситуација кога неколкумина од врхушката работеле исклучиво за своите интереси.

ФОКУС: И кој ќе биде резултатот од овој натпревар? 

РАХИЌ: Ова ќе мора да заврши со избори. Ова е сериозна политичка криза. СДСМ ќе се врати во парламентот затоа што ова со преговорите во Брисел е само испитување на терен, загревање во првите минути од натпреварот. Но, кога ќе дојдат посериозни играчи од надвор, тогаш ќе мора да има и договор и избори. Клучното е дека колку побрзо се реши кризата, толку е подобро за државата и за народот.

ПРОВИЗИЈА Е НИВНОТО СРЕДНО ИМЕ

ФОКУС: Но, за какви избори можеме да зборуваме кога од снимките јасно е дека власта ја има окупирано целата држава?

РАХИЌ: Со оваа влада и со вакво ВМРО-ДПМНЕ, не СДСМ, туку Хилари Клинтон и Џеб Буш ќе ги изгубат изборите. Затоа ќе мора да има политички договор. Ако имате зрели политички елити, ќе договорат детали, особено чистење на избирачкиот список, со теренска активност, проверка од стан во стан. Тоа би било нормално за да се одржат избори. Но, ние докажавме дека не сме способни да опстоиме без тутори, за жал. Никола Груевски како последен неокомунистички лидер во светот ќе мора да избере меѓу романското сценарио на Чаушеску или бугарското на Тодор Живков, од него зависи како ќе заврши приказната.

ФОКУС: Но дали потезите на власта укажуваат дека таа ќе овозможи мирни избори и ненасилно надминување на кризата?

РАХИЌ: Сите падови на режими завршуваат насилно, е сега како да се реши мирно ова кај нас? Ако вие им ја качувате платата на полицајците, ако купувате водени топови, озаконувате употреба на гумени куршуми, значи се спремате за институционално насилство. Но, ние мораме мирно да го надминеме ова – прво политичките елити да решат како самите да ја пребродиме кризата и второ, со помош од страна, преку преодна влада, чистење избирачки список и со организирање избори. Нам ни треба преодна влада, која ќе има цел мандат. Да подготвиме нова генерација политичари затоа што ова е симулација на политика од страна на една политичка клептократија.

ФОКУС: Една од опциите за да се спречат избори може да биде затворање на Заев, со оглед дека процесот за „Пуч“ се одвива експресно.

РАХИЌ: Ќе си направат лоша услуга, и тоа тие го знаат. Секогаш ќе викаат дека Заев е предавник, но да го цитирам Нестор Огинар: поголем предавник од Заев е Груевски, тој мора да застане пред него, а не да се крие зад потписите на граѓаните. Не велам дека Заев можеби не направил некои грешки и дека за тоа можеби ќе треба да сноси одредени санкции, меѓутоа во овој случај е кристално чист. Овие се доктори на науки за криминал и се добива впечаток дека имаат проблеми со менталниот склоп. Тие насила ги уништуваат и тие со кои јаделе леб заедно. На свадбата на Миле Јанакиески главен гостин му беше Фијат Цаноски. Дури Јанакиески магистрираше на ФОН кај Цаноски, толку беа блиски. Потоа со Груевски договараат колку динамит да му постават на инвестицијата од 50 милиони евра, во време кога се носи законот за легализација на дивоградби, иако објектот на Цаноски не е воопшто дивоградба.

ФОКУС: Вашето последно работно место беше токму на ФОН како директор на маркетинг. Сигурно знаете некои податоци околу рушењето на „Космос“.

РАХИЌ: Се сеќавам дека еден ден дојдоа инспектори и полиција да ги конфискуваат градежните книги, со намера да ги уништат оригиналите и да ги фалсификуваат. Ние ги криевме за да не ги одземат оти знаевме дека случајот е конструиран, како што и се покажа сега со снимките. Во нив имаше одредена кота на објектот, но немаше напишано точна висина. Нејасно беше и како зградата отстапува од висината, кога не беше ни завршена. Имаше и поинакво решение за Цаноски – тој можеше да стави метар земја околу објектот и готово, така висината ќе беше тамам, ама тој не сакаше. Потоа на празникот Бајрам му го рушат „Космос“ за потоа како хиени Груевски и Јанакиески да се смеат и да зборуваат како од страв на Цаноски му течел измет низ ногавици, е па не е ли јасно каков човек ја води државата.

Очигледно, од снимките и начинот на кој тие разговараат, станува збор за луѓе кои во младоста имале фрустрации, кои сега се обидуваат да ги лечат врз грбот на граѓаните. Да правиш панорамски тркала и барокни згради на скопски водовод, а граѓаните да пијат вода од азбестни цевки, да правиш 10 пати поскапи споменици за некои непознати ликови од минатото, а да немаш пари за да го пратиш најдобриот математичар на натпревар во странство, а да зборуваш за реформи во образованието, тоа е перверзно. А перверзијата е нивното средно име. За среќа, секогаш постои крај!

Астрономски трошоци за ископ на јаглен: Дали ни јагленисуваат парите?

$
0
0

 

Текстот е објавен на 18 октомври 2013 година во неделникот „Фокус“ во бројот 941

 

Народниот избраник од редовите на СДСМ, Благоја Стојановски ја отвори темата за тоа колку ЕЛЕМ троши за ископ на јаглен и нему во Македонија му „подзамирисува“на српската афера „Колубара“.

 

Пишува

Владо АПОСТОЛОВ

 

Небесни 53 милиони евра чини еден од најтешките тендери во последниве пет години, толку ЕЛЕМ ќе му плати на приватник, кој 24 месеци ќе ископува јаглен и јаловина од рудникот Брод – Гнеотино.

Со оглед дека на интернет не се достапни државните трошоци пред 2008 година, претпоставка е дека договорот е третиот најтежок во кратката историја на независна Македонија!

 

139 ДРЖАВНИ МИЛИОНИ ЗА ПРИВАТНИЦИ

 

Меѓу десетте најскапи тендери спаѓа уште една зделка за ископ на јаглен, која ЕЛЕМ ја парафирала, исто така, лани и која чини нешто над 19 милиони евра. Станува збор за тригодишен дил за ископ од рудникот Суводол.

Огромните договори беа повод пратеникот на СДСМ, Благоја Стојановски, пред две недели на прес-конференција да објави дека само во последниве две и пол години ЕЛЕМ потрошила близу 139 милиони евра за ангажирање приватници за потребите на јагленокопите.

Тој сѐ уште смета дека во прашање се астрономски трошоци!

– Според извештајот на ЕЛЕМ, во 2006 години за ископ на јаглен и јаловина се потрошени некаде околу 2,7 милиони евра, што значи дека овие трошоци денес се неколку десетици пати поголеми, а производството на струја во РЕК „Битола“ е помало. За споредба, ЕЛЕМ во 2006 година имало вкупен приход од околу 155 милиони евра, па како се качува цената на струјата, така се качува и овој приход и веројатно годинава ќе биде околу 300 милиони. Пресметајте колкав дел од вкупниот приход на ЕЛЕМ се одлева во приватни компании и веројатно ќе дојдете до заклучок дека оваа сума е астрономска – вели за „Фокус“ народниот избраник.

Официјалното објаснување на енергетскиот гигант беше дека опозицијата компарира податоци што не може да се споредуваат. ЕЛЕМ тврди дека во времето кога СДСМ раководел со компанијата, постоел само рудникот за јаглен „Суводол“ како единствен извор на гориво за РЕК „Битола“. Од компанијата велат дека од 2007 година, па до денес отвориле два нови рудника – Подинските јагленови серии и јагленокопот Брод-Гнеотино.

„Поради зголемениот обем на работа од новите извори на јаглен, кои треба да го продолжат животот на термоелектраната  во наредните две децении, процесот на работа бара ангажирање дополнителна механизација. Впрочем и рударските проекти за овие јагленокопи предвидуваат користење помошна механизација“, стои во реакцијата на ЕЛЕМ.

Со оглед дека ЕЛЕМ тврди оти во 2006 година имало само еден рудник, оној во Суводол, затоа ќе ги разгледаме договорите што оваа државна компанија ги потпишала во периодот од две и пол години и кои се однесуваат токму на ископот во Суводол.

Лани во јануари државниот производител на струја потпишал договор со приватна компанија вреден околу 19 милиони евра, а

компанијата што го добила тендерот се обврзала да ископува од Микро локација – 3 во рудникот Суводол во наредните три години.

Простата математика покажува дека на секои 12 месеци, ЕЛЕМ ќе троши по 6,4 милиони евра за јаглен од Суводол, а дека сумата е приближно таа, говори и уште еден договор.

Една година порано, во мај 2011 година, ЕЛЕМ парафирала едногодишен дил со приватна компанија вреден исто околу 6,4 милиони евра, и тоа за дополнителен ископ од истата локација.

 

СЕПАК, СЕ ТРОШИ ПОВЕЌЕ, АМА ЗА ШТО?

 

И наједноставната анализа доведува до прашањето:

Aко во 2006 година, само за овој рудник се користеле 2,7 милиони евра за ископ на јаглен, зошто ЕЛЕМ за истата намена во истиот рудник ќе троши годишно по 6,4 милиони евра?

Од ЕЛЕМ за „Фокус“ потенцираат дека Суводол, кој сѐ уште е главен извор на јаглен за ТЕ „Битола“, е при крај со резервите.

– За потребите на струја од ТЕ „Битола“, последните години го  зголемивме обемот на ископ на годишно ниво во просек за 700.000 тони јаглен, што дополнително ги зголеми трошоците. Во случајов повторно се споредуваат неспоредливи податоци. Во постапките за ангажирање механизација за ископ од 2007 година, па до денес има суштинска разлика. Од изведувачите, покрај ископот, се бара и дотур на дробен јаглен и наплата според енергетската вредност на јагленот  – објаснуваат од ЕЛЕМ.

Дополнителен проблем, велат од ЕЛЕМ, била и лошата состојба на Суводол што ја затекнале во 2006 година. Поради тоа морале да се враќаат назад во јагленокопот и да ја вадат суровината од Микролокацијата 3 и затоа била потребна помошна механизација.

Нови трошоци предизвикало и отворањето на таканаречените подински јагленови серии во Суводол, јаглен што се наоѓа подлабоко во рудникот.

– За да се дојде до јагленот, од ова лежиште требаше да отстраниме јаловина од 30 милиони кубни метри бидејќи поранешните раководства на РЕК „Битола“ до 2006 година, спротивно на рудничките проекти, ја оставале јаловината на самата локација – стои во реакцијата на ЕЛЕМ.

Интересно е дека според годишниот извештај на компанијата за 2011 година, за тие 12 месеци компанијата успеала да откопа 5,3 милиони тони јаглен од Суводол, а 1,7 милиони тони од Брод-Гнеотино, рудникот кој не постоел во 2006 година.

Токму за ископ на јаглен и на јаловина од Брод-Гнеотино е потпишан оној рекорден тендер вреден точно 53,3 милиони евра за период од две години. Едноставната аритметика тука ќе покаже дека за некаде околу 26,6 милиони евра годишно, приватникот ќе ископува јаглен од Брод Гнеотино, кој според статистиката дава помалку суровина од рудникот во Суводол.

Дилемата е зошто во Брод Гнеотино се трошат далеку повеќе пари за помалку јаглен во однос од Суводол?

Од ЕЛЕМ велат дека овој јагленокоп е отворен во 2007 година, со повеќе од шест години доцнење, и поради тоа се зголемиле трошоците за експлоатација.

–  Значајна улога во трошоците за ископ има и далечината на овој капацитет од ТЕ „Битола“. Како што е познато, Брод Гнеотино е  13 километри подалеку од депонијата за јаглен на ТЕ „Битола“, со што влијае врз транспортните трошоци – велат од ЕЛЕМ.

Нашата анализа на договорите што ги посочи пратеникот Благоја Стојановски покажува дека исклучиво за ископ во последниве нецели три години ЕЛЕМ потпишала со приватни компании договори вредни нешто повеќе од 90 милиони евра, во нив спаѓаат двата рекордни тендери со кои го отворивме текстот и уште три други зделки.

Дополнителни 2,2 милиони евра се предвидени за договори со три приватни фирми, кои покрај што ќе копаат јаглен, ќе имаат задача и да ја транспортираат суровината. Додека само за транспорт, ЕЛЕМ ќе одвои или веќе има одвоено дополнителни речиси 13 милиони евра распределени во уште седум зделки со приватници.

Понатаму, според нашите пресметки на договорите на ЕЛЕМ во последните две и пол години излегува дека државното акционерско друштво за одржување и поправки околу јагленовите рудници потрошило над 16 милиони евра. Додека плус 11,2 милиони евра се предвидени за ангажирање најразлична помошна механизација!

СРБИЈА ЈА ТРЕСЕ АФЕРА СО ЈАГЛЕН

 

Пратеникот Стојановски смета дека она што го обелоденил има сличности со српската афера „Колубара“, каде што за две-три години трошоците за ископ се зголемија околу 25 пати. Кај северниот сосед има и конкретна кривична одговорност за целиот скандал.

– Ќе биде интересно МВР да провери колку камиони, багери и скипови се ангажирани, колку време работеле и колкави суми се исплаќаат во пресек по машина и веројатно само тогаш ќе имаме вистинска споредба.

Се сомневам дека оваа власт ќе го дозволи тоа и веројатно, исто како во Србија, ќе чекаме некоја друга гарнитура да го направи тоа.

На сите што ќе го прочитаат ова, топло им препорачувам да го погледнат и документарецот за „Колубара“ и сами да направат споредба и нека заклучат, а ако ме прашувате мене, можам да претпоставам дека некој пред да ги направи набавките во ЕЛЕМ, го гледал овој документарец – порачува Стојановски.

Аферата „Колубара“ ја разоткри истражувачкиот тим на „Инсајдер“ од српската телевизија „Б92“. Екипата го испитувала работењето на рудникот „Колубара“ од чиј јаглен се произведува половина од српската струја.

Истражувањето покажа дека со години никој не го контролирал работењето на ископот иако огромните расходи и приходи отворале можности за злоупотреба. Според „Инсајдер“, аферата е една од најголемите измами во историјата на Србија, иако сѐ изгледало легално.

Новинарите објавија дека Колубара во периодот од 2003 до 2010 година потрошила околу 130 милиони евра за ангажирање механизација од приватни компании. Податоците се навистина шокантни!

Во 2006 година, ископот на јаглен малку се намалил во однос на претходната година, меѓутоа расходите за надворешни фирми пораснале од 3,8 милиони евра на дури 17,5 милиони.

Наредните 12 месеци овие трошоци речиси се удвоиле и изнесувале 30,3 милиони евра, додека 2008 година за машините на приватниците Колубара одвоила фантастични 53 милиони евра. „Инсајдер“ потенцира дека 2007 и 2008 година, кога најмногу пораснале трошоците биле изборни години кај северниот сосед!

ПОТРЕБНА Е СТРУЧНА ДЕБАТА

 

Документарецот на „Б92“ извади податоци дека еден ист човек на една иста машина  работел 24 часа дневно, а во наредните денови истиот човек продолжил со истата опрема да работи по 16 часа дневно.

Според анализата на „Инсајдер“, месечно во просек една машина на приватниците заработувала по 24.000 евра, што значи дека за неколку месеци им се исплатувале бидејќи приватниците купувале половна опрема.

Слободан Ѓериќ, ексдиректорот на Колубара поставен од владата на Зоран Ѓинѓиќ – кој работел таму до 2004, за „Инсајдер“ изјави дека се заведувале работни саати иако машините не биле вклучени.

Имате да платите милион евра за изнајмување една машина, а немате 100.000 евра за нова. Што ви зборува тоа? прашуваше Ѓериќ и потенцираше дека Колубара можела со парите што ги троши за една година да купи своја механизација.

Во Србија работите толку излегле од контрола што кадарот на Коштуница, Драган Томиќ додека директорувал со Колубара во периодот од 2004 до 2007 година ангажирал своја компанија да копа во рудникот. Неговата фирма била регистрирана за хотелска дејност, додека меѓу приватниците што биле ангажирани имало фирми за мебел, сметководствено биро, па дури и телевизија.

Претпоследниот директор на Колубара Небојша Черан се согласува дека биле трошени астрономски суми, но расходите не ги поврзува со криминал.

– Јас навистина не би го користел терминот грабеж. Моја задача како техно-менаџер беше да направам заштеди и да прекинам една лоша практика да се трошат 40 или 50 милиони евра годишно за тие намени и ги сведов на 10 милиони – изјави Черан за „Инсајдер“.

Трошоците на ЕЛЕМ споредени дури и со оние во Србија изгледаат големи, но анализа на тие податоци бара стручност и апсолутна транспарентност кај компанијата. Искуството на „Фокус“ покажа дека ЕЛЕМ се отворени за соработка и дека би учествувале во пошироката дебата за тоа како се трошат државните пари во оваа компанија.

Дури и во ЕЛЕМ се свесни дека станува збор за астрономски суми кои изгледаат сензационално кај обичните граѓани, но, според нив, станува збор за неопходни и сериозни инвестиции чија цел е само да се обезбеди гориво за термоелектраните кои го произведуваат најголемиот дел од електричната енергија во Македонија.

За сѐ друго, веројатно, ќе се произнесе времето!

 

НОВА ОПРЕМА ИЛИ ПРИВАТНИЦИ?

 

Пратеникот Стојановски смета дека за 140 милиони евра, кога веќе има потреба од ангажирање механизација, може да се купат сите машини на ново и плус да останат пари.

– Замислете дека секој месец трошите меѓу 500 и 1.000 евра за такси, а наместо да си купите автомобил сте решиле и наредните пет години да се возите со такси – споредува пратеникот.

На прашањето дали е попаметно да се купи, наместо да се позајмува опрема, од ЕЛЕМ велат дека треба да се има предвид дека јагленот е необновлив ресурс и затоа кон потребите од сопствена помошна механизација пристапувале внимателно, со оглед на големите трошоци за одржување на ваква механизација.

– Во компанијата се прават анализи за набавката и трошоците за одржување помошна опрема, па во согласност со резултатите се преземаат и соодветни активности – одговараат од компанијата.

Зошто никој не одговара за физичките напади врз новинарите?

$
0
0

Текстот е објавен на 27 мај, 2016 година во неденикот „Фокус“ во бројот 1077

Пишува: Ирена МУЛАЧКА

„Сакам новинарки кои клекнуваат“. Ваква изјава пред нецела година даде тогашниот министер за одбрана во Србија, Братислав Гашиќ, откако на прес-конференција, новинарка од Б92 потклекна за да не им пречи на камерманите додека снимаат. Тој по неколку дена се извини за навредливиот и шовинистички коментар упатен кон новинарката, но тоа не го поштеди од одговорност. Премиерот Александар Вучиќ експресно го смени од министерското столче, додека новинарите во знак на револт и поддршка на својата колешка излегоа на протести пред српската влада, тврдејќи дека нема да дозволат политичарите да бришат под со нив.

Само таа изјава беше доволна министерот да биде сменет од функцијата, и тоа во земја на Балканот, која е сосед на Македонија, чија влада, слично како и онаа на Груевски, во својот зенит на моќта, е обвинувана за популизам и за недостиг од демократија. Да не зборуваме за другите европски земји каде што работата на новинарите се почитува, а нивниот збор вреди.

За разлика од таму, новинарството во Македонија, во последните неколку години го достигна дното, а повеќе критички новинари се редовна мета на вербални напади, закани по животот, имотот, тужби од владини и партиски функционери, додека некои од нив „изедоа“ тупаници и шипки, завршија со раскрвавени глави, со што беше испратена пораката „дека секој мора да внимава што пишува или ќе го снајде истото“.

Веќе десет години со државата владее ВМРО-ДПМНЕ, а состојбите во новинарската професија се сѐ пострашни. Дел од поважните национални медиуми се поткупени од власта и работат по нејзина директива, додека оние кои критички ја опсервираат работата на владата, вообичаено се познати во јавноста како предавници, платеници, соросоиди и партиски послушници на СДСМ. Па, затоа многу често се соочуваат со повици за линч, непознати маскирани лица ги пречекуваат пред нивните домови и им удираат ќотек како опомена да внимаваат што пишуваат.

Македонија е меѓу ретките земји во Европа, каде што новинар беше осуден на четири и полгодишна затворска казна за напишан текст. Томислав Кежаровски одлежа пет месеци во притвор во Шутка и повеќе од една година во домашен притвор поради наводно откривање идентитет на заштитен сведок, но под притисок на јавноста, европските и меѓународните новинарски организации, власта реши да му ја намали казната на 2 години. Со ова тренирање строгост, владејачката партија испрати порака до сите новинари, што може да им се случи ако продолжат да ја критикуваат.

ВО МВР НЕМАЛО ВИСТИНСКА ИСТРАГА

Во последните три години регистрирани се 27 напади врз новинарите, и тоа најчесто преку физичко насилство, вербални напади, закани по животот, уништување на опрема и имот, попречување на новинарите да известуваат од настани… Сите случаи на претепани новинари се пријавени во Министерството за внатрешни работи, но поранешното раководство под директна палка на Гордана Јанкулоска ги криело клучните докази, со што се оневозможувале истрагите и никогаш досега не е откриено кои се напаѓачите, која е причината за нападот и под чија директива се испратени. Особено ако станува збор за новинарите што ја критикуваат власта. Карактеристично за Македонија е и тоа што досега имаше неколку напади врз новинари од министри во владата на ДПМНЕ, кои не понесоа никаква морална и политичка одговорност (оставка) за тоа.

На листата на Здружението на новинарите може да се најдат имињата на сите нападнати новинари, и на тие што ја критикуваат работата на власта, но и на тие што веќе години наназад се нејзини поддржувачи. Според пријавите во МВР, кај повеќето од нападнатите се користи истата стратегија – тројца маскирани напаѓачи облечени во црно ги пречекуваат новинарите во доцните часови пред нивните домови, ги напаѓаат со метални шипки и тупаници по главата, а и од фотографиите што излегоа во јавноста може да се забележат раскрвавени глави, модринки по целото тело и отоци.

Последен таков напад се случи минатата недела, кога тројца маскирани лица физички го нападнале сопственикот на интернет-порталот „Репортер“, Горан Наумовски – Кизо пред неговиот дом во вечерните часови. Тој заврши во болница со тешки повреди. Порталот е познат како медиум што ја критикува работата на власта, но сѐ уште не се знаат точните причини за нападот, со оглед на тоа дека жртвата е сопственик и на неколку кафулиња, па се појавија шпекулации дека и тука може да се бараат причините.

Сепак, 2015 година ќе остане позната како рекордна година во напади врз медиумски работници, новинари, сниматели и фоторепортери. Тогаш дојде до ескалација на состојбите, особено во првите шест месеци од годината, кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почна со објавувањето на „бомбите“. Само во таа црна статистика се регистрирани 12 напади врз новинари, меѓу кои прв на листата е Саше Ивановски – Политико, уредник и сопственик на порталот „Мактел“. Тој во мај лани беше нападнат пред неговиот дом во скопската населба Кисела Вода, исто така од двајца маскирани напаѓачи кои со метални шипки и тупаници го удирале по главата. Ивановски заврши во болница. Но, иако случајот беше пријавен во полиција, досега сѐ уште не се познати имињата на напаѓачите.

Само два месеца подоцна, во јули истата година, за време на отворањето на фестивалот Охридско лето, членови на обезбедувањето на министерот Зоран Ставрески ја одзеле камерата од Ивановски и ги избришале сите фотографии од министерот и од поранешната прва полицајка Гордана Јанкулоска. Неколку дена подоцна, уредникот на „Мактел“ се соочи со уште еден физички напад, но овојпат од вицепремиерот Владимир Пешевски. Тој го нападна Ивановски со тупаници пред својата кафе-слаткарница „Пастел“, кога новинарот сакаше да му постави прашање следејќи го министерот до неговиот автомобил. Нападот беше снимен на камера и објавен по повеќето медиуми, но Пешевски не почувствува никаква одговорност да поднесе оставка, па дури и експремиерот Никола Груевски со денови го избегнуваше одговорот на прашањата на новинарите за овој скандал.

Со вербален напад од политичар се соочил и новинарот и претседател на ЗНМ, Насер Селмани. Тој лани во мај добил вербални закани по животот од министерот за економија, Беким Незири.

Но, тука не завршуваат нападите врз новинарите. Лани, во јули физички беше нападнат и сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски, кој доби сериозни повреди на главата и скршен нос. Исто така, со напад врз својот имот се соочи новинарот Бранко Тричковски, чие приватно возило беше запалено од непознати лица, додека на новинарот Борјан Јовановски му беше испратен погребен венец во неговиот дом, пред неговата сопруга и двете деца.

Една година порано, во 2014-та, новинарот Бесим Ибрахими од весникот „Лајм“ беше приведен и против него беше поднесена кривична пријава за учество во толпа и спречување службено лице да си ја врши должноста. Подоцна, сите обвиненија против него беа отфрлени.

Заедничка карактеристика за овие напади е тоа што сите се случуваат во периодот додека со МВР раководи Јанкулоска, а за ниту еден од нив досега не се откриени напаѓачите, ниту е потврдена причината или мотивот на напаѓачите.

„Фокус“ испрати неколку прашања до МВР во периодот кога со него раководеше министерот Оливер Спасовски, кој по стапувањето на функцијата во преодната влада вети дека ќе направи сѐ за да ги расчисти овие случаи. Од МВР тврдат дека изработиле анализа за да проверат до каде се истрагите за овие случаи, со оглед на тоа што во зависност од лицето што било нападнато, имало очигледна разлика во обемот, интензитетот и динамиката на спроведување на оперативните истражни дејствија од страна на службите во Министерството.

Најголем проблем претставува тоа што во одредени предмети  пропуштени се дејствија и постапки кои требало да бидат преземени во кратки временски интервали за да се добијат валидни резултати. Исто така, постојат согледувања дека во одредени предмети недостасуваат докази или елементи, кои во рамките на истрагата би придонеле за откривање на сторителите – се наведува во одговорот од МВР.

Но, сега повторно на министерската фотелја се врати Митко Чавков, кој во времето на Спасовски беше дополнителен заменик-министер, со што останува да виси прашањето – дали воопшто ќе имаат некаков конечен исход почнатите истраги за нападнатите новинари?

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ СЕ ОРКЕСТРИРАНИ ОД ВЛАСТА

Речиси десет години ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а како што изминуваат годините, така сѐ повеќе се зголемува притисокот врз новинарската фела, се поткупуваат медиумите, се поднесуваат тужби против медиумските работници кои критички ја опсервираат работата на власта, а што е уште пострашно, секојдневно расте бројот на физички напади врз новинарите што критикуваат.

Дека повеќето од нападите врз новинарите се организирани од власта се сомнева и првиот човек на Здружението на новинарите, Насер Селмани. Тој смета дека овие напади се почести во периодот на политички турбуленции, кога Заев ги објавуваше „бомбите“, а сега нападите се повторувале поради граѓанските протести против аболицијата на претседателот.

Се сомневаме дека нападите против новинарите се оркестрирани од власта, без разлика кој се појавува како извршител, непознати лица, граѓани и полицајци на протестите. Самиот факт дека институциите, полицијата, обвинителството и судовите не ги казнуваат насилниците, придонесува насилството да се повтори. Не може да биде случајност, институциите за три години да не можат да расветлат ниту еден случај. Очигледна е намерата на власта да ги казнува новинарите со примитивни методи со цел да ги дисциплинира – вели Селмани.

Според него, политиката на неказнување насилство против новинарите во меѓународни рамки се смета за најбрутално прекршување на слободата на медиумите.

Власта ги напаѓа новинарите со цел да ги заплашува и вознемирува оти сака да ги одврати да не ја критикуваат и да не пишуваат за нејзините злоупотреби. Примерите на насилството врз новинари беа клучен индикатор, што Фридом хаус во 2016 година ја прогласи Македонија за неслободна земја по прашањето за слободата на медиумите – додава Селмани.

Новинарите не куртулија од напади и за време на протестите против аболицијата на шефот на државата Ѓорге Иванов кога демонстрантите ја демолираа народната канцеларија на претседателот во центарот на градот. Тогаш, новинарот Горан Наумовски од Плусинфо без никаква причина беше нападнат од припадник на Единицата за брзо распоредување и МВР почна истражна постапка за повредениот новинар.

Без разрешница остана и црниот понеделник на 24 декември 2012 година, кога за време на тепачките во Собранието, при донесувањето на буџетот од собраниската сала, со груба полициска сила беа изнесени опозициските пратеници и новинарите. Сето тоа помина во јавноста како ништо страшно да не се случило. Во тој период, ЗНМ поднесе претставка до Секторот за внатрешна контрола во МВР, која подоцна беше отфрлена како неоснована.

ВО ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ НАПАЃАЧ-МИНИСТЕР ПОЛИТИЧКИ НЕ МОЖЕ ДА ПРЕЖИВЕЕ

За разлика од Македонија, каде што стана тренд политичарите и функционерите да се закануваат и да напаѓаат новинари, но никој да не сноси никаква одговорност, во европските земји владеат поинакви правила. Таму, новинарите се и сила и моќ.

Според досегашните искуства, во дел од европските земји, ако новинар е физички нападнат, тогаш сторителите се откриваат експресно, а веднаш се дознава и причината за нападот и директивата од каде што доаѓа нарачката. А да не зборуваме за напад или за навреда од министер! Тогаш во прашање се часови кога тој ќе ја напушти функционерската фотелја.

Маја Петрушевска е новинар, која многу години работи во Би-Би-Си во Велика Британија. Таа тврди дека во сите 17 години, колку што живее и работи таму, досега немало ниту еден случај министер физички да нападне новинар.

Политичарите разбираат дека „незгодните“ прашања се професионална задача на секој новинар. Во нив нема ништо лично. Новинарот е должен да ги поставува прашањата на кои јавноста бара одговори. И, се разбира, дека власта ќе биде секогаш под лупа. Хипотетички – доколку се случи – доколку напаѓачот е политичка фигура, особено во власта – оставката на сите јавни функции е прашање на часови – вели Петрушевска.

Таа додава дека јавноста, исто така, би очекувала премиерот час поскоро да го осуди таквиот чин и да се огради од настанот.

Во меѓувреме, полицијата би правела увид на настанот, и во зависност од фактите би зависела понатамошната постапка. Но, политички да преживее напаѓачот, тоа е невозможно – тврди Петрушевска.

Со сличен став е и Жанета Трајковска од Високата школа за медиуми и односи со јавноста, која тврди дека Македонија во никој случај не може да се споредува со која било демократска земја од Запад.

Таму досега немаше да ги има на јавната сцена ниту еден од политичките и јавни личности што удираа новинари – од Собрание до улица. Кај нас, тие сѐ уште си ги држат фотелјите и нѐ убедуваат дека биле во право што удриле новинар или, пак, граѓанин кој плаќа данок за тие да може да земат плата во негово име. Ете, до таму сме дојдени во нашата лудост – тврди Трајковска.

Според неа, состојбата со новинарството во Македонија секој ден станува сѐ поочајна.

Во услови кога фундаменталните човекови права се во слободен пад, секогаш први на удар се новинарите и медиумските слободи, оти со нивно ограничување се манипулира јавноста и се промовира пропагандата која власта сака да ја пренесе до граѓаните. Новинарите, за жал, станаа топовско месо, предмет на поткусурување и манипулативна алатка, која е во рацете на политичарите. Тие не се самостојни, уште помалку независни, а најмалку работат во име на граѓаните и јавниот интерес. Без намера да генерализирам, сепак, голем дел од новинарите во земјава се измеќари на одредени центри на моќ – додава Трајковска.

Таа смета дека во такви услови е за очекување – тој што смета дека те поседува, да мисли и дека може да те понижи, да те навреди, да те удри. Тоа е жалната македонска слика.

Наместо седма сила, чиј збор ќе се почитува, многу новинари се претворија во поданици на власта и нејзини портпароли. Тие, пак, што не се послушници и ја критикуваат нејзината работа, ризикуваат ќотек.

Рамка:

НАПАДИ И ВРЗ ПРОВЛАДИНИТЕ МЕГАФОНИ

Во листата на ЗНМ каде што се води евиденција кои новинари се нападнати, може да се прочитаат и имињата и презимињата на главните новинарски пера од провладините медиуми. Тука е и Ивона Талевска, уредничка на „Вечер“, која тврдеше дека е нападната од непознати сторители на плоштадот Македонија. Потоа, вербалниот напад врз Дејан Николовски од „Нетпрес“ од страна на претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов и други.

Рамка:

„ПЛАТЕНИЧКА РЕВОЛУЦИЈА“ – НОВА ХАЈКА ПРОТИВ НОВИНАРИТЕ

 Во провладините медиуми, како „Нетпрес“, „Република“ и „Курир“, последната недела се води нова хајка против новинарите кои критички ја опсервираат работата на власта. Работата отиде до таму, што дури се вадат лични податоци за тоа дека тие добивале пари во текот на последните две години од невладини организации финансирани од СОРОС или од УСАИД, и со тие пари наводно биле платени за да протестираат, при што се користи и кодното име „Платеничка револуција“.

Се работи претежно за мали суми од 3.000 до 7.000 денари, кои новинарите ги заработувале како хонорар со тоа што учествувале во дебати, или, пак, биле модератори на дебати и конференции, односно работеле на проекти на невладините организации, иако во написите се тврди дека парите наводно ги добивале за да учествуваат во протестите на Шарената револуција!? Се разбира, ова е класична пропаганда за отстрел на новинарите, а истовремено и нарушување на нивната приватност – оддавање податоци од банкарски трансакции за хонорари кои не се вредни ниту за споменување.

Бидејќи со вакви податоци главно располагаат државните институции,  допрва треба да се открие која е државната институција од која протекуваат податоците, иако прва на мета секако е Управата за јавни приходи. Од таму, пак, излегоа со „интересно“ размислување дека не биле единствената институција што имала вакви податоци. Ако не е УЈП, и ако банките имаат обврска да чуваат банкарска тајна, која вообичаено не ја прекршуваат, тогаш кој друг би можело да е? Дали УЈП сака да каже дека самите новинари или НВО-ата им ги дале податоците на „куририте“.

Новинарите се револтирани и планираат до одат до крај, сѐ додека не се открие кој им ги дава на медиумите нивните лични податоци, а многумина најавија и тужби. Ќе биде интересно да се види какви документи ќе извадат „куририте“ на суд и која институција ќе им ги издаде за да ја докажат врската на новинарите наводни платеници за Шарената револуција.

Какви демократии посакува Ѓорге Иванов?

$
0
0

Претседателот Иванов, веројатно замислувајќи се себеси како мошне информиран светски државник, изјавил дека има разбирање за маките на Ердоган, го охрабрил да им се спротивстави на демонстрантите поради тоа што, според неговите информации: „На сите им било познато дека во вакви настани се мешале странски држави, кои си прават свои игри. Така Ердоган од „клучен играч“ на светската сцена доби потврда за своите сомневања и може да продолжи со прогонот на учесниците против заговорот. Но, на сите им е јасно дека Иванов само изразува симпатии за тој вид владеење!

Текстот е објавен на 12 јули 2013 година во неделникот „Фокус“ во бројот 927

Пишувал
Ѓорѓи СПАСОВ

 

Претседателот Ѓорге Иванов го почна својот мандат со пофалби за системот на владеење на Владимир Путин, а го завршува со пофалби и со поддршка за системот на владеење на Реџеп Таип Ердоган. Во меѓувреме, покрај сите други „бисери на мудроста“, од професорот по демократија слушнавме и дека нашата демократија во Македонија била „космодиск демократија“. Според неговото објаснување, покрај сите укинувања на слободите на печатот, затворањето медиуми и новинари, насилното исфрлање на опозицијата од Собранието, лустрацијата и судството кое е под целосна партиска контрола, за што збор не изусти, таа демократија во Македонија, како и космодискот од рекламите, изгледала чудно, необично и исчашено, ама според него „функционирала“!

Што подразбира тој под функционална демократија, станува јасно од неговиот текст под наслов „Гледај Русија пиши Македонија“ објавен во весникот „Неделно време“, кој го издаваше Велија Рамковски. Ѓорге Иванов тогаш како аналитичар, разочаран социјалдемократ, со кого го формиравме Институтот за демократија и надежен член на ВМРО-ДПМНЕ, во 2006 година ќе напише:

„По деценија и половина, Македонија има неуспешна транзиција кон демократија и пазарно стопанство“. Како доказ за тоа ќе наведе дека „Дури, на пример, во извештаите на „Фридом хаус“ за 2005 година,  Македонија не е ни на листата на слободни земји, туку спаѓа во делумно слободните, а иста е состојбата и со слободата на медиумите“, ќе заклучи загрижениот Иванов, кој веројатно поради таквата лоша состојба влезе во политиката за да ги поправи состојбите.

ВООДУШЕВЕН ОД „ДИРИГИРАНАТА ДЕМОКРАТИЈА“

Но, веднаш потоа, во истиот текст, објаснувајќи како Путин успеал да ги поправи грешките во транзицијата од времето на корумпираниот  Елцин, во сугестивниот наслов на текстот „Гледај Русија пиши Македонија“, станува јасно што им нуди тој на своите нови работодавци. Тој воодушевено го пишува следново:

„Некогашниот разузнавач (целосно анонимниот Путин), најчесто со помош на своите поранешни (нелустрирани, м.з.) колеги, чекор по чекор почнува да ја средува Русија. Најсуштествено е тоа што се поставени правила и тие мора да се почитуваат“. Либерално определените правници и политиколози, според Иванов, ја преземаат одговорноста за создавање и функционирање на она што другите го нарекуваат „диригирана демократија“.

Изграден е, објаснува тој, специфичен облик на демократија, некои ја нарекуваат контролирана демократија. Имено, треба да има онолку демократија колку што дозволува нивото на развојот на општеството. Тоа што не може да се решава низ демократските институции и демократски процедури, не смее да се отфрла. Сето тоа се решава авторитарно“...

Воодушевен од овој модел на диригирана демократија за средување на состојбите, кој му го сугерира на Груевски уште во 2006 година, Иванов во истиот текст нуди и докази за неговата успешност.

Чеченија, со огромни жртви и терористички освети се враќа во рамките на Руската Федерација. Локалните императори се ставени под контрола, губернаторите во иднина ќе ги поставува претседателот, не ќе можат повеќе сами себе да се избираат и да имаат неограничена власт и моќ. Со доаѓањето на Путин во Кремљ, вратата за олигарсите е затворена. Ги прима само еднаш годишно, кога ги потсетува што мораат да сторат за Русија… Пресметката со олигарсите сѐ уште е во тек, дел од нив, како Березовски, Невзлин, Гусински, пребегнуваат во странство и се распишани меѓународни потерници за нив, другите како Ходорковски, Лебедев се во затвор. Во меѓувреме, државната каса се полни. Со полнење на државната каса јакне и моќта на Путин. Во многу региони почнуваат да се градат нови училишта, нови болници, нови патишта. Работниците не се заборавени… Особено се води сметка за станбената политика, борбата против корупцијата и зголемувањето на наталитетот. Фабриките за оружје ги произведуваат најмодерните атомски ракети „булава“ и „топољ“, се гради најсовремената, во светот, воздушна одбрана базирана на супериорниот С-400. Воените фабрики ја полнат државната каса. Денешна Русија не се вклопува во западните критериуми и принципи. Меѓутоа, согледани однатре, промените во Русија доведоа до неверојатен напредок. Денес 70 отсто граѓани на Русија му искажуваат поддршка на Путин (подвлеченото м.з)“.

„ПРИРОДНОТО ПРАВО НА ПОЛИЦИЈАТА“!

Оваа воодушевеност од Путин на претседателот Иванов беше карактеристична за почетокот на неговиот мандат. Денес неговото срце е со срцето на Ердоган, на кого му изразува целосна поддршка. А што е тоа што го воодушевило Иванов од постапките на Ердоган?

Премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по три победи на изборите и 11 години власт во Турција, се соочува со силни протести против начинот на неговото владеење. Иницијалната каписла за силните протести, според информациите од медиумите, беше одлуката да му дозволи на синот на еден од неговите министри да гради трговски центар  во паркот на Истанбул. Најпрво еколозите, а потоа и огромна маса луѓе излегоа и почнаа да излегуваат секојдневно да го изразат својот протест против таквата одлука, која се чини ја сметаат само за една од многуте со кои се демонстрира, пред сѐ, самоволието на Ердоган и на неговата  партија на власт.

Првата оценка на Ердоган за протестите беше дека тоа не се спонтани протести на „твитерџиите“ туку протести на „политички изманипулираните маси од страна на опозицијата“, во која се доминантни „кемалистите“, односно левичарите кои исламистичката десницата на Ердоган во Турција ги третира како нешто опасно и деструктивно. Во оваа фаза Ердоган ќе изјави и дека употребата на водени топови и на солзавец за растерување на опозиционите демонстранти, кои  доведоа и до смрт на некои демонстранти, се „природно право на полицијата“. Истовремено, за да ѝ покаже на опозицијата на која страна е мнозинството, организираше контрапротести и соопшти дека ако таа може да изведе на улиците 200 илјади луѓе, неговата партија може да изведе еден милион. И тоа почна да го практикува.

Откако демонстрациите не запреа, тој излезе со нова квалификација за нив и ги обвини учесниците во мирните протести за тероризам. Во оваа фаза Ердоган нареди да се апсат масовно, не само демонстрантите и новинарите, туку и адвокатите што беа ангажирани за заштита на нивните права, па дури и лекарите кои им помагаа.

И во третата фаза, која сѐ уште трае, Ердоган излезе со обвинување дека протестите се дело на „политички заговор на странски сили против Турција“, во кој протестантите се вклучени и дека тоа е обид за државен удар со странска помош. По ваквата квалификација, учесниците во протестот може да бидат притворани и осудувани за обид за државен удар како најтешко кривично дело.

„ЗОМБИ ДЕМОКРАТИИ“

Претседателот Иванов веројатно и замислувајќи се себеси како мошне информиран светски државник, изјавил дека има разбирање за маките на Ердоган, го охрабрил да им се спротистави на демонстрантите поради тоа што според неговите информации: „На сите им било познато дека во вакви настани се мешале странски држави, кои си прават свои игри. Така Ердоган од „клучен играч“ на светската сцена доби потврда за своите сомневања и може да продолжи со прогонот на учесниците против заговорот. Но, на сите им е јасно дека Иванов само изразува симпатии за тој вид владеење.

Угледниот лондонски „Економист“, анализирајќи ги случувањата во многу земји од Египет до Турција и од Украина до Белорусија, ќе забележи дека станува збор за „зомби демократии“. Во зомби демократиите, вели „Економист“, лидерите само повторуваат дека се избрани на легални избори и дека до крајот на нивниот мандат имаат право да ја спроведуваат програмата со која победиле без ограничувања од страна на оние што ги изгубиле изборите или што воопшто не излегле на гласање. Во таквите системи, механизмите за контрола на власта и за нејзино принудување да ги почитува Уставот и законите се ослабени или укинати. Во моментот кога власта во нив ќе се соочи со масовно незадоволство заради неиспорачаните ветувања и незадоволените потреби, таа лесно прибегнува кон манипулација и кон насилство, а системот инклинира кон диктатура во која се укинуваат и основните претпоставки за фер избори и мирни промени на власта.

На турските граѓани за време на протестите, националната телевизија им емитувала програми за животот на пингвините. Оттаму, турските твитерџии порачуваат: „секогаш кога ќе видите емисија за пингвините на телевизијата бидете уверени дека нешто многу сериозно се случува во вашата земја кое владата сака да го сокрие“.

По затворањето на А1, згаснувањето на дневен „Фокус“, „Граѓански“ и промената на сопственоста на некои телевизии, ние во Македонија  главно гледаме пингвини на телевизијата и остануваме само во дилемата дали сме најдемократска земја во светот, четврта најуспешна економија во Европа или само лидер во регионот. Никој не може да биде сигурен веќе дали за нешто што кажал или напишал пред пет години денес нема да биде уапсен и држен во притвор до судењето и затоа, кога новинарите остануваат само без работа или без плата, тоа  за нив е најблагата казна.

Но, за претседателот Иванов тоа е убавината на космодиск демократијата. Изгледа глупаво ама функционира! И има поддршка од 70 отсто од населението!

Третонаградената сторија на МИМ: Здравството е мртвороденче на Никола Тодоров

$
0
0

Текстот е објавен на први јули 2016 година во неделникот „Фокус“ во бројот 1082

Со овој текст објавен во неделникот „Фокус“, новинарката Ирена Мулачка го отвори серијалот на истражувачки стории поврзани со високата смртност на новороденчињата на скопската клиника за гинекологија, која денеска ја доби третата награда за истражувачко новинарство „Никола Младенов“, во организација на Македонскиот Институт за Медиуми (МИМ).

Македонското здравство го тресе мегаскандал откако лекари вработени на Клиниката за гинекологија споделија со јавноста дека 80-тина новореденчиња починале за шест месеци во болницата. „Фокус“ располага со документи, имиња и презимиња на пациентки што се породиле на клиниката, а ги изгубиле бебињата, како и со имињата на гинеколозите што ги извеле породувањата или оперативните зафати со царски рез. Одлучивме да го скриеме идентитетот на лекарите. Како најчести причини за зголемената смртност на новороденчињата се наведуваат болничките инфекции, кои мајките и бебињата ги добиваат додека се во болницата. Од Гинекологија, пак, тврдат дека бројките се извадени од контекст. Директорката Хаџи-Лега заминала на одмор, а на клиниката се вршела внатрешна истрага за тоа кој ги изнел документите од пациентките. Дел од болничките истории се ставени под клуч за лекарите да немаат пристап до нив. Министерот Тодоров, пак, наместо да понесе одговорност, мудро молчи, а од Министерството за здравство ни испратија одговори на нашите прашања со вокабулар на партискиот штаб на ДПМНЕ

Пишувала
Ирена МУЛАЧКА

На 31 мај 2011 година, само пет дена пред предвремените парламентарни избори, експремиерот Никола Груевски ја пресече црвената лента на новата зграда на скопската Клиника за гинекологија, која се градеше цели десет години и во која со отворањето се преселија старите скандали. Само во рок од неколку месеци, трипати беше најавено пуштање во употреба на зградата. Првиот пат одеше и реклама на провладините медиуми, но зградата не беше отворена, потоа дури и медиумите беа поканети, а гостите дојдоа со подароци и цвеќиња и пак се одложи свеченото сечење лента, за на крајот да се пушти во употреба само неколку дена пред изборите.

Владината свита направи промоција на објект, кој сѐ уште немаше документи дека е исправен за употреба, зградата беше полупразна, без доволно медицинска опрема, лифтовите не функционираа, но затоа, пак, пред влезот на клиниката фотосесија направија тогашниот премиер, ексминистерот за здравство Бујар Османи, директори на клиниките и лекари.

Оттогаш наваму, здравствените власти постојано се фалат со новата медицинска опрема, која е донесена во болницата од владиниот тендер, кој чинеше вртоглави 100 милиони евра, но ниту тоа не ги намали скандалите што ја тресат Гинекологија.

По пет години од пуштањето во употреба, постојано се зголемува бројот на починати новороденчиња на клиниката, но проблемот е во тоа што тие алармантни бројки се прикриваат од страна на надлежните институции и никој не презема одговорност за изгубените животи, за настанатата компликација при породувањето, за причините за смртта, за болката на семејствата…

Од друга страна, во целиот цивилизиран свет, ваквите проблеми се решаваат брзо и експресно, министрите за здравство понесуваат морална и политичка одговорност (оставка), а пациентите решаваат дали ќе покренат судска постапка за лекарска грешка и дали ќе бараат отштета.

За разлика од ова, во Македонија надлежните институции со години ги кријат официјалните податоци. Единствените бројки што можат да се најдат се оние во државниот Завод за статистика, според кои, за првите три месеци од 2016 година починале 61 новороденче, што се податоци поради кои треба да се вклучи црвениот аларм за тревога. Но, освен овие официјални податоци, од скопската Клиника за гинекологија никогаш не излегле со информации – колку бебиња починале на годишно ниво, зошто се зголемува смртноста на бебињата и кои се најчестите причини за тоа? Бројките се чуваат како државна тајна или „строго доверливи информации“.

БЕБИЊА УМИРААТ КАКО ВО АФРИКА

Последните неофицијални податоци говорат дека за последните шест месеци на скопската Клиника за гинекологија починале 80-тина новороденчиња, од кои 20 само во текот на последните две недели. Ваквите податоци се соопштени на Стручен колегиум на клиниката пред неколку дена на кој секојдневно присуствуваат 70-тина лекари, кои биле запрепастени од страшните бројки. Тие на дневна основа поднесуваат извештај (рапортна тетратка), за која први реферираат гинеколозите – што се сѐ случувало за време на дежурството претходната ноќ, потоа педијатрите од интензивна нега кои објаснуваат колку деца се ставени на респиратор, дали на некое му се влошила здравствената состојба, дали има починати и колку се испишани. Исто така, на Стручен колегиум двапати неделно се чита и програмата за оперирање.

Веќе една година атмосферата на скопската Клиника за гинекологија врие, а проблемите на површина испливаа последниот месец кога дел од вработените таму решија да споделат со јавноста што се случува на клиниката, колку новороденчиња починале и кои се главните причини за тоа.

„Фокус“ располага со документи, имиња и презимиња на пациентки што се породиле на клиниката, а потоа ги изгубиле бебињата, како и со имињата на гинеколозите што ги извеле породувањата или оперативните зафати со царски рез. Клиниката за Гинекологија е регионален центар во кој доаѓаат сите критични случаи за породување, како од болниците од внатрешноста, така и од приватните болници. Нашата редакција одлучи да го скрие идентитетот на лекарите што ги извршиле породувањата или оперативните зафати.

Според документите со кои располагаме, последниот случај на починато бебе бил во петокот, на 24 јуни, кога мртвиот плод на мајката по 14 часот бил изваден со царски рез. Бебето било женско, тешко 3.830 грама и долго 52 сантиметри. Според бројот на историјата на пациентката 7659, се работи за 35-годишната М.Ј. од Скопје, која на гинеколошката клиника била хоспитализирана уште од 1 јуни годинава. Во тој период, таа само двапати била пуштена да си оди дома, за време на викендите. Пациентката има и седумгодишно дете.

Нашите извори коментираат дека по оперативниот зафат таа била во шок-соба, а подоцна е префрлена на Одделението за патолошка бременост. Во меѓувреме, пациентката на клиниката била речиси 20 дена затоа што според лекарите имала повеќе плодова вода и чекала да ѝ закажат операција со царски рез. Кога ја ставиле на програма за оперирање, тие откриле дека пациентката носи мртво бебе. Царскиот рез го извршил гинеколог-оператор, на кој му помагале двајца асистенти, а индикациите ги поставува друг лекар.

Сѐ уште не се откриваат точните причини – од што починало новороденчето, дали станува збор за грешка на лекарите и кој ќе сноси одговорност за изгубениот живот. Се чекаат обдукциските наоди од Институтот за патологија.

Две недели порано, уште едно новороденче починало на Гинеколошката клиника. Според документите, станува збор за 25-годишната пациентка И.Б. родена 1991 година. Таа на 10 јуни се породила на клиниката, каде што родила живо машко бебе тешко 2.800 грама, а долго 50 сантиметри. Како што се наведува во историјата, врз пациентката бил извршен царски рез во 21 часот и 55 минути со дијагноза „min.apgar-skor 4/4 nizok“ По само три дена, бебето на 13 јуни починало. На истиот датум починале уште две новороденчиња, што според лекарите е алармантна состојба за која треба да се реагира навреме за да се преземат одредени мерки и да не продолжи истиот тренд на зголемена смртност.

Откако темата излезе во јавноста, се јавија неколку пациентки кои сакаа да објаснат каква голгота поминале низ здравствените лавиринти на Клиниката за гинекологија. Една од нив на социјалните мрежи напиша дека кога таа пред неколку недели во петтиот месец на бременост го изгубила бебето, во истиот период на клиниката починале дури три бебиња.

Инаку, на Гинеколошката клиника во Скопје, годишно има од 5.000 до 5.500 породувања, а за првите шест месеци од 2016 година на оваа клиника имало приближно 2.700 породувања.

СЕ КРИЈАТ БОЛНИЧКИТЕ ИСТОРИИ НА РОДИЛКИТЕ

Колку повеќе се расплетува приказната, толку повеќе на површина излегуваат трагичните судбини на родилките и нивните бебиња. Во документите со кои располага „Фокус“ има податоци за пациентките што го изгубиле бебето, од кој град доаѓаат, кој пол е новороденчето, колку било тешко и долго и која е дијагнозата.

Од нив дознаваме за смртен случај на новороденче во февруари годинава. Станува збор за 39-годишна пациентка од Скопје, која се породила на 14 февруари. Операцијата била извршена со царски рез во периодот од осум до девет часот наутро при крајот на дежурството. Пациентката родила женско бебе, тешко 2.300 грама и долго 45 сантиметри. Чудно во целата приказна е тоа што во документот со кој располагаме, никаде не може да се пронајде бројот на историјата на пациентката, иако е вообичаено сите хоспитализирани пациентки на клиниката да имаат болничка историја со број. Во документот се запишани само нејзините основни податоци – име и презиме, пол на бебето, местото од каде доаѓа и тежина на новороденчето.

Според болнички извори, бебето било родено живо, но не се знае колку време било живо и кои се точните причини за смртта. Нашата редакција го знае името и на гинекологот што го извршил царскиот рез, но одлучивме да не го откриваме неговиот идентитет.

Гинеколозите со кои поразговаравме на оваа тема тврдат дека најчестите причини за зголемената смртност на новороденчињата се интрахоспиталните инфекции кои мајките и бебињата ги добиваат додека се во болницата. Но, нагласуваат дека има одредени грешки и кај лекарите бидејќи некои од нив не си ја извршуваат работата како што треба, односно нестручно ги третираат пациентките. Исто така, како една од причините за ваквите алармантни податоци може да се наведат и предвремените породувања.

– Уште од 2005 година не се води детална евиденција во сите родилишта колку новороденчиња починале, каде има проблеми и како и на кој начин да се решаваат. Не може само на крајот на годината да се видат бројките и тука да заврши сѐ. Мора редовно и континуирано во текот на целата година да се следи состојбата и да се откријат слабостите, кои искрено ги има многу. Бројките не се работа на статистика, туку на Институтот за јавно здравје или на Клиниката за гинекологија. Тие мора да ги решаваат слабостите. Други проблеми се нехигиената на клиниката, инфекциите, сепсата, тоа што сега има измени во персоналот, неискусните и млади сестри, пропустите на службите и недоносените бебиња – тврдат гинеколози кои сакаа да останат анонимни плашејќи се да не сносат последици.

Според процедурата, откако бебињата ќе починат се носат на обдукција на Институтот за патологија, каде што директорка е д-р Гордана Петрушевска. За обдукциските наоди најчесто се чека и по месец-два, а тие треба да го дадат конечниот одговор и да ги покажат вистинските причини што ја предизвикале смртта кај новороденчето.

„Фокус“ досега неколкупати објави случаи на починати бебиња во изминатите неколку години. Така, една пациентка, во 35-та недела од бременоста изгубила едно од близначињата поради кила. Лоша судбина имала и една друга пациентка со близначињата, од кои едното починало поради пукнати бели дробови. Во слична ситуација се нашла и друга мајка – таа го изгубила своето бебе, тешко 3.900 грама поради прекумерна вентилација која предизвикала пукање на белите дробови. Истата година, бебе на 29-годишна пациентка по породувањето се заразило со клепсиела, при што одвај било спасено. Исто така, во октомври лани во Гевгелиската болница почина новороденче и родилка, чија бременост се до породувањето се одвивала нормално, без никакви компликации. Во тој случај, проблемот беше лекарска грешка на двајцата анестезиолози, кои беа суспендирани од работа.

Дека смртноста на бебињата е драматично зголемена во последните пет години, во речиси сите родилишта низ земјава тврдат и од Платформата за родова еднаквост, кои правеле истражување на оваа тема. Според нив, поразителен е податокот дека токму во периодот на имплементација на Стратегијата за безбедно мајчинство (2010 – 2015) и во периодот кога бил намален буџетот за превентивна заштита, смртноста на доенчињата расте. Така, во 2011 година починале осум бебиња на 1.000 живородени, додека три години подоцна, во 2014 година тој број се зголемил на девет починати бебиња на 1.000 живородени. Тие немаат направено истражување за последните две години, но најалармантни се податоците во 2012 година.

– Најдрастичниот раст на смртноста на доенчињата во последните пет

години има во 2012 година, кога за само една година бројот на починати доенчиња се зголемува за 25 починати на 1.000 живородени бебиња – се наведува во нивното истражување.

Како дополнителен проблем на Клиниката за гинекологија се наведува и недостигот од медицински кадар, гинеколози, анестезиолози и педијатри. Нашите болнички извори тврдат дека на Гинекологија има само девет педијатри, а треба да бидат 15, анестезиолози има 10, а треба да бидат минимум 18. Само лани од клиниката си заминале четворица анестезиолози на работа во приватните болници.

Откако во јавноста пукна аферата за зголемената смртност на бебињата на Гинекологија, нашите извори тврдат дека на клиниката се вршела внатрешна истрага кој ги изнел документите од пациентките, а дел од болничките истории се ставени под клуч за лекарите да немаат пристап до нив.

ДИРЕКТОРКАТА НА ГИНЕКОЛОГИЈА МОЛЧИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО БЕБИЊАТА

Зголемената смртност кај бебињата предизвика остри реакции во јавноста, а граѓаните и стручната фела беа шокирани од бројките дека за шест месеци од годината починале речиси 80 новороденчиња.

„Фокус“ испрати прашања до директорката на скопската Клиника за гинекологија, д-р Марија Хаџи-Лега, која според нашите информации веќе заминала на одмор. Во пораката што ѝ ја испративме на директорката вечерта на 25 јуни, ја прашавме дали се точни информациите дека на клиниката починале околу 80 бебиња за шест месеци, од кои само 20 во последните две недели и кои се најчестите причини за зголемената смртност на бебињата. До објавувањето на текстот не добивме одговор на нашите прашања.

Но, затоа, пак, од Гинеколошката клиника излегоа на прес-конференција тврдејќи дека објавените бројки се извадени од контекст, ама никако не сакаа да ги кажат точните бројки на починати бебиња од јануари до сега. Од таму тврдеа дека статистички податоци се прават на крајот на годината или на пет години за да се запази трендот.

Тренд се прави врз основа на едногодишна, петгодишна или повеќегодишна анализа и податоци, а не врз база на податоци за седум дена – истакна д-р Драган Тантуровски од ГАК.

Редакцијата на „Фокус“ воопшто не доби покана за прес-конференцијата на Клиниката за гинекологија, иако ние први ја објавивме аферата, но откако некои од новинарите му се обратија на доктор Тантуровски, инсистирајќи дека ако не ги кажува точните бројки создава сомнеж дека нешто се крие, тој се налути и почна да вика:

Јас сум 33 години доктор, не дозволувам ваков однос, мојата професионалност е секогаш на прво место. Не може некој од ваш ранг да ме понижува!

Сепак, нашите извори тврдат дека според правилата на клиниката на секои шест месеци се подготвува извештај за тоа колку бебиња се родиле и колку починале во овој период.

Неколку прашања испративме и до министерот за здравство Никола Тодоров. Еве ги прашањата:

  1. Министре, што планирате да преземете за алармантните бројки на смртност на скопската Клиника за гинекологија?
  2. Дали Министерството за здравство располага со официјални бројки?
  3. Дали ќе си поднесете оставка за ваквите случувања?

Но, до затворањето на овој број не добивме никаков одговор од првиот човек во здравството, кој во последните неколку денови е зафатен со преговорите за решавање на политичката криза како претставник на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека 82 бебиња починале на Гинекологија за шест месеци, од кои само 20 во последните две недели, реагираа и од опозицискиот СДСМ. Тие го повикаа министерот да понесе морална одговорност за страшните бројки што ја тресат болницата. Веднаш возвратија од ДПМНЕ, од каде што нагласија дека смртноста на новороденчињата за време на нивното владеење е намалена, а најголема смртност имало во времето на СДСМ.

СОВЕТНИКОТ НА ЕКСПРЕМИЕРОТ РАКОВОДИ СО КОМИТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНО МАЈЧИНСТВО

Откако во 2010 година, за само неколку недели починаа неколку родилки и новороденчиња во Министерството за здравство се формираше Комитет за безбедно мајчинство, чија цел беше да се подобрат санитарно-хигиенските услови во породилиштата, да се обезбедат нормални услови за породување, да се набави потребната медицинска опрема, да се обезбеди доволно стручен кадар, а од друга страна, да се намали смртноста на доенчињата.

На чело на Комитетот за безбедно мајчинство е Александар Митов, советник за здравство во кабинетот на екс премиерот Груевски. Освен него, овој комитет брои 15 члена меѓу кои се директорката на Клиниката за гинекологија, Хаџи-Лега, директорката на скопската Клиника за детски болести, Аспазија Софијанова, двајца преставници од ресорното Министерство, како и советници од Кабинетот на министерот Тодоров. Во последните неколку години се сменија повеќе лекари – членови на комитетот. Нови доаѓаат, старите си одат.

Инаку комитетот се формираше во периодот кога за само три дена починаа четири родилки и три бебиња. Од тогаш до денес, нема никаква информација од оваа институција, ниту, пак, комитетот одржал прес-конференција за тоа какви мерки се преземаат и дали воопшто работат на овие случаи.

Според нашите информации, последните пет месеци овој комитет не одржал ниту еден состанок, а досега од своето основање во 2010 година се одржани само три состаноци. Но дознаваме дека и таму не биле доставувани точните бројки на починати бебиња на Клиниката за гинекологија!

Како и да е, факт е дека секоја година, наместо да се намалува, сѐ повеќе се зголемува смртноста на новороденчињата поради што Македонија е прогласена за црн шампион по смртност на бебиња во Европа, а затоа покажуваат и последните податоци на европскиот индекс за корисниците на здравствените услуги, кој излезе лани. Таму Македонија е рангирана на 27 место од вкупно 35 земји, кои биле вклучени во студијата.

Во извештајот што доаѓа од Брисел, се наведува дека на државата ѝ претстои долг пат до подобра здравствена заштита. Според информациите, на годишно ниво во Македонија умираат 11 на илјада родени бебиња. Веднаш по неа се Албанија и Србија, додека најдобра е состојбата во Исланд, Финска и Словенија со околу два смртни случаи на 1.000 породувања.

Наместо директорката и лекарите од Гинекологија да се препукуваат со новинарите, сега имаат можност да излезат и да ги кажат точните бројки на починати бебиња во првите шест месеци од годината. Тие ги имаат во извештаите и најдобро ги знаат. Сигурно се свесни дека функцијата не е поважна од еден изгубен живот.

Наместо одговор на нашите прашања
МИНИСТЕРСТВОТО ДЕЛИ НАВРЕДИ КАКО ПАРТИСКИ ШТАБ

Повеќе од две години, Министерството за здравство не одговори на ниту едно прашање на „Фокус“, но конечно се почувствуваа повикани да одговорат за скандалот на Клиниката за гинекологија. Иако поставивме конкретни прашања и баравме прецизни податоци на оваа тема, од министерството нѐ удостоија со неосновани напади, дисквалификации и етикетирања. За да се уверите во тоа, ви ги претставуваме интегрално прашањата и нивниот сублимиран одговор:

ФОКУС: Што ќе преземете за зголемената смртност на новороденчињата на скопската Клиника за гинекологија, каде во последните шест месеци починале околу 80 бебиња, од кои само 20 во последните две недели?

ФОКУС: Дали министерот за здравство Никола Тодоров ќе има некаква реакција?

ФОКУС: Планира ли Тодоров да понесе морална одговорност за случувањата на Гинеколошката клиника, со оглед на тоа што постојано излегува тврдејќи дека е намалена смртта кај бебињата?

ФОКУС: Дали Министерството за здравство располага со официјалните бројки?

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО:  На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство од аспект на опрема и инфраструктурни услови се исполнети највисоките стандарди. Со вашето тврдење вие инсинуирате дека проблемот на Kлиниката е кадарот и нивната нестручност. Министерството за здравство не може да се сложи со оваа ваша тотално погрешна констатација која е исклучиво водена од политички причини, и како Mинистерство сметаме дека на Клиниката работат високо обучени професионалци кои се подготвени да се справат и се справуваат со најтешките случаи во оваа област на медицината во државава, односно се борат за здравјето на најтешките пациенти во медицинска смисла на зборот. Граѓаните мора да знаат дека ова не е ништо друго туку нарачана политичка кампања која ја сработувате по барање на СДСМ.
Народот знае што остави СДСМ, колкава смртност и знае дека со сите мерки, нова опрема, едукации и комплетно нова болница која работи согласно светски прифатени протоколи се направија огромни чекори напред и во оваа сфера. Показател за тоа е сериозно намалената доенечка смртност – тоа се факти, ова што вие го правите не е ништо друго туку валкана политичка пропаганда. Вие продолжете да лажете и одработувате платени политички нарачки, а ние ќе продолжиме да инвестираме во нова опрема, обуки и нова здравствена инфраструктура.

Кои се анонимните лица, кои под превезот на ВМРО-ДПМНЕ протестираат во името на целиот народ?

$
0
0


Текстот е објавен на 28 декември 2012-та година во неделникот „Фокус“

Пишувала
Мери ЈОРДАНОВСКА

Најголемaтa пропаст што може да ja доживее една држава е да го задуши јавното мислење, слободата на говор, слободата јавно да се каже она што се мисли. Без разлика колку закони и какви институции имаме, кога се нема последново, државата го допира дното, бидејќи во неа останува да метастазира само политиката.

Но, најстрашно од сѐ, е она што се случува во државите со диктаторски режими, на кои се повеќе наликува Македонија. Во времето на фашизмот, под капата на некакви неформални групи, демек своевидни граѓански здруженија, се криеле од десетина до петнаесет лица – сите тие анонимни, навидум обични граѓани кои се обидуваат да го наметнат мислењето кое и ним им е наметнато и исцитирано како лекција по биологија за прво одделение што треба да ја прераскажат од збор до збор.

Тоа се лица кои најчесто не знаат точно што бараат, лица што добиле скромни ветувања, лица што имаат доволно храброст да излезат во јавност понекогаш и без објаснување против што протестираат, флејтистки што одгледуваат калинки, пензионери кои немаат за живот, но се задоволни и со корката леб, оние преку кои се замаглува вистинската слика за она што се случува во реалноста.

Тоа е веќе испробана практика во земјите со диктаторски режими, каде што наводно под капата на граѓански иницијативи и контрапротести се вперува прст кон еден виновник, за да се сокрие вистинскиот!

КОНТРАПРОТЕСТАНТИ ВО ШЕСТ ТОЧКИ

Не смее да се занемари фактот дека овие навидум анонимни лица треба да нѐ загрижуваат многу повеќе од досега. Бидејќи за нив, следејќи ги нивните изјави и постапки, се доаѓа до неколку заклучоци:

1. Со нив е најлесно да се манипулира и да им се вкорени одредено мислење, бидејќи немаат цврсто изграден став.

2. Се задоволуваат со подадени 500 денари или ветување за вработување на мајката, стрината, тетката.

3. Не зборуваат од душа, туку за револтот читаат од лист хартија напишан од некој трет, што уште повеќе зборува за нивната подготвеност за покорување.

4. Подготвени се на насилство, не знаејќи ни сами што бранат.

5. Никогаш не признаваат дека се активисти пратени од партијата, туку се кријат зад наводни спонтано формирани здруженија и фронтови.

6. И, во случајов со нашата држава, како по правило – за сѐ им е виновна опозицијата.

Во овие шест точки е вметнат сиот психолошки профил на лицата што во јавноста почнаа масовно да се појавуваат во последниве години.

Фашистичка Германија била голема, па успевале да се инфилтрираат различни лица. Но, кај нас почнаа да се вртат истите, па многу лесно би ги ставиле во феноменот „протести против протестите против она што порано го правеше опозицијата“.

Синдромот на враќање во минатото (криво ни е времето пред една деценија) како по правило е бегање од сегашноста и од иднината, како одбранбен механизам, кој дејствува по принципот: Аха, ама и ти така правеше порано!

Во психологијата постојат повеќе термини за тоа, еден од нив е и шизофренијата, па токму затоа ослободувањето на духовите од минатото (наместо нивно упорно повторување) е првиот лек што се препорачува за овие состојби. Но, во нашиот македонски случај, го имаме обратното. Наместо да се лекува, болеста се шири, па завчера имавме можност да видиме толпа народ која сѐ уште живее и протестира против духовите од минатото.

Рака на срце, дијагнозата не може во целост да се препише на оној што протестира, туку на оние што ја даваат наредбата за на крај со аплауз привидно да ја завршат борбата со духовите. И така, до наредната шанса кога повторно ќе ни треба виновник од минатото за она што се случува во сегашноста.

МЕТОДИТЕ СЕ ЗАОСТРУВААТ

Колку што ме служи памтењето, сѐ почна со невладината организација „Гласот на светлината“, која пред шест и пол години со малкумина луѓе цврсто беше против продажбата на ЕСМ и со месеци го блокираше сообраќајот во Скопје. По промената на власта во 2006 година, првите луѓе на оваа организација, Ромео Јосифовски и Марина Христова, се вработија во МЕПСО и во Катастарот. Но, тогаш сѐ уште го немавме сфатено овој синдром, сѐ додека не се случи апсењето на Зоран Заев во 2006 година.

Тогаш се родија две инстант невладини организации,

„Право и правна држава“ контра „Правда за праведните“. Едните протестираа пред судот, другите пред истражниот затвор, па потоа се менуваа, едните штанцаа маици „И јас сум Заев“, а веднаш утредента се појавуваа другите со маици со натпис „И јас сум Зоран Заев, и јас сакам 8 милиони евра“. Дејствуваа буквално исто, само ставот им беше различен. Едните бараа слобода за Заев, а другите бараа тој да биде зад решетки и се бунтуваа против Бранко Црвенковски кој ја потпиша аболицијата.

Освен идентичната ситуација со која Македонија се соочува во моментов, имаме уште една коинциденција: Кривичната пријава против Заев излезе и за време на парламентарната кампања, но од прашање познато на нашата полиција истиот ден беше повлеченa…

По изборите за да продолжи борбата за правна држава, Заев се апси спектакуларно. СДСМ излегува пред судот и најавува дека излегува од Собранието, го бојкотира. Парламентарното мнозинство го користи бојкотирањето да ги изгласа сите закони во невидена брзина, без ниту едно отворање уста освен на спикерот на Собранието. Тогаш набрзина беа изгласани педесетина закони.

Нешто слично како сега со буџетот, со „мала“ разлика што сега опозицијата беше насилно исфрлена и претепана. Но, никој не рече дека методите што се користат не треба да се заоструваат!

ПОСТОИ „НАРОД” И „НАРОД”

И, така, се редеа спонтаните граѓански здруженија и фронтови, кои власта си ги сфати како добар механизам за правење бури во јавноста, бидејќи сфати дека има такви кои лесно ја прифаќаат нивната игра. За многу кратко време, се запознавме со „Младите знаат“, која организираше масовни протести против Грција за проблемот за името.

Се појавија 2-3 пати и оттогаш ги снема. Но, тие беа децидни во своите барања, кои, се разбира, си ги читаа од лист хартија:

„Време е да се соединиме за да го одбраниме она што ни е свето на сите нас, идентитетот на нашиот народ и името на земјата Република Македонија. Не станува збор за минирање на патот на нашата држава кон НАТО и ЕУ во овие тешки времиња, напротив сакаме да ги поддржиме сите оние што сакаат Македонија да ги добие заслуженото место и привилегии, кои ги носат членствата во овие организации, но никако по цена на менување на името и идентитетот. Ние сме народот, сите за неа, за Македонија“.

Зошто ја цитирам токму оваа изјава? Бидејќи и тука станува збор за истиот механизам што го користи и ВМРО-ДПМНЕ. Граѓанските здруженија упорно повторуваат дека „тие се народот“, а ВМРО-ДПМНЕ како по правило не потсетува дека „се избрани од народот“, како тоа да е вечното право што им го дал за да прават што сакаат.

И едните и другите во своите излагања и реплики во целост ги занемаруваат и се слепи да ги видат неистомислениците, кои, нели, во секоја демократска држава исто така треба да спаѓаат во „народ“.

Премиерот Никола Груевски ни вели дека тој е премиер и е избран да се залага за правата на сите граѓани, но искрено се прашувам на кој „народ“ тука мисли, бидејќи повеќе од очигледно е дека имаме „народ“ и „народ“!!!

ТАКА РАЗМИСЛУВАЛ И ХИТЛЕР

Eте така се редеа невладините организации, граѓанството, народот, фронтовите, секогаш кога опозицијата ќе кренеше глас. Критичките медиуми секогаш во нив ќе распознаеја по некој припадник на ВМРО-ДПМНЕ, некој што зел субвенции, некоја професорка која по дома одгледува калинки, но во секој случај, овој метод на зашеметување на јавното мислење како тоа да е едно и неприкосновено – остана.

А, како што поминува времето, така сериозно почнуваат да загрижуваат неколку работи: порано, зад маската на овие спонтани и невладини протести гледавме земјоделци, стечајци, пензионери. Сега гледаме и уметници, професори, глумци, па сите тие обединети во едно, па на секој протест прават контрапротест…

Сето тоа оддава слика дека методите за тоа – кој е народот, се заоструваат, а, од друга страна, во сенка се ставаат вистинските невладини организации и она „обичното“ граѓанство, кое веќе живее во страв дека ако заземе страна по одредено прашање, веднаш ќе биде партиски обоено. Ако не си со едните, тогаш мора да си со другите – во поглед на секое прашање!

На тој начин изумира вистинското граѓанство. Така се губи идентитетот и сликата за тоа кој е кој.

На крајот на краиштата, чуму сето тоа, кога едноставно може да се грабнат партиските знамиња и да се замине на протести?! Нема ништо срамно во тоа. Но, срамно е да се урива угледот на граѓанското општество кое треба да биде имуно на политички влијанија. Така згаснува индивидуата, така згаснува вистинската критичка мисла и сѐ се претвора во името – „народ“. Да, така размислувал и Хитлер!

КОЈ СЕ КРИЕ ЗАД ФРОНТОТ НА НАРОДОТ?

„Народот бара деблокирање на буџетот“, беше насловот на речиси сите провладини медиуми откако се формираше Иницијативата „Фронт за народот, фронт за Македонија“, кој беше составен како 3 во 1 – земјоделци, пензионери, актери, бизнисмени..!

Народот ќе го брани парламентот од Црвенковски, „Граѓаните подготвени да го бранат Собранието“, осамнаа деновиве насловите на „Нетпрес“, „Пулс 24“..!

Според нашите проверки, оваа граѓанска иницијатива воопшто не е заведена во Централниот регистар на Македонија, но очигледно немале време, бидејќи за еден ден успеаја да се мобилизираат (наводно преку Фејсбук), да одржат прес-конференција и да се појават на контрапротести. Ама, и да се обиделе да се регистрираат, којзнае дали ќе им успеело, бидејќи и онака дел од вработените во регистарот наместо на своите работни места, присуствуваа на контрапротестите пред Собранието.

Најгласни на фронтот беа актерот Роберт Велјановски, инаку внук од брат на поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан и лидерот на кавадаречките лозари Љупчо Аризанов, за кого порталот „Мојот град“ веќе објави дека зема субвенции од државата за напуштени лозови насади. На секој протест на лозарите редовно се протестира против Бранко Црвенковски, бидејќи винариите во државата биле продадени во времето на СДСМ и дека сега тие се под нивна контрола.

Минатата година во „Дневник“ излезе и информација дека првиот лозар и го штити грбот на власта, коментар кој почнал да се шири меѓу кавадарчани кога го виделе Аризанов како гордо стои зад заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Ивановски и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов. Така што, Аризанов не е лице за кое може да се каже дека нема историја на контрапротести, напротив, и покрај маките на лозарите во сегашноста, нему со години му е виновно минатото!

КАЛИНКАТА НА БЕТИ

Синоним за одгледување калинки стана загрижената земјоделка Бети Станковска, инаку професорка по флејта на Факултетот за музички уметности, која излезе на контрапротестот пред Собранието во септември годинава. На прашање на новинарите, дали е земјоделка, Станковска одговори:

– Одгледувам калинки, сливи и цвеќиња, но за домашна употреба, објаснувајќи дека е меѓу земјоделците за да реагира бидејќи кога биле на власт, СДСМ не им давале субвенции.

За разлика од стечајците кои протестираа, високите потпетици и брендираните очила за сонце „ги красеа“ речиси сите земјоделки – контрапротестантки.

Калинката на Бети стана добар и јасен синоним за она што се случува во Македонија. Колегата од „Утрински весник“ Наум Котевски добро го опиша овој синдром, споредувајќи го со протести што се случуваат во другите држави.

„ Ако сакате да се уверите кој е еден од најлесните начини како да се самоповредите до неиздржлива болка, вклучете се на интернет и споредете ги фотографиите од долгите студентски протести во Квебек и оние што се случија деновиве пред домот на демократијата во нашата престолнина.

Од визуелниот шок ќе удрите силно со главата во земја, а во балончињата над вашата глава, како на некој паднат стрип јунак, ќе пишува: „Кому ли толку му згрешивме, што нашата граѓанска свест е на такво неподносливо ниво. Иако, премиерот Никола Груевски неодамна рече дека протестот е еден од најзначајните текови на демократското општество, нам веќе подолго време ни се случува софистицирано задушување на искрените барања, кои треба иронично да се заменат со протести со кои ништо не се бара, и со кои треба да се убеди народот дека треба ним да им се верува. Или понижените и навредените да се претстават како бандити. Калинката на Бети бездруго ни праќа симболична и предупредувачка порака, дека секогаш треба да имаме на ум дека таа има „способност да крвари“!

ДВЕТЕ СТРАНИ НА ЗАКОНОТ

Најдобар пример за еднаквоста, пардон, за нееднаквоста на луѓето пред лицето на законите ни се појави на последните инциденти пред Собранието кога освен протестанти и контрапротестанти, видовме и голотија.

Лицето што го гледате од левата страна на сликата беше еден од најбурните кои протестираа против блокадата на донесувањето на буџетот. Го туркаше новинарот од ТВ 24 вести, им се закануваше на новинарите, за на крај да кулминира со соблекување на фармерките и држење на половиот орган. Сликите не лажат дека на сето ова, полицијата му се смешкаше!

Од друга страна, човекот што го гледавме во Градскиот трговски центар како свири гитара за да заработи по некој денар, а беше од другата страна на протестите, пред полицијата се соблече по гаќи. Да потсетиме дека тој е еден од бранителите во 2001 година, кој се појави и на протестите на „Аман“ пред Собрание. Тој дојде со неговиот кум, кој на протестите покажа решенија за одземање на станот каде што тој живее со неговите три деца, стан што го добил после кризата во 2001 година.

Гитарата на овој човек остана пред Собранието, додека полицијата го приведуваше во станица. Нему барем му ја знаеме маката. Другиот, анонимниот но најгласен граѓанин за кој важеше друг полициски третман – насмевка – не знаеме ни како се вика, ниту пак против што протестира, бидејќи го гледавме и меѓу пензионерите и меѓу земјоделците и меѓу уметниците, а во своите говори спомнуваше се, освен блокадата при донесувањето на буџетот. Сериозно е прашањето, дали навистина човекот знаеше зошто е всушност таму, како што не знаеја ни повеќето Роми што ги прашавме:

– Поим немаме зошто сме тука, едноставно нѐ викнаа! – ни одговорија тие.

КАКО ЛИ ДА КАЖАМ ПРОТИВ ШТО ПРОТЕСТИРАМ?

Уште една контрапротестантка го закити граѓанското движење со бисери, по смртта на младиот Мартин Нешкоски кој загина од раката на полицискиот припадник Игор Спасов. Додека младите се собраа на социјалните мрежи и на Македонија за првпат и се случија спонтани невладини протести, како по правило, се појавија луѓе кои излегоа на контрапротести.

Посебно обележје на ТВ „Сител“ остави јавувањето во живо со Елена Милановска, кога разговорот течеше вака:

– Со каква цел се собирате овде пред Споменикот на Мајка Тереза?

– Значи вака… нашата цел не е политичко здружување, значи нашата цел е да ја расветлиме целата вистина околу случајот со Мартин Нешкоски.

– За што се протестира, од што се незадоволни?

– Значи незадоволни сме и револтирани сме од некои луѓе кои што се политички… леле како да кажам… стоп, стоп… да, обоени. И вмешуваат раце во протестите, а не би требало да присуствуваат на нив.

– Може да прецизираме на кого се мисли, кои се политички обоените?

– Aааа….

– Мислите на Социјалдемократскиот….

– Да, да, на СДСМ!

Од фотографијата добро може да се види дека неполитичкото здружување на Милановска значи и фотографии со партиски знамиња на ВМРО-ДПМНЕ!


Досието „Злетовица” во монтипајтоновски стил: Како застаре случајот за „Силекс неметали“ ?

$
0
0

Текстот е објавен на 20 јули 2012 година во неделникот „Фокус“ во бројот 890

Фирмата „Силекс неметали”, според официјален документ од Централниот регистар, е формирана од РИК Силекс во април 2006 година, со основачки капитал од 5.000 евра. Како тоа, за само една година можела да го стекне бараното искуство, остана нејасно. Мистерија остана и папката за случајот „Силекс неметали“ која од Антикорупциската комисија беше испратена во Обвинителството, од каде по неколку месеци констатираа застареност.

Пишувала: Јадранка КОСТОВА

Преродбениците се самоприкажуваат како чесни и одговорни. По правило, сите до еден се успешни менаџери. Посветени се 24/7 на работата, ем гинат за нацијата и државата. Демек, саде патриоти по душа и тело – до коска. Се добива впечаток, барем од нивните проповеди и платени реклами, засилени со врескањето на медиумската фаланга, дека сиот „џган” во државата е оставен да скапува надвор од елитното портокалово стадо. Кој не е со груевци, нешто му фали, да не речам фаличен е, дал во етиката, дал во квалитетите за успешно менаџирање на едикоја работа.

Арно ама, кога ќе се соочите со фактите, дека оваа суперсорта луѓе е главно распослана по државните и по јавните институции и претпријатија, што ќе рече – сѐ испообесени на државна цицка, тогаш може да ве навјасаат емоции, да ве заплисне нов бран со грижливи размисли – оти, бре, не се прошараат малку низ приватниот бизнис. Се разбира, без на ти го – дај ми го со народни пари. Онака, само поради љубов кон татковината,  да го олабават малку државното чекмеџе. Ем троа, како нас грешниците, да ги почувствуваат „пазарните” законитости на преродбеничката машинерија. Со тие квалитети, би требало ’ршум да направат, ем пара да згрнат!

Поводот и инспирацијата за ваквите грешни мисли ми дојде од Пробиштип, од ЈП ХС „Злетовица”. Едно кусо и сочно писание, насловено како демант, со најава за тужба на новинарот на „Фокус”, Младен Чадиковски. Насловот на текстот, велат, бил срочен без новинарска етика, ем тенденциозен и необјективен, додека раководството на „Злетовица” успешно менаџирала со ова јавно претпријатие. Тие успешни, а ние неетични!

„Демантот” е потпишан од Стојан Миланов, директор на ЈП ХС „Злетовица” од 29 ноември 2006 година, односно само неколку месеци по победата на Никола Груевски на парламентарните избори. Патем, тоа што Миланов е баџанак на Љубисав Иванов-Ѕинго, лидер на СПМ, партија која е дел од портокаловата коалиција, веројатно, согласно преродбеничкиот кодекс, говори дека е избран за таа функција поради своите менаџерски квалитети. Писанието, пак, во редакцијата го испрати Игор Манасов, вработен во „Злетовица”, нормално нели, и советник во општина Пробиштип, претседател на Триатлон федерацијата на Македонија, ем секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Пробиштип. И без да нагласувам, јасно е дека станува збор за успешно етаблирани луѓе. Партиската припадност, скраја да е, дека била пресудна за ваквата нивна поливалентна ангажираност!

 

ДАНОЧЕН ДОЛГ ОД 20 МИЛИОНИ ДЕНАРИ!

 

А текстот во дневен „Фокус” се темелеше на конечниот Извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на „Злетовица”, патем распослан на 35 страници. За насловот „Сомнителни зделки во Злетовица”, деманторите ни префрлаат дека „понатаму во текстот не е спомната ниту една сомнителна зделка”, па констатираат дека сомнителни зделки „очигледно постојат само во свеста на новинарот”!

„Во делот на јавните набавки, ревизијата забележала дека при подготовката на тендерот за чистење на идната брана Кнежево биле изготвени две верзии на тендерска документација и распишани се два огласи за доделување договор за јавна набавка со отворена постапка, кои меѓу себе, во однос на ископот, речиси двојно се разликувале”, стоеше во текстот, но, ете, тука ништо да не ти било сомнително!

Во секој случај, дадени се повеќе забелешки од ревизорите, објаснети на 5 страници од Извештајот, со констатации од типот – „не е во согласност со член 99 од Законот за јавни набавки” или „не е постапено согласно член 48” од истиот закон, па не е во согласност „со членовите 5, 27 и 28 од склучениот договор”. На крајот, ревизорот ќе заклучи дека договорените работи не се целосно завршени, а не се доуредени и меѓусебните права и обврски со изведувачот, што, во услови на судска разврска, може да има влијание врз зголемување на трошоците на „Злетовица” на име судски трошоци и врз финансискиот резултат!

Но, нели, самите рекоа дека успешно го менаџираат јавното претпријатие, та и да има последици врз финансискиот резултат, не е страшно. Во успешниот дел, иако се е нели успех кај преродбениците, веројатно влегува и записот на ДЗР, дека јавното претпријатие „Злетовица” последниот ден од 2011 година, според состојбите во трговските книги има неплатен данок од над 20 милиони денари, со доминантно учество на неплатен ДДВ – околу 13 милиони денари, што создава дополнителни обврски за фирмата, но и потценување на буџетот на Македонија. Потоа по ставки, околу 2,6 милиони денари е борчот на име персонален данок од доход, додека за затезни камати за ненавремено плаќање на даноците отпаѓа околу 2,8 милиони, а точно 1 милион денари е долгот на ЈП „Злетовица” по данок од добивка. Уф, да не ја менаџираа успешно Злетовица, којзнае како ќе изгледаше даночната приказна на хидросистемот!

Малку се збунив, оти истовремено кога осамна ревизорскиот извештај за ова јавно претпријатие, на едно друго јавно претпријатие, за еден милион и 100 илјади денари УЈП им ја блокираше жиро-сметката. Но, тоа е ЈП „Градски гробишта” од Охрид, каде што, пак, на власт се сдсмовците. Нив, пак, нели, не им е во генот да ги бива за успешно менаџирање со јавни претпријатија. Сепак, побарав одговор од Управата за јавни приходи, кога последен пат биле во контрола на ЈП ХС „Злетовица”, но, и како ќе постапат со даночниот долг од 20 милиони денари? Да, ако за еден милион денари блокираат сметка, каков третман има едно јавно претпријатие со 20 пати поголема „дупка”? Ветија одговор за наредните денови, па, тогаш и ќе го објавиме.

ФИРМА ПОДОБНА ЗА ПОДЗЕМНИ РАБОТИ!

 

Нејсе, во оваа пригода само уште една ревизорска забелешка. Тимот од ДЗР констатира нецелосна усогласеност меѓу запишаната главнина на капиталот во Централен регистар и искажаниот износ во трговски книги на јавното претпријатие. Имено, околу 880 милиони денари недостасуваат во евиденцијата на Централниот регистар! Успешно?!

Но, нема врска, нели се успешни во менаџирањето на ЈП ХС Злетовица. „Фактот дека Фаза 1 од проектот „Злетовица” е изграден во рекорден временски период и веќе се почнати активности за реализација и на Фаза 2 наводнување и Фаза 3”, е наводот за кој во „демантот” си ја оценија за успешноста во менаџирањето и работењето на Злетовица”.

Меѓутоа, да не се почувствуваат дека тенденциозно се занемарени, вреди во оваа пригода, да си припомниме и за успешноста во менаџирање на овој проект и од страна на Министерството за земјоделие и од премиерот Никола Груевски.

Сѐ почнува со јапонскиот кредит од 70 милиони евра, изработен за време на претходната влада на СДСМ, а стокмен за финансирање на изградбата на хидросистемот Злетовица, што треба да обезбеди квалитетна вода за пиење за 100 илјади граѓани од источна Македонија!

По смената на власта, на почетокот од 2007 година, преку „Фокус” реагираше претставникот на турската фирма „Мапа Гунал”, која беше еден од двајцата понудувачи на тендерот за изградба на брана за „Злетовица”. Имено, победи конзорциумот Гранит – Бетон, а Турците обвинија дека „тендерот е наместен од политички причини”. Тезата им беше дека изгледа во конзорциумот Гранит – Бетон, со околу 50 отсто ќе учествува и РИК Силекс. Да, тоа е фирмата на лидерот на СПМ, Љубисав Иванов-Ѕинго, кој го лансираше Ацо Спасеноски на функцијата министер за земјоделство, а во чиј ресор потпаѓа и хидросистемот „Злетовица”, чиј пак директор стана социјалистот и роднина на Ѕинго, Стојан Миланов.

Сепак, во тоа време „Силекс” не се појавуваше никаде во документите за тендерот. Ќе се вклучи дури кон крајот на јануари 2007-та, кога конзорциумот со „Силекс Неметали” ќе потпише договор како подизведувач во целиот проект!

Арно ама, „Фокус” на 20 јули 2007 година објави писмо од 28 мај 2007 година, со кое лидерот на тимот консултанти, Јоаиро Имазава, не одобрува фирмата „Силекс неметали” да биде подизведувач во проектот со браната, затоа што од документите кои ги имал на увид, видел дека нема било какво искуство, потребно за вршење подземен ископ за преливен тунел и шахта. Но, по само еден месец, на 2 јули 2007 година, тогашниот министер за земјоделство, а денес амбасадор во Украина, Ацо Спасеновски, ја потврдува подобноста на кратовската фирма да биде подизведувач за браната!

 

ЌЕ ЗАВРШИ УБАВО – ЌЕ ЗАСТАРИ!

 

Пред две години објавивме уште еден податок, дека фирмата „Силекс неметали”, според официјален документ од Централниот регистар, е формирана од РИК Силекс во април 2006 година, со основачки капитал од 5.000 евра. Како тоа, за само една година можела да го стекне бараното искуство, остана нејасно. Како министерот Спасеновски дошол до референците за номинираниот произведувач, каде се сертификатите кои ги бараат консултантите или кои биле адутите на Спасеноски, што од писмениот налог во сите девет реда не се гледаше, остана мистерија!

Уште една првично шпекулација, потоа се потврди во живо ем на хартија. Нашите извори уште тогаш тврдеа дека бизнисот на „Силекс” ќе го работи фирмата „Макметал” од Свети Николе. „Фокус” дојде до документ, според кој, уште во февруари 2008 година, „Макметал” бара интервенција од странскиот консултант – „да им се исплатат трошоците од близу 196 милиони денари”. Притоа се нагласува: „Во 2007-та, очевидци сте дека на браната Кнежево работеше само Макметал”. Остана нејасно вклучувањето на „Макметал” во целава операција и колку добива „Силекс Неметали” од целата работа?

Потоа се огласи и поранешниот социјалистички пратеник Зоран Витанов, со тезата дека „подизведувач на подизведувачот не си ги добил парите за изработеното од „Силекс неметали”. Изјави дека по Законот за перење пари, подизведувачот не смее да ангажира подизведувач за иста дејност, особено кога се работи за тендер распишан од страна на државата, буџетски корисник”. Уште повеќе, ќе раскаже дека документите од ова досие, што ги добил од Минчо Јорданов (газдата на „Бетон”, една од двете градежни фирми избрани да го градат хидросистемот), му ги презентирал лично на премиерот Груевски. Но, според неговата верзија, премиерот бил изненаден „што се дрзнал да отвора афера против сопствениот лидер”!

Три години откако „Фокус” ги пласира првите сомнежи, се анимираше и опозицијата, па папката стигна до Антикорупциската комисија. Илми Селами како прв човек на оваа комисија, го испрати случајот во Обвинителството. Од таму, по неколку месеци констатираа застареност. Ете, тивко и незабележано поминало менувањето на законот, со кој се намалил бројот на годините за застареност. А, ако злоупотребите застаруваат по три години, тоа значи дека нема казни за криминалот што секоја власт ќе го направи во првата година од мандатот!

И, еве сме во сегашно време, со најновиот извештај од ревизијата. Рака на срце, од долу до врвот, навистина успешно менаџираат со процесите. Уф, да не пропуштам – И според етички стандарди!

Вмровска шоферска Пајажина

$
0
0

Текстот е објавен на 25 март 2011 година во неделникот „Фокус“ во бројот 821

Вмровците упорно пропуштаат да се пофалат со еден успешно реализиран проект – вмровизацијата на здруженијата на возачи. Овој вирус зафати повеќе вакви асоцијации, а кулминира со парафирање на портокаловата боја и во централата во Скопје. Со оглед на тоа што заедничкиот именител на сите овие ѓоа граѓански преврати во навидум обични здруженија, се токму истакнатите вмровци, се добива јасна слика дека возачката мапа на Македонија изминативе години се плетела макотрпно со една суптилна вмровска пајажина!

Откако во кичевското здружение со Преродбата се препороди и таткото на Антонио Милошоски, лани и братот на министерот влегол во возачкиов портокалов филм – станал управител на Сојузот на здруженија на возачи на Македонија. Дел од вработените, пак, кои добиле отказ, сметаат дека благодарение на Милошовци станале социјални случаи. Но, Преродбата не запира, таа продолжува со истото темпо!

Пишувала
Јадранка КОСТОВА

ВМРО-ДПМНЕ е партија што остварува. ВМРО-ДПМНЕ е партија што има квалитетни идеи. ВМРО-ДПМНЕ е партија што реализира квалитетни проекти..!

Така започнува Отчетот за ,Преродбата во 100 чекори, стокмена за предвремените избори во 2008 година. Потоа ќе бидат набројани токму такви ,конкретни проекти реализирани со конкретна одговорност на луѓе со име и презиме за нивната реализација,.

Уште тогаш Никола Груевски знаеше дека таа програма ќе ги доведе до една значајна победа на изборите. Но, ќе појасни дека кога вели победа, не мисли на партиска победа. Имало нешто многу побитно од неа- државна и историска победа.

,Тоа ќе биде победа на чесноста, пред нечесноста, победа на работливоста, пред злоупотребата и неработливоста, победа на духот на малодушноста, победа на еден нов тип на работа, нов пример за тоа како треба да се однесуваат одговорни луѓе, победа на проектите со конкретни резултати … ќе навезе пастирот  во преробеничкото гобленче ,надградено и проширено,.

После три години, а во очи на претстојните предвремени избори, редно е да приговориме, ако треба и во амандманска форма, што, јали од скромност јали од брзање, вмровците пропуштија тогаш да регистрираат дека од 2006 до 2008 оствариле уште еден ,квалитетен проект,. Фактот дека го нема во графата ,Остваруваме, не прави посиромашни за сознанието- кој е конкретно одговорен со име и презиме за неговата реализација. Станува збор за проектот – вмровизација на здруженијата на возачи низ државата!

 

ВМРОВСКА ПАЈАЖИНА НА ШОФЕРСКАТА МАПА

Секако, од извршените преврати кои се редеа во низа, по исто или барем слично сценарио, најмногу се офајдија вмровци, но, согласно прогласот на Груевски, веројатно и ова може да се третира не како партиска туку како ,државна и историска победа,. Тоа што веќе добар дел од локалните возачки асоцијации ги управуваат истакнати вмровски кадри, сигурно ќе го вреднуваат како ,победа на чесноста наспроти нечесноста,. Според оние, пак, што беа сменети, со се оние кои дополнително добија и откази, целиов проект е изведен на ,софистициран мафијашки начин,. Кој е во право, кој е во криво, односно има ли криминал во целава операција, при толку многу актери во целава ,возачка игранка, е надвор од можностите на едно обично новинарско истражување!

Сепак, со оглед на тоа што заедничкиот именител на сите овие ѓоа граѓански пучеви, во навидум обични здруженија, се токму истакнати вмровци, се добива јасна слика дека возачката мапа на Република Македонија е плетена макотрпно со една убава вмровска пајажина во која се залепија едно чудо преродбеници. Фактот дека се водат дузина судски спорови од сите области- управни, кривични, работни, а досијето со сите возачки ,приказни, содржи илјадници страници, засега придонесе единствено да го зголеми обемот на судиската работа. Без овој проект на Преродбата, судовите ќе беа посиромашни за можеби 5 отсто од предметите!

Она што е конкретен повод за уште едно наше навраќање на оваа тема е токму судбината на некои правосилни и извршни судски одлуки кои засега немаат поголема правна сила од што има, простете на израз, некаков ,гз папир,.  Екс секретарот на кавадаречкото, Димче Стевановски иако истерувал правдина од основен преку Врховен до Управен суд, и има пресуда во своја корист, се уште се води како екс секретар. Овластените од Централен регистар одбиваат да извршат промени во регистарот иако Управниот суд донел одлука со која им наложува да го избрише ,новиот, односно, барањето за бришење на уписот направен врз основа на ништовни одлуки го одбиле како неосновано!

Зоре Којчески екс благајник на кичевското здружение на возачи, каде со Преродбата се препороди Милош Милошоски, татко на Антонио Милошески, има извршно решение да биде вратен на работа. Арно ама и после повеќе од 2 месеци, се си е по старо. Уф, не баш се, оти во меѓувреме уште еден член од семејството на Милошоски влезе во возачкиов портокалов филм. Братот на министерот, Александар Милошоски станал управител на Сојуз на здруженија на возачи на Македонија. Дали со ова ,го победиле духот на малодушноста,- тешко е да се одговори, но, други двајца вработени од кичевското здружение во меѓувреме останаа без работа. Малодушноста нив дури сега со ваквата преродба ги зафати. Но, за тоа потоа!

Целта овојпат е само да си приповториме кој виде аир од вака реализираниот проект. Или, како што ќе поентира Груевски во продбеничкото обраќање во надградената програма: Кога еден ден ќе застанеме, ќе воздивнеме и ќе се завртиме назад, за да видиме што е тоа што се случувало во изминативе години,, ете и ние решивме да се завртиме назад, да воздивнеме и да видиме што ,дешавки, ги беа зафатиле возачките асоцијации. Сепак, дали ќе видиме ,период исполнет со работа, со успеси, со подвизи, со заеднички победи, како што тој сугерира, или, можеби само победа на партиските војници- е добра тема за проста дилема!

ОСТВАРЕНО СО САМО ШЕСТ ЧЕКОРИ

Во изминативе две години Фокус регистрираше ‘преврати’ во неколку чекори, не требаа 100, во возачките здруженија на Кичево, Неготино, Кавадарци, Битола, Гостивар, Велес … Зошто им се видоа примамливи овие граѓански здруженија на Груевци? Едноставно, овие ,фирмички, со решение од МВР се овластени да вршат технички преглед на возилата. Ова, пак, значи, добар прилив на пари. И добар ‘бренд’ за вдомување на своите луѓе. Ќе признаете дека на овој ,дупли ќеиф, тешко е да одолее дури и една гооолема преродба. Особено што дополнителен мотив и предизвик беше тоа што во овие возачки колективи, со години држеа банка воглавно сдмовци. Ете така главните партии ги третираат граѓанските организации!

Упатените велат дека вмровците токму во Кавадарци ‘се вежбаа’ или го пробиваа ледот. Но, за да ја сплетат пајажината, Груевци морале да сторат неколку чекори. За да ,остваруваат, во возачките здруженија морале прво да изменат неколку реченици во Законот за едношалтерски систем. И тоа е остварено во 2007 година. Та, првите месеци од преродбеничката влада, нели, треба да се делат ресори и функции по министерства, државни и јавни претпријатија, установи, управни одбори, надзорни … Веројатно откако им останале фазла неангажирани поданици, виделе поле за партиско орање и во возачките друштва. И измената на само еден законски член ги отвори ширум портите за неофицијалниот ,креативен проект,. Ако претходно Централниот регистар морал да потроши повеќе енергија за да внесе некого во регистарот, вмровците го претворија во своевидна удри- печат служба. Дали оваа законска ,реформа, беше скроена за да им ги олесни ,шоферските, афинитети или едноставно од неа потоа изникна проектот, и не е толку важно!

Вториот чекор беше многу попрактичен. Согласно ‘инструкциите’ од Законот за здруженија на граѓани, доволно е да се соберат една дузина возачи, може роднини, соседи, пријатели, кумашини, кои треба само да потпишат пристапница, да платат членарина и да добијат членска книшка. Третиот чекор е така здружени да преземат акција и одржат вонредно собрание. Тука веќе се прави кадровска преродба, која, согласно измените во законот, лесно се парафира во Централниот регистар.

Арно ама, уште има пат да се изоди, оти новодојденците потоа се соочуваат со ,аздисани, вработени, па следува четвртиот чекор. Се наоѓа начин тие да добијат шут карта. Ќе најдете или ако треба ќе измислите некакви злоупотреби од било каков материјал. Така автоматски ослободувате простор за парче леб за своите блиски сопартијаци и нивни блиски роднини.

Е возачката преродбата доаѓа до петтиот чекор- почнуваат да се прават нови фирми- ДОО (Друштва со ограничена одговорност или ДОЕЛ-и ( Друштва со ограничена одговорност на едно лице), а кои имаат чудни релации и кадровска поврзаност со Здруженијата. Потоа, следствено на програмата доаѓа веќе лесната задача да се освои централата во Скопје. Гледате како понекогаш може само во шест чекори да реализираш еден проект кој е голема портокалова победа, веројатно третирана и како историска и државна од страна на Груевци. Нема потреба од 100 чекори, оти може и вака во скратена постапка.

ПОСЛЕ ТАТЕ, ДОЈДЕ РЕД И ЗА БАТЕ! 

И сега да минеме на делот – човечки ресурси. За илустрација, преку ‘превратот’ во Кавадарци одлично се гледа партиско-непотистичката шема. Ем во ,обновеното, здружение се вработува сопругата на претседателот на Советот на општината, ем секретарот на ДПМНЕ за Кавадарци бил адвокат на оваа група. Тоа, пак, што меѓу новите функционери е заменик командир на полиција, ем секретар на судот, доволно говори дека тешко можете да се борите со вака јак состав. Истовремено, и нивните сопруги се вработиле во здружението, плус секретарот на судот бил  унапреден во обвинител. Имињата воопшто не се битни. Важно е дека фирмата функционира по оној комунистички стар терк -,Наше дете,.

Во Кичево, веќе рековме, фактор станува таткото на министерот за надворешни работи, а се вработуваат сопругата на претседателот на Управниот одбор, сопругата на еден од членовите на новиот Извршен одбор, внук на секретарот на здружението на возачи од Битола, потоа велат префрлен во битолската асоцијација. Но, ете, како убаво си соработуваат и разменуваат свои деца ,новодојденците,.

Во Велес пак претседател на здружението станува Димче Петров -Диди, случајно, нели, брат на градоначалникот Горан Петров. Зарем треба да нагласам дека се под вмровско знаме. Или, накусо, се е џиш портокалово.

За централен кадровски ремонт, пак, по закон тогаш своја улога имаа министерот за транспорт и врски и директорот на Фондот за патишта. Оти од овие институции се делегираше по еден член во Сојузот на возачи на Македонија. Е па кога со Транспорт и со Фондот раководат ВМРО-овци, тогаш и предлозите ќе им бидат според таквиот вкус. Плус веќе беа извршени смени во неколку општински возачки сојузи, па беа исполнети неопходните услови за преродба на Сојузот на возачите на Македонија. И така, за претседател без мака може да се избере особа која тогаш е координатор на ВМРО од една општина. Сега веќе на ова место е претеседателот на кавадаречкото задружение, ем заменик командир на локалната полиција. Од лани, пак, како менаџер или управител или застапник се појавува Александар Милошоски, братот на шефот на македонската дипломатија.

Кога пред две години пишував за кичевските ,шоферски маки, Милош Милошоски најжестоко реагираше што во целава ‘возачка приказна’ се инволвира името на неговиот син Антонио Милошоски. Нагласи тогаш дека има уште еден син, Александар, кој бил еден од најдобрите студенти, но заминал за корка леб во САД. Ете, сега барем знаеме дека лебот ќе го вади во Сојузот на возачи на Македонија.

Само делува малку цинично, барем од денешна временска дистанца, што пред неполни две години, Милошоски сениор ќе ја оквалификува целата, како што ќе рече- хајка против него, како водена од неколкумина кои имаат личен и семеен интерес, а се врзани за една осигурителна компанија. Денес веќе од месечината се наѕира дека возачките здруженија станаа нивен семеен бизнис, на Милошовци мислам!

И уште нешто колку за споредба. Тогаш Милошоски возврати дека на благајникот за здружението, кој беше меѓу потписниците на кривичната пријава против него, во завршна сметка за 2008 година му бил констатиран кусок од 78.744 денари таксени марки. Во меѓувреме судот пресече дека немало кусок. Дека парите биле во трезор. Но, веќе реков- правосилното решение за враќање на (екс) благајникот не се спроведува, барем сеуште.

НОВ МОДЕН ТРЕНД

Но, ако проектот ,Да ги обоиме во портокалово возачките асоцијации, се вежбаше од Кавадарци, таму меѓу последните се влезе во шемата со правење нови фирми. Тамошниот секретар на здружението, со сопругата на претседателот за здружението си формирале приватна фирма и како прв човек во асоцијацијата решил да го даде под наем целиот имот на здружението токму на својата компанија. И вработените ги префрлиле во новата фирма наречена Здружени возачи- Тиквеш. А во името на здружението се откажале од правото тоа да врши технички преглед на возилата. Значи, истите што го презеле здружението потоа си направиле фирма која ќе ги користи просториите и опремата на здружението. И за ова веќе пишуваше Фокус, но, тие тоа го сметаа како проект во рамките на законот, а дека било сторено да не ги загази конкуренцијата! Во секој случај, конкуренцијата во ликот на старите кадри успешно ја ,згазија,!

Пред неколку месеци, во обидот да провериме, братот на велешкиот градоначалник во функција на прв човек на велешкото здружение на возачи, одби да одговори – дали и во Велес  е формирана приватна фирма која ги изнајмува просториите на здружението и ќе врши технички прегледи на возилата!? А таква информација добивме од една анонимка.

Нормално, и Кичево го следи модниот тренд. Таму Милошоски во октомври 2010 отвара нова фирма- Друштво за технички испитувања и анализи Центар за возила БРЕКОН Кичево ДООЕЛ, каде тој е еден од двајцата управители. Есега, дилемата што не мачеше е чуму им се овие нови доелчиња, при живи и здрави, тазе освоени здруженија?! Добро упатени извори во ,направијава, ни ја одгатнаа мистеријата. За Татковината се работи?! Не, за паричка е целата ,фрка,. Имено, откако е изменет законот, здруженијата не можеле веќе да се расфрлаат со награди и слични парични зафрканции, па, некој, умен на мајка, смислил дека добро е да работат по закон за трговски друштва. И така, некои локални здруженија ќе формираат фирми ќерки, некаде пак, ептен приватни возачки фирми-или како ДОО или како ДООЕЛ.

Како и да е, благодарение на овој моден тренд кичевчаните Спасе Србиновски и Ленче Стршеноска сега водат спор со Здружението на возачи на Кичево. Бараат да бидат поништени нивните изјави за отказ и на одлуката за откажување на договорот за вработување без отказен рок. Плус имаат и кривична пријава за измама против Здружението на возачи Кичево и Брекон, која ја третираат како фирма ќерка на ЗВК.

Во овие тужби, наводно, од Стршеноска и Србиновски било побарано да си дадат отказ, за потоа да бидат вработени во Брекон, првично на одредено време- два месеци, а преку Агенцијата за привремени вработувања Проспект Прилеп, потоа веднаш да склучат договор за неопределено време. Но ова последново не влегло во ,Остваруваме,. Па, како што стои во тужбите ,нелогично е некој да се откаже доброволно од работно место каде бил на неопределено време, за да работи кај истиот работодавец на 2 месеци и да си го дозволи луксузот да остане без работа,!

Сепак, добро е овде само да појасниме дека обајцата беа во групата која покренуваше кривична пријава против Милошоски, која беше отфрлена од обвинителството. Колку да имате предвид дека овие работници не беа од групата која влезе во преродбеничкиот преврат. Занимливо е што извозените кичевски возачи- Зоран Којчески, Марјан Дејаноски, Спасе Србиноски и Ленче Страшеноска, во своите дописи на разни адреси, се чудат како може судот во Кавадарци да донесе пресуда во корист на екс секретарот, а во Кичево за истиот преврат да биде обратна одлуката? Прашуваат дали кичевските судии се од друга планета или работат според други закони? Зошто судството за исти случаи како нивните суди различно од, на пример, случјот со АМСМ Гостивар, каде од Управниот суд сите старовработени биле вратени на работа, додека за кичевчани сите пресуди се негативни?

ЌЕ ИМ СУДИ ОВОЈ ИЛИ ДРУГ СУД?

Незадоволните кичевски возачи дури сметаат дека Милошовци си направиле семејна фирма од Здружението на возачи на Кичево, а тие станале социјални случаи. Особено откако и братот на министерот, Александар ќе стане управител на Сојузот на возачи на Македонија. Но, и овој избор не минува мазно. Или, како што пишуваат незадоволните кичевчани, така како што влегува таткото во кичевското здружение, така влегува и братот во централата во Скопје. Во дописот што незадоволните локални здуженија го упатуваат до Централниот регистар, се наведува дека на Вонредната седница нелегитимни претставници извршиле измени во статутот спротивно на законот.

Иако тие апелираат дека доколку дојде, според нив барем, до незаконска промена во регистарот, тогаш јавноста и медиумите ќе се занимаваат со тоа неизбежно, бидејќи се работи за брат на миниситер. Сепак, ниту медиумите ќе се занимаваат со тоа, ниту Централниот регистар ќе се стресе. Промените ќе бидат ,парафирани, а граѓанскиот суд ќе се прогласи и за ненадлежен по барањето за времена мерка.

Интересно е дека првично овие контраши ќе бидат 11 возачки асоцијации  од исто толку градови во државава. Сепак, за десет ,преродбата, на централата во Скопје ќе биде во ред- и по закон и по пропис. На овој список се здруженијата од Кавадарци, Кратово, Кочани, Струга, Охрид, Ресен, Гевгелија, Валандово, Свети Николе и, се разбира, Кичево, оти не може татко против син да биде, нели. Уште поразбирливо, што во меѓувреме приврзаниците ќе се зголемат оти преродбата ќе зафати уште троа некоја локална возачка асоцијација.

Она што особено ми беше забавно, во овој ,креативен проект, е што на спорната за некои Вонредна седница била извршена промена на називот- Сојузот на возачи на Република Македонија станал по ново- Сојуз на Здруженија на возачи на Македонија! Аууу, исчезнало Република ама е збогатен називот со Здруженија. Дали е спротивно на прописите, е посебна тема за дебата! Уште еден портокалов новитет, што за контрашите е нестатутарен, е што Алескандар Милошоски е избран за застапник на СВМ, иако велат дека Сојузот може да има единствено секретар! Но, ајде, веројатно сега е време на застапници!

Во жалбата до Комисијата за жалби контрашите на преродбата дури ќе срочат дека целата опрација со изборот на Милошоски помладиот е изведена со политички притисок на братот миниситер и таткото од кичевската возачка асоцијација. И оваа возачка сторија ќе добие судско продолжение, но, како што веќе видовме, дури и кога судот ќе пресече поинаку, добитниците немаат фајде од тоа. Секогаш кога баравме изјави од новодојденците, обично одбиваат да говорат за партиската шема во проектот, ама сметаат дека постапуваат законски. Законите пак видовме се широка материја за толкување. Во Македонија на оние блиски до власта, вообично, добро им оди комуникацијата со институциите!

За да се доврши вмровизацијата на возачите, секако дека треба уште троа време, по можност уште еден мандат. Има вмровци и во другите неосвоени општини каде возачките здруженија останаа ,нереформирани,. И што би рекол Груевски: на крај, кога ќе застанеме и ќе погледнеме назад, ќе видиме дека – Македонија победи! Да, да не се чудите, да нема збунка- секоја вмровизација за Груевци е победа на Македонија. Другите можат да цркнат!

Доколку пак ДПМНЕ не обезбеди уште еден нов мандат во владините одаи, тогаш можам да се обложам 102 отсто дека денешниве жртви од возачкото цунами ќе станат повратници, а сегашниве функционери ќе се прогласат за жртви на ‘нов’ политички реваншизам. Како што кичевчани пишуваат во своите поплаки: Сите незаконитости еден ден ќе се докажат дали од овој или од некој друг суд,. Но, прашање е што од сета оваа возачка рашомонијада има корист Татковината?!

Отворено писмо до Премиерот
СЕКОЈА ТИРАНИЈА ИМА КРАЈ

Законот за Централен регистар во член 28 утврдува: ,За вршење на работите утврдени со овој закон, Централниот регистар на РМ одговара пред Владата на РМ,. Што ќе рече- пред фамилијата. Но, ниту фамилијата ниту Централниот регистар, и во него органите и одговорните лица, не преземаат ништо за законитоста во работењето, ниту дисциплински мерки, ниту други мерки по закон и хиерархиски поставениот ред. Зошто? Затоа што сите се поврзани во фамилијарни концентрични тријади кои сочинуваат една триангла, на чие чело стои пастирчето.

Здружението на возачи Кавадарци систематски се уништува со преродбенички чекор по чекор. И покрај правосилна и извршна судска одлука, Централниот регистар на РМ не ги брише податоците врзани со органот за застапување на правното лице и не ги враќа запишаните права во состојба која постоеше пред да биде извршен уписот чие бришење му се налага на Централниот регистар.

Ајде, претседателе на Влада исчисти го дувлото. По закон, не заради нечиј кеиф. Стори го тоа, како што велиш- неодложно, веднаш и сега. Ако бегаш или ја префрлаш одговорноста на друг, таа нема да те напушти.

Одличната идеја за едношалтерски систем стана мора и кошмар за огромен број граѓани и странски инвеститори. Со едно шалтање за три часа отиде се ЈАБАНА. Ама, тоа не е конечно. Во Кавадарци велат: ,че биде де, само кој е тија маж што че издржи па да виде,. Пораката е: ќе издржиме, ќе видиме и ќе докажеме. Би лага и помина.

Лицето кое прво почна со оперативни активности против здруженијата на возачи, а по налог на висок функционер на ДПМНЕ во летото 2007-ма, како награда го поставија за претседател на основен суд.

Регистраторот кој ја матеше оваа антицивилизациска игра заедно со директорот на Централен регистар, како партиски фотељаши- првиот стана судија во Управен суд, а вториот градоначалник.

Ќерката пак на овластеното лице за регистрација како награда бидна благонадежен нотар.

Ах да, уште еден судија како сатисфакција за нестручното и несовесно работење стана претседател на апелационен суд.

И ова не е крај. Се во свое време. Штетите што настанаа со амин на власта и Централниот регистар и во нив одговорните лица е огромна и ненадоместлива. Кој тоа ќе го плати? По закон -државата, а де факто граѓаните! Затоа власта вели додека сме ние ќе биде така како што сакаме ние, туѓи пари трошиме од наше стадо со наши овчари стрижачи.

Но, секоја тиранија има крај!

Димче СТЕВАНОВСКИ, (екс) секретар на ЗВ наКавадарци

АБДУЛМЕНАФ БЕЏЕТИ: ДУИ прва ќе му сврти грб на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе види дека Груевски не може да формира влада!

$
0
0

Интервјуто е објавено на 25.11.2016 година во неделникот „Фокус“ во бројот 1103

Со универзитетскиот професор и академик Беџети направивме интервју непосредно пред изминативе предвремени парламентарни избори, во кое тој децидно изјави дека доколку соодносот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ биде приближно ист, тогаш албанските партии ќе бидат наклонети кон промените. Впрочем, така и се случи – на изборите ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ освоија безмалку ист број на гласови, со само два пратеника разлика, па „интегративците“ ја напуштија коалицијата со ДПМНЕ, дури фалејќи се дека го испратиле Никола Груевски во политичка пензија, со кого скоро една децецнија беа во коалиција. По изборите, тие се оддалечија од довчерашниот партнер и се приклонија кон СДСМ, поддржувајќи го Зоран Заев за нов мандатар.

Разговарал Влатко СТОЈАНОВСКИ

ФОКУС: Има ли услови за кредибилни избори и дали тие ќе ја решат политичката криза, која доживеа степен на кулминација по аферата со прислушувањето или, пак, ќе бидат само една етапа од нејзиното разрешување или можеби продлабочување?

БЕЏЕТИ: Изборите се шанса за граѓаните да ја вратат државата на нормална патека од сите аспекти, и доколку оваа шанса не се искористи одлучно, веројатно ќе биде потребен еден транзиционен период за повторно консолидирање, чија зголемена цена повторно ќе ја платат граѓаните. И покрај тоа што сметаме дека политичката криза поминала низ процес на компромиси меѓу четирите партии, од ден на ден гледаме дека некои аспекти кои беа најмногу проблематизирани од политичките партии, како избирачкиот список, сепак не се расчистени. И откако почна кампањата, дури невладините организации кои се ангажирани на набљудување на изборниот процес, сѐ уште наоѓаат стотици фантомски гласачи.

ФОКУС: Прво беа детектирани 500.000 спорни гласачи како резултат на вкрстување на базите на државните институции, но на крајот избирачкиот список, наместо да се редуцира, се зголеми за уште неколку илјади гласачи. Логично ли е земја со 2.000.000 жители да има 1.800.000 гласачи?

БЕЏЕТИ: Не само што не е логично, туку е апсурдно. Бројката на избирачи е далеку од реалноста, од проста причина што, ако ги издвоиме лицата до 18 години, кои немаат право на глас, избирачкиот список не треба да биде повеќе од 1.500.000 избирачи, под услов да се вкупно 2,1 милиони жители. Според бројот на граѓаните кои имаат право на глас, апсолутно произлегува дека избирачкиот список е неточен, меѓутоа институциите тука паднаа на испитот, бидејќи не можеа да го исчистат списокот, оставајќи им го тоа на самите граѓани, па така потфрли целиот процес. Сето ова повеќе ми наликува на купување време отколку на искрена намера за чистење на избирачкиот список.

ФОКУС: Едно од образложенијата за големиот број регистрирани избирачи лежи во тоа што македонското законодавство им дава право на глас на луѓето кои не живеат во државава, а имаат македонско државјанство. Како гледате на овој аргумент?

БЕЏЕТИ: Ако тие луѓе се наоѓаат во избирачкиот список, тогаш тие, исто така, се во групата на попишани граѓани од последниот попис во 2002 година. Значи, ако се мисли на тие околу 300.000 граѓани, кои престојуваат во странство, на некој начин тие учествуваат и во тие 2.100.000 граѓани попишани на последниот попис. Тие исти граѓани не се од вчера во странство, туку почнувајќи од шеесеттите години на минатиот век заминаа првите генерации, па се интензивираше тој тренд најмногу до 1980-тите. А и ден денес таквиот тренд продолжува, па тие секогаш биле попишувани и со статус на гласачи.

АЛБАНЦИТЕ ПОВЕЌЕ АПСТИНИРААТ ОД ГЛАСАЊЕ

ФОКУС: Дали дел од причините зошто пропадна пописот пред 4 години лежат токму во тоа да не се откријат манипулациите со избирачкиот список, бидејќи ако попишувањето не ги опфатеше овие 300.000 луѓе, тогаш ќе излезеше дека имаме повеќе гласачи отколку жители?

БЕЏЕТИ: Пописот од 2011 година пропадна токму поради политичарите. Непрецизните формулации во Законот за попис едни ги толкуваа со право на попишување на сите граѓани кои имаат македонско државјанство, тука имаат адреси на живеење, домови, семејства, додека другите без тоа право. Јас имам две деца со македонско државјанство, кои привремено работат во Виена, но тука доаѓаат 6-7 пати годишно и сега тие не треба да бидат граѓани на оваа држава кога тука плаќаат и даноци!? Политичките партии мислеа дека тоа ќе помине мазно, но кога видоа дека ова прашање не може да помине без претходно да се реши со политички договор, пописот пропадна. Јас бев директен актер во оваа политичка драма. Со ваков закон, ваква власт и вакви институции, никогаш нема да се спроведе попис, бидејќи дава можност за двојно толкување. Така, ВМРО толкуваше едно, ДУИ друго, а на терен е сосема трето.

ФОКУС: Доколку денес се спроведе попис според истите правила на игра, имате ли проценка колку би изнесувал бројот на жители?

БЕЏЕТИ: Ако според Еуростат стандардите се изземат овие луѓе кои не престојувале повеќе од 183 дена во државата, тогаш бројката на жители веројатно не би била поголема од 1.600.000. Од пред десет години имаме податоци од националните агенции за емиграција во Германија, Швајцарија, Италија и скандинавските земји, според кои најпрецизно забележале дека оваа бројка е над 250.000 жители и тоа само во овие држави. Тоа се само легални иселеници, додека има значителна бројка кои нелегално престојуваат таму. Ако на оваа се додаде дека последните 6-7 години најмалку уште 100.000 луѓе се иселиле, бројката се доближува до горенаведената.

ФОКУС: Оттогаш до денес многумина ја пласираат тезата дека пописот пропаднал бидејќи би покажал дека Албанците се под 20 отсто, а токму од оваа квота црпат права. Од друга страна, вие неодамна излеговте со проценка дека за извесен период бројот на Албанците ќе го престигне бројот на Македонците. Каде е тука вистината?

БЕЏЕТИ: Прво, не е точно дека тоа било моја проценка, туку цитирав проценка од студија на македонски автор (И. Савев) дека до 2020 година би се изедначиле овие етнички заедници. Како може Албанците да се плашат за етничките права ако бројката падне под 20 отсто, кога денес учениците Албанци во основното образование учествуваат со 34 отсто, во средното образование учествуваат со 31 отсто, додека во високото образование учествуваат со над 27 отсто. Впрочем, интензитетот на растот паѓа и кај Албанците, но сепак се уште природниот прираст е поголем во однос на Македонците, а тој интензитет е уште подрастичен кај возрасните генерации. Ова е официјална сегментирана статистика и се друго е обична демагогија. Но, жално е кога во овој век се уште се пребројуваме по етничка линија, а сакаме да се промовираме како европско демократско општество.

ФОКУС: Како, пак, може да се протолкува фактот што во албанските средини има најмал одзив во споредба со другите изборни региони?

БЕЏЕТИ: Добар дел од гласачите не се присутни тука, за разлика од Источна Македонија, каде присутноста е поголема. Втор момент е намалената мотивација кај Албанците. Има апстиненција и незадоволство поради што рационалниот гласач не излегува на гласање и поради немање изборна алтернатива. И трет момент е големата манипулација бидејќи Албанците се еден „вагон“ во композицијата на власта и никогаш до крај не ја контролираат патеката на „локомотивата“ во оваа орбита.

ПРЕМИЕРСКАТА ПАРТИЈА“ Е НАЈБОГАТА ВО ЕВРОПА

ФОКУС: И медиумите беа поле каде се интервенираше во насока на демократизација на амбиентот. Колкав напредок забележувате на овој план?

БЕЏЕТИ: Јас не мислам дека и денес има значително подобрени услови во делот на медиумите. Медиумите не можат премногу да насочуваат изборни трендови. Во САД, речиси сите медиуми беа во полза на Хилари Клинтон, но тоа дури имаше контраефект. Се разбира дека таму нивото на свеста е сосема поинакво, но и овде, колку и да сакате да ве поддржуваат медиумите, тоа има лимитирани можности. Денес состојбата со медиумите не е значително подобра во однос на тоа што беше пред една година. Разликата е дека моментално нема да се плаќаат реклами од јавни пари на владини медиуми, но ќе се плаќаат од партиските пари кои претходно се повлечени од јавните пари на разни начини и канали.

ФОКУС: Сепак, има голема разлика од тоа барем како наликуваат дневниците на мејнстрим медиумите во споредба со периодот пред да биде формирано ад хок телото за медиумски мониторинг. Дали тоа е само предизборна козметика или долгорочна суштинска реформа, тоа е друго прашање.

БЕЏЕТИ: Со казна за медиум од 1.500 евра ништо не се решава. Не мислам дека медиумите се институционално дисциплинирани. Мислам дека тоа повеќе беше како алиби отколку реалност. Врз медиумите се влијае преку распределбата на парите.

ФОКУС: Мислите ли на тендерите што ги добиваат компаниите на сопствениците на медиумите како модел за придобивање на наклонетоста на медиумите?

БЕЏЕТИ: Јас се согласувам дека влијание има укинувањето на државните реклами, кои беа фаворизирани, но проблемот е во финансирањето на политичките партии, корупцијата, капацитетот на институциите. Тоа е голема спрега во општеството. Овие две партии што владеат 10 години со Македонија, особено „премиерската партија“, релевантни списанија и медиуми во светот ги карактеризираат како најмоќни партии во Европа во материјално-финансиска смисла. Кога е таква ситуацијата, невозможно е да се влијае тие да немаат финансиска моќ и врз медиумите. Тие имаат и други канали како да ги хранат медиумите.

ДВОЈАЗИЧНОСТА ЈА ЗАЈАКНУВА УНИТАРНОСТА

ФОКУС: Веќе партиите и официјално влегоа во изборна кампања. ВМРО-ДПМНЕ најавува „одбрана“ на унитарноста на државата од предавниците во СДСМ кои сакаат да воведат целосна двојазичност и да ја федерализираат. Дали има потреба од актуализирање на оваа тема?

БЕЏЕТИ: Воопшто не држи тезата дека ВМРО-ДПМНЕ се појавува во улога на чувар на државата, освен ако се смета дека вмровците ја приватизираа државата и ја доживуваат како нивен имот. Попрецизно, не ВМРО-ДПМНЕ, туку одредена структура на ВМРО-ДПМНЕ ја приватизираше државата и денес ние речиси немаме функционална држава. Кога најсензитивните институции се под контрола на поединци, тоа е чиста приватизација на една држава, па сега од кого ја чуваат државата? Од оние што најавуваат поправилна примена на законот и Уставот кои веќе постојат? Мислите ли дека двојазичноста ја нарушува државноста на Македонија? Тоа е бесмислено.

ФОКУС. Колку двојазичноста воопшто има врска со федеративното уредување? Точно е дека некои федерации се мултијазични, но мултијазичноста е карактеристика и на унитарни држави.

БЕЏЕТИ: По 10 години лошо владеење, заплашувањето на македонските граѓани дека се подготвува федерализација на државата е само за дневнополитичка употреба. Двојазичноста според законот и уставот им следува на Албанците, а не некој да им ја даде или да не им ја даде. Ние имавме поголеми права во Македонија според Уставот од 1974 година отколку денес. Ја сите мои свидителства во Тетово ги имам само на албански јазик, а денес се двојазични.

Двојазичноста и федерализацијата се обратнопропорционални, бидејќи унапредувањето на правата на друга заедница не значи губење на државноста туку напротив, заедницата би ја зајакнал и би ја направил уште полојална и повеќе посветена. Од аспект на државата, тоа е непродуктивна идеја за дефокусирање на вниманието и манипулација на гласачите, заради нивна мобилизација за спас на државата. Ако ги раслојувате граѓаните во однос на образованоста, ќе успеете да ги заплашите неинформираните, да не кажам – недоволно образованите гласачи.

ФОКУС: СДСМ е првата партија од македонскиот кампус, која отворено, директно и помасовно го бара гласот на Албанците. Созреано ли е времето да го добие, со оглед дека општиот впечаток е дека граѓаните се уште се закопани во етнички ровови?

БЕЏЕТИ: Легално и легитимно е да се таргетираат граѓаните како гласачи, без разлика на нивната етничка припадност. Но, ако тоа се прави со однапред одредена пресметка само да се добие моќ за промени, станува збор за ризична манипулација, затоа што се билдаат очекувања кои може да се вратат како бумеранг ако не се исполнат. Убеден сум дека се уште етничките агенди се отворени меѓу двете етнички заедници. Се додека не се најде фундаментално одржливо решение на етничката агенда, на работи кои не се регулирани нормативно, ама и практично спроведени, гласачите само може да се заведуваат. Затоа, сметам дека, за жал, се уште е рано за граѓанска опција. Македонскиот граѓанин, за жал, се уште не е спремен да живее покрај албанскиот граѓанин. Сѐ уште наоѓате масивни графити кои бараат колективна смрт на одредена етничка заедница, а да не спомнуваме какви скандирања се слушаат по нашите стадиони.

НОВИТЕ ПАРТИИ ИСПУШТИЈА ШАНСА ЗА СИГУРНА ПОБЕДА

ФОКУС: ДУИ возврати дека нема зошто СДСМ да ги бара нивните гласови како македонска партија, но едновремено смета дека нема зошто тоа да го бараат ниту другите албански партии, бидејќи така гласот на Албанецот се раслојува и не може да се материјализира. Како го оценувате тоа?

БЕЏЕТИ: Тоа е марксистичко-ленинистичка демагогија на „врхушката“ на ДУИ, која има колективистички пристап. Тие велат – не смее да чепнете во албанските гласови, бидејќи биле резервирани за албанските партии. Но, самите барем малку да се грижеа и политички да ги материјализираа тие гласови. Од друга страна, исто така не е легитимно, а најмалку етички, иако нема етика во политиката, македонската опозиција да го користи колективното и масовното незадоволство на Албанците од своите „елити“ за да привлечете гласови во даден момент. Па, колку пати Албанците побараа Зоран Заев да објави „бомби“ за настаните во Куманово, за Смилковско езеро, но зошто не беа објавени тие, ако ги имал? По неколку недели од посетата и храбрата изјава во Куманово, тој замина на безбедносен форум во Словенија од каде нив ги оквалификува како терористи.

ФОКУС: И ДУИ сега најавува целосна рамноправност на Албанците, рамномерна распределба на буџетот и консензуална демократија. Дали на ваков начин сака да го амортизира незадоволството на Албанците или чувствува момент дека може да ја истера ваквата агенда? Ако е второто, тоа го прави неизводливо постизборното коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ.

БЕЏЕТИ: Албанците веќе не треба да ги чекаат најавите на ДУИ, бидејќи ако некој имал можност да спроведе програма и проекти, тие имаа најмалку трикратно подолго време на владеење од било која друга албанска политичка гарнитура до сега. Ако се случи ситуација албанските гласови да одлучат во однос на идното владеење, ВМРО-ДПМНЕ нема да добие поддршка. Првото повлекување од соработката, ДУИ би го направила само ако види дека ВМРО-ДПМНЕ не може да формира влада. Ако некој е разочаран од ДПМНЕ, најмногу е ДУИ. Притоа, јас не мислам на поединци кои се на некој начин тендерски и коруптивно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, но знам што мисли широката база на ДУИ. Ако некому му дошло преку глава од ВМРО на Никола Груевски, тоа е ДУИ и пред се нивните рационални структури.

ФОКУС: За разлика од досегашните избори, ДПА се држи на дистанца, доста тивка е и пасивна. Како може да се протолкува ваквото однесување?

БЕЏЕТИ: Сето ова е во доменот на претпоставките, но ако ДУИ добие значителна поддршка на изборите, таа се надева и на соработка со ДПА, ако партијата на Тачи добие одредена поддршка и ако, условно речено, меѓународната заедница дозволи тие да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ. Земете ги пратеничките листи во шестата изборна единица и ќе видите дека тие меѓу ДУИ и ДПА се многу комплементарни. Сакам да кажам дека ДУИ нема ниту еден кандидат за пратеник од Тетово на првите 4 позиции ако се исклучи половиот клуч, а Тетово е столбот во „шестката“. Оттука, тетовскиот регион, на некој начин и е оставен на ДПА. Целта е што гласовите што ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ би ги загубиле, а сепак завршат како победници на изборите, да ги компензираат со ДПА.

ФОКУС: Може ли таквите сметки да им ги поматат новите албански вонпарламентарни партии, кои се групираа во два опозициски сојузи? Во некои ставови тие дури се и порадикални од ДУИ и ДПА, ама од нив ги разликува ставот дека нема да влезат во владата по секоја цена, макар и победиле во албанскиот блок.

БЕЏЕТИ: Неколку анкети засега покажуваат дека тие не стојат лошо. Иако се уште не се водечки, постои тренд на нивно подобрување и се очекува дека ваквиот тренд ќе продолжи до изборите. Двете коалиции најмногу потфрлија во тоа што не успеаја да го направат заедничкиот фронт, што е нелогички за толку блиски партии. Ако лајт-мотивот на оваа опозиција, чиј поддржувач бев и јас лично пред една година, беше политичкото ослободување од ДУИ, како може политичките математики за пратеничките листи да го спречат нивното обединување? ДУИ да платеше за вакво нешто не можеше да го постигне. Да се обединеа овие партии, на изборите, со голема веројатност ќе сметаа на сигурна победа.

КОНЦЕНТРАЦИСКА ВЛАДА СО МАНДАТ ДО 2 ГОДИНИ

ФОКУС: Колку веројатно е да се повтори сценариото од 2011 година, кога опозициските партии освоија повеќе гласови од владејачките, меѓутоа поради нивната расцепканост и Донтовиот модел не излегоа како победници?

БЕЏЕТИ: Ако ДУИ има пратеник-два повеќе од втората албанска партија, но ако БЕСА е втора, а коалицијата на Зијадин Села, Гзим Острени и Весел Мемеди биде трета, ДУИ не може сама да биде мнозински претставник на Албанците, дури и заедно со ДПА. Дури и ако се случи ДУИ да победи, без ДПА нема да може да биде дел од стабилна коалиција. Прашање е дали ваква констелација ќе биде возможна или „дозволена“.

ФОКУС Како што сега стојат работите, што мислите, после изборите ќе се формира стабилна политичка власт, или ќе се оди со некоја варијанта на концентрациска или експертска влада, која ќе решава крупни прашања?

БЕЏЕТИ Многу е реална можноста после изборите да има некаква комбинација на концентрациска или транзициона влада за некој период од можеби до две години додека малку се стабилизираат институциите. Но, се ќе зависи каков ќе биде соодносот на изборите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Ако овој сооднос е приближен, бидете сигурни дека албанскиот фактор ќе биде наклонет кон опозицијата, односно кон промените.

ФОКУС: Интересно е тоа што ниту една политичка партија не најавува рационализација на буџетското трошење и на администрацијата, туку ветуваат дека платите и пензиите ќе се зголемуваат, социјалната помош и субвенциите ќе растат итн. Има ли економски амбиент и кондиција државата да издржи такво нешто?

БЕЏЕТИ: Тоа е само предизборна флоскула. Тоа е невозможно, особено во ваква ситуација кога ние сме го потрошиле фискалниот простор. Значи, државата нема комодитет со оглед дека статистички јавниот долг е 51 отсто од БДП. Велам статистички, зашто реално овој долг е повисок за уште 5-6 отсто, односно јас можам да направам листа за 500-600 милиони евра неевидентирани обврски. Тоа е таканаречен скриен долг, неевидентиран долг, или едноставно непостигнат долг. На пример, некоја институција направила нарачки, купувања, аранжмани, чија реализација е почната, ама договорено е плаќањето да почне за 6 месеци или за една година. Почнувајќи од локалната самоуправа, преку јавните претпријатија, се до фондовите и агенциите, сите создаваат вакви обврски. Ние сме утврдиле дека во сите избори има пресек од 50 милиони евра констатиран долг на локалните самоуправи, кои не биле евидентирани. Една третина од општините денес или се со блокирани или пред блокада на нивните сметки. Од оваа гледна точка, јавниот долг е 56-57 отсто од БДП.

ФОКУС: Значи, сѐ уште доминира популизмот, наместо на граѓаните да им се соопшти горчливата вистина дека треба да се стегне ременот.

БЕЏЕТИ: Државата не може повеќе да ги зголемува јавните приходи, туку простор има само за намалување на расходите. Во последните 5 години ние во просек имаме 6 отсто потфрлување во приходната страна во однос на проектираните. Тоа всушност е буџетски дефицит и автоматско зголемување на јавниот долг. Затоа, се што се ветува треба пресметковно да се објасни како ќе се усогласи. Ако некој ветува поголеми плати и пензии, а нема да отпушта, треба да каже од каде пари, бидејќи нема простор за нови задолжувања, а нема од каде да се наплатуваат повеќе даноци. Не остана ниту некоја „златна кокошка“ за продажба, бидејќи ниту ЕЛЕМ, ако го нудиме на продажба, никој нема да го купи со вакви дубиозни биланси.

НЕМАМ ПОЛИТИЧКИ АМБИЦИИ, НО ПОДДРЖУВАМ ПОЛИТИЧКИ ПРОМЕНИ

ФОКУС: Вашето име се споменуваше и како дел од експертска влада, но и како дел од пратенички листи на опозицијата. Има ли вистина во тоа или се работи за шпекулации?

БЕЏЕТИ: Никогаш не сум давал некаков сигнал или намигнување за некоја преференција за нечии листи туку напротив, недвосмислено сум се изјаснил дека немам такви амбиции. Пред една година и повеќе имаше одредени сондажи од вашата фела и испитувања на јавно мислење, по тоа кој би бил прифатлив профил за преодна експертска влада, но никогаш немало конкретен разговор, соработка или понуда во тој дел. Јас не сум во политички води долго време, се занимавам со науката, образованието и бизнисот, но сум помагал и поддржувал процеси за промени.

НЕ ТРЕБА НАУКА ЗА ДА СЕ КАЖАТ ДРЖАВНИТЕ ПРОБЛЕМИ, ТУКУ ХРАБРОСТ

ФОКУС: Интелектуалната елита, чиј репрезент е МАНУ, долги години е предмет на критики дека се држи на дистанца од политиката и ретко се произнесува за крупните државни прашања. Се согласувате ли со таквата констатација?

БЕЏЕТИ: Јас цело време сум гласен дека институцијата е многу повлечена од политичките процеси во државата, кои очигледно бараат поддршка од институциите со научен кредибилитет особено ако се јавни установи кои обезбедуваат јавен интерес. За причината на таквата позиција на МАНУ треба да ги запрашате статутарните преставници на институцијата. Ние како членови индивидуално одговараме за нашиот настап. Дека ние како институција не сме биле проактивни е факт, но поединечно сме биле и критичари, предупредувачи и понудувачи на решенија. Јас лично сум бил дури и хиперактивен во однос на некои феномени, кои времето покажа дека сум ги утврдил. Уште од 2009-та година сум предупредувал за непродуктивните јавни расходи и за критичките трендови со социјалните фондови, пред сѐ, за ПИОМ. Потоа, уште 2011-2012 година, научно предупредував со сценарија во однос на критичниот интензитет на растот на јавниот долг на државата. Четири години потоа тоа стои во извештај на Европската комисија. Не требало многу наука тоа да се утврди, но требало храброст да се каже.

КАКО СДСМ НА ВЛАСТ ЌЕ СПРОВЕДЕ ДВОЈАЗИЧНОСТ, АКО ВМРО БИДЕ СИЛНА И РАДИКАЛНА ОПОЗИЦИЈА?

ФОКУС: Зошто етнонацоналните теми сѐ уште се најисплатливо средство за остварување политички профит?

БЕЏЕТИ: Како може и ден денес да има реторика од власта која порачува дека нема шанси да ја видите двојазичноста, додека опозицијата благо изјавува дека тоа ќе го овозможи. Еве, да речеме да ги сменат улогите и опозицијата навистина да сака тоа да го овозможи, како тоа ќе го стори кога ќе има радикална и моќна политичка опозиција? Па, тоа се истите „јунаци“ што во 1997 година се противеа за една педагошка академија на Албанците. Тие луѓе и ден денес имаат ист ментален склоп.

Силјан Мицевски и Сеад Кочан за четири години кеширале 160 милиони евра од РЕК „Битола“!

$
0
0

Текстот е објавен на осми септември 2016 година во неделникот „Фокус“ во бројот 1092

„Електрани на Македонија“, акционерско друштво во државна сопственост, е убедливо најголемиот потрошувач на јавни пари, и тоа за потребите на најголемиот произведувач на струја во земјава – РЕК „Битола“. Највисоките тендери ги добиваат компании што се споменуваат и во една од „бомбите“ на Заев, во која Груевски и ексдиректорот на ЕЛЕМ, Чингоски, говорат како преку тендери за ископ на јаглен да им се удоволи на компании битни за власта. Меѓу нив опозицијата ги препозна Силјан Мицевски, Сеад Кочан и Горан Иванов. Според податоците од Бирото за јавни набавки, за четири години, ГП „Пелистер“ на Силјан Мицевски заработила близу 110 милиони евра од шест тендери со АД „ЕЛЕМ“, а „Трансмет“ на Сеад Кочан“, пак, кеширала околу 55 милиони евра од два тендера со РЕК Битола!

Пишувал
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Продажбата на Електростопанство на Македонија во 2005 година практично означи реструктуирање на овој сектор во земјава, така што австриската ЕВН започна да се занимава со дистрибуција на електрична енергија до крајните потрошувачи, додека се формираа две нови акционерски друштва во државна сопственост. Еднo од нив е МЕПСО (Македонски електропреносен систем оператор), коe се занимава со пренос на електрична енергија низ високонапонска мрежа, а другата е ЕЛЕМ (Електрани на Македонија), чија задача е производство на електричната енергија.

Во рамките на ЕЛЕМ функционираат 7 подружници преку кои се опфатени хидроенергетските системи, но и двата рударско-енергетски комбинати – РЕК „Осломеј“ и РЕК „Битола“. Од особено значење е РЕК „Битола“, кој, меѓудругото, е стожерно позициониран во електроенергетскиот систем во земјава, со оглед дека овој комбинат учествува со над две третини во вкупното домашно производство на електрична енергија.

Додека ЕЛЕМ, токму за потребите на РЕК „Битола“, троши милионски средства за обезбедување и снабдување со јаглен, како основен ресурс со кој се произведува електричната енергија, но и за модернизација на системот со цел зголемување на неговиот капацитет, овој рударско-енергетски комбинат со текот на годините произведува се помалку струја. Како резултат на тоа, задоволувањето на потребите за снабдување со струја оди преку увоз од страна на лиценцираните трговци, кои, за волја на вистината, тргуваат со многу повисоки цени во споредба со оние во соседството.

Во исчекување да се комплетира либерализацијата на пазарот со електрична енергија, приматот во снабдувањето го држи ЕВН, имајќи предвид дека испорачува енергија на потрошувачи поврзани со над 500.000 броила, а околу 150.000 потрошувачи, главно големи индустриски капацитети, имаат можност да набавуваат струја на слободен пазар.

НАЈГОЛЕМ ПОТРОШУВАЧ НА ТЕНДЕРИ

Покрај производството на струја, друга работа што го издвојува АД „Електрани на Македонија“ е фактот дека е најголем потрошувач на државни пари и истовремено ги спроведува највисоките договори за јавни набавки. Имено, платформата на јавни набавки „Опенпрокјурмент“ (Оpenprocurement), изготвена од неколку невладини организации поддржани од фондацијата Метаморфозис, го исфрла ЕЛЕМ на првото место во конкуренција на сите државни институции и органи според потрошените јавни пари на тендери.

Поточно, според оваа база на обработени јавни набавки, акционерското друштво во државна сопственост во последните 12 месеци потрошило околу 25 милиони евра, што претставува повеќе од една третина од вкупно потрошените пари по пат на склучени договори за јавна набавка. Притоа, разликата меѓу ЕЛЕМ како прворангиран и Министерството за образование и Град Скопје како второрангиран, односно треторангиран потрошувач, е 3 наспрема 1, со оглед дека тие учествувале со нецели 10 отсто во вкупно потрошените јавни пари.

Анализирајќи ги стоте најголеми тендери во периодот од 2010 до 2014 година, Центарот за граѓански комуникации утврдил дека овие договори се склучени меѓу 33 државни институции и 60 компании за вкупна сума од над 930 милиони евра, а ЕЛЕМ предничи на листата со вкупно склучени 26 договори во износ од 384 милиони евра. Згора на тоа, токму ова друштво ги спровело четирите највисоки тендери и вкупно петте од десетте најголеми тендери во државава во посочениот период.

Инаку, друштвото за производство на електрична енергија е спроведувач на најголемиот тендер од 104 милиони евра, но уште 4 тендери во оние топ 10 му се припишуваат на комбинатот. Станува збор за четири тендери во износ од 53 милиони, 47 милиони, 38 милиони и 19 милиони евра, или, сосе оној водечкиот од 104 милиони евра, вкупно 261 милиони евра. Колку за споредба, само 81 милиони евра чинат останатите 5 меѓу првите 10 највисоки тендери во четиригодишниот период.

МИЛИОНСКИ СУМИ ЗА ЕДНИ ИСТИ КОМПАНИИ

Највисокиот договор на ЕЛЕМ, кој впрочем е најголем тендер воопшто, склучен во 2011 година на период од 3 години со германската компанија  „Бабкок Борсинг Штајнмилер“ (Babcock Borsing Steinmuller) во вредност од 104 милиони евра, се однесува за модернизација на котли во термоелектраната во Битола. Оваа термоелектрана, во која функционираат три блока, е една од двете производствени единици во рамките на РЕК „Битола“, покрај ПЕ „Рудници“, во чии рамки пак се рудниците од каде се ископува главно јаглен („Суводол“ и „Брод Гнеотино“).

Понатаму, вториот по тежина договор на ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Брод-Гнеотино е склучен во 2012 година за сума од 53 милиони евра за ангажман на работници и градежна механизација од битолската компанија „Пелистер“ во сопственост на Силјан Мицевски, поранешен градоначалник на Битола во времето на аферата „ТАТ“ и почесен конзул на Република Србија во Македонија.

Ништо поразлично не е ниту со третиот договор во висина од 47 милиони евра, склучен во 2014 година за периодот до 2016 година со истата компанија, врз основа на што се ангажирани од 450 до 550 работници и опрема за ископ на 3,9 милиони тони јаглен, кој потоа се транспортира на растојание од 2,5 – 3 километри.

Дополнително, четвртиот договор од 38 милиони евра, кој, исто така, се однесува за ископ на јаглен и јаловина од рудникот „Суводол“, со дотур на дробен јаглен на транспортерот во состав на системот за јаглен со дисконтинуирана технологија, е склучен во 2013 година, на 36 месеци, со скопската фирма „Трансмет“ во сопственост на Сеад Кочан, бизнис олигарх близок до Фамилијата и сопственик на владината ТВ Нова. Петтиот највисок договор на ЕЛЕМ и седмиот највисок договор генерално, пак, од 19 милиони евра е склучен со истата компанија, и овојпат за ископ на јаглен и јаловина од рудникот „Суводол“, но тој е склучен на почетокот на 2012 година со времетраење од 24 месеци.

Меѓу добитниците на останатите 21 тендери на ЕЛЕМ во конкуренција на стоте топ тендери, повторно се сретнува битолската „Пелистер“, која во 2014 година склучила договор од над 5,7 милиони евра за помошна механизација на РЕК „Битола“ и уште еден истата година од 3,2 милиони евра за ископ на јаловина во „Суводол“. Исто така, меѓу фирмите што добиле тендери трипати се сретнува „Марковски Компани“: во 2012 година со 7,4 милиони евра за ангажирање градежна механизација; во 2013 година со 14,4 милиони евра за користење помошна механизација и во 2014 година со 5 милиони евра за ископ на јаловина во „Суводол“.

СИТЕ ДА ВЛЕЗАТ ВО ИГРА И ДА БИДАТ ЗАДОВОЛНИ“

Повеќе од очигледно е дека ЕЛЕМ троши најмногу пари на тендери за потребите на РЕК „Битола“, од кои најмногу профитираат неколку добро познати компании блиски до власта. Гледано од аспект на носителите на набавките, во листата на 100 најголеми според вредноста на тендерите на врвот е токму битолската градежна компанија „Пелистер“, која има склучено четири договори во вкупна вредност од околу 110 милиони евра. Притоа, оваа фирма, заедно со „Марковски Компани“, се единствените кои сите договори за јавни набавки од „Топ 100“ ги имаат склучено со ист набавувач – АД ЕЛЕМ, додека „Трансмет“ има склучувано договори и со други државни институции, работи на автопатите финансирани со кинеските кредити и користела државни субвенции за чистење на каналите.

Токму милионските тендери беа дел и од објавените политички „бомби“ од страна на опозицијата. Во еден од разговорите што ги објави Зоран Заев, кој, според него, се водел помеѓу експремиерот Никола Груевски и поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ Влатко Чингоски, се говори за зделки што друштвото треба да ги склучи со приватни компании. Така, Груевски му сугерира на Чингоски да им „помогне“ и да им „заврши работа“ на „кратовчанецот“, на „битолчанецот“, на „Горан“, на „оној што вози Сеад Ибица“, бидејќи, како што вели, многу им се битни, па треба сите да влезат во игра и сите да бидат задоволни.

Од друга страна, пак, од зборовите на Чингоски може да се разбере дека станува збор за тендери за ископ на јаглен, кои се многу габаритни, па затоа и самиот посочува оти компаниите мора да ги здружат силите преку некаков конзорциум, бидејќи самостојно нема да може да „добијат работа“. Во еден друг разговор помеѓу Чингоски и еден од сопствениците и управител на „Пелистер“, Силјан Мицевски, се говори како вработените во компанијата што инкасирала најмногу пари од ЕЛЕМ треба да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, или во спротивно ќе останат без работа.

Во тој контекст, и пратеникот на СДСМ од Битола, Васко Ковачевски, кон крајот на минатата година постави пратеничко прашање до тогашниот премиер Груевски дали директно или на било кој друг начин тој извршил влијание или притисок за фаворизирање на одредени фирми да добијат тендери преку АД ЕЛЕМ за работа во РЕК „Битола“? Повикувајќи се на „бомбите“, Ковачевски го праша Груевски дали Сеад Ибица е Сеад Кочан, сопственик на фирмата „Трансмет“, дали „кратовчанецот“ е Горан Иванов или Љубисав Иванов – Ѕинго, сопствениците на „Силекс“ и „Сител телевизија“ и дали битолчанецот е Силјан Мицевски – Циле, сопственикот на ГП „Пелистер“ итн.?

ДОГОВОРИ ВО ЧЕТИРИ ОЧИ

Сите овие компании добивале тендери, при што оние на „Пелистер“ на Мицевски и „Трансмет“ на Кочан се наоѓаат меѓу првите 10 највисоки тендери во последниот период. Според информациите што ги поседуваме, на дел од тендерите, овие две компании настапиле и заеднички, додека „Силекс“ се јавувал како подизведувач, а од прегледот на податоците објавени од Бирото за јавни набавки јасно произлегува дека овие фирми биле избирани од страна на ЕЛЕМ во конкуренција на неколку понуди и често биле ангажирани без објавување јавен оглас.

Така, веќе споменатиот тендер во 2014 година од речиси 48 милиони евра го добила „Пелистер“ во конкуренција на уште две компании, исполнувајќи го критериумот најниска цена. Овој тендер за ископ на јаглен и јаловина од рудникот „Брод – Гнеотино“ бил поделен на три дела, односно на три лота – откопно поле А, откопно поле Б и транспорт на дробен јаглен. Сепак, во договорот меѓу АД ЕЛЕМ и „Пелистер“до кој дојдовме се наведува дека оваа компанија е носител на Групата на понудувачи, што значи дека во оваа група влегле и други фирми, кои имале бенефит од зделката.

Притоа, АД ЕЛЕМ има склучено уште неколку договори со „Пелистер“ во вкупна вредност од над 56 милиони евра, меѓу кои три во постапка со преговарање без претходно објавување јавен оглас, од кои најголем е оној за помошна механизација во износ од 5,7 милиони евра. Договорниот орган ја оправдува ваквата постапка со „причини од крајна итност предизвикани од настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди и да му се припишат како пропусти и не може да се примени рокот за објавување на отворена постапка, ограничена постапка, постапка со барање за прибирање на понуди или постапка со преговарање со претходно објавување на оглас“.

Уште еден споменат тендер што го добила „Трансмет“ од 38 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина во рудникот „Суводол“, е склучен со преговарање без јавен оглас, со образложение дека постои таква можност во „исклучителни случаи кога природата на работите, стоките или услугите или ризиците кои произлегуваат од тоа не дозволуваат претходно одредување на вредноста на договорот“. Индикативно е тоа што ЕЛЕМ склучил уште 5 договори за јавна набавка со „Трансмет“, од кои 3 не се во отворена постапка, туку по пат на преговарање без јавен оглас. Се на се, оваа компанија добила околу 42 милиони евра само од ЕЛЕМ.

ЗАСТОИ ВО РАБОТАТА

На сите потрошени пари од ЕЛЕМ за потребите на РЕК „Битола“, кои се движат од 120 до 150 милиони евра годишно само за ангажирање компании за ископ и транспорт на јаглен, никако да престанат обвинувањата за проблеми при работата на комбинатот. Така беше и последниот период, кога опозицијата обвинуваше за застој на работата во комбинатот, а во еден момент дури откажале и трите блока истовремено, што е вистински куриозитет. Од РЕК „Битола“, пак, реагираа дека не се работи за никаков хаос, туку единствено откажале одредени делови од системот привремено, ама тие брзо се враќаат под контрола, а одреден капацитет на комбинатот намерно бил ставен во мирување поради искористување на водниот потенцијал преку хидроцентралите, кој, за разлика од јагленот, е обновлив извор на енергија.

Што велат официјалните податоци од Регулаторната комисија за енергетика? Генерално, домашното производство на електрична енергија од страна на АД ЕЛЕМ со целиот рударско-енергетски, но и хидро-потенцијал, од 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта, бележи континуиран пад. Така, ако во 2006 година ЕЛЕМ произвел 6.195 гигават часови, во 2015 година произвел 4.651 гигават часови, што е за 1.544 гигават часови помалку. Од година во година падот е континуиран, со тоа што единствено исклучок се 2009 и 2010 година, кога биле произведени 5.886, односно 6.462 гигават часови, но тоа не е резултат на хиперпродукција на рударско-енергетските комбинати, туку на зголемено искористување на хидро-потенцијалот.

Рударско-енергетските комбинати, во прв ред РЕК „Битола“, рекордно производство на струја оствариле во 2005 година, кога се произведени 5.007 гигават часови. Арно ама, во 2006 година производството паѓа на 4.691, од кога бележи постојан пад се до 2015 година, кога се регистрирани рекордно ниски 3.138 гигават часови. Ваквите трендови, според кои производството на електрична енергија е намалено за 25 проценти, доаѓаат во време кога постојано растат инвестициите во ЕЛЕМ, така што вкупната бројка оди над половина милијарда евра. Тоа го наметнува прашањето за целта, оправданоста и економската логика на инвестициите.

Од друга страна, како се намалува домашното производство, така се зголемува увозот на струја, кој, доколку своевремено се движел од 10 до 15 отсто од вкупно потрошената електрична енергија, денес оди до фрапантни 40 проценти. Изразено во бројки, во предизборните 2004 и 2005 година, увозот на струја изнесувал 1.598, односно 1.652 гигават часови, додека во пресвртната 2006 година скокнал на 1.958 гигават часови. Увозот главно расте од година во година се до 2015 година, кога изнесува 2.785 гигават часови, со исклучок на веќе споменатите 2009 и 2010 година, кога е 1.701, односно 1.728 гигават часови, поради зголемувањето на домашното производство како резултат на хидроелектраните, кои тогаш произведуваат рекордни 2.184 гигават часови.

ФИКТИВЕН РАСТ, РЕАЛНА ДЕМОГРАФСКА КАТАСТРОФА

Од сето ова произлегува дека освен што милионските суми инвестирани во модернизација на системот на домашното производство на струја се бадијала потрошени, бидејќи домашното производство всушност опаѓа, годишно се трошат околу 300 милиони евра за увоз на струја!

Има многу лиценцирани компании за трговија на струја, но неколку од нив доминираат во бизнисот. Меѓу нив има реномирани компании од соседните држави, силни домашни компании, но и сомнителни офшор фирми.

На крајот, да резимираме дека во период кога се намалува домашното производство и се зголемува увозот на струја, опаѓа вкупната потрошувачка на електрична енергија. Низ годините, од 2003 до 2008 година се бележи константен раст на потрошувачката, која од 7.216 се качува до 8.687 гигават часови, меѓутоа во 2009 година паѓа на 7.684, за во 2015 година да дојде на 7.438 гигават часови. Ако се знае дека потрошувачката на струја е тесно поврзана со економскиот раст и дека не постои култура за нејзино штедење, тогаш ова може да значи дека растот на БДП е нереален, или, пак, нема кој да троши струја, бидејќи се повеќе луѓе се иселуваат од земјава. Сепак, луѓето што живеат и компаниите што работат тука го прават овој бизнис доста лукративен. А очигледно е дека од тоа профитираат луѓето блиски до владеjачката партија.

СЈО не открива дали ги испитува тендерите на РЕК „Битола“
ПРЕДИСТРАЖНИТЕ ПОСТАПКИ СЕ ТАЈНИ

Од Специјалното јавно обвинителство, ниту потврдуваат, ниту демантираат дали отвориле предмет за јавните набавки спроведувани меѓу ЕЛЕМ и неколку приватни компании споменати во разговорите од опозициските „бомби“.

Во насока на тајноста на предистражните постапки не сме во можност да ви ги обезбедиме бараните податоци“, ни изјавија од СЈО.

АД ЕЛЕМ тврди
ЈАВНИТЕ НАБАВКИ СЕ СПРОВЕДУВААТ ЗАКОНСКИ

АД ЕЛЕМ сите постапки за јавни набавки, без оглед на нивната вредност, ги спроведува јавно и транспарентно согласно позитивните законски одредби на РМ, а особено согласно Законот за јавни набавки, велат од АД ЕЛЕМ.

РЕК Битола работи со планираниот капацитет за овој период од годината. Планот за производство на електрична енергија во месец август РЕК Битола го реализира во целост додека за осумте месеци од годинава планот за производство на електрична енергија е реализиран со 98 проценти. Сите испади настанати во РЕК Битола се надополнети од останатите производни капацитети на АД ЕЛЕМ, при што би сакале да истакнеме дека поради овие испади не е настанат дополнителен увоз на електрична енергија за потребите на тарифните потрошувачи“, велат од АД ЕЛЕМ.

Од таму додаваат дека во моментот се работи со два енергетски блока на мрежа – Битола 2 и Битола 3, на кои целосно се извршени ремонтите во летниот период, додека еден енергетски блок Битола 1 е исклучен заради отпочнување со редовните ремонтни активности, вообичаени за овој период од годината како подготовка на термоелектраните за работа во грејната сезона.

„Фокус“ упати прашања и до сопствениците на компаниите „Пелистер“ и „Трансмет“ Силјан Мицевски и Сеад Кочан, како ги коментираат обвинувањата на опозицијата, но до затворањето на овој број од весникот не добивме одговор.

СДСМ обвинува
ЕНЕРГЕТИКАТА Е СВЕСНО ЗАПОСТАВЕНА ОБЛАСТ ОД ВЛАСТА

Од опозицискиот СДСМ сметаат дека власта намерно ја одложува либерализацијата на пазарот со електрична енергија, бидејќи преку одржување на статус кво ситуација, ем задоволува блиски компании преку ангажирање од страна на ЕЛЕМ, ем го задоволува ЕВН со гарантирање на приходот од тарифните потрошувачи, ем остава доволно простор за трговците со струја да претендираат на квалификуваните потрошувачи.

Власта ја одложува либерализацијата, ја спроведува етапно до 2020 година со изговор дека цената на струјата за граѓаните на слободен пазар, без регулатор, би поскапела за 15-20 отсто, но тоа можеби важело пред 2 години. Денес, доколку се либерализира пазарот со електрична енергија, граѓаните и индустријата ќе плаќаат поевтина струја – децидни се социјалдемократите.

Тие сметаат дека треба да се формира Министерство за енергетика по примерот на многу држави во Европа и регионот, како и на Европската унија, во чии рамки функционира Комесар за енергетика.

Во Европа се избегнува производството на струја со јаглен, кое е нееколошко, и се користат хидропотенцијалите и други варијанти – посочуваат од опозициската партија.

Што открија „бомбите“ на Заев?
МЕСТЕЊЕ ТЕНДЕР ЗА ИСКОП НА ЈАГЛЕН ЗАРАДИ ГЛАСАЧИ

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, кога ја објави 14-та „бомба“, рече дека таа открива како премиерот Никола Груевски наводно мести тендер за директорот на РЕК „Битола“ Владо Чингоски за ископ на јаглен. Како се одвиваше разговорот меѓу Груевски и Чингоски:

НГ: Вчера се видов со кратовчанецот.

ВЧ: Со…?
НГ: Со кратовчанецот, од Кратово.
ВЧ: Кратовчанецот!? Ааа, да, да, да, добро, добро. Јасно ми е.
НГ: Се видел и со тебе.
ВЧ: Да, беше кај мене, разговараме, му дадов некои идеи.
НГ: Се видовте и со оној
ВЧ: Од Битола, така?
НГ: …што има кола Сеад Ибица, знаеш? Сеад, Сеад Ибица…
ВЧ: А да, добро, добро.
НГ: Се видов, и двајцата…
ВЧ: Ало…
НГ: …да им помогнеш некако…
ВЧ: Па еве, денеска…
НГ: Они ги вртат…они кажуваат дека најверојатно оној Страшо и тој битолчанецот дека ќе бидат…
ВЧ: Да, за тоа, да. Таму сигурно ќе се пријават, ама му реков јас дека може он слободно да се јави, да направи некој конзорциум и да се јави.
НГ: Најбоље е ти тоа да го организираш, да е предвидливо. Они се вака збунети…
ВЧ: Така.
НГ: Не знаат што да прават. Мислам дека треба со нив да се видиш и да ја организираш работата и да се сите задоволни.
ВЧ: Аха. А овој од Берово дојде?
НГ: Оти кратовчанецот знаеш зошто ни е многу битен?
ВЧ: Да, да, јасно ми е тоа.
НГ: И тука нема ова или она, друго.
ВЧ: Така. Мене ми јави дека овој…
НГ: Ти тоа го…иде даље, така? Ради тоа…
ВЧ: Така, така.
НГ: Со него немаме друг муабет.
ВЧ: Така, така. Страшо дошол?
НГ: Овој другиот исто имаме одлична соработка со него и не е добро да го исфрлиме сега.
ВЧ: Добро.
НГ: Овој со колата што е.
ВЧ: Така, така, да. Ммм, што сакав да Ве прашам!? Овој бил, Страшо бил кај Вас, исто ми кажаа.
НГ: Не, лаже.
ВЧ: Лаже!?
НГ: Да.
ВЧ: Еее, добро, добро. Добро, јас ќе го викнам уште еднаш Горан, ќе поразговараме малку да видиме што…
НГ: Тука кај, кај овој…КБ.
ВЧ: Добро.
НГ: Кај КБ.
ВЧ: Добро. Ало? Ало? Ало?
НГ: Дали ме слушаш?
ВЧ: Не ништо не ве слушам.
НГ: Ја те слушам добро, не знам што е работата.
ВЧ: Јас не Ве слушам последното нешто беше кај КБ нешто и повеќе не Ве чув.
НГ: Па, најверојатно кај КБ бил. Знаеш кој е КБ, така?
ВЧ: А да, добро.
НГ: Претпоставувам, чим вика дека бил…
ВЧ: Аха…
НГ: Претпоставувам дека бил кај него, а кажува дека бил кај мене.
ВЧ: А добро, зошто јас…
НГ: Ама нема везе, ние…ја немам ништо против него, нека си биде и он таму, ама…и овие нека влезат во игра, да се задоволни сите.
ВЧ: Да, ама тешко е. На тоа место таму не е ископ на јаловина, него е јаглен испорака. И таму не можат две различни да бидат, мора една да биде конзорциум некој по-здрав. Јас разговорав со Горан му објаснив сето тоа, и затоа му дадов некое решение да се вклучи со некого, да направи еден подобар така тим. И тој ми вика да ми помогнеш. Јас зборев со пријателот на тој од Берово. Он вика а бе како да го тргнам сега него, да се вклучам со овој? Му викам, ти ако сакаш да добиеш работа, ти кажувам како да добиеш, многу едноставно. Така да, ќе треба да седнам малку…

Чингоски дојде на чело на компанијата кон крајот на септември 2006 година, веднаш по изборите кога победи ВМРО-ДПМНЕ, а во 2012 година се повлече од „лични причини“.

Македонскиот заштитен резерват „Јасен“ е магнет за ловците од целиот свет

$
0
0

Текстот е објавен на 23-ти октомври 2009-та во неделникот „Фокус“ во бројот 747

Пишувал
Саше ДИМОВСКИ

 

До „Јасен“  се стигнува по половина час возење од центарот на Скопје. Има 25 километри пат, во еден дел тесен, но асфалтен. Но, штом дојдете тука во планината, на надморска височина од 1.200 метри, имате чувство дека сте влегле во друг свет, во кој нема луѓе, туку само недопрена природа, во предел во кој тешко може да кажете колку бои гледате пред себе! Жолта, зелена, црвена, сина…

Пред вас се отвора поглед на непрегледни планини кои во овој период на годината се посебно убави, на прекрасно сино езеро сместено во котлините меѓу тие планини, и на сино небо, час испреплетено со сонце и бели облаци, час покриено со темни облаци и дожд, или завиено во магла!

„Јасен“  се распостила на површина од 36 илјади хектари. Во негов склоп сега е новото езеро „Козјак“, „Матка“ и акумулацијата „Света Петка“. Тука се планинските масиви, Караџица, Даутица, реката понорница Фоча, која во најголемиот дел што поминува низ планинскиот предел на „Јасен“  е сува и се појавува во долниот дел кон селото Здуње, каде што сега извира во езерото.

За заштитено подрачје бил прогласен уште во 1948 година. Речиси шест децении бил „воена зона“. Влезот за цивилите бил забранет, сѐ до 2005 година кога е формирано Јавно претпријатие за управување со повеќенаменското подрачје „Јасен“ . И сега не е целосно отворен, туку функционира на принципот со најавување, а кога ќе влезете на главниот влез (се стигнува преку Нова Брезница), задолжително ќе ве легитимираат.

– И можеби е добро што бил строго контролиран резерват, зашто на тој начин во срцето на Македонија останале илјадници хектари недопрена природа, во која живеат ендемични видови на растенија, дури од тропскиот период, но и животни кои можат да се сретнат само тука, и на ниту едно место во светот, коментира нашиот водич низ „Јасен“ .

Тргнавме со идеја да видиме што крие таинствениот „Јасен“, за кој пишувавме во неколку броја, откако спелеолозите откривајќи нови јами и пештери пронајдоа човечки скелети.

РУСИН „ИСКЕШИРАЛ“ ДВЕСТЕ ИЛАЈДИ ЕВРА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

Штом влеговме во „Јасен“  низ главната капија, пред нас се отвора среден зелен простор на кој се сместени дел од капацитетите за одмор. Типска куќа на два ката, украсена со детали од ловењето е на стартот на резерватот. Уредена со стил, со голем избор на вина, катчето самото кажува дека е предвидено за идеален одмор. Врската со светот се големите плазми и сателитските програми. Функционира телефон, интернет, иако тие што доаѓаат ретко ги користеле.

– Доаѓаат и ѝ се препуштаат на природата, велат вработените во „Јасен“. На масата е поставена чинија со овошје. Нѐ пречекува готвачот кој ги подготвува специјалитетите за најавениот гостин, руски богаташ, кој наредниве денови ќе биде во „Јасен“ и ќе лови. Нѐ понудува со кафе. Се заблагодаруваме, му велиме дека ќе пиеме во Селиште, на втората точка каде што има други сместувачки капацитети за да го „фатиме“ денот кој е пред нас.

Во Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“  има седум објекти за сместување со над 60 легла. Во салите кои можат да се користат за состаноци собира и до 100 луѓе. Станува збор за интересни куќички, кои иако се одамна направени, градени се типски и стилски. Опремени се со струја, парно, телефон, сателитска ТВ програма, кожни гарнитури во делот за дневен престој, камини и интересни печки. Покрај ваквото сместување може да се преспие и во два луксузни апартмани, но и во еден вид ловџиски куќички кои се многу живописно градени и наликуваат на колиби.

Иако дискрецијата била пред сѐ за личностите кои ги користеле капацитетите во „Јасен“  за одмор или за лов, сепак вработените со гордост раскажуваат дека нивен гостин бил и Раул Кастро, братот на Фидел Кастро, и сегашен претседател на Куба.

Тој престојувал во „плавата вила“, која е најстара од објектите, но е солидно сочувана и опремена. Во неа има печка која е вградена во цел ѕид, се ложела со дрва од делот за дневен престој и така се затоплувале просториите во кои спиеле високите гости.

Во секоја од вилите ентериерот е различен по боја. Овде, каде што престојувал Кастро, преовладува црната боја на мебелот. На гостите, покрај природата, им се нуди избор на дивеч за ручек или вечера, подготвен на скара која се наоѓа во близина на објектите во посебно убаво изграден простор или подготвен во кујна. Сите кои ловат во „Јасен“  зависно од желбата го земаат само трофејот, додека месото го оставаат. Претпријатието има неколку комори во кои се чува „диво“ месо.

Интересен бил и не така дамнешниот престој на мароканската принцеза. Таа пристигнала во „Јасен“  со група од околу 40 луѓе. Била опкружена од девојки, нејзини помошнички и со обезбедувањето. Девојките од придружбата, на барање на принцезата спиеле на подот, околу неа!

На листата на почесни гости во „Јасен“  бил и градоначалникот на Москва, Јури Лужков, таткото и синот Сваровски (Даниел ја носел и сопругата со него), членови на британското кралско семејство, како и сопственици на моќни и познати компании од Америка и Европа.

Интересна е една девојка од Калифорнија која неколку пати со својата пријателка доаѓа во „Јасен“  во зимскиот период и лови дивокоза.

Додека престојуваше екипата на „Фокус“ во „Јасен“  се правеа последните подготовки за пречек на ВИП ловец од Русија. Менито се формираше според желбите на гостинот, на кое задолжително има месо од дивеч. Според однапред договорената агенда, ловецот кој доаѓа со приватен лет, од аеродромот „Александар Велики“ беше донесен во ловиштето. Пристигна со неговата сопруга и со преведувач. Го пречека дождливо и магливо време, но тоа на рускиот ловец, на возраст од околу 40 години, не му пречеше веднаш да се запознае со терените и со оружјето со кое требаше да лови. За неговата сопруга, додека тој е на лов, побара водич кој ќе ѝ ги покаже убавините на Скопје, од каде што ќе може да купи сувенири и да руча во национален ресторан. За планиран улов на дивокоза и муфлон, рускиот бизнисмен треба да плати шест илјади евра. За еднонеделен престој на повеќе луѓе, руски бизнисмен „искеширал“ 200 илјади евра.

УЖИВАЊЕ ВО ДРУШТВО НА ЕЛЕНИТЕ

– Често многу од ловците, кои не жалат да платат, бараат нивните сопруги да го видат Скопје, Охрид, а за тоа ангажираат дури и хеликоптери за да ги однесат. Додека тие уживаат во ловот и планинарењето, нивните фамилии ја запознаваат Македонија, откриваат во „Јасен“ .

По принципот, како дошол така отишол, ВИП гостинот повторно преку аеродромот со приватен лет си заминува. Доколку сака да го понесе трофејот што го уловил (за што плаќа дополнително) службите во „Јасен“  му изготвуваат сертификат, ги спроведуваат сите процедури на аеродромот, така што ловецот го добива без проблем трофејот и не е изложен на дополнителни гранични задржувања. Во „Јасен“  досега се отстрелани капиталци од речиси сите видови дивеч кои им носат поени на ловците.

– Интересен беше еден шпански ловец, сопственик на приватни клиники кој дојде да лови дивокоза. Тој имаше цел проспект, од каде сѐ уловил кози и кои биле нивните карактеристики. Па така, во неговиот тефтер имаше примероци од Алпите, Карпатите, Балкански примероци. Тој одел во ловишта каде што го има овој дивеч, и така дојде и кај нас, вели нашиот водич.

Ако од почетокот на текстов се прашувате, што барале овие луѓе во Македонија, и да одат во „Јасен“, сами ќе добиете одговор ако прошетате низ резерватот. Независно дали ќе почнете од делот на Матка, преку пештерите „Врело“ и „Убава“, или преку Брезница ќе дојдете до ловните терени, во секој случај, ќе бидете изненадени од таквата глетка. Продолжуваме низ „Јасен“ кон објектите во „Селиште“. По патот нашите домаќини Гордана и Никола ни објаснуваат каков животински и растителен свет има, колку е редок, како се заштитува, што прават институциите за соодветна заштита.

Во „Селиште“ пред џипот се исправаат четири големи шарпланинци. Тие се дел од одгледувачницата што ја има резерватот за ваква раса на кучиња. Трите шарпланинци немаат ниту една година. Од истата група, еден шарпланинец од пред некое време ја чува вилата на претседателот на Водно.

На само еден километар од објектите во Селиште, каде што престојувал Раул Кастро, и каде што има преубави летни тераси за вечерни дружења, се наоѓа хранилиштето за елените, срните и муфлоните. На тој простор (заградени се 1.800 хектари површина со жица), живеат тревопасните животни. Влегуваме со возилото на чуварите во „Јасен“  со надеж дека ќе успееме да ги видиме и да сликаме некое од овие животни.

– Научени се на звукот на возилото, зашто знаат дека им носиме храна, но мора да бидеме тивки, ако сакаме да дојдат. Ќе поставиме храна и ќе се повлечеме. Сигурно ќе дојдат, вели Раде, искусен чувар во „Јасен“ , кој ја познава планината и животните во неа.

По само две минути возење од главниот влез, пред нас се појави возрасна еленка. Подзастана на педесетина метри пред возилото. По неа се појави машкиот елен, со големи рогови. Колку чатали, или мали рокчиња има на еден рог, толку е старо животното. На највозрасниот примерок успеавме да изброиме седум рокчиња, што значи дека капиталецот е стар седум, а другите околу 5-6 години.

Додека ги фотографиравме, излезе дека тука се цело стадо, околу педесетина животни. Се исплашија, избегаа, но се вратија за само пет минути откако во хранилиштата им беше ставена пченката. Е, тоа беше неповторлива глетка. Педесетина животни, среде планина застанати спроти вас на триесетина метри! Чиниш позираат. Поставени во редица и гледаат право кон нас. По неколку фотографии, „позерите“ тргнаа кон хранилиштето.

Ние, застанати на чекалниците изградени во близина, ги набљудуваме. Најголемиот елен прави ред пред хранилката. Ги турка сите што се подзаборавиле да се тргнат и да направат место за другите. Тишината, на околу илјада метри надморска височина ја сече само блицот на фотоапаратот. Иако сме скриени во чекалните и на педесетина метри од нив, тие реагираат на секое чкрапање на апаратот со вртење на главите и разгледување на околината. Дождот кој нѐ следеше во текот на нашето патување престана, се појави сонце, а во позадина ветерот брзо разнесуваше облаци од магла. Неверојатна есенска слика.

– Таква е планината, непредвидлива, за половина час времето се менува, вели нашиот водич.

Елените и неколку муфлони кои се појавија во близина полека го напуштаат хранилиштето. Колегата, фоторепортерот Томислав Георгиев тргнува по нив да овековечи уште некој момент од животот на стадото елени.

ДИВАТА СВИЊА НАЈБАРАНА НА БАЛКАНОТ

Од делот каде што се наоѓаат елените заминуваме кон живеалиштето на дивите свињи. По подолга потера, на виделина пред апаратот излегуваат две големи диви свињи и осум помали. Толку се брзи, што човек не може ни да ги преброи. Трчаат во колона по еден. Дивата свиња е од толку чист вид во „Јасен“ , што неа ја бараат речиси сите балкански ловишта. Тие сакаат да добијат живи примероци за приплод. Дивата свиња во „Јасен“  не е многу голема по тежина, но затоа таа се мери по должината на забите. Тука ѝ се гледа чистата раса. Тргнувајќи од ваквата побарувачка, во „Јасен“  ќе почнат со одгледување на диви свињи за жива продажба на ловишта и зоолошки градини. Ваквите примероци се доста скапи.

Покрај одгледување на свињите, под „Јасен“  во реонот на Катланово се наоѓа одгледувачница на фазани. Од неа, според законот треба да се снабдуваат сите ловечки друштва кои се должни да пуштаат ваков вид птици на ловиштата. Во Катлановското блато кое е сврталиште на голем број птици постои интерес кај ловци од соседните земји за лов на прелетен дивеч.

Со ваков вид нудење комерцијални услуги, покрај туризмот, „Јасен“  сака да се наметне и како сериозно ловиште на кое покрај ловењето, дивечот и се одгледува, но служи и како репроцентар на генетски чисти раси на животни кои понатаму ќе служат за размножување.

Директорот на „Јасен“, Михаил Малахов, вели дека целта им е да го отворат комплетно целиот простор преку разни содржини кои ги планираат. Пред влезот на „Јасен“  веќе се направени две патеки за планински велосипедизам и за пешачење долги три и шест километри. Во план е реновирање на постојните сместувачки капацитети, поправка на ловните куќички кои ги има многу на целата територија, но и изградба на комплетно нови објекти.

Во делот кон езерото Козјак почнато е да се градат сплавови кои ќе се изнајмуваат, а се опремува и плажа и придружни објекти за рекреација. Во делот на Матка планирани се спортски терени, но, и развивање на спортски дисциплини, карактеристични за карпести и непристапни терени. Тука се и подводните пештери кои привлекуваат многу странски туристи.

Во „Јасен“  во последниов период почнале да се пријавуваат групи кои го посетуваат регионот и остануваат еден или три дена во зависност од понудата и побарувачката. Задолжително, кога има луѓе во резерватот, поради стрмниот и наместа непристапен терен мора да има и медицинска екипа која ќе може да интервенира.

Аранжманите за лов и престој во „Јасен“  почнале да ги нудат европски туроператори, па од таму и се најчестите барања за престој во македонското ловиште. За „Јасен“  голем интерес пројавиле и европски научници кои сакаат да ги испитуваат растенијата, животните, птиците. Интересно е што во „Јасен“  се среќаваат многу пеперутки и инсекти кои живеат само на тој простор. Од околу 400 видови познати пеперутки, 200 ги има во Македонија, и речиси 80 проценти од нив се во „Јасен“ . За ретките примероци колекционерите на пеперутки плаќаат од 100 до 300 евра на европската берза.

– Сакаме да го срушиме митот дека нешто се крие во „Јасен“ , но мораме да внимаваме да не го изгубиме тоа што било вредно чувано сите овие години. Сакаме да го облагородиме целосно овој простор и да создадеме систем во кој ќе уживаат сите, вели Малахов.

По нашиот престој во „Јасен“ , а сум бил неколку пати, местово можам слободно да го споредам со прекрасните зелени предели и со природа која може да ја видиме само во документарните програми на „Национална географија“. За среќа, таква природа има и во средиштето на Македонија, но ретко кој ја видел и кој уживал во овие убавини. Затоа, странските амбасадори во земјава и новопечените руски, американски, грчки или шпански бизнисмени се сѐ почести гости во македонскиот ловен рај. Од домашните политичари, на лов или прослава на Нова година, таму биле речиси сите досегашни претседатели и премиери, освен актуелниот Никола Груевски. Но, затоа во „Јасен“  престојувале неговите најблиски соработници.

СТОБОЛКА
ВО СВЕТОТ ПРЕД ИСТРЕБУВАЊЕ, ВО „ЈАСЕН“ АТРАКЦИЈА

Стоболката спаѓа во родот на приземни верверици (Спермофилус) кој се одликува со релативно мало тело, има кратки нозе и опашка, како и мали заоблени уши. Крзното ѝ е во сиво-кафеава боја, прошарано со бели дамки.

На стомакот дамките се бели или жолтеникави. Стоболката е долга околу 22 сантиметри, а тешка од 240-340 грама. Утврдено е дека стоболката е типичен жител на сувите степски предели. Се среќава во ливадите и на високите пасишта. Распространета е во Источна и Централна Европа, а на југ доаѓа до Егејското море.

Во Македонија била регистрирана на две локации, околу Дојранското езеро и на пределите во „Јасен“, во Бегово Поле, но во дојранскиот регион речиси исчезнала. Живее во земја, копа дупки а понекогаш и цели ходници и во заедница живеат многу единки. Често може да се видат како ѕиркаат од дупките, но секогаш се брзи и внимателни.

Стоболката  преспива во текот на зимата. Активна е дење кога излегува и се храни со инсекти, семиња и бобинки кои ги складира под земја за зимскиот период. Храната ја носи во внатрешните џебови на образите. Стоболката спаѓа во групата на глобално загрозени видови. Нејзиното истребување зависи од исчезнувањето на пасиштата и тревнастите површини, кои се претвораат во земјоделски, со што се нарушува системот во кој живеат стоболките. Во Чешка и Словачка се доведени до истребување, па стоболката е ретко заштитен вид, од кој точно се знае во кој регион колку животни се останати, но тоа не е повеќе од десетина единки.

Биолог кој ги истражувал стоболките еден примерок чувал дома како куќно милениче. Тврдел дека станува збор за многу мило и интелегентно животно.

ДИВОКОЗА
САМО НА КОРАБ ИМА ОКОЛУ ИЛЈАДА ПРИМЕРОЦИ

Празнокопитен цицач од фамилијата празнокопити. Достигнуваат должина до 130 см и тежина до 60 килограми. И машките и женските кози имаат кратки рогови, кои на врвот се завиткани внатрешно кон назад. Во зимскиот период имаат темнокафено крзно, додека во пролетниот и есенскиот дел се сиво жолтеникави. Промената на бојата на крзното им помага полесно да се адаптираат кон боите на природата и да се заштитат. На главата, вратот, стомакот и задниот дел се бели. Обично се населуваат на простор на високите предели, на стрмни планини, карпи….

Во Европа ја има на Алпите, Карпатите, Татрите и на повисоките Балкански планини. На Балканот е регистриран т.н. „балкански“ подвид на дивокозата. Во Македонија ја има на Шар Планина, Кораб, Јакупица, Галичица, Пелистер, Бистра, Дешат, Стогово. Има толку изострен осет за рамнотежа, па може да прескокне бездни широки по шест метри или да се задржи на карпа од само 30-тина сантиметри. Од октомври до декември е период на парење на дивокозите. Младите ги раѓаат во периодот од април до јуни. Младенчињата ги носат од 153-180 дена пред да се окозат. Се хранат со трева, лисја и фиданки. Живеат во стада, иако не е исклучено да се најдат и поединечно. Околу илјада дивокози има само на Кораб.

БОГАТСТВО
БРОЈНИ ВИДОВИ ЗАШТИТЕН ДИВЕЧ

Од трајно заштитениот дивеч во Република Македонија, на подрачјето на „Јасен“  се регистрирани 28 видови. Покрај заштитените видови, во ловиштето и резерватот живеат над 80 видови птици од 23 фамилии кои од поранешниот Комитет за земјоделство се утврдени како корисни птици за земјоделството и шумарството. Од вкупната површина на „Јасен“  за ловно стопанисување се издвоени над 20 илјади хектари, на кој живеат: обичен елен, елен лопатар, срна, дивокоза, муфлон, дива свиња, мечка, див зајак и еребица камењарка.

Според програмата за долгорочно стопанисување и заштита на дивечот, во резерватот мора да има минимум 86 грла обичен елен, 200 грла елен лопатар, 260 срни, 580 дивокози, 220 грла муфлони, 550 диви свињи, 10 кафеави мечки, 130 примероци на див зајак и 230 еребици камењарки. Според регулативата, во „Јасен“  може да се отстрелаат само примероци до оваа граница. Со ловење, практично се врши селекција на старите и поизнемоштени единки, тврдат во „Јасен“ . Вработените во резерватот велат дека имаат чести средби и со мечката, која ја има во над десетина примероци. Неодамна пред возилото на чуварите излегле две мали мечиња кои трагајќи по храна се симнале во пониските делови на ловиштето.

ЕКСКЛУЗИВНО
ОТКРИЕНИ НОВИ ЧОВЕЧКИ ТЕЛА ВО ЈАМА

Во друга јама во резерватот „Јасен“  повторно се откриени остатоци од човечки тела. По пронаоѓање на делови од неколку тела во новооткриената пештера „Јасика“ пред еден месец, ова е втора пештера во која влегуваат научни екипи и откриваат човечки остатоци. Во „Јасика“ коските ги открија словачки спелеолози, а во оваа пештера, која се наоѓа во другиот дел на „Јасен“ , од страната кон Тетово, истражувал познатиот хрватски биолог Иво Караман и тој ги открил.

Случајот е пријавен во полиција, составена е службена белешка, но се уште истражните екипи не се излезени на терен за да ги соберат коските. Ако се суди според фотографиите кои ги поседува „Фокус“ и овојпат има повеќе тела. Но, колку точно тела ќе бидат откриени, ќе чекаме МВР, која знае за случајот, да го извести обвинителот и да излезат на лице место. Малку е чудно што и овојпат, како и првиот, кога беа откриени коските, полицијата не се „потресе“ многу, како што обично знае да го стори дури за банални работи и не информираше за случајот.

Од првиот случај, кај едното тело за кое се знае дека е од понов датум, околу пет години, на Институтот за Судска медицина добиен е комплетен ДНК профил, па сега останува полицијата врз основа на пријавите за исчезнати лица да обезбеди биолошки материјал од роднините за споредба.

Процедурата не е сложена и полицијата треба што поскоро да го стори тоа, за да почне да се одмотува клопчето кој убил и ги фрлал телата. Како што стојат сега работите, барем во овие два случаи има најмалку пет тела.

До конечно расветлување на случајот во оптек ќе бидат приказните дека тоа може да се затвореници уште од времето кога го граделе „Јасен“  (објектите се градени од затвореници), дека тоа се политички неподобни личности или од подземјето, кои биле ликвидирани од тајните служби и однесени и фрлени во јамите на подрачје што го контролирала полицијата, и последната верзија за новите тела дека може да се жртви од воениот конфликт во 2001 година.

Ова последново, затоа што јамата се наоѓа од страна на неколку села од тетовскиот регион, кои во 2001 година беа под контрола на поранешната ОНА! Како и да е, кој и да се, полицијата мора да ги расчисти случаите, но и темелно да ги истражи над 100-те јами, пештери и амбиси кои ги има во „Јасен“ . Сепак, станува збор за луѓе!

Viewing all 848 articles
Browse latest View live